Меѓу другото, новата регулатива за емисии Еуро 7 може да го загрози дури и преминот кон електрична мобилност За автоиндустријата во земјите од Европската унија каква што ја знаеме сега, остануваат уште само 12 години (за некои кратко, за некои долго) до почетокот на забраната за продажба на автомобили со внатрешно согорување. Но, дотогаш, на 10 ноември минатата година, Европската комисија конечно ја предложи регулативата Еуро 7, со нови ...

Еден од најатрактивните автомобили надвор од луксузниот сегмент е секако Peugeot 508, а овој француски модел со последното ажурирање претрпел промени како во екстериерот така и во ентериерот Седанот и караванот со средна големина добиле нов логотип на легендарниот лав, решетка и потенки фарови. Овие светла содржат Matrix LED технологија и светлосен потпис во форма на три канџи за дневни светла. Назад се, исто така, освежени целосните LED ...

Новиот Mercedes E-Class се уште е покриен со камуфлажа, но производителот го претстави напредниот кокпит и услугите кои ќе бидат овозможени Кога новиот седан ќе се појави во продажните салони подоцна оваа година, тоа ќе биде радикална промена бидејќи корисничкото искуство во новиот модел е дизајнирано да обезбеди „импресивно забавно искуство“ со музика, игри и „стриминг“ содржини. Иако има многу нешта да се опишат, E-Class ќе се нуди со ...

Уште еден дел од автомобилот заминува во историјата Од Opel информираа дека купувачите на нови автомобили повеќе нема да добиваат дебел прирачник како стандардна опрема. Наместо тоа, во патничкиот простор ќе ги чека мала концизна скоцкана книшка. Таканаречениот Брз водич содржи QR код со кој корисниците можат брзо и лесно да пристапат до детален дигитален кориснички прирачник за нивниот автомобил. Истото ќе се нуди и во рамките на апликацијата ...

Илон Маск продолжува со своите благо речено изненадувачки изјави Во Tesla отсекогаш велеле дека не гледаат конкуренција во другите производители на електрични возила, туку дека нивните најсериозни ривали се традиционалните производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување. И навистина, ако сакаат да ги остварат своите планови за продажба, сигурно ќе мора да земат парче од колачот токму од оние производители со вековна традиција. ...

Новите X5 M и X6 M сега ексклузивно се нудат во Competition варијанта, со поостар стил и ревидиран V8 хибриден мотор Само неколку недели по премиерата на редизајнираните X5 и X6, BMW ги лансираше водечките М модели во гамата. Новите X5 M и X6 M сега се ексклузивно понудени во Competition варијанта, со поостар стил, најнов заоблен дигитален кокпит и ревидиран V8 мотор со додаток 48V благ хибриден систем. На хартија, ажурираните Competition ...

Porsche продолжува да ги електрифицира своите модели, а целосно електричниот Cayenne се очекува на пазарот за три години Со вкупно 95.604 продадени единици во 2022 година, Cayenne беше најпопуларниот модел на Porsche. Ажурираната верзија на големиот луксузен теренец е најавена со тизери пред неговата светска премиера закажана за април, а моделот од сегашната генерација постои од 2017 година. Наместо премин во следна генерација, Cayenne ќе биде ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 13.02.2022 година Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ ...

Наместо да се базира на истата платформа на каросеријата, се вели дека помалиот G се базира на новата MMA архитектура на Mercedes 2012 Mercedes-Benz Ener-G-Force Concept Е сега, ако се прашувате дали G-класата сè уште ќе постои во 2025 година, сега некако со сигурност може да се каже дека ќе биде така, и тоа во форма на целосно електричен EQG. Но, семејството може дури и да расте, бидејќи според извештајот на Handelsblatt, производителот ...

Забраната не се однесува на производителите на автомобили во мали серии Богатите не плачат или, барем, богатите што сакаат бензинци не плачат! И по 2035 година луѓето со најдлабок џеб ќе можат да купуваат патнички автомобили со мотори со внатрешно согорување, односно претежно бензински мотори. Европската унија официјално одлучи од 2035 година да се забрани продажбата на нови автомобили на бензин и дизел. Но забраната не важи за сите. Имено, ...

Жирито на Изборот за женски светски автомобил на годината ги избра најдобрите во поединечни категории Жирито кое го сочинуваат 63 автомобилски новинарки од 45 земји во светот, по изборот на финалистите ги прогласи и најдобрите во поединечни категории. Како што може да се забележи, во сите категории, освен во категоријата спортски автомобил на годината, победата ја освоил модел со зголеменот растојание од тлото – теренец или пикап. Така, Kia ...

