Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Проширениот конфликт на Блискиот Исток се заканува да предизвика најголемо нарушување на пазарот на гас од руската инвазија врз Украина, која пред четири години ја наруши глобалната трговија. Соседите на Иран, како Катар, се меѓу најважните светски снабдувачи, а регионот е и клучна рута за испорака, при што 20 отсто од извозот на течен природен гас минува низ Ормускиот теснец, стратешка точка за глобалната енергија. Трговијата со течен ...
Светските лидери повикаа на брзо решение на кризата на Блискиот Исток, додека сојузниците на САД ја поддржаа одлуката да биде таргетиран врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. „Хамнеи беше одговорен за балистичката ракетна и нуклеарната програма на режимот, за поддршката на вооружени сојузници и за бруталните акти на насилство и заплашување врз сопствениот народ“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе пред новинарите во ...
Милиони Иранци го поминаа целиот свој живот под раководството на ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран. Кога почнаа да се пристигнуваат извештаи за неговата смрт, на улиците на Техеран избувна славје. Властите, пак, прво ја негираа веста, а потоа прогласија жалост. За смртта на врховниот лидер на Иран со часови се шпекулираше, сè додека не беше потврдена како факт од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во објава на ...
Хаменеи, еден од најзлите луѓе во историјата, е мртов. Ова не е само правда за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и оние луѓе од многу земји низ целиот свет, кои беа убиени или осакатени од Хамнеи и неговата банда крволочни напаѓачи, напиша американскиот претстедател Доналд Трамп пред малку на социјалната мрежа Truth social. „Тој не успеа да ги избегне нашите разузнавачки и високо софистицирани системи за следење и, во тесна ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт. Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пренесува „Тајмс оф Израел“. Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е потребно“ и дека конфликтот ќе донесе ...
Најлошото сценарио за Дубаи се оствари во саботата: одбранбените системи одбиваа ирански ракети и дронови над неговите познати облакодери, се слушаа случајни експлозии, а облаци црн чад се издигаа над најпознатата населба во градот-држава. Локалните власти соопштија дека четири лица се повредени во пожар на Палм Џумеира, вештачкиот остров познат по луксузните хотели, одморалишта и атракции. Луксузен хотел таму бил погоден од делови од ...
Американско-израелските напади врз Техеран во саботата означуваат пресвртница за претседателот Доналд Трамп, кој се обложува дека војна - каква што некогаш ветуваше дека нема да започне - ќе ја зацврсти неговата агенда во вториот мандат. Отстапувајќи од своите предизборни ветувања дека ќе ги држи САД надвор од странски војни, Трамп одлучи да нападне и покрај тоа што арапските посредници зборуваа за значителен напредок во нуклеарните ...
Глобалните финансиски пазари со невидена напнатост го очекуваат отворањето в понеделник, откако Соединетите Американски Држави и Израел во саботата наутро започнаа координирани воени напади врз Иран. Оваа драматична ескалација на судирот на Блискиот Исток, регион клучен за светското снабдување со енергенси, ги турна инвеститорите во состојба на целосна неизвесност. Додека пазарите во петокот беа затворени со знаци на нервоза, саботните ...
Со малку среќа, сега е можно да купите часовник „ролекс“ директно од продавница, дури и ако не е токму тој модел што го посакувате. Самата достапност е големо поместување во споредба со пред пет години, кога долгите листи на чекање беа норма. Фактот дека луксузен часовник може да се купи без чекање е знак за ладење на пазарот за нови рачни часовници. Извозот на швајцарски часовници опадна втора година по ред, што го одразува влошувањето на ...
Досега невидениот американско-израелски напад врз Иран во саботата веќе ги надмина претходните циклуси на удари и одмазди, додека Техеран конфликтот го третира како егзистенцијална закана. Само неколку часа по почетокот на воената операција, Иран лансираше ракети кон повеќе локации, вклучително и Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин и се закани со дополнителни напади врз бази во Ирак, во обид да погоди објекти поврзани со ...
