Родителите трошат во просек 139 часа годишно обидувајќи се да ги подготват своите деца за на училиште, покажало истражување спроведено во Велика Британија.

Истражувањето спроведено на 1.300 родители на деца на возраст од 6 до 16 години покажало дека 75 проценти од нив ги загрижува утринската рутина во пресрет на враќањето на училиште, а 26 проценти признаваат дека доцнат на училиште поради борбата што ја водат со децата секое утро.

Повеќе од една третина од родителите (32 проценти) велат дека е најтешко да ги натераат нивните деца да појадуваат, додека 27 проценти се борат да ги натераат да носат училишни униформи. Петтина од родителите (19 проценти) мораат наутро да ги бараат училишните книги по предмети кои им недостасуваат, а 29 проценти велат дека треба да ги убедуваат своите деца да си ги мијат забите.

Дури 36 проценти од родителите ја водат битката околу станувањето од кревет навреме. Во еден вообичаен училишен ден, на родителите им се потребни 43 минути наутро за да го разбудат своето дете, да го подготват и да излезат од дома.

Експертите советуваат навреме да се подготвите за враќање на училиште и да почнете со воведување на соодветната рутина порано, односно со применување порано одење в кревет на децата, две до три недели пред почетокот на новата учебна година.

Извор



912

X