Две и пол години по лансирањето на електричниот модел ID.3, Volkswagen претстави освежена верзија

Иако на прв поглед не изгледа така, VW тврди дека ID.3 (2024) добил значителни подобрувања, a германската компанија оди дотаму што овој модел го нарекува втора генерација. Меѓу другото, автомобилот го добил најновиот софтвер на компанијата, како и нови практични и помошни системи.

Од дизајнерска перспектива, промените се многу суптилни, но благодарение на нив ID.3 сепак има повпечатлив изглед. Промените вклучуваат поагресивен преден браник со зголемени отвори за воздух.

Останатите промени вклучуваат нови LED светлосни потписи за предните и задните светла, додека сегментите на задната врата се исто така осветлени. Автомобилот добил нови аеродинамички оптимизирани алуминиумски фелни, црн покрив со мат сребрени детали на рабовите, а во понудата има и нови бои, вклучувајќи Dark Olivine зелена металик боја.

Хаубата се чини дека е подолга поради отстранувањето на црната линија под ветробранското стакло, а истиот го впечаток оставаат и вдлабнатите делови од страните.

Внатрешноста изгледа доста слично на сегашниот модел, но VW тврди дека има имплементирано голем број идеи на клиентите. Меѓу другото, хаптичкото искуство е оптимизирано благодарение на поквалитетните материјали, вклучувајќи меки површини во кокпитот покриени со пена.

Панелите на вратите се променети и сега содржат помеки и поголеми површини со малку подобри потпирачи за раце. Внатрешноста не содржи материјали од животинско потекло, односно голем дел се од рециклирани материјали. На пример, Artvelours Evo материјалот од микровлакна што се користи за облогите на вратите и навлаките на седиштата е направен од 71 процент рециклиран пластичен отпад.

Како и досега, VW ID.3 има два самостојни дисплеи, компактен возачки екран од 5,3 инчи управуван од контроли чувствителни на допир на мултифункционалниот волан, а има и поголем екран на допир од 12 инчи, кој го контролира системот за навигација , функции на телефонот, мултимедијални содржини, помошни системи и поставки на возилото.

Инфозабавниот систем претрпел неколку промени во структурата на менито, како што е поинформативното мени за полнење, кое сега се наоѓа на горното ниво на главниот екран. За жал, критикуваните лизгачи чувствителни на допир за контрола на климата сè сеуште таму.

Во однос на поврзувањето, паметниот планер на рути Electric Vehicle Route Planner е подобрен и унапреден. На подолги патувања, прави распоред на запирања на полнење за да се пристигне на дестинацијата што е можно побрзо и користи тековни информации и прогнози за сообраќајот покрај нивото на полнење на батеријата.

Електронската платформа на моделот ID.3 усвоила нов концепт со користење на два ICAS компјутери со високи перформанси, кои се главните компоненти. Овие компјутери решаваат голем број задачи кои вообичаено се распоредени на голем број мали компјутери. Сепак, основните функции на возилата остануваат на нивните посебни контролни единици.

Подобрувањата во областа на помошните системи вклучуваат употреба на рој податоци во функцијата Travel Assist, додека Park Assist Plus со мемориска функција овозможува автоматско преземање и користење на зачуваните маневри за паркирање.

Подигнатиот ID.3 сè уште е придвижуван од истиот електричен мотор поставен одзади кој испорачува 201 КС и 310 Nm вртежен момент. Сè уште се нудат батерии со капацитет од 58 и 77 kWh, а опсегот е ист како и досега. Поголемата батерија му овозможува на ID.3 Pro S да помине 546 километри, додека ID.3 Pro со помала батерија покрива 426 километри.

На DC станица за брзо полнење, батеријата од 77 kWh се полни од 5 до 80 проценти за 30 минути со брзина до 170 kW. На батеријата од 58 kWh во моделот ID.3 Pro ѝ се потребни 35 минути за да го заврши истиот циклус на полнење со брзина на полнење од 120 kW.

Кога ќе започне продажбата на обновениот модел ID.3 во Европа се уште не е официјално објавено, но се очекува тоа да се случи во четвртиот квартал.