Скопје
38ᴼ /
38ᴼ
Вечерва во 20.00 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. ТРИО ДОЛЧЕ е музички состав кој е формиран во 2016 година. Aктивно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Валандово, Велес) и во странство ( Concerti del tempieto – Рим, Италија). Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите ...
Лажни пораки за сообраќајни казни и блокирани сметки ја таргетираат јавноста ова лето. И од полицијата и од Националниот центар за компјутерски инциденти и од македонските банки секојдневно до корисниците се испраќаат пораки дека има криминална акција на смишинг и фишинг. „Регистриран е сообраќаен прекршок ( Прекорување на брзина) за вашето возило. Износ на глобала: 920 МКД. “ „Вашата сметка/картичка е привремено блокирана поради ...
Официјалните податоци за финансиското работење на јавните институции, претпријатија и установи во Битола откриваат сериозен товар од неплатени обврски, кој во вкупен збир изнесува точно 609.488.053 денари, односно безмалку 10 милиони евра. Анализата на должничките позиции покажува дека најголемиот дел од неликвидноста е концентриран во здравствениот сектор, локалната самоуправа и комуналната сфера, но загрижувачки висок процент на долгови се ...
Кои се луѓето што одлучуваат за Битола? Кој е нивниот професионален пат, какво образование имаат, каде работеле, какви јавни и политички функции извршувале и со какво искуство денес учествуваат во носењето одлуки што директно го определуваат животот на битолчани? Со овие прашања денес се обративме до градоначалникот, секретарот и советниците на Општина Битола. До сите нив е испратен детален прашалник со цел јавноста да добие подобра слика за ...
Она што започна како летна забава, за помалку од десет дена се претвори во класичен институционален дебакл, зачинет со административно криење зад факти, скапи јавни набавки „во четири очи“ и преселба на ФК Пелистер на туѓ терен. Додека битолчани се прашуваат каде исчезна зелениот килим на стадионот Петар Милошевски, надлежните си ја префрлаат топката со речник кој ја навредува интелигенцијата на јавноста. За да се разбере како стигнавме до ...
Во Инфоцентарот на НП „Пелистер“ започна стручна работилница и тренинг што во фокусот ја има кафеавата мечка. Имено, со одржувањето на првата стручна работилница во ЈУ Национален парк „Пелистер“, официјално започна првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка (Ursus arctos) во Македонија. „Овој современ, неинвазивен пристап претставува клучен чекор кон добивање попрецизни и научни податоци за бројноста, животниот простор и генетската ...
Европската Унија започнува нов процес на регулација со кој директно се таргетира количеството отпад од амбалажа. Новите европски прописи предвидуваат постепено отстранување на пластиката и преголемите пакувања од секојдневната трговија, а голем дел од клучните мерки кои директно ги засегаат потрошувачите стапуваат на сила до 2030 година. Статистиката на Евростат јасно ја покажува потребната промена: во 2023 година, секој жител во земјите ...
Тешка ноќ и битка со пожарите во Прилепско.Интензивна борба со огнената стихија се одвиваше изминатава ноќ во Пелагонискиот Регион. Теренските екипи на Територијалната противпожарна единица од Прилеп цела ноќ интервенираа на критичните точки околу селото Крушевица. Благодарение на акцијата на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, спречена е поголема штета во селото Крушевица, каде пламенот зафати нискостеблеста деградирана шума и ...
До 25 август 2026 година во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: 31°C до 37°C извор :УХМР Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен ...
Од завршни сметки на училиштата и нова организација на општинската администрација, до закуп на општински простори, зонско паркирање, јавни тоалети и нови членови во надзорните одбори….Пред советниците на Општина Битола на 21 август ќе се најдат 59 точки. Советот на Општина Битола в петок ќе ја одржи својата 15-та седница, на која пред советниците ќе се најдат обемни материјали што опфаќаат голем дел од секојдневното функционирање на општината ...
