Писателот и поет Џејмс К. Фланаган од Њујорк напишал совети за среќа за своите потомци.

Фланаган ненадејно починал од срцев удар на 3 септември 2012 година, а писмото е објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Крегтон.

1. Секој од вас е најубавиот подарок од Бога за вашето семејство и за целиот свет. Запомнете го ова, особено кога се сомневате во себе и се чувствувате обесхрабрено.

2. Не плашете се од никого и ништо и живејте го животот максимално. Следете ги вашите желби и надежи без разлика колку се тешки и колку се различни од другите. Луѓето често не го прават она што го сакаат или треба бидејќи постојано размислуваат што ќе мислат или кажат другите. И запомнете уште една важна работа – луѓето што не ви носат пилешка супа кога сте болни или не се тука за вас кога сте во неволја, не се важни!

3. Сите ние сме сосема обични луѓе. Некои носат скапа облека или имаат големи титули и моќ и мислат дека се над сите други, но не се. Тие ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи, јадат, пијат, спијат и прдат, како и целиот нормален свет.

4. Кога ќе пораснете и ќе имате деца, секогаш запомнете ја старата ирска поговорка: „Пофалете ги децата и тие ќе процветаат!“

5. Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето – особено на слабите, на оние што се плашат, и на децата. Сите тие носат своја тага и имаат потреба од вашето сочувство.

6. Не приклучувајте се во војската или во која било друга организација што ве обучува да правите лоши работи.

7. Секогаш бидете искрени.

8. Патувајте секогаш кога можете, особено додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или да се наредат сите коцки. Тоа никогаш, никогаш нема да се случи.

9. Изберете работа или професија што ќе ја сакате. Секако дека ќе има тешки моменти, но мора да уживате во работата.

10. Не викајте! Тоа никогаш не функционира, и ве повредува и вас и другите. Секојпат кога викав, не успеав.

11. Секогаш одржувајте ги ветувањата што им ги давате на вашите деца. Не кажувајте „ќе видиме“ ако знаете дека одговорот е „не“. Децата ја очекуваат вистината, дајте им ја со љубов и добрина.

12. Никогаш не кажувајте некому дека го сакате ако не го мислите тоа.

13. Живејте во хармонија со природата: излезете надвор, посетете ги шумата, планините, морињата, пустините. Тоа е многу важно за душата.

14. Прегрнете ги луѓето што ги сакате. Кажете им колку ви значат сега, не чекајте да биде предоцна.

Извор



912

X