Како што се приближува роденденот на детето, некои родители се возбудени и се подготвуваат да ја прослават оваа посебна пригода. Но, има и такви кои одлучуваат да заштедат пари и не планираат роденденски забави. Сепак, ова може да биде контрапродуктивно, покажала една студија.

Д-р Жаклин Вули се залага за содржинско прославување на родендените. Таа спровела истражување меѓу 99 американски деца на возраст од 3 до 5 години. Првата група деца можела да приреди забава, втората не, а децата од третата група славеле во два дела. Резултатите покажале дека децата веруваат оти роденденската забава треба да биде настан кој го поттикнува растењето.

Конкретно, таа сумирала пет заклучоци зошто роденденските прослави се важни за децата.

Ја зголемуваат самодовербата: Кога детето чувствува дека другите го слават, тоа исто така се чувствува сакано и важно во неговото семејство. Неговиот роденден станува важен во животот на неговите родители.

Ги зајакнуваат семејните врски: Позитивно е да се има семејни традиции. Без разлика на големината на прославата, она што е важно е чувството на заедништво со кое славиме нешто посебно.

Помагаат во воспоставувањето социјални односи: Поканувањето пријатели, баби и дедовци и други членови на семејството на роденденската прослава му помага на детето подобро да се поврзе преку дружење.

Создаваат позитивни спомени: Во студија спроведена за спомени од предучилишна возраст се вели дека повеќето спомени од детството се поврзани со сетилата, мирисот и музиката. Значи, создавањето спомени од прославата може да биде нешто навистина значајно.

Помагаат да се создаде перцепција за времето: Децата не се свесни за нивниот раст, а родендените се одличен начин да се разбере процесот на растење.

Ако сте под стрес поради организирањето на роденденската забава, запомнете дека дувањето на свеќите и јадењето на тортата може да бидат прослава. На децата им е важно да се води грижа за нивните емоционални потреби и да се чувствуваат сакани. Не е важно да ја има најскапата роденденска торта на светот или најскапиот подарок од најпрестижната продавница, туку топлината од средината во која детето се чувствува вклучено, безбедно и почитувано.

Извор



912

X