Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската Котлина во моментов има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места можна е и појава на суградица. Радарските податоци покажуваат дека нестабилната облачна маса се движи во правец од исток кон запад, поради што временската нестабилност во текот на наредниот период може да зафати и други делови од котлината и западните региони. Граѓаните се ...
Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во моментов има врнежи од дожд и појава на ретки грмежи во Кумановскиот, Тетовскиот и Дебарскиот регион. Во источните делови на Скопската Котлина се регистрирани поинтензивни, поројни врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Според радарската слика, нестабилната облачна маса се движи во правец од исток кон запад, што значи дека во наредниот период врнежите и ...
Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација со ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, а потресот беше почувствуван во повеќе населени места, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според достапните информации, земјотресот бил регистриран во 6:18 часот по локално време, на длабочина од седум километри. Епицентарот се наоѓал на околу 14 километри источно од Зеница и 44 километри северозападно од Сараево. Од ...
Порој однесе автобус со возачот и тројца патници од патот во австриската долина Штанцертал синоќа. Сите четири лица беа спасени од пожарникари, а возачот беше однесен во болница, објави heute.at. По обилните дождови, околу 20:20 часот во понеделникот се случија неколку одронувања. Камења и кал ги покрија, меѓу другото, државните патишта Б171 и Л68. На патот помеѓу Шнан и Флирш, порој однесе редовен автобус што се движеше низ долината. Водата ...
Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што вчера околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А.(64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С.(49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид на местото на ...
Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на близу 73 долари, сигнализирајќи зголемена нервоза на инвеститорите по новиот бран ракети во Ормутскиот теснец, што ги истакна ризиците во спроведувањето на договорот меѓу САД и Иран за нормализирање на транзитот. Барел сурова нафта на лондонскиот пазар попладнево се тргуваше за 72,97 долари, што е за 98 центи повеќе во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот ...
ТТК Банка АД Скопје известува дека денеска ќе изврши предвремена исплата на пензијата. Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа. Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. Од ТТК Банка апелираат до нвните корисници да ...
Времето во Mакедонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...
Јули носи свежа енергија, нови можности и финансиски пресврти за неколку хороскопски знаци. Според астролошките прогнози, одредени припадници на Зодијакот ќе почувствуваат силен бран на среќа, успех и подобрување на материјалната состојба. Дознајте дали сте меѓу нив. Бик За Биковите, јули ќе биде месец на финансиски напредок. Можно е покачување на платата, нова деловна понуда или дополнителен извор на приходи. Среќата ќе ги следи и при важни ...
Американката Мери се сними себеси за TikTok за да им го покаже на луѓето „единствениот лек против комарци“ што навистина делува. Нејзиниот ентузијазам може да се види во видеото, во кое таа тврди дека комарците ја сакаат. „Една жена напиша рецепт во коментарите, а јас случајно го видов. Ѝ посакувам сè што сака во животот, ви благодарам“, рече Мери, која потоа објасни што да се меша за најдобра заштита од комарци. „Мешав малку екстракт од ...
Според астролошките прогнози, 2026 година нема на сите да им донесе финансиска стабилност. Напротив, некои знаци би можеле да се соочат со сериозни предизвици кога станува збор за парите. На листата на оние кои би можеле да имаат најмногу проблеми се издвојуваат три хороскопски знаци: Риби Може да западнат во проблем поради непланирани трошоци и импулсивно трошење. Неочекувани издадоци лесно би можеле да им го нарушат буџетот, па затоа ќе ...
Српската пејачка Маријана Томиќ од Зрењанин почина на 39-годишна возраст по тешка болест. Тажната вест е објавена на фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“. Веста за смртта на Марија ги потресе сите што ја познаваа, кои се збогуваат со неа на социјалните мрежи. Маријана починала вчера, само еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден. На фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“ истакнале дека таа починала прерано бидејќи, за жал, ...
По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор. Веќе при крај се официјалните преговори за тоа кој се ќе влезе во владата на Христијан Мицкоски, а кој ќе добие чистка во однос на досегашната работа. Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како ...
Започна исплатата на јунските пензии, а дел од пензионерите веќе можат да располагаат со средствата на своите трансакциски сметки. Од денес, 29 јуни, пензиите се достапни за корисниците кои своите примања ги добиваат преку Халкбанк. Средствата може да се подигнат во филијалите на банката, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство. Пензионерите кои избрале исплата преку Пошта на Северна Македонија, своите пензии ќе ...
Македонскиот финансиски сектор остана без еден од своите долгогодишни професионалци и учесници во формирањето на пазарот на капитал. Почина Кирил Митровски, брокер од првата генерација, поранешен претседател на Одборот на директори на Македонската берза и долгогодишен член на берзанските институции. Веста за неговата смрт ја објави Македонската берза, која се прости од него со следната порака: „Последен поздрав од Македонска берза АД Скопје ...
Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А.(64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С.(49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидот на местото на ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи привеле вкупно 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци, кај кои при контроли биле пронајдени наркотични средства. Според информациите од МВР, најголем дел од приведувањата се случиле на повеќе локации во Скопје. Таму биле лишени од слобода повеќе лица на возраст од 17 до 53 години, меѓу кои и жители на различни скопски населби и околни села. При ...
Три лица се повредени во сообраќајката што утринава се случи на клучката кон аеродромот во Скопје. Според информациите од МВР, возило со српски таблички управувано од 34 годишен возач се превртело. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело ...
Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо Јаневски, а кој се одржа на 14 февруари во Скопје (заедно со Бајага), објави детали за погребот на починатиот пејач, а кој ќе се одржи во среда, 1 јули. Во нивната објава пишува: „Почитувани, добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривично дело убиство извршено при семејно насилство, и побара определување мерка притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Тој, како што се наведува, вечерта ја зел жената од ...
Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговиот дом во скопската населба Карпош. Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше познат и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“. Тој доби ослободителна пресуда. „На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден ...
Поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане, почина во Скопје на 58-годишна возраст. Јованов ја предводеше Одбојкарската федерација во периодот од 2007 до 2009 година, оставајќи значаен белег во развојот на македонската одбојка. За време на неговиот мандат беа поставени темелите за идните успеси на машката сениорска репрезентација, која во наредните години забележа историски резултати на ...
Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари. Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу 47.790 денари, а минималниот К-15 согласно колективниот договор изнесува 40 проценти ...
Тешка сообраќајна несреќа – овој патен правец е затворен за сообраќај Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија. Тешка сообраќајна несреќа – овој патен правец е затворен за сообраќај Поради ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на бензините и на дизелот. Минатата недела беа намалени цените на сите видови горива. Еуросуперот БС-95 поевтини за 3,5 денари и се продава за 84 денари за литар, 98-цата се намали за 4 денари, и чини 86 денари за литар. Најголема промена имаше кај дизелот, кој поевтини за 7 денари по литар и чини 80,5 денари. Од Владата велат дека земјава има најниска цена на ...
Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица. Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид. Причините за несреќата засега не се познати. Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи. Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, ...
Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица. Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид. Причините за несреќата засега не се познати. Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи. Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, ...
Почина режисерот Сашо Миленковски, потврдија од Драмски театар Скопје. Имаше 63 години. Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988–1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка. Во својата богата кариера Миленковски има реализирано повеќе од педесет режии на ...