По неколкунеделни предупредувања дека Соединетите Американски Држави би можеле да преземат воена акција против Иран доколку државата не прифати договор за ограничување на својата нуклеарна програма, американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни заканата. На 28 февруари, САД и Израел започнаа воздушни удари врз цели низ Иран. Иран со децении се соочува со сомнежи во врска со своите нуклеарни амбиции и прашањето дали е способен да развие ...
Британи Викерс тргнала на соло патување од Сент Луис до Салцбург, Австрија, не поради пријатните кафулиња или барокната архитектура, туку за да го посети местото на снимање на еден од нејзините омилени филмови, „Звукот на музиката“. „Се сеќавам дека го гледав во основно училиште, па можноста да ги остварам моите соништа за фамилијата Фон Трап беше како да се затвори кругот“, вели Викерс. „Дури и кога се приближувам до 40-тата година, сè ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе заканата и нареди напад врз Иран откако преговорите не доведоа до договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. Во Техеран сега се разгледува одговор, а една од опциите е обид за блокада или практично затворање на Ормускиот теснец. Станува збор за тесен премин на излезот од Персискиот Залив низ кој минува околу четвртина од светската поморска трговија со нафта. Доколку Иран го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе заканата и нареди напад врз Иран откако преговорите не доведоа до договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. Во Техеран сега се разгледува одговор, а една од опциите е обид за блокада или практично затворање на Ормускиот теснец. Станува збор за тесен премин на излезот од Персискиот Залив низ кој минува околу четвртина од светската поморска трговија со нафта. Доколку Иран го ...
Mакедонскиte државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции, порача денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. „Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната ...
Биткоинот и другите дигитални средства нагло паднаа откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран во саботата. Биткоинот падна за дури 3,8 проценти на 63.038 долари, додека етерот падна за 4,5 проценти на 1.835 долари. Околу 128 милијарди долари пазарна вредност беше избришана од пазарот на дигитални средства веднаш по објавувањето на веста. Три силни експлозии се слушнаа во центарот на Техеран, објави новинската агенција ...
Блискиот Исток се соочува со нагла ескалација откако претседателот Доналд Трамп изјави дека САД започнале големи борбени операции против Иран, со цел елиминирање на заканите од режимот во Техеран. Воздушни напади врз Иран извршиле Израел и САД, при што биле погодени повеќе провинции. Иранските медиуми јавуваат дека Исламската Република подготвува „жесток одговор“. Ескалацијата доаѓа по неколкунеделни разговори што не резултираа со нов договор ...
Пазарот на персонализирани парфеми бележи забрзан раст, поттикнат од сè поголемата побарувачка за висококвалитетни состојки и ексклузивност. Дури 63 отсто од европските купувачи на луксузни парфеми бараат опции прилагодени на личниот вкус. Проценките покажуваат дека овој сегмент само годинава би можел да достигне вредност од 17 милијарди евра. За разлика од масовно произведените мириси, персонализираните, се фокусираат на уникатни, често ...
Израел утринава соопшти дека започнал „превентивни“ воздушни напади врз цели во Иран, што ги засили стравувањата од поширок конфликт во регионот богат со нафта. Три силни експлозии се слушнале во централниот дел на Техеран, објави новинската агенција Фарс, додавајќи дека неколку проектили веројатно ја погодиле престолнината. Иранската државна телевизија пренесе дека густ чад се издигнувал над делови од градот. „Асошиетед прес“ објави дека ...
„Опен еј-ај“ (OpenAI) се согласи да ги распореди своите модели за вештачка интелигенција во класифицираната мрежа на Министерството за одбрана на САД, откако конкурентската компанија „Антропик“ (Anthropic PBC) го наруши односот со Пентагон поради загриженост околу надзор и автономно оружје. Главниот извршен директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, доцна во петокот изјави дека постигнал договор со министерството кој ги одразува принципите на ...
Новите глобални царини од 10 отсто на американскиот претседател Доналд Трамп стапија во сила, со што Белата куќа го започна обидот да ја зачува трговската агенда на претседателот откако Врховниот суд ги поништи неговите првични сеопфатни давачки. Трамп потпиша извршна наредба со која ја одобри царината од 10 отсто, само неколку часа по судската одлука. Потоа тој се закани дека стапката ќе ја зголеми на 15 отсто. Веднаш потоа стигна реакција ...
