Најавената забрана за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување предизвика дипломатска војна меѓу Германија и Франција, пишува Politico Германија и сојузничките земји кои ги поддржуваат автомобилите со мотори со внатрешно согорување ја зајакнаа својата реторика околу европскиот закон како дел од историските напори за намалување на емисиите во сообраќајот. По средбата во Стразбур, клучните министри од таа група земји рекоа дека ...

Од Nissan велат дека веќе во 2026 година ќе ги изедначат цените на своите хибриди и модели со мотори со внатрешно согорување Тоа е дел од новиот пристап на Nissan за споделување компоненти X-in-1 помеѓу електричните и хибридните верзии e-Power. Тие велат дека овој пристап ќе ги намали трошоците за развој и производство за 30% до 2026 година во однос на 2019 година. Покрај изедначувањето на цената на хибридите, Nissan со овој пристап очекува да ...

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 13.03.2022 година Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ ...

Актуелниот Mercedes-Benz GLC, кој беше претставен пред десет месеци, сега е достапен и во помалку практичната, но за многумина поинтересна Coupé форма на каросеријата Во Штутгарт со сегашната генерација на моделот GLC го искористиле рецептот што се користеше во случајот со претходната генерација, па потенцијалните купувачи на теренецот на Мерцедес од сегментот D и овојпат ќе можат да избираат помеѓу два каросериски стилови, затоа што на ...

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг јасно вели дека предлогот на Европската унија мора веднаш да се промени Со намера да се зачува животната средина, на производителите на автомобили во Европската унија (ЕУ) им беше даден рок за исполнување до 2035 година. Според наведениот политички план на ЕУ, сите нови автомобили по 2035 година треба да имаат нула емисија на CO2, што засекогаш би го исклучило производството на мотори со ...

Според плановите, гамата на електрични модели на Porsche ќе сочинува 80 отсто од нивното вкупно производство до 2030 година Porsche ги потврди минатомесечните гласини дека компанијата ќе понуди електричен Cayenne до 2026 година, но постави и временска рамка според која гамата на електрични модели на Porsche ќе сочинува 80 отсто од нивното вкупно производство до 2030 година. Иако проблемите со снабдувањето со чипови неодамна не одеа во прилог ...

Првите знаци за нормализирање на пазарот може да се забележат во значителното зголемување на понудата на нови, но регистрирани возила во Германија По ковид кризата, автомобилската индустрија беше погодена од кризата предизвикана од недостигот на чипови, што доведе до намалување на производството кај некои производители, но и до целосно прекинување на производството на некои модели. Благодарение на ваквиот редослед на настани, намаленото ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 06.03.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР ...

Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, на медиумите им откри детали за иднината на брендот и неговите планови за електрификација Најпрво, потврдено е дека електричниот наследник на Urus ќе влезе во продажба во 2029 година. Lamborghini претходно ги изнесе општите планови за преминување во електрична иднина, но без да открие повеќе детали. Годинава ќе претстават хибриден суперавтомобил, а тоа всушност ќе се случи кон крајот на ...

30 отсто од возачите изјавиле дека би биле заинтересирани за електрични возила само доколку почетната цена драстично се намали Резултатите од истражувањето на 1.467 британски возачи покажуваат дека секој трет возач во ниту еден момент не сака да се префрли на автомобил на батерии. Тие се цврсти на ставот дека ќе го задржат својот сегашен автомобил или ќе купат користен автомобил со внатрешно согорување се додека не ги предадат своите возачки ...

59 проценти од испитаниците се сомневаат дека е можна транзиција кон електрични возила во временската рамка одредена од законодавците Во изминатите шест месеци, во вестите од автомобилската индустрија доминираат информации кои сугерираат дека автомобилите со внатрешно согорување во ЕУ ќе изумрат веќе за 15 години. ЕУ и Калифорнија беа подготвени да воведат нула ограничувања за емисија од 2035 година, а другите држави се подготвуваа да го ...

Околу 86 милиони автомобили со мотори со внатрешно согорување биле продадени во 2017 година во споредба со 69 милиони минатата година Една нова студија вели дека продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување го достигнала врвот во 2017 година и никогаш нема да се врати на нивоата од пред пандемијата. Анализа на Bloomberg открива дека продажбата на патнички возила со внатрешно согорување го достигнала врвот во 2017 година со 86 милиони ...

V2M е наменет за употреба во возила со внатрешно согорување и електрични возила Додека многу проблеми со возилото може да се откријат со помош на вградени сензори, некои други се малку попредизвикувачки. Моторот е претежно покриен со бројни сензори, но другите делови од автомобилот често се препуштени на интуицијата на возачот и редовното одржување. Системот V2M е дизајниран да ги идентификува овие потенцијални дефекти, слушајќи ги со помош на ...

Земјите-членки на ЕУ денес одлучија да ја одложат конечната одлука за воведување забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување по 2035 година Конечната одлука требаше да ја донесат министрите за животна средина кои ќе се сретнат следната недела, поточно на 7 март, за сепак замениците шефови на постојаните претставништва на земјите членки (Coreper I) одлучат да ја одложат за следниот состанок на Советот, објави ...

Клучните земји зад забраната за мотори со внатрешно согорување се Италија и Германија Минатиот петок се случи незамисливо сценарио. Откако на крајот на минатата година донесоа одлука за целосна забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, членките на Европската унија ја стопираа сопствената одлука! Клучните земји зад забраната се Италија и Германија, кои наведуваат дека утврдениот рок е премногу ...

