Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одржува состанок за да донесе „конечна одлука“ за договор за продолжување на прекинот на огнот со Иран. Тој рече дека Иран „мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или бомба“, дека Ормутскиот теснец мора да биде повторно отворен за „неограничен бродски сообраќај, во двата правци“ и дека сите мини во водниот пат „мора да бидат уништени“. „Сега ќе се состанам, во Собата за ...

Романија ја обвини Москва за ескалација на тензиите откако соопшти дека руски дрон погодил станбена зграда во текот на ноќта. Инцидентот предизвика дебата за можен одговор, а НАТО, чиј член е Романија, е под притисок јасно да стави до знаење дека ваквите инциденти се неприфатливи. Сепак, иако ова е сериозен инцидент, малку е веројатно дека ќе се смета за доволно сериозен за да се активира Член 5, клаузулата за колективна одбрана на НАТО. ...

Руските ракетни напади врз цели низ цела Украина дополнително го привлекоа вниманието на меѓународната заедница кон безбедносните ризици што ги создава војната надвор од границите на Украина, вклучително и растечката воена улога на Белорусија. „Ваквите напади не само што ги уништуваат животите на цивилите, туку и намерно ги тестираат границите на трпението и одбранбената подготвеност на соседните земји и целата европска безбедност“ – ...

Утрово избувна пожар на брод во сплитскиот залив Балуни. Бродот бил долг околу десет метри и се наоѓал на сув док, објавува „Далмација Данас“ . Според првичните информации, пожарот го забележале соседите кои веднаш ги повикале пожарникарите. Причината за пожарот засега не е позната. Веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени значителни противпожарни сили. „Благодарение на нивната брза и ефикасна акција, пожарот беше успешно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воена акција против Иран и натаму останува можна доколку преговорите не завршат со договор што ќе биде прифатлив за Соединетите Американски Држави. Во интервју за телевизијата „Fox News“, кое треба да биде емитувано утре, Трамп оцени дека претходните американски воени операции значително ги ослабнале иранските нуклеарни амбиции и го намалиле воениот капацитет на земјата. Тој нагласи дека ...

Сообраќајна несреќа се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу возило „мерцедес“ и електричен тротинет, при што загинало 13 годишно дете кое го возело тротинетот. „На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Доналд Трамп сè уште не одлучил дали ќе го одобри можниот договор со Иран, иако преговарачите, според него, постигнале „голем напредок“. Во игра е рамка што би го продолжила примирјето за 60 дена и би отворила простор за разговори за иранската нуклеарна програма. Венс рече дека Вашингтон смета оти иранската страна, барем засега, преговара „во добра вера“, но нагласи дека неколку клучни ...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње. Според прелиминарните податоци на сеизмолошките служби, потресот се случил малку по полноќ по локално време. Епицентарот бил регистриран на околу 11 километри северозападно од Требиње и околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени лица ...

Беспилотно летало рано утринава удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци, при што полесно се повредени две лица. Според романските медиуми, дронот ја погодил зградата околу два часот по полноќ, по што избувнал пожар на десеттиот кат. Галаци се наоѓа во близина на границата со Украина и Молдавија. На местото на настанот веднаш пристигнале полицијата и пожарникарските екипи, а интервенцијата сè уште трае, пренесуваат ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД сè уште немаат постигнато конечен договор со Иран, но дека двете страни се „многу блиску“ до договор кој би можел значително да ја ограничи нуклеарната програма на Техеран. „САД се во позиција од која можат сериозно да го уназадат иранскиот нуклеарен програм“, изјави Венс пред новинарите. Неговите коментари следуваат откако американски медиуми објавија дека американските и иранските ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да ја прошири контролата врз Појасот Газа и да заземе околу 70 проценти од палестинската територија, и покрај примирјето што претходно беше договорено со посредство на САД. Во моментов, Израел контролира околу 64 проценти од Газа, територија која беше речиси целосно уништена за време на двегодишната офанзива што следуваше по нападот на Хамас врз јужен Израел во 2023 ...

