Откако минатиот месец беше објавена скратената листа на финалисти за овогодинешниот избор за „Светски автомобил на годината за 2023 година“, вчера во Њујорк беа објавени победниците во сите категории. Така, Hyundai Ioniq 6 е избран за Светски автомобил на годината за 2023 година, а зад него се пласираа финалистите Kia Niro и BMW X1/iX1. Покрај тоа, Ioniq 6 ги освои титулите за „Светски автомобилски дизајн на годината“ и „Светски електричен ...

Електричната деветта генерација на Golf ќе пристигне на крајот од деценијата Сегашната осма генерација на Volkswagen Golf ќе биде последната која ќе нуди мотори со внатрешно согорување. Според Automobilwoche, шефот на VW, Томас Шефер, вели дека осмата генерација на Golf ќе биде последна со дизели и бензинци, по редизајнот кој следи следната година. Шефер сепак ја остава отворена вратата за потенцијално оживување на бензинскиот Golf во иднина, ...

Цената на еден работен час со дополнителните трошоци за плата е 59 евра во германската автомобилска индустрија и 28 евра во Шпанија Пазарот на автомобили во моментов трпи слободно кажано тектонски промени. Ова станува јасно кога се гледа класичното производство на возила, што може да се види и од бројките на индустрискиот информативен сервис Marklines. Со нив се позанимавал и Handelsblatt и испраќа јасно предупредување до Германија. Во 2012 ...

Со редизајнираната GLS-класа доаѓа уште повеќе опрема и луксуз, што најдобро се одсликува во верзијата Maybach GLS 600, а дури и по редизајнот, верзијата AMG на GLS 63 останува во приказната. Меѓу моделите на Mercedes кои беа подложени на освежување е и луксузниот SUV предводник кој се крие зад значката GLS и е одговорот на Штутгарт на слично дизајнирани теренци со „полна големина“ понудени од неколку автомобилски компании. Во Mercedes не ...

Возачите кои се лојални на една марка со генерации најверојатно ќе можат да се префрлат на струја без да мораат да ја менуваат својата верност кон омилениот бренд Со години, електричните возила беа избор на поединци, а самите автомобили беа групирани заедно поради нивниот извор на енергија и се гледаа како посебна категорија целосно одвоена од возилата со внатрешно согорување. И во САД и во Европа. Но тоа повеќе не е така. До крајот на оваа ...

Со последната одлука на РКЕ е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 30.03.2022 година Во образложението на одлуката стои: Референтните цени ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 27.03.2022 година Во образложението на одлуката стои: Референтните цени на ...

Porsche се обратил кон британска компанија за да им дозволи на патниците да гледаат филмови и ТВ на вградените екрани, во знак на зголемениот фокус на производителот на автомобили кон обезбедување содржина во движење Новата функција за видео стриминг во автомобил ќе им овозможи на сопствениците на Porsche во 56 земји да пристапат до нивните претплати за Disney+ и Amazon Prime, како и ТВ во живо, преку платформата што ја води ScreenHits TV. ...

Основачот на Microsoft добил можност да вози во Jaguar I-Pace опремен со технологија за автономно возење Не е претерување да се каже дека компјутерската технологија воведена од Бил Гејтс радикално го промени светот и начинот на кој комуницираме со него. Но, дури и Гејтс останал шокиран откако видел како автономно возило се пробива низ сообраќајот во Лондон. Основачот на Microsoft добил можност да вози во Jaguar I-Pace опремен со технологија за ...

Поради тркачки инциденти, трката која побуди рекорден интерес од публиката беше прекината неколку пати Трета трка во календарот и нова победа за Макс Верстапен. Луис Хамилтон беше втор, а Фернандо Алонсо трет. Трката беше многу динамична со еден куп инциденти, поради што и беше прекинувана неколку пати. Уште во третата кривина, по контакт со болидот на Ленс Строл, Шарл Леклер излета од патеката по кој веќе немаше враќање назад. На патеката се ...