„Спејс екс“ (SpaceX) планира т.н. доверливо поднесување на регистрација за иницијална јавна понуда (ИПО) уште следниот месец, според луѓе запознаени со ова прашање, бидејќи компанијата за ракети и сателити на милијардерот Илон Маск продолжува со плановите за најголемата котација во историјата досега. Фирмата со седиште во Старбејс, Тексас, очекува да ја достави својата нацрт-регистрација за ИПО до Комисијата за хартии од вредност на САД во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи можно „пријателско преземање на Куба“, додека Белата куќа се обидува да ја искористи енергетската криза на островот управуван од комунистите за да изврши поголемо влијание. „Тие се во голема неволја, а ние би можеле да направиме нешто добро, мислам, многу позитивно за луѓето што беа протерани, или уште полошо, од Куба, што живеат тука“, изјави Трамп за новинарите во петокот пред да замине за ...
Односите помеѓу Авганистан и Пакистан постојано се влошуваат откако авганистанските Талибанци се вратија на власт во 2021 година. Овие соседни држави со месеци разменуваат прекугранични воени напади. По уште една рунда смртоносни напади кон крајот на февруари, во кои Пакистан соопшти дека убиле стотици милитанти, министерот за одбрана на земјата, Хаваџа Асиф, на платформата на социјалните медиуми X изјави дека двете нации сега се во „отворена ...
„Макпетрол“ ја заврши 2025 година со подобри резултати од претходната, покажува финансискиот извештај на компанијата. Профитабилноста порасна на сите нивоа, подобрена е структурата на продажбите (повеќе гас и млазни горива), покажана е подобра оперативна ефикасност и проширување на маржата, со минимален раст на приходите. Оперативните приходи во 2025 се зголемени за само 0,42 отсто на речиси 31 милијарда денари (околу 504 милиони евра), ...
„Ако во моментов не го водите бизнисот по интуиција, тогаш сте во неволја“, вели искусната дизајнерка и малопродажна претприемачка. Водење по интуиција Ања Хиндмарч, чиј моден бренд што го носи нејзиното име е симбол на современиот британски луксуз уште од 1987 година, има директна теза за тоа како треба да функционираат лидерите во 2025 година и понатаму: верувајте ѝ на сопствената интуиција. Прочитај повеќе Цените растат, модните брендови ...
Европските берзи го завршија февруари со раст и ја продолжија најдолгата низа на месечни добивки уште од 2013 година, додека сè повеќе инвеститори бараат алтернатива за американскиот пазар. Индексот Stoxx Europe 600 утрово околу 9:52 часот во Лондон порасна за 0,3 отсто и достигна ново рекордно ниво. Во февруари индексот се зголеми за околу четири проценти и е на пат да забележи осми последователен месец на раст. Во петокот најдобро поминаа ...
Полска „крои“ нов закон со кој ќе се забранат социјалните медиуми за деца под 15 години, подготвувајќи ја сцената за потенцијална битка со некои од најголемите американски технолошки компании. Нацрт-законот, чиј преглед ќе го презентира владејачката партија Граѓанска коалиција во петок предвидува казни за платформите на социјалните медиуми ако нивните услуги останат достапни за помладите деца и ќе ги смета за одговорни за проверка на ...
Собранието на акционери на „Алкалоид“ АД Скопје на вчерашната седница на предлог на Управниот одбор донесе одлука за исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто, односно 648,00 денари нето по акција. Станува збор за зголемување од 14,3 проценти во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто, односно 567,00 денари нето. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2025 ...
Управниот одбор на „Реплек“ АД Скопје на Собранието на акционери ќе му предложи за исплата на вкупна дивиденда за 2025 година да се издвојат 119 милиони денари (1,93 милиони евра). Се предлага исплата на дивиденда по акција во бруто износ од 500 денари односно нето износ од 450 денари. Собранието на акционери седницата на која ќе се разгледува овој предлог треба да ја одржи на 1 април годинава. Вашата претплата не може да се зачува. Ве ...