Насловна / Архитектура / Tinx House во близина на Анталија

Tinx House во близина на Анталија

Во денешниот свет кој постојано се менува и се прилагодува на новите предизвици, концептот на мали, компактни куќи станува се попривлечен.

366

Оваа куќата наречена Tinx House во близина на Анталија, Турција, архитектите од бирото  hasanayata design studio внимателно ja проектирале. Обезбедиле се што е потребно за удобен живот, но на површина од 82 квадратни метри. Нејзината функционалност е клучна, а иновативниот дизајн овозможува да се живее сосема нормално, дури и удобно. Понудени се практични решенија за сите потреби на секојдневниот живот.

368

Од кујната и бањата, до спалните и работните простори, сè е внимателно организирано за максимално да се искористи секој квадратен метар. Современиот пристап кон дизајнот овозможува оптимално искористување на просторот, со креативни решенија како што се мултифункционални парчиња мебел или елементи што се склопуваат.

371

Покрај практичноста, малите куќи често имаат и еколошки аспект. Помалите простори бараат помала потрошувачка на енергија за греење или ладење, а многу од нив се проектирани со цел да го намалат влијанието врз животната средина, користејќи одржливи материјали или технологии како соларни панели или рециклирани материјали.

332

Овој пристап ја одразува желбата за минималистички начин на живот, избегнување на вишок работи и празни места. Целта е да се обезбеди функционалност и удобност преку мултифункционални простори и иновативни решенија. Во процесот на елиминирање на елементи како што се неискористени простори за складирање или непотребни работи, целта е да се максимизира користењето на просторот за живеење.

377

Функционалниот дизајн со повеќе намени е клучен елемент, кој овозможува ефикасно користење на просторот без потреба од големи површини. Овој пристап го нагласува оддалечувањето од стандардизираната архитектура и внатрешната стандардна опрема карактеристични за претходните децении и го нагласува враќањето кон природните материјали и персонализираниот дизајн.

375

Преку ваков концепт, како што е Tinx House, се обезбедува алтернатива на традиционалните пристапи кон изградбата и просторот за живеење. Овие решенија не само што нудат функционалност и удобност, туку се потпираат и на употребата на природни материјали и прилагодување на потребите на корисниците, што ја одразува суштинската потреба за поврзување со природата и создавање простори што одговараат на индивидуалните животни приказни и потреби.

382 381 379

Испрати коментар

Scroll To Top