
Скопје
6ᴼ /
6ᴼ



Саудиска Арабија продолжува со досега невиден градежен бум, најавувајќи го проектот „Гидори“, кој претставува визија за иднината и претвора значаен дел од пустината во луксузно одморалиште во кое особено ќе уживаат љубителите на голфот. Проектот „Гидори“ ќе биде сместен во ридовите на заливот Акаба, каде во моментот во тек е изградбата на неколку големи проекти. Проектот е дело на компанијата Aedas, а ќе вклучува 200 вили за одмор и ...
Можеби најсоодветниот трибјут на делото на Оскар Нимаер (1907 – 2012), архитект кој целиот свој век го помина борејќи се против прави агли, лежи токму во тоа што, на 103-годишна возраст, тој можеше да црта само со брановидни, криви линии. Овој титан на архитектурата, кој ја креирал Бразилија и најславниот апостол на Ле Корбизје, на 104 годишна возраст имал потреба од асистенција и помош во неговата несигурна и бавна прошетка низ своето биро, ...
Лего и Warner Bros се здружија за да прослават 85 години од Мрачниот витез со комплет што го реконструира Готам Сити каков што сме го виделе во анимираната серија Бетмен. Бетмен е и секогаш ќе биде еден од најпознатите суперхерои во светот, а оваа година цртаниот филм за бранителот на Готам Сити полни 85 години и како еден од ликовите кои инспирирале различни сетови низ историјата, Лего не можеше да го пропушти овој настан. Така, во соработка ...
Нарушените транспортни врски со Истокот поради блокадите во Црвеното Море значително ја поскапеа испораката на репроматеријали и опрема и е нов предизвик за индустријата на градежни материјали, каде на цените влијае и таксата за количината на емисијата на јаглероден диоскид, откако Европската Унија ја воведе на производите и услугите. Инфлацијата, достапноста на енергенсите и суровините, логистичките пречки и растот на цената на превозот, според ...
Книгата „Историja за еколошкиот дизајн: недовршена енциклопедија “од Лидија Калиполити, објавена од Актар, го документира пресекот на архитектурата и дизајнот со екологијата, заштитата на животната средина, политиката, управувањето и правото од 19 век до денес. Публикацијата прикажува контрадикторни дефиниции и концепти на архитекти, дизајнери, во вид на паралелни приказни за нивните интелектуални позиции кон времето на размислување за животната ...
Бугарските власти во рекордно краток рок се одлучија на најголемата инвестиција во поновата историја – изградба на два нови блокоа на местото на нуклеарната електрана „Козлодуј“. Проектот НЕ „Белене“ пропадна, но НЕ „Козлодуј“ имаше среќа. Во јануари 2024, Парламентот ја одобри одлуката за изградба на блоковите 7 и 8 на НЕ„Козлодуј“ со примена на AP1000 технологијата. Станува збор за технологија на Westinghouse. На крајот на март ќе биде ...
Многу градови ширум светот го отстрануваат бетонот и коцките со кои се поплочени улиците, во настојувањето на решат два проблеми поврзани со живеењето во урбани средини. За што поточно се работи? Иницијативата за отстранување на бетонот и коцките постои веќе петнаесетина години, а оние кои ја промовираат наведуваат бројни добри влијанија врз жителите на градовите, меѓу кои и нивната безбедност. Идејата е потоа овие јавни површини да се уредат ...
Во галеријата Чифте амам, вчера беше отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“(Carissimo Pinocchio), која пред македонската јавност претставува 60 атрактивни дизајнерски проекти. Со оваа изложба амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија го прославија Денот на италијанскиот дизајн 2024 година. Изложбата е по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на ...
Шведскиот бренд за мебел Blå Station претстави столица со метална рамка со заменливи делови што може да се реконфигурираат за да се прилагодат нејзината функционалност и дизајн. Опишана од