Познато е дека децата сакаат да редат коцки и на тој начин да прават куќи, кули, тврдини, а со такви играчки учењето станува забавно.

Слепите деца и возрасните со слаб вид се потпираат на Брајовото писмо за учење, работа и секојдневниот живот. Наскоро на пазарот ќе бидат достапни детски коцки кои на најмалите деца ќе им помогнат да научат да читаат букви и бројки на допир.

Сите знаеме за шарените коцки кои со генерации се составен дел од детството, но кога станува збор за коцките наменети за слепи деца, тие се малку поинакви. Брајовите лего-коцки ќе вклучуваат Брајови букви и бројки, а знаците ќе бидат составени од подигнати точки кои можат да се читаат со допир.

Иако може да се игра со нив како и со обичните лего-коцки, примарната идеја е да се користат за учење Брајово писмо, а сето тоа е направено на забавен начин.

– Идејата беше учењето на Брајовото писмо да биде интересно. Лего-коцките се популарни и тие ќе помогнат во рушењето на бариерата дека Брајовото писмо е нешто чудно и необично – рече Дејв Вилијамс, амбасадор на инклузивниот дизајн.

Деловите од овој сет на коцки се едноставни и целосно компатибилни со вообичаените делови, така што лесно може да се користат со сите други сетови што ги имате. На нив се испечатени и букви и симболи, за децата кои не се слепи, но и возрасните, да можат да учат и да играат истовремено.

– Комплетот е инклузивен и значи дека целото семејство може да се собере и да научи Брајово писмо – вели Вилијамс.

Извор



912

X