Kомпанијата Мотоцентар го презентираше новото стратешко партнерство со компанијата Rowe Германскиот производител на премиум моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика, со Мотоцентар склучи ексклузивно партнерство за дистрибуција на продуктното портфолио во Северна Македонија. На таков начин, преку мрежата на продажно-сервисни салони Мотоцентар, продуктите на Rowe ќе бидат поблиску и достапни до потрошувачите во ...

Описот V12 Hybrid HPEV покажува дека станува збор за електрифициран plug-in хибрид со високи перформанси. Голем ден за Lamborghini: компанијата од Sant’Agata Bolognese го претстави наследникот на долговечниот Aventador. По сликите од маскиран прототип, рендери и официјални детали за погонот, сега конечно и официјално е прикажан новиот суперспортски модел – Revuelto. Во Lamborghini, за новиот модел, кој повторно носи име на борбен бик од ...

По неколку месеци чекање, конечно можевме повторно да го видиме Даниел Рикиардо во F1 болидот на Red Bull Racing, но не во болидот RB19 кој го користат Макс Верстапен и Серхио Перез за оваа сезона, туку стариот RB7 болид Во видеото објавено од Red Bull Racing, се појавува австралискиот возач Рикиардо како го вози болидот RB7, кој го користеа Марк Вебер и Себастијан Фетел во 2011 година. Тогаш, овој RB7 му помогна на Германецот да ја освои ...

Министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија го одобрија законот според кој од 2035 година ќе биде стопирана продажбата на автомобили со емисија на јаглерод диоксид (CO2) во рамките на Европската унија, откако Германија доби изземање за автомобилите кои користат е-горива Според Reuters, новите автомобили кои ќе се продаваат по 2035 година мора да имаат нула емисија на CO2, а оние кои ќе се продаваат од 2030 до 2035 година ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.03.2022 година Во образложението на одлуката стои: Референтните цени на ...

Изненадување: Италија планира да ја зголеми максималната брзина на делници од автопатиштата?! Италија има поинаков пристап од многу европски земји, кои размислуваат за намалување на брзината поради климатската криза Од вкупно 7.000 километри автопатишта во Италија, 2.000 километри имаат три или повеќе сообраќајни ленти, а 1.550 километри се под постојана контрола на брзината. Брзината на автопатите А4 (Милан-Бреша), А26 (Џенова ...

За да се постигнат импресивни перформанси, Dodge морал да го замени речиси целиот погонски агрегат По одлагањата во развојот и долгата тизер кампања „Last Call“, Dodge Challenger SRT Demon 170 конечно е тука и може да се пофали со неверојатни спецификации. Кога работи со гориво E85, 6.2-литарскиот V8 со компресор произведува 1.025 коњски сили при 6.500 вртежи во минута и 1.281 Nm вртежен момент при 4.200 вртежи во минута. Дури и на бензин E10, ...

Компанија од Мелбурн, одговорна за камери кои откриваат употреба на мобилни телефони, развива нови камери за идентификација на возачи под дејство на алкохол и дрога Компанијата „Acusensus“ од Мелбурн соработува со австралиското Федерално биро за безбедност на патиштата и Универзитетот Грифит на развој на технологија базирана на вештачка интелигенција која ќе го мери вниманието на возачот, времето на реакција, контрола и одредување на ниво на ...

Компанијата, која со години е позната по своите лаптопи, таблети и монитори, претстави лесен електричен велосипед наречен „ebii“. Кога некому ќе ја спомнете компанијата Acer, повеќето ќе помислат на компјутери. Без разлика дали се работи за лаптопи или таблети, ултрабук или гејмерски ѕверови од линијата Predator. Меѓутоа, оваа компанија сега е актуелна и со нешто сосема друго – „ebii“, лесен електричен велосипед кој освен апликација за паметни ...

Ова ќе им овозможи на производителите на автомобили да продолжат да произведуваат возила со мотори со внатрешно согорување Европската комисија подготви план со кој ќе се овозможи продажба на возила со мотори со внатрешно согорување доколку тие се напојуваат од климатски неутрални е-горива. Станува збор за обид да се реши спорот со Германија, која се спротивстави на планот на Европската унија за целосна забрана на возилата со внатрешно ...

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 17.03.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР ...