Времето утре, 29 мај, ќе биде претежно стабилно, со сончеви периоди и мала до умерена облачност, покажува тридневната прогноза на УХМР. Температурите ќе се движат од 7 до 15 степени во утринските часови, а дневните ќе достигнат од 21 до 30 степени. Според УХМР, по денешната нестабилност, утре времето ќе биде посвежо и постабилно, но ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје се очекува претежно ...

НАТО и Шведска забрзано го утврдуваат Готланд, островот што воените планери го гледаат како една од најчувствителните точки во Балтичкото Море. Сместен на околу 300 километри од руската ексклава Калининград, Готланд има позиција што може да ја смени рамнотежата во целиот регион. Шведска, која во март 2024 година стана членка на НАТО, неделава ја заврши првата голема вежба на островот координирана со Алијансата. Околу 18.000 војници од 13 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започна војната против Иран пред три месеци од својата резиденција Мар-а-Лаго, обраќајќи ѝ се на јавноста преку видео на социјалната мрежа „Трут сошл“. Во пораката соопшти дека САД започнале тешки воени операции против Иран. Како причина за новиот американски ангажман на Блискиот Исток, Белата куќа наведе дека Трамп имал „интуиција заснована на факти“ дека Иран претставува непосредна и директна ...

Град Скопје информира дека на 1 и 2 јуни 2026 година, во понеделник и вторник, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на главниот град. Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе се спроведе првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот период. Надлежните апелираат ...

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред. Од ЈСП информираат дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред и во сабота и во недела. Според потребите и по добиени информации од терен, ќе се вклучуваат и ...

Полицијата во Дебар приведе 40-годишна жена од дебарско село, откако било утврдено дека лажно пријавила кривично дело. Според информациите од МВР, таа претходно во полициска станица пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека физички била нападната од нејзиниот сопруг. Жената била приведена синоќа во 22:10 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се товари по член 366 од Кривичниот законик, кој се ...

Русија во последните 24 часа изгубила уште 1.160 војници во војната против Украина, објави украинскиот Генералштаб во најновиот дневен извештај. Според Киев, вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија на 24 февруари 2022 година досега изнесуваат околу 1.360.110 војници. Во украинскиот извештај се наведува и дека руската армија од почетокот на војната изгубила 11.956 тенкови, 24.625 оклопни борбени возила, 42.832 артилериски ...

Дел од корисниците во општина Ѓорче Петров денеска, 28 мај, ќе останат без електрична енергија во претпладневните часови, информира ЕВН Македонија. Прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 13:30 часот, а ќе ги опфати корисниците лоцирани кај раскрсницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Кузман Шапкарев“. Од ЕВН посочуваат дека станува збор за планирани активности во електродистрибутивната мрежа, поради што снабдувањето со електрична ...

Нови тензии избувнаа на Блискиот Исток откако САД извршија нови воени напади врз цели во Иран, а Техеран возврати со напад врз американска воена база во Кувајт. Според американски претставник, нападите биле насочени кон локации што Вашингтон ги смета за закана за американските сили и за трговскиот поморски сообраќај во Ормутски Теснец. Американската војска соопшти и дека пресретнала и соборила повеќе ирански дронови. Набргу потоа, иранските ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри закани кон Оман, предупредувајќи дека САД нема да дозволат заедничка контрола на Иран и Оман врз стратешки важниот Ормутски Теснец. Говорејќи на седница на американската влада, Трамп изјави дека Ормутскиот Теснец е меѓународен поморски премин кој, според него, „никому нема да му биде дозволено да го контролира“. „Никој нема да го контролира теснецот. Тоа се меѓународни води. Оман ќе се ...

Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили и повеќе тактички крстосувачки ракети, објави државната агенција КЦНА. Тестирањата биле изведени во вторник, под директен надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Јужнокорејската војска претходно соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку проектили, вклучувајќи најмалку една балистичка ракета со краток дострел, кон западните води. Според ...

