Шефот за продажба на Mercedes-Benz, Брита Сигер, вели дека бројот на претплатници само ќе расте

Пред неколку години почнаа да се појавуваат првите модели за претплата за дополнителна опрема во автомобилите. Идејата на овој проект е целосно да се опреми автомобилот и потоа да му се даде можност на купувачот да купи, односно да вклучи или исклучи одредена опрема.

Ова би ги намалило трошоците за производство бидејќи сите автомобили би биле идентично опремени, а со скапи претплати, производителите би можеле да заработат повеќе, а купувачот би имал поголема флексибилност. Дополнителната опрема вклучува далечинско палење на автомобилот, греење и масажа на седиштата, зголемување на моќноста на моторот…

Иако ваквата идеја наиде на благо речено оспорување, во пракса таа навистина функционира, барем во случајот со Mercedes.

Само минатата година Mercedes заработил речиси една милијарда евра (945 милиони евра) од претплати, според AutomotiveNews.

Шефот за продажба на Mercedes-Benz, Брита Сигер, истакнува дека бројот на претплатници само ќе расте:

„Тоа се многу пари, на пример, до 2025 година целиме на повеќе од две милијарди евра од нашата програма за претплатни услуги. Очекуваме функциите како автоматското возење да станат наш најголем двигател на приходи од софтвер до 2030 година“, заклучува Сигер.