Станува збор за футуристички концепт кој ја претставува иднината на мобилноста

На саемот за воздухопловство Avalon Air Show, кој до крајот на неделава се одржува во Австралија, компанијата Pegasus го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил.

Австралиска старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект може да вози по патишта, но и да лета како хеликоптер.

Иако Австралијците не ја објавија цената или конкретни информации за возењето, познато е дека овој модел на Pegasus ќе има електричен досег од 100 километри и дека ќе може да помине до три часа во воздух (досег од 420 километри).

Како функционира летечкиот полициски автомобил во пракса погледнете во видеото.