Kia EV5 има ротирачки седишта, констелација на светлосни елементи и „Digital Tiger Face“ Корејската компанија Kia го претстави концептот EV5, електричен кросовер кој е помлад брат на неодамна прикажаниот EV9 со седум седишта. Новиот Kia EV5 го има истиот аголен дизајн со висока хауба, проширени калници и тенки LED фарови. Моделот кога ќе се појави на пазарот во неговата конечна сериска верзија ќе им конкурира на Tesla Model Y, Volkswagen ID.4 ...

„До 2027 година имаме за цел да понудиме електрично возило во секој сегмент. Неодамна решивме да лансираме EV модел позициониран под Audi Q4 e-tron Audi ќе лансира нов мал електричен модел кој се очекува да се базира на EV платформата на Volkswagen Group. „Се одлучивме за 100% електричен погон“, вели извршниот директор Маркус Дајсман на годишната прес-конференција на Audi. „До 2027 година, имаме за цел да понудиме целосно електрично возило во ...

На автомобил на Tesla ставил тркала со дијаметар од три метри и го возел наопаку Некои луѓе се подготвени да ги направат најлудите и најчудните работи за што повеќе прегледи на YouTube. Такво е и новото видео со Tesla Model 3 опремено со тркала високи 3 метри. Ако не сте запознаени со WhistlinDiesel каналот на YouTube, тој е специјализиран за правење смешни акробации со автомобили и други луди работи. Резултатот е секогаш ист – уништување на ...

И BMW и Volkswagen се надеваат дека овие големи инвестиции ќе бидат доволни за да се одржи чекорот со Tesla Пред 10 години, Tesla беше автомобилски исклучок со само еден модел и порака за нула емисии која просечниот купувач на автомобили сè уште не беше подготвен да ја слушне. Но, денес тие купувачи на автомобили и другите производители ја сфаќаат Tesla многу сериозно. Толку сериозно што два од најголемите и најпознатите брендови, BMW и ...

Лифтбекот со име Model S е на пазарот веќе единаесет години, додека Model X околу осум години, па како веќе „стари“ модели заземаат само 5% од вкупната реализација на брендот Tesla Тоа значи дека лани биле продадени 66.705 возила. Но, од друга страна, S и X сепак се моделите на Tesla кои носат најголем престиж, тие се најмоќните и најскапите во гамата, па компанијата продолжува да ги модернизира. Последното значително затегнување на брчките се ...

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 16.03.2022 година Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува ...

Продажбата на електрични автомобили последниве години бележеше постојан раст, па затоа забавувањето на продажбата во јануари е вознемирувачка вест за индустријата Глобалниот пазар на електрични возила (EV) се опоравува од еден од најдраматичните колапси во месечната продажба. Истражувањето на компанијата Rystad Energy покажало дека во јануари биле продадени само 672.000 електрични возила, што е приближно половина од продажбата остварена во ...

Трките од Светскиот шампионат во Formula 1 ќе продолжат да се одржуваат на Red Bull Ring најмалку до 2027 година, бидејќи е потврден новиот четиригодишен договор меѓу F1 и организаторите на Австриското ГП Големата награда на Австрија првпат во рамките на Светскиот шампионат во Formula 1 се појави во 1964 година, со трка одржана во Зелтвег. Следното издание се одржало во 1970 година на патеката Österreichring (денешен Red Bull Ring) по што ...

Возачот на Ferrari, Чарлс Леклер, трката за ГН на Саудиска Арабија ќе ја започне со казна од десет места на стартот Откако мораше да се повлече од воведната трка во сезоната пред две недели во Бахреин, Чарлс Леклер овонеделната трка во Џеда ќе ја започне со казна од десет места, откако Ferrari беше принуден да инсталира нова контролна електронска компонента во болидот на Леклер. Пред Големата награда на Бахреин, Ferrari веќе ги замени ES ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
0.51
82%
1014

Белград

15ᴼ/13ᴼ
2.57
50%
1013

Софија

11ᴼ/9ᴼ
1.54
71%
1014

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
5.65
45%
1014

Љубљана

9ᴼ/7ᴼ
1.03
82%
1003

Атина

21ᴼ/18ᴼ
1.54
44%
1013

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.57
94%
1014

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
0.51
62%
1015
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $