„Нѐ отруја. Каде и да се свртиме, секој ден нешто гори и никој не е надлежен“. Вака од „Зелен хуман град“, независната еко-коалиција и граѓанска иницијатива од Скопје, деновиве реагираа на проблемот со загадувањето кој во текот на целата година ги мачи жителите на главниот град. По бројните протести, апели, петиции, јавно изразување незадоволство и барања за итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, тие велат дека е бесполезно веќе да ...

Чадот повторно се издига над градовите, а со него се враќа и чувството дека битката со депониите сè уште е далеку од добиена. Додека институциите поставуваат камери, огради и дополнителен надзор во обид да спречат нови пожари, граѓаните и понатаму се соочуваат со непријатна миризба, загаден воздух и стравувања за последиците врз здравјето. Последниот пожар на депонијата кај струмичкото село Еднокуќево уште еднаш покажа дека и кога пламените ...

Малку национални избори имаат толкава тежина кога станува збор за заштитата на животната средина како оние во Бразил, каде што во недела се одржува вториот круг од претседателските избори. Затоа овие избори внимателно се следат и надвор од границите на земјата. Вториот круг од претседателските избори во Бразил се одржува на 25 октомври. Во првиот круг Флавио Болсонарозаврши пред актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва со околу 47 ...

Германските политичари стравуваат дека денеска (31 октомври, 2026 година) на бројни места во земјата би можело да дојде до слични жестоки младински протести какви што неодамна избувнаа во Франција. Иницијативата „Gen-Z regelt“ („Генерацијата-З решава“) преку интернет повика на протести во вкупно 23 града. Поимот „Генерација-З“ (Ген-З), во поширока смисла, ја означува генерацијата тинејџери и млади возрасни лица родени меѓу 1995 и 2010 година. ...

Да се стигне до работа, лекар или автобуска постојка за повеќето граѓани е дел од секојдневието. Но, за слепите лица и лицата со оштетен вид, патот низ Скопје често е исполнет со пречки што ја доведуваат во прашање нивната безбедност и независност. По повод 15 Октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ го актуализира прашањето за пристапноста на јавниот простор и правото ...

Вкупно 1.201 дете се нашло во судир со законот и било повикано во полициска станица во 2025 година. Тоа претставува намалување од 45 деца или четири проценти во однос на 2024 година, кога биле евидентирани 1.246 деца, покажува Годишниот извештај за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво, изготвен од Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата. Извештајот ги анализира состојбите во ...

Сѐ помалку бебиња се раѓаат воСеверна Македонија, а семејствата со повеќе деца стануваат сѐ поретки. Најголем дел од жените кои се одлучуваат на мајчинство остануваат на едно дете, додека фертилитетот со години е во опаѓање. Податоците за наталитетот и фертилитетот покажуваат дека земјата го следи трендот што веќе подолго време е присутен низ Европа - помалку раѓања и сѐ помал природен прираст на населението. Стапката на фертилитет во Северна ...

Од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, Москва сè повеќе се потпира на таканаречената сенишна флота за да ги заобиколи западните санкции и да ја транспортира својата нафта низ целиот свет. И други земји под строги санкции, меѓу кои Иран и Венецуела, се обвинувани дека користат вакви бродови за извоз на нафтени деривати. Овие танкери често користат измамнички методи за да избегнат откривање, како што е исклучување на ...

Местото на одржување на свеченоста не било избрано случајно: на аеродромот во Диселдорф, премиерот на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вист, во средината на септември им се заблагодари на луѓето кои пред 65 години на истото место излегле од авионите: на гастарбајтерите од првата генерација, кои се осмелиле на голем животен потег, ја напуштиле својата татковина и на крајот придонеле за просперитетот на Сојузна Република ...

Македонските превозници речиси една година се соочуваат со проблеми поради примената на новиот систем за влез и излез во дел од земјите од шенген-зоната. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изрази надеж дека Германија и други шенген-држави ќе го следат примерот на Швајцарија и Хрватска и ќе воведат билатерални решенија што ќе им овозможат полесно работење на транспортерите. На средба организирана од ...