Во Претор и Сливница успешно се одржа инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, реализиран од страна на Здружението Иклуалити од Скопје, во партнерство со Здружението Иднина на традицијата од Ресен. Во мирна и позитивна атмосфера, преку 50 учесници возеа долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, уживајќи во природата, движењето и заедничкото дружење ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85%. Според последните анализи, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат значително зголемување. Бензините се зголемени во просек за 8,98%, додека дизелот за 10,98%. Екстра лесното масло за домаќинство и ...
Планинарот кој викендов се повреди во високите делови на Пелистер е во стабилна здравствена состојба и се опоравува од скршеницата на ногата. Тој бил однесен во Клиничка болница Биотола, каде што започнал процесогт на точна дијагностика и терапевтски постапки. Претходно спроведената сложена спасувачка акција во близина на Мало Езеро, овојпат , за среќа на сите, заврши успешно. Повикот за помош на бројот 112 бил примен во неделата околу 12 ...
Кој зборува, кој молчи, колку е присутен градоначалникот… Анализата на работата на Советот на Општина Битола за периодот од ноември 2025 до јули 2026 година покажува значителни разлики во активноста на советниците. Во анализираниот период, Советот на Општина Битола одржал 14 седници, на кои се донесени 171 одлука, 75 заклучоци и 210 решенија, а биле разгледувани и 55 програми. Од вкупно 31 советник, 29 се јавиле за збор, додека двајца воопшто ...
По 24 часа деноноќна борба со огнот спасени куќите во Лознани и Новоселани. Вистинска драма се одвиваше изминатото деноноќие во Општина Могила, каде што по целодневна интервенција на терен, пожарникарите и мештаните успеаја да ги заштитат куќите во селото Лознани од разорната огнена стихија. За текот на спасувачката акција на терен, во текот на ноќта информираа првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, и командирот ...
Стотици илјади патници годишно минуваат низ граничниот премин Меџитлија на пат кон Грција или назад. За Битола, која се наоѓа на само дваесетина километри од границата, тоа е огромен потенцијален туристички и економски пазар. Но, колку од нив само поминуваат покрај Битола, а колку од нив навистина влегуваат во градот? Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година преку Меџитлија во Македонија влегле 480.473 странски ...
ФК Пелистер влегува во новата сезона со наталожени проблеми, нерасчистени сметки и десетици отворени прашања за кои некој свесно молчи. Ова не е нов почеток за клубот. Ова е почеток на сезона во која се влегува со образ ѓон, а главниот виновник за овој дебакл има име и адреса – Општина Битола. Како сопственик на клубот, Општината не е само нем набљудувач. Таа е директен соучесник во уништувањето на битолската гордост. Клубот уште еднаш го ...
Во Битола нема ни регистрирани ниту сомнителни случаи на пациенти кои би биле болни од западно-нилска треска. Ова е информацијата од Центарот за јавно здравје од Битола за ТЕРА откако нивните колеги од Скопје во 5 општини на град Скопје и 5 населби во други општини прогласија епидемија на оваа. Со преку 30-тина лабораториски потврдени случаи и еден смртен случај Македонија е во групата балкански земји кои имаат проблем со ова заболување многу ...
Уапсени двајца потпалувачи на пожари во Пелагонија додека целата земја е под висок ризик од огнена стихија. Битолскиот сектор за внатрешни работи лиши од слобода две лица кои се сомничат за подметнување пожари на отворен простор. Апсењата доаѓаат во период кога земјата се соочува со екстремно високи температури и максимален ризик од избувнување на огнени стихии. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17:00 ...
Денеска е 12 август, меѓународниот ден на младите. Додека институциите ја одбележуваат датата со најави за нови стратегии, младите во земјата и понатаму се соочуваат со стари предизвици: системска недоверба, потрага по квалитетно образование и прашањето дали својата иднина да ја градат тука или по белиот свет. Каков е статусот на младинската популација и што говорат најновите податоци? Битола е град со огромни контрасти за младиот човек. ...
Дали реакциите во јавноста за сеуште жолтиот наместо зелен терен на битолскиот стадион по концертите ги принудија одлуките во Општина Битола како соспственик на стадионот да го турнат ФК Пелистер во ноќна игра или топлото време? Денеска контактиравме со ФФМ, оттаму најавуваат поддршка, а Пелистер под рефлектори го отвара првенството По масовните концерти на Здравко Чолиќ и Стив Аоки на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, тревниот терен ...
