Hyundai го претстави ажурираниот градски модел i10, кој во оваа генерација се појави во 2019 година.

Ажурираниот Hyundai i10 се карактеризира со благи визуелни промени, вклучувајќи нови комбинации на бои и дополнителни функции во внатрешноста на кабината, а во понудата останува и естетски најатрактивниот i10 N Line.

Сепак, модифицираниот i10 не се разликува многу од претходната верзија. Приметливи се „саќе“ дневните светла кои ги заменуваат претходните кружни единици, а има се и новата шара на маската и долниот влез на браникот, како и различна графика за задните светла.

Палетата ќе вклучува две нови бои (наречени Lumen Grey и Meta Blue), заедно со нови 15-инчни алуминиумски тркала.

Hyundai i10 N Line и понатаму се карактеризира со аеро-боди кит, како и ажурирани светла и нови 16-инчни алуминиумски тркала.

Внатрешноста има сино амбиентално осветлување и „тројна црвена линија“ за наслоните на седиштата кај моделот i10 N Line, кој исто така се одликува со црвени акценти и значки N Line.

Стандардниот i10 доаѓа со нов „Purple Package“ кој додава виолетова арома на седиштата, шевовите, отворите за воздух и виолетовиот сјај на сивите акценти.

Исто така, вреди да се спомене новата 4.2-инчна дигитална инструмент табла како и 8.0-инчниот инфозабавен екран на допир кој сега е компатибилен со безжичните Apple CarPlay и Android Auto.

Се спомнува и задна камера, OTA ажурирање за мапите, предни и задни USB-C порти, плус подарежлив пакет ADAS (Hyundai Smart Sense).

Hyundai засега не објавува информации за погонските единици, но претходната верзија беше достапна со атмосферски 1.0 MPi 3-цилиндерски мотор со 49 kW/67 КС, 1.2 MPi 4-цилиндерски агрегат со 62 kW/84 КС и турбо 1.0 TGD-единица со 74 kW/100 КС. Вториот е достапен со Hyundai i10 N Line, кој исто така има поспортско подесена суспензија како стандард.

Производството на обновениот Hyundai i10 ќе започне во април, во фабриката на Hyundai во Турција, додека првите испораки на европскиот пазар се очекуваат во втората половина на годината.