Рускиот космонаут Олег Кононенко постави светски рекорд за вкупно време поминато во вселената, надминувајќи го својот сонародник Генадиј Падалка, кој помина 878 дена и 11 часа во орбитата, објави Руската вселенска корпорација. Кононенко во неделата ја премина таа „поставена горна граница“ и продолжува понатаму. Кононенко го собори рекордот, објави Роскосмос. Се очекува Кононенко на 5. јуни да достигне вкупно 1.000 дена во вселената, а до крајот ...

Њујоршки Менхетн ќе биде побогат за уште еден облакодер кој ќе се издвојува со својата форма и височина од 7 метри над околните згради. Marin Architects, кој стои зад овој проект, ефикасно го искористува ограничениот простор, благодарение на паметното користење на локалните прописи за градба. На адресата 57 West 39th Street, ќе никне кула од 42 ката – хотелот Xadia. Хотелот ќе понуди 173 соби, заедно со ресторан и бар на покривот. Врвот на ...

За сите граѓани кои сакаат да го исфрлат гасот како енергент од своите домови, и да започнат да користат енергија од еколошки поприфатливи извори, Град Виена подготвил премии. Но, реализацијата на програмата „гасот надвор“ (Raus aus Gas) во Виена, сепак не оди со планираната динамика. Некои сопственици на згради не сакаат да преминат на чиста енергија. Се случува и потстанарите да не се заинтересирани. Така е и во зградите кои се наоѓаат во ...

На северот на Италија, недалеку од Милано, се наоѓа овој дуплекс стан со оригинален, модерен дизајн. Проектот на ентериерот е дело на младиот полски архитект Јан Секула, основач на бирото Zarysy, кој е повеќепати наградуван за неговата работа. Неговиот препознатлив стил се опишува како комбинација на модерен пристап и почитување на архитектонското наследство, а десетици изведени ентериери ја покажуваат неговата посветеност на свеж, релаксиран ...

Традиционалниот карневал во Венеција, Италија, кој секоја година е исклучително популарен кај туристите од целиот свет е во тек и ќе трае до вторник, 13. февруари. Според традицијата, карневалот ги влече своите корени од 12. век и победата на Венецијанската Република. Кога веста за победата стигнала во градот, жителите почнале да се собираат на плоштадот Свети Марко славејќи и играјќи. Потоа овој настан почнал да се организира секоја година и ...

На почетокот на минатиот век, мала група уметници целосно ја промени сликата што светот ја имаше за сликарството и уметноста воопшто. Тие ги поместиле границите и ги прекршиле правилата и на тој начин создале пат за модерната уметност. Еден од главните уметници од тој период е Анри Матис (1869 – 1954), основачот на фовизмот. Анри Матис не бил многу популарен меѓу критичарите во своето време, но не се осврнувал на коментарите и се посветил на ...

Библиотеката се наоѓа на огромна плантажа со хризантеми во подножјето на планината Yuntai, Кина. Архитектотите од бирото ATELIER XI проектирале мултифункционален објект со површина од 316 квадратни метри корисен за заедницата. Објектот има различни содржини како простори за дегустација на чај од хризантема, читање книги, мали музички изведби, работилници за земјоделско образование и складирање на земјоделски алатки. За да се избегне ...

Cactus Towers, ремек дело на данското студио BIG, наскоро ќе бидат завршени во Копенхаген. Овие две високи „бодликави“ облакодери содржат 495 станбени единици и поврзани се со јавен парк. Според достапните информации, резиденцијалните единици се веќе готови, а заедничките простори и јавнот парк ќе бидат завршени оваа година, поточно пред почетокот на летото. Фотографот Rasmus Hjortshøj успеал да ги забележи завршените екстериери на Cactus ...

Куќата проект на португалското биро Vitor Vilhena Architects се наоѓа на југот на Португалија, во област која е еден вид транзиција помеѓу морето и копното. Сместена е во селото Alcalar, на неколку километри од Portimão, каде пред 5000 години била населена значајна праисториска заедница. Врз основа на важноста на локацијата и нејзиниот однос со историјата, архитектите одлучиле дека сликата на куќата треба да ги бара органските односи кои се ...

Иако е официјално претставен во Кина уште во ноември минатата година, доаѓањето на смартфонот Vivo X100 Pro на другите пазари е доста бавно. Сепак, сега тој конечно стигнува во Европа, откако претходно на почетокот на годината започна неговата продажба и во Индија. Vivo X100 Pro доаѓа во само една верзија, која има 16 GB RAM и 512 GB интерна меморија, така што дефинитивно е добро опремен, посебно кога ќе се земе во предвид фактот дека има ...

Општина Карпош ги информира граѓаните дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија на Карпош 1 и Карпош 2. Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие делови од општината. Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое ...