Форт Нокс, утврдениот комплекс во американската сојузна држава Кентаки, каде што се чуваат околу половина од златните резерви на американската влада, е синоним за безбедност. Да се биде „како Форт Нокс“ значи да се биде исклучително безбеден и добро чуван. Сепак, перцепцијата дека САД како целина се сигурно место за складирање злато очигледно опаѓа. Одлуката на Холандската централна банка неодамна да префрли околу 86 тони злато од Њујорк во ...

Дали се сеќавате на времето кога GoPro беше синоним за акциони камери? На својот врв во 2015 година, американската компанија продаде околу 6,6 милиони уреди и држеше повеќе од 70 проценти од пазарот. Денес овој пионер се бори за опстанок. Главниот виновник е кинеската конкуренција. Најголемите конкуренти на GoPro, DJI и Insta360, влегоа на пазарот на акциони камери во 2019, односно во 2021 година. Денес тие сочинуваат повеќе од 90 проценти од ...

Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија вчера (1.11) донесе Решение со кое воведе администрација во Алта банка АД Битола (која е во мнозинска сопственост на Алта банка АД Белград), со што управувањето со имотот на банката во Битола привремено премина во надлежност на три лица именувани од Народната банка. Решението стапи во сила веднаш, а како што објасни гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, мерката е од времен ...

За милионите Американци кои гласаа на изборите за американскиот Конгрес, едно прашање беше поважно од сите други: економијата. Па, што значи изненадувачкото освојување на мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом од страна на Демократската партија за економијата и економската политика, со оглед на тоа што претседателот Доналд Трамп сè уште има уште две години од својот мандат? Реакција на пазарите: дали сè се сведува на вештачката ...

Можеби некој од демократите во Америка би можел да му се обрати на Христијан Мицкоски за дозвола да го позајми неговиот слоган од пред 30 месеци кога велеше дека прв се наредил во редот во периметарот на Доналд Трамп. Затоа што немало втора шанса за прв впечаток. Демократите би можеле да го позајмат слоганот за да кажат дека тој периметар бил лажен, бил само балон, дека во него биле само технолошките милијардери и некои луѓе обземени да бидат ...

Повеќе од една деценија научниците предупредуваат дека светот мора да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени за да се избегнат најтешките последици од климатските промени. Таа цел повеќе не е достижна. Поради децении „недоволна“ акција за намалување на емисиите од фосилните горива што ја загреваат планетата, надминувањето на прагот од 1,5 степени сега е „непосредно и неизбежно“, се наведува во годишниот Извештај за јазот ...

Министерството за правда го објави комплетниот список од 49 лица кои Александар Вучиќ ги помилувал на 27 септември, денот кога поднесе оставка на функцијата претседател на Србија. Меѓу нив е и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше обвинета за трговија со влијание, најмалку 15 лица на кои им се ставаше на товар злоупотреба на службена положба, лица кривично гонети за перење пари, како и лица за ...

Српските „Студенти во блокада" на платформата X најавија дека „ќе ги преземат сите потребни мерки за да го зачуваат банкарскиот систем и ја повикаа Народната банка на Србија и сите други институции активно да учествуваат во тој процес“. Повикот уследи по бројните шпекулации поврзани со Алта банка во Србија, на која Народната банка на Србија на 31-ви октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа, а на трети ноември отвори стечајна постапка за ...

Занеменост од шок - така многу приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото движење Мага (Make America Great Again, Да ја направиме Америка повторно голема) реагираа по тешкиот пораз на конгресните избори во вторникот (4.11). Има и такви кои веќе ги слушаат посмртните ѕвона за Мага и бараат враќање кон традиционалните републикански вредности. Гувернерот на сојузната држава Флорида во заминување, Рон Десантис, зборува за ...

Опозициските Демократи триумфираа на меѓуизборите во САД, при што Републиканците го загубија мнозинството како во Претставничкиот дом, така и во Сенатот. Со тоа гласачите испратија јасна порака на републиканскиот претседател Доналд Трамп и за неговите политики, иако тој лично не беше официјално на гласачкото ливче. Но, со исходот од изборите нему до крајот на мандатот му се поставени граници само на внатрешнополитички план. Во надворешната ...