Многу прецизни детали Mazda Motor Corporation на Twitter го прослави Денот на вљубените со фотографии од минијатурен модел на MX-5 Miata направен од чоколадо. Компанијата можела едноставно да направи калап и да ги додаде ознаките и да ја заврши работата, но ова „слатко задоволство“ е многу повеќе од тоа. Бил вложен огромен труд и посветено големо внимание на секој детал. Веќе на прв поглед е јасно дека се работи за актуелната генерација на ...

Помоќни, а во исто време и поекономични Популарното кросовер дуо на Peugeot ќе троши до 15 проценти помалку гориво во споредба со сегашните опции со турбо бензински мотор потпомогнат со благ хибриден систем (MHEV). Минатиот месец дојде веста од автомобилската групација Stellantis дека во следните две години Peugeot ќе претстави најмалку пет модели кои ќе се придвижуваат само со електромотори, а меѓу нив треба да бидат и новите генерации на ...

Последната презентација на тимски болид за оваа сезона се одржа во Лондон, каде што тимот на Alpine го претстави својот нов болид за сезоната 2023, наречен А523 Откако беа прикажани промотивните материјали за патничките автомобили на Alpine, конференцијата започна со Лука де Меа, директор на Renault и Лорен Роси, директор на Alpine одделот. Двојката накратко ја сумираше минатата сезона, а клучно беше признанието од двајцата дека ланската ...

Mercedes беше деветтиот тим кој го претстави болидот за претстојната сезона. Го носи името W14, а најголемата вест е враќањето на црната боја која британско-германскиот конструктор ја користеше во 2020 и 2021 година! Mercedes презентацијата ја одржа без публика, за разлика од Ferrari, а на настанот присуствуваа и возачите Луис Хамилтон и Џорџ Расел, шефот Тото Волф како и новиот резервен возач Мик Шумахер. Тимот од Бракли го задржал ...

Кинеската компанија Beijing Estek Technology не доби шанса да го користи дизајнот на класичниот MINI во производството на својот нов електричен автомобил, откако BMW, кој е сопственик на познатата марка, се спротивстави. Beijing Estek Technology поднесе документи за патент до Државната канцеларија за интелектуална сопственост на Кина во мај минатата година за автомобил што изгледа како класично MINI. Идејата на кинескиот производител всушност ...

Веб-страницата Carsized ви овозможува да поставите два автомобили по ваш избор за да ја визуелизирате разликата во големината што ја претставуваат. Описите и другите технички листови се секако многу корисни за да се знаат точните димензии на автомобилот, но понекогаш може да биде тешко да се визуелизираат разликите кои ги предизвикуваат овие бројки од еден модел до друг. Колку пораснале компактите? Дали теренецот е навистина толку повисок? Кој ...

Шон Смит е дизајнер на автомобили кој претходно дизајнирал автомобили за клиенти како што се Saleen, Ringbrothers, SpeedKore, филмската франшиза „Fast and Furious“, па дури и Rockstar Games, креаторот на „Grand Theft Auto“. Сепак, тој неодамна добил задача да модифицира и надгради стар Chevrolet Camaro од 1969 година, а резултатот е ново ремек дело Прекрасниот автомобил прикажан на фотографиите се вика Fenix Camaro, а е нарачан од извесен ...

Батеријата Blade поминала екстремни услови за тестирање, како што се дробење, виткање, загревање во печка на 300°C и тест за преполнување Големиот кинески концерн BYD започнува со производство на новата генерација батерии, наречена Blade Battery, за која се тврди дека ќе ги смени стандардите за сигурност кај електричните автомобили. Според South China Morning Post, наскоро ќе започне изградбата на фабрика во Женгжу каде ќе се произведува ...

Само 22 отсто од испитаниците сметаат дека доминацијата на електричните автомобили е пожелна Германските граѓани го кажаа своето. Според истражување на агенцијата Allensbach за Германската академија за наука и технологија, мнозинството од испитаниците (во истражувањето учествувале вкупно 1.006 граѓани) се убедени дека електричниот погон ќе преовлада во следните десет години, но само 22 отсто го сметаат тоа за пожелно. Купувањето електричен ...

Електричниот кабриолет со име Mini Cooper SE Convertible беше претставен во форма на прототип минатото лето, а уште тогаш беше јасно дека е само прашање на време кога ќе се појави, врз основа на него, сериска верзија. Сега, тоа и се случи, иако делумно. Концернот BMW го покажа комерцијалното издание на кабриолетот, но само 999 примероци од него ќе ги напуштат производните линии, сите наменети за европскиот пазар. Скромниот контингент возила ...