Пријавувањето за упис на прва година на додипломски и интегрирани магистерски студиски програми за кандидатите од Северна Македонија ќе се одржи од 20 февруари до 19 април 2024. Универзитетот во Љубљана е најголемиот и најстариот универзитет во Словенија, а се рангира во најдобрите три проценти од универзитетите во светот. Во оваа студиска година на истиот студираат речиси 40 илјади студенти. Веќе неколку години по ред бројните меѓународни ...

Новопроектираната станбена резиденција од 900 квадратни метри, наречена Куќа на клисура, проект на архитектонското биро „Ентасис“ од Зеница се наоѓа во населбата Лашва на југот на Зеница, Босна и Херцеговина. „Од архитектонска гледна точка, самата локација не ни изгледаше ветувачка, со оглед на близината на многу фреквентна сообраќајница, со оглед на сите карактеристики на клисурата – недостаток на сонце, прекумерна влажност и близина на ...

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, соопшти дека привремено ќе ги запре процесите на одобрување на нови проекти за извоз на течен природен гас (ТПГ). Од Белата куќа истакнуваат дека оваа одлука ја донеле со цел Министерството за енергетика да ги ажурира анализите неопходни за одобрување на нови ТПГ проекти, додавајќи дека постоечките анализи се стари пет години и повеќе не се адекватни во контекст на трошоците и влијанијата ...

Министерството за рударство и енергетика, во име на Владата нa Србија, потпишало Меморандум за разбирање со кинеските компании Shanghai Fengling Renewables и Serbia Zijin Copper. Договорот предвидува инвестиција од две милијарди евра во ветерни паркови и соларни електрани, со вкупен инсталиран капацитет од 2.000MW. Исто така, предвидена е и изградба на постројка за производство на водород од 30.000 тони. Во моментот Србија има ветерни ...

Саемот и конференцијата „Сфера 2024: Технологија на бетон“ ќе се одржи на 21. и 22. февруари во Сараево, Хотел Хилс. Ова е XIV научна и стручна конференција и саем од областа на градежништвото и архитектурата во организација на компанијата Сфера д.о.о. и регионалното списание за градежништво и архитектура м-Квадрат. Коорганизатори на конференцијата се Факултет за градежништво, архитектура и геодезија, Универзитет Мостар, Универзитет Загреб, ...

Саудиска Арабија, станува дом на иновативниот архитектонски проект – The Prince Mohammed Bin Salman Stadium. Овој стадион, кој е сместен на врвот на планина, на височина од 200 метри, претставува најнов пример на амбициозната архитектура во оваа земја. Архитектонското студио Populous, најави дека стадионот ќе биде лоциран на околу 40 минути од Ријад. Со капацитет од 45.000 седишта, стадионот ќе биде домаќин на различни настани, вклучувајќи ...

Заха Хадид Архитекти ја завршија импозантната зграда интегрирана во јавен плоштад во градот Прага. Лоцирана делумно на шините на старата железничка станица Масарик, која е во процес на модернизација и е планирана да биде завршена во 2026 година. Масарицка е изградена на делумно девастирано градежно земјиште и истото граничи со железнички платформи на југ, улицата Флоренци на север и автопатот Вилсон на исток. Проектот Масарицка ќе ја подобри ...

Филхармонијата Влтава, претстојниот архитектонски проект во Прага кој треба да биде завршен во следната деценија, моментално е во завршна фаза на проектирање под водство на BIG – Bjarke Ingels Group. Проектот е победник на меѓународниот архитектонски конкурс организиран од Градот Прага и Прашкиот институт за планирање и развој во мај 2022 година. Предложениот проект ја предвидува Филхармонијата Влтава како кривулеста градба, која беспрекорно ...

Компанијата GEN group во 2023 година остварила профит од 204,5 милиони евра, што е десет пати повеќе во однос на 2022 година. Но, во истиот период приходите с енамалени за речиси 30%. Високите цени на енергијата на почетокот на 2023 година се главната причина за добрите резултати, соопштиле од компанијата. Во склоп на GEN group, работат нуклеарната електрана „Кршко“, термоелектраната „Брестаница“ и девет хидроелектрани на Сава. Во 2023 година, ...

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, на 1. февруари 2024 година, во 19.30 часот ќе се отвори ретроспективната изложба на академскиот скулптор Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција. Делата на Ангел Димовски – Чауш, творени во текот на изминативе педесет ...

Конференцијата Balkan Solar Summit ќе се одржи на 8-ми и 9-ти февруари во Бања Лука, каде ќе се дискутира за најновите трендови и иновации во областа на енергијата од Сонцето и ветерот, технологиите за складирање на енергија, како и за друи аспекти на енергетската транзиција и одржливост. Програмата на настанот Balkan Solar Summit опфаќа низа панел дискусии, предавања и работилници, со фокус на иновативни пристапи, стратегии и технологии кои се ...

Studio 10 Design, компанија позната по своите импресивни облакодери во Саудиска Арабија, го претстави својот најнов проект – огромен трговски центар со мешовита намена во Кина, кој ќе го има и најголемиот затворен скијачки центар на светот. Овој иновативен проект наречен Huafa Snow World, во моментот е во изградба во заливот Qianhai, на северозападот на Shenzhen. Huafa Snow World, кој се очекува да биде завршен до 2025 година, нуди единствена ...

Во 2018 година, студиото Систем Архитектура, на чело со Рафаел Уркиза Санчез, изврши обновување на заштитениот магацински простор на Васкез Молезун во кампусот Мајорал, во градот Малага. Систем Архитектура, штотуку додаде сосед, за истиот бренд, создавајќи дијалог на размери и волумени помеѓу објектите. Логистичките потреби на новиот магацин бараа да се искористат 20 метри висина дозволена со прописите. Близината до стариот волумен, кој беше ...

Најголемиот европски саем за мебел во Келн ги претстави најновите трендови во дизајнот на мебел кои ќе ја одбележат 2024 година. Со исклучителен дизајн и визуелни ефекти, акцентот е ставен на одржливоста, функционалноста и технолошките иновации. Тукушто завршен, Саемот за мебел во Келн 2024 ја најави новата година во дизајнот на ентериери и постави трендови за иднината. Со јасен фокус на деловност, инспирацијата и вмрежувањето, настанот понуди ...

Во градот Линен, во покраината Северна Рајна Вестфалија, деновиве почна изградбата на првата станбена зграда во Германија од 3Д печатен бетон, која целосно е финансирана од јавни средства. Трокатниот објект на станбената кооператива „Линен“ ќе има вкупно шест станбени единици, чие изнајмување ќе чини само шест евра за метар квадратен. Елементи со висока стабилност на обликот За изградбата на зградата ќе се користи 3Д печатен бетон од ...

Емисијата „TV Taxi 28“ на Македонската радио и телевизија, во својата 26. епизода ја обработува Централната пошта, односно Шалтер салата од ПТТ Центарот – дело на архитект Јанко Константинов. Поштата во Скопје е едно од 7-те загрозени културни споменици во Европа, според извештајот на Европа Ностра и Институтот на Европската инвестициска банка..Претставува симбол на отпорноста на градот Скопје, после разорниот земјотрес во 1963 година. ...

Архитектонското биро Taller Capital проектирале линеарен парк во Мексико Сити кој вклучува пешачка патека и е изведен со материјали оптимизирани за задржување на водата и ублажување на прашината. Наречен булевар Héroes de Tecamac, проектот е лоциран во урбана област северно од Мексико Сити. Во рамки на проектот реновирани се 2,1 километар од празната средина што минува низ градот, поминувајќи низ комплекс со социјални станови. Широка 20 метри, ...

Кос или рамен покрив – што е подобро и зошто? Градежните материјали и техниките за градење постојано се развиваат благодарение на модерните технологии. А со нив се менува и изгледот на куќите и зградите околу нас. Во нашата земја има изобилство на архитектонски решенија – и традиционални и модерни, и сите тие го образуваат урбаниот пејзаж околу нас. Инспирирани од една неодамнешна студија, во продолжение ќе ви образложиме, зошто одговорот на ова ...

Наградите за одржливо градежништво Холцим се најважниот натпревар за одржлив дизајн во светот и ги прикажуваат проектите кои придонесуваат за трансформација во градежништвото. Основани во 2004 година, наградите ги почитуваат проектите кои комбинираат одржлив дизајн и градба со архитектонска извонредност. Со присуство на меѓународната сцена, фондацијата Холцим има доделено повеќе од 340 награди. За овие иноватори, наградата е повеќе од само ...

Скопје

18ᴼ/18ᴼ
1.54
34%
1007

Белград

17ᴼ/15ᴼ
2.06
31%
1009

Софија

15ᴼ/13ᴼ
3.09
38%
1008

Сараево

16ᴼ/16ᴼ
2.98
39%
1008

Љубљана

14ᴼ/8ᴼ
2.24
53%
1011

Атина

20ᴼ/18ᴼ
4.12
47%
1008

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
2.57
45%
1010

Подгорица

16ᴼ/14ᴼ
2.06
36%
1009

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

612250 $

Рутениум

24115 $

Калај

35 $

Сребро

922 $

Злато

76895 $

Бакар

9 $

Паладиум

33130 $

Платина

29955 $

Родиум

151607 $

Цинк

91166 $