30 отсто од возачите изјавиле дека би биле заинтересирани за електрични возила само доколку почетната цена драстично се намали

Резултатите од истражувањето на 1.467 британски возачи покажуваат дека секој трет возач во ниту еден момент не сака да се префрли на автомобил на батерии. Тие се цврсти на ставот дека ќе го задржат својот сегашен автомобил или ќе купат користен автомобил со внатрешно согорување се додека не ги предадат своите возачки дозволи.

Ова е така и покрај тоа што нашироко се предвидува дека електричните возила ќе станат поевтини за купување во наредните години, покрај тоа што веќе нудат многу пониски трошоци за одржување. На прашањето кои фактори би ги поттикнале да се префрлат на електричен модел, истражувањето спроведено од страна на Auto Trader открива дека 32 отсто од возачите никогаш немаат намера да купат електрично возило без оглед на понудените стимулации.

За оние кои се поотворени за транзицијата, 30 отсто рекле дека би биле заинтересирани само доколку почетната цена на електричните возила драстично се намали. Платформата за продажба на автомобили вели дека еден типичен електричен автомобил денес чини 36 отсто повеќе од еквивалентен модел на бензин или дизел, а Auto Trader вели дека е потребно драстично зголемување на достапните модели за да се натераат повеќе возачи да се префрлат на електрични автомобили.

Еден од најприфатливите и најпопуларните електрични автомобили во Велика Британија, MG ZS Electric чини речиси 8.400 фунти (9.480 евра) повеќе од неговиот еквивалент со внатрешно согорување – 25.465 фунти (28.750 евра).

Иан Пламер, комерцијален директор во Auto Trader, вели: 

„Сега сме помалку од седум години од забраната за продажба на нови модели со внатрешно согорување во Велика Британија според амбициите на владата за 2030 година, па затоа е крајно загрижувачки што една третина од возачите велат дека едноставно никогаш нема да возат електричен автомобил“.

„Пазарот страда од недостаток на евтини EV модели и постои загриженост за мрежата за полнење. Ако сакаме да постигнеме амбиции за позелено, поправедно општество, министрите треба да бидат подготвени да го користат даночниот систем за да ги охрабрат возачите да ги постигнат своите цели“.