Volkswagen e со намера наскоро да претстави концепт кој ќе го најави доаѓањето на целосно електричниот модел Golf, а нешто подоцна и неговата помоќна GTI верзија. По 14 години на врвот на листата на најпродавани автомобили во Европа, Volkswagen Golf го загуби тронот од суперминито Peugeot 208 во 2022 година. Всушност, компактниот автомобил од Волфсбург не стигна ни на подиумот бидејќи прифатливата Dacia Sandero годината ја заврши на втората ...

Ford планира да отпушти 3.800 работници за развој на производи и административни работни места во Европа во следните три години, објави компанијата. Околу 2.300 работни места ќе бидат укинати во Германија, 1.300 во Велика Британија и 200 во остатокот од Европа, соопшти компанијата, додавајќи дека има намера да ги постигне кратењата преку доброволни програми. Како што објави Reuters, Ford ги наведува зголемените трошоци и потребата од помала ...

Еден од најголемите и најгледаните спортски настани во Америка носи многу возбуда, дури и за време на рекламите Воопшто не е чудно, бидејќи рекламниот простор е ужасно скап и носи милиони прегледи, па секој сака да се претстави на најдобар и најефикасен можен начин. Автомобилските марки снимаат специјални реклами за овој настан, а за нив се зборува со денови. Меѓу оние кои се откажаа од рекламирањето за оваа година е и Toyota, со што заштедила ...

За 12 години повеќе нема да може да се продаваат нови автомобили со дизел и бензински мотори, туку само нови возила со нула штетни емисии Европскиот парламент денеска даде конечно одобрение за задолжителна имплементација на нула стапка на емисии за нови автомобили и комбиња од 2035 година, што значи дека за 12 години повеќе нема да се продаваат нови автомобили на бензин и дизел. Новите стандарди за емисија на CO2 за автомобили и комбиња беа ...

Долгиот зимски распуст во Formula 1 полека привршува. Седум автомобили се веќе претставени, а на Денот на вљубените Ferrari во Маранело го претстави новиот SF-23 за тркачката 2023 година! Болидот беше претставен без големо шоу во „црвениот храм“, односно Маранело, местото кое Ferrari го нарекува дом. За време на презентацијата се истакнуваше „La familia“ и големата страст во Маранело, а публиката достојно го испрати возбудливото шоу во ...

На десет дена пред почетокот на претсезонските тестирања, тимот на Aston Martin претстави новиот болид со кој ќе се обиде да дојде до самиот врв на поредокот, а оваа сезона во тимот заедно со Ленс Строл ќе биде и искусниот Фернандо Алонсо. На самата презентација беа присутни возачите и раководството на тимот, предводени од Лоренс Строл и Мајк Крак. „Зимата беше многу напорна затоа што се обидував да му помогнам на тимот на сите начини за денес ...

По Haas, Red Bull, Williams, Alfа и AlphaTauri, својот болид за Светскиот шампионат во Formula 1 за 2023 година го претстави и McLaren. Машината која оваа сезона ќе ја возат Ландо Норис и Оскар Пиастри се вика MCL60. Болидот ова име го добил поради 60-годишнината од основањето на McLaren Racing од страна на Брус McLaren. Токму затоа е е прекината серијата при именувањето на болидите, па така минатогодишниот MCL36 нема да го наследи MCL37, туку ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 08.02.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР ...

Резултатите од овогодинешното издание на студијата за доверливост на автомобилите на J.D. Power (J.D. Power Vehicle Dependability Study / VDS) се чини дека се очекувани А тоа значи дека Lexus се враќа на врвот, враќајќи ја титулата од Kia. Корејскиот бренд не паднал многу во рангирањето. Kia e на одличното трето место и здобиен статус на најсигурен непремиум бренд. Меѓу Lexus и Kia е корејскиот премиум бренд Genesis. Потоп на европските ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
1.03
81%
1014

Белград

11ᴼ/8ᴼ
3.09
63%
1015

Софија

11ᴼ/8ᴼ
2.06
57%
1013

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
4.88
50%
1014

Љубљана

10ᴼ/6ᴼ
0.51
77%
1007

Атина

20ᴼ/18ᴼ
2.68
46%
1010

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
67%
1010

Подгорица

14ᴼ/12ᴼ
3.6
62%
1011

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

574276 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

918 $

Злато

76609 $

Бакар

8 $

Паладиум

33259 $

Платина

30095 $

Родиум

151607 $

Цинк

89662 $