Во четврток и петок ќе се реализира ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци во седум општини од Југоисточниот плански регион, соопштија од Центарот за развој на Југоистокот.Според најавениот распоред, во четврток активности ќе се спроведат во Радовиш (од 9 часот), Конче (од 12 часот) и Струмица (од 12 часот). Во петок прскањето продолжува во Валандово (од 9 часот), Василево (од 12 часот), Босилово (од 9 часот) и Ново Село (од 12 ...

Во своето прво големо јавно обраќање, новиот ирански врховен лидер и ајатолах Моџтаба Хамнеи изјави дека во регионот повеќе нема да има место за американски воени бази. Неговата порака доаѓа откако американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека во текот на ноќта извела напади врз ракетни позиции и бродови во јужен Иран, додека во близина на Оман бил пријавен и напад врз танкер. „Времето не може да се врати назад“ Во писмена порака од ...

Вашингтон ги информираше сојузниците дека постепено ќе го намалува бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови што се ставени на располагање за потребите на НАТО, продолжувајќи го притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО, а ја пренел советникот на Пентагон Александар Веле-Грин ...

Американската морнарица тивко им помага на трговски бродови да поминат низ Ормуската Теснина, објави „Wall Street Journal“, повикувајќи се на американски воени претставници. Според извештајот, станува збор за дискретна помош за навигација и безбедно движење низ стратешкиот морски премин, а не за формално обновување на претходната операција „Project Freedom“. Во еден од последните случаи, американската морнарица помогнала при минувањето на ...

Иранските власти порачаа дека „ниту еден чин на агресија“ од страна на американската војска нема да остане без одговор, по новите тензии и американски воени акции поврзани со ситуацијата во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец. Според иранските медиуми и претставници на Револуционерната гарда, Техеран предупредил дека ќе реагира на секое ново американско дејствување што го смета за нарушување на договореното примирје и закана за иранскиот ...

Автобус со ученици излетал од пат во Хрватска, при што се повредени три лица, пренесуваат хрватските медиуми. Несреќата се случила во утринските часови, а на местото веднаш интервенирале полиција, брза помош и пожарникари. Според првичните информации, автобусот поради засега неутврдени причини изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во него имало ученици кои биле на организирано патување, а најголем дел од патниците поминале без ...

Наша гостинка е Ана Петановска – една од младите поп-пејачки кај нас која носи свежа енергија, искрен глас и музика што доаѓа од срце. Ова е епизода за талентот, соништата и патот на една млада артистка која ја гради својата приказна на македонската музичка сцена. Со Ана разговараме за тоа зошто ја избрала музиката, која е нејзината примарна професија и што би работела доколку не беше пејачка. Откриваме и што ја прави тажна, кој македонски ...

Иран се обидува да деблокира 24 милијарди долари замрзнати ирански средства како дел од евентуален договор со САД, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим на Техеран. Според изворот, Иран инсистира половина од износот, или 12 милијарди долари, да биде ослободен веднаш по објавувањето на меморандумот за разбирање, додека преостанатите 12 милијарди долари треба да бидат ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
51%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
47%
1022
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.62
62%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
79%
1023
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
42%
1019
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
27%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
65%
1020
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
44%
1020
Currency

61.6238

Currency

52.8848

Currency

71.0985

Currency

37.8835

Currency

38.3412

Currency

67.6084

Currency

7.80913

Currency

0.74674

Currency

0.33242

Currency

0.52531

Currency

1.15384

Currency

0.55755

Родиум

282926.57

Калај

55.15

Алуминиум

3.67

Иридиум

253540.09

Сребро

2430.92

Кобалт

45.39

Платина

61793.73

Цинк

0.00

Паладиум

43853.62

Рутениум

51376.89

Злато

145477.09

Бакар

12.85