Американските купувачи должат просечно 5.500 долари за купување возило, што е блиску до нивоата пред пандемијата Просечната месечна рата на автомобилот се движи до 800 долари, младите купувачи ги занемаруваат плаќањата за своите автомобили, а повеќето луѓе плаќаат повеќе од илјада долари месечно за својот автомобил. Bloomberg објави дека рекорден број Американци доцната со плаќањата на кредитите за своите автомобили. Бројот на луѓе во проблеми ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.03.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР ...

Започна новата сезона во Formula 1! Првата сезонска трка е зад нас, а Red Bull и Алонсо имаа почеток од соништата. Макс Верстапен ја оствари својата 36-та победа во кариерата пред тимскиот колега Серхио Перез. Подиумот го комплетираше фантастичниот Фернандо Алонсо во Aston Martin – негов 99-ти подиум во кариерата и прв во Aston Martin. Сосема заслужено, на крајот стигна и наградата за неговиот врвен настап – возач на денот. Од друга страна, ...

Станува збор за футуристички концепт кој ја претставува иднината на мобилноста На саемот за воздухопловство Avalon Air Show, кој до крајот на неделава се одржува во Австралија, компанијата Pegasus го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил. Австралиска старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 02.03.2022 година Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ...

Многу производители се откажаа од плановите за развој на водородни погонски единици, но BMW сепак смета дека тие имаат важна улога. BMW лансираше пилот флота од модели iX5 Hydrogen на кои работи четири години. Бројни претставници на меѓународните медиуми наскоро ќе имаат можност да го тестираат новиот теренец додека тој влегува во следната фаза на развој. Германскиот производител на автомобили откри дека неговата пилот флота iX5 Hydrogen се ...

Две и пол години по лансирањето на електричниот модел ID.3, Volkswagen претстави освежена верзија Иако на прв поглед не изгледа така, VW тврди дека ID.3 (2024) добил значителни подобрувања, a германската компанија оди дотаму што овој модел го нарекува втора генерација. Меѓу другото, автомобилот го добил најновиот софтвер на компанијата, како и нови практични и помошни системи. Од дизајнерска перспектива, промените се многу суптилни, но ...

Шефот за продажба на Mercedes-Benz, Брита Сигер, вели дека бројот на претплатници само ќе расте Пред неколку години почнаа да се појавуваат првите модели за претплата за дополнителна опрема во автомобилите. Идејата на овој проект е целосно да се опреми автомобилот и потоа да му се даде можност на купувачот да купи, односно да вклучи или исклучи одредена опрема. Ова би ги намалило трошоците за производство бидејќи сите автомобили би биле ...

Во моментов, ако сакате ново Volvo V60 Cross Country на испорака ќе треба да почекате и до 22 месеци Купувањето на нов автомобил во 2022 година, воглавно значеше и одредено време, во одредени случаи и со месеци, за испорака. Тесното грло е предизвикано од недостатокот на чипови во автомобилската индустрија, а голема улога игра и рускиот напад врз Украина, односно војната. Ситуацијата сè уште не е подобрена. Купувачите на автомобили сè уште ...

Hyundai го претстави ажурираниот градски модел i10, кој во оваа генерација се појави во 2019 година. Ажурираниот Hyundai i10 се карактеризира со благи визуелни промени, вклучувајќи нови комбинации на бои и дополнителни функции во внатрешноста на кабината, а во понудата останува и естетски најатрактивниот i10 N Line. Сепак, модифицираниот i10 не се разликува многу од претходната верзија. Приметливи се „саќе“ дневните светла кои ги заменуваат ...

Шефот на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато, тврди дека претстојниот суперавтомобил на компанијата е речиси распродаден и покрај фактот што раководството сè уште официјално не го одобрило, ниту пак е откриено како ќе изгледа Зборувајќи за магазинот Аutocar, Импарато вели дека Stellantis допрва треба да го потпише проектот и да го официјализира, но Alfa веќе добила депозити од купувачите кои не сакаат да ја пропуштат можноста да станат сопственици ...

Доколку открие компонента која отстапува од дефинираните мерења поради нејзината конструкција, негова работа е да ја истражи основната причина за проблемот Bugatti е толку посветен во потрагата по совршенство што вработува искусен метролог за да се погрижи секое возило што ќе ја напушти фабриката да одговара на стандардите од светска класа. Метрологот користи прецизни мерења за да се осигура дека процесот или производот одговара на највисоките ...

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 24.02.2022 година Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за ...

Тестот ги мери перформансите на гумите во четири клучни области: потпирање при суви и влажни услови, отпор на тркалање, бучава и удобност Овој пат, големиот тест на каналот Tire Reviews на летни гуми е насочен кон пронаоѓање на најдобрите меѓу 13-те најпопуларни брендови. Тестот ги мери перформансите на гумите во четири клучни области: потпирање при суви и влажни услови, отпор на тркалање, бучава и удобност. Непотребно е да се каже дека ...

Еден од првите електрични модели кој ќе се приклучи на линијата на Alfa Romeo ќе биде следната генерација на Giulia, која треба да пристигне околу 2025 година Пресвртот на Alfa Romeo беше тежок, но компанијата станува посигурна бидејќи Tonale се продава во големи количини. Брендот изминатата 2022 година ја нарече „исклучително позитивна година“, откривајќи дека регистрациите во Европа се зголемени за 22%. Франција, Германија и Италија ...

Скопје

15ᴼ/15ᴼ
0.51
59%
1013

Белград

17ᴼ/15ᴼ
4.63
43%
1012

Софија

16ᴼ/16ᴼ
1.03
36%
1013

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
0.44
50%
1014

Љубљана

14ᴼ/11ᴼ
4.12
64%
1002

Атина

20ᴼ/18ᴼ
4.12
54%
1013

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
2.57
59%
1015

Подгорица

16ᴼ/14ᴼ
2.57
67%
1015
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $