Насловна / Вести / Климатските промени ќе ја намалат глобалната економија за една петтина до 2050 година

Климатските промени ќе ја намалат глобалната економија за една петтина до 2050 година

Без оглед на тоа колку агресивно ќе работиме на намалување на загадувањето, климатските промени предизвикани од огромните количини на јаглерод диоксид што веќе се наоѓа во атмосферата ќе го намалат глобалниот БДП за околу 38 трилиони долари до 2050 година, или речиси една петтина.

Сепак, намалувањето на емисиите на стакленички гасови е клучно за да се избегнат понатамошни катастрофални економски последици по 2050 година, се вели во студијата објавена во списанието Nature.

Доколку просечната глобална температура се зголеми за повеќе од два степени Целзиусови над просекот од прединдустрискиот период, економската штета од климатските промени би се зголемувала за десетици трилиони долари секоја година.

040

Просечната температура на планетата веќе е зголемена за 1,2 степени во однос на периодот од средината на 19 век, што се смета за почеток на индустриското производство и употребата на фосилни горива. Поради ова, топлотните бранови, сушите, поплавите и тропските бури се зголемени низ целата планета.

Годишното вложување потребно за да се задржиме под границата од два степени е само дел од штетата што би се избегнала.

„Останувајќи под порастот од два степени Целзиусови, би можеле да ја ограничиме загубата на приход на 20 отсто во однос на 60 отсто, колку што ќе изнесува ако не преземеме ништо“, наведува водачот на студијата Макс Коц од Институтот за истражување на влијанието на климатските промени во Потсдам.

Економистите не се согласуваат со тоа колку би требало да биде потрошено за да се избегне штетата од климатските промени. Некои повикуваат на огромни инвестиции, додека други велат дека би било поефикасно да се чека додека општествата не станат побогати и технологијата понапредна.

030

Најпогодени сиромашните земји

Иако новото истражување не се занимава директно со ова прашање, проценката за огромната економска штета логично укажува дека најсиромашните ќе бидат најтешко погодени.

„Нашата пресметка е исклучително важна за анализа на трошоците и бенефитите“, вели коавторката Леони Венц.

Ваква студија би требало да влијае на стратегиите на државите за прилагодување на влијанијата на климатските промени, проценките на економските ризици и преговорите кои ООН ги водат околу компензација за земјите во развој кои едвај придонеле за глобалното затоплување.

Најтешко ќе бидат погодени тропските земји, чии економии веќе се намалуваат поради климатските промени.

„Државите што се најмалку одговорни за климатските промени ќе претрпат пад на БДП за 60 отсто поголем од богатите земји и 40 отсто поголем од оние со големи емисии на јаглерод диоксид“, истакна учесникот во истражувањето Андерс Леверман.

The commitment and divergence of economic climate damages versus mitigation costs

200

Испрати коментар

Scroll To Top