„Едноставно сакав промена“, кратко им изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарите. Според медиумските извештаи, Сузи Вајлс, првата жена на функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа, била меѓу луѓето кои Трамп ги сметал за одговорни за изборниот неуспех на неговата партија. Нејзиниот наследник Стивен Милер досега беше нејзин заменик и советник на претседателот за внатрешна безбедност. Тој важи за десничарски тврдолинијаш, ...

Вирусите на грип и другите предизвикувачи на настинки со сезоните се движат од северната кон јужната хемисфера и обратно. Така научниците можат да следат како се развиваат сезонските респираторни заболувања во други делови од светот и да проценат како би можела да изгледа сезоната на настинки во Германија во текот на есента и зимата. За инфлуенцата, односно вистинскиот грип, годинава постојат причини за загриженост. Според списанието „Нејчр“, ...

Околу 50.000 смртни случаи годишно се поврзуваат со недоволна исхранетост и недостаток на хранливи материи во Германија, проценува Германското здружение за нутриционистичка медицина (ДГЕМ). Со други зборови, 50.000 луѓе би можеле да продолжат да живеат кога нивниот организам би можел да ги внесе и искористи хранливите материи што им недостигаат. Проблемот е што недостатокот на хранливи материи често станува видлив дури тогаш кога последиците ...

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес е уверен дека бројните закани со бомби против авиони претставуваат напад на автократски сили врз европската демократија. „Јасно е дека ова не е случајност“, изјави тој за телевизијата РТВЕ и зборуваше за „обид за хибридна агресија и психолошко војување“. Според Албарес, во истиот образец се вклопуваат и хакерските напади врз дигитални платформи или врз системите за ладење во ...

Ретко кој политички проблем е толку сложен како отстранувањето на високо радиоактивниот отпад од нуклеарните централи. Тоа се гледа и по фактот што во речиси секоја држава во светот во која некогаш имало или сѐ уште има нуклеарни централи - вкупно 31 држава - ова прашање до денес останува во најголем дел нерешено и тоа иако првата голема нуклеарна централа започна со работа во Русија уште во 1954 година. Сепак, Финска сега како прва држава во ...

„Ќе продолжиме со нашата помош сè додека не заврши оваа војна“, му порача германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин. Мерц го пречека Зеленски во канцеларскиот кабинет со воени почести, а потоа одржа разговор со него зад затворени врати. Посетата, која претходно не беше најавена, се одвиваше под најстроги безбедносни мерки. На заедничката прес-конференција во кабинетот на канцеларот, Мерц ...

Халит Јозгат беше деветтата жртва. Тој беше застрелан на 6 април 2006 година во Касел, во германската покраина Хесен. Пред него, од септември 2000 година, уште осум мажи со мигрантско потекло беа убиени на сличен начин: егзекутирани од непосредна близина. Десеттата и последна жртва не се вклопуваше во дотогашната шема. Стануваше збор за жена. Полицајката Мишел Кизеветер загина на 25 април 2007 година во Хајлброн, во покраината ...

Секоја година, кога Сојузната криминалистичка служба на Германија ја објавува Полициската статистика за криминалитетот, особено внимателно ја анализира делумно екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Колку кривични дела извршиле бегалци, мигранти и странци кои живеат во Германија? Во 95 проценти од соопштенијата на АфД се зборува за осомничени кои не се германски државјани, додека кривичните дела со германски ...

Тој го забележува својот плен и на растојание до 200 метри. За разлика од многу други крлежи, не чека скриен во тревата додека жртвата да му се приближи. Наместо тоа, тргнува во потера по крава, овца или човек, а потоа се прикачува и каснува. Порано крлежот од родот Хиалома (Hyalomma) бил распространет главно во Африка, Азија и јужните делови на Европа. Но климатските промени му обезбедуваат сè подобри услови за опстанок и во подалечните ...

Ми се оди во Белград. Ретко се создава таква атмосфера во која еден град изгледа како повторно да им припаѓа на своите граѓани, а политиката добива некаква нова енергија и смисла. По победата на Студентската листа на изборите на 25 октомври, Србија живее во необична мешавина од Вудсток и револуција: олеснување, солидарност и вратена доверба дека заедничката акција може да го испорача невозможното. Студентите завршија огромна работа и за ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.83
98%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
80%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
88%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.72
94%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
99%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
91%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.79
81%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Сребро

1666.05

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25