Музичкиот караван по повод 35 годишнината од независноста на Македонија синоќа беше во Битола. Прозвучија цитати од македонските врвни поети, писатели, есеисти, а истовремено и македонските евергрини, шлагер и песни од музичката сцена на оваа генерација. Платото пред Офицерскиот дом во Битола беше претесно да ги прими сите битолчани и гости кои дојдоа да бидат дел од синоќешниот културен спектакл. Публиката во целост го исполни просторот, а ...
ДЕНЕСКА СЕ РЕАЛИЗИРА АВГУСТОВСКАТА ДРЖВНА МАТУРА ВО КОЈА ПОЛАГААТ УЧЕНИЦИ КОИ НЕ ПОЛАГАЛЕ ВО ЈУНИ, НО И КАНДИДАТИЕ ЧИИ МАТУРСКИ ПИСМЕНИ БЕА ПОНИШТЕНИ ПОРАДИ НЕПРАВИЛНОСТИ. Според информациите на Државниот испитен центар денеска информираше дека вкупно 1.460 ученика денеска полагаат државна матура. Од нив најмногу 1.328 полагаат класична матура, 126 кандидати – стручна, а само 6 кандидати – уметничка матура. Во оваа вкупна статистика се и ...
Земјоделците од Пелагониско повторно јавно реагираат дека не им се исплатени средствата што ги очекуваат од државата. Велат дека времето за чекање истекува, бидејќи се приближува есенската сеидба, а без пари за гориво, ѓубрива, семе и репроматеријали тешко ќе можат да ја започнат новата производна сезона. Во меѓувреме, Владата го усвои дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2026 година, а земјоделците прашуваат – ако средствата се обезбедени, ...
На падините на планината Баба од западната насока, кадешто во позадина јасно се гледа Преспанското Езеро можеби живее дивокоза. Веројатно повеќе, слободно се движат. Високопланинските ливади и гребени, карактеристични за пределот над 2000 метри надморска висина на оваа страна од Пелистер само најавува дека во подножјето се населените места Стење, Асамати, Претор, потаму и Сливница. Откарши се гледа и планинскиот масив Галичица. Пред овој дел ...
4ца од 10мина кои учествувале во интернет анкетата на тера летово својот годишен одмор ќе го поминат дома. за желбите не се дискутира, потребите што да се прави за време на летниот одмор се индививуални, а толкувањето зошто е тоа така е оставено на експертите по економија, финансии, социологија и психологија. Секогаш актуелна тема во летниот период е каде на одмор. Оттука и интернет / веб анкетното прашање на ТЕРА во изминатиот период беше ...
Спомен-обележјето на Јонче Христовски во центарот на Битола требаше да биде ново место за потсетување на еден од најпознатите битолски и македонски музички автори и интерпретатори. Наместо завршен простор, денеска околу споменикот гледаме ископи, купишта земја, кабли и недовршена инфраструктура. Прашањето е кој го обезбедува просторот додека траат градежните работи и дали тој е доволно безбеден за граѓаните? На теренот се поставени метални ...
„Висок товарен камион помина по уличката, закачи еден од каблите и којзнае како ја зафати крошната на канделабрата и ја прекрши“. Ова е реакцијата на граѓанин кој уште синоќа ги испратил сликите во редакцијата на ТЕРА. Денешните снимки на репортерската камера покажуваат загрижувачка сосојба – импровизирано изведени инсталации, кабли кои извираат од електрично сандуче , преминуваат преку дрвјата и нивнита гранки и главно ниско се поставени ...
Итните мерки за санација на ЈКП „Комуналец“ се уште во тек, но времето притиска, 15 август е денот кога оваа сега жолто-зелена површина треба да биде комплетно зелена. И сува. Ревитализацијата подразбира и така е видливо деновиве употреба на многу вода, а тоа не го прави теренот погоден за фудбалски натпревар, без разлика во која лига игра фудбалскиот клуб што го корисити како свој. По претходно одобрено барање за снимање, денеска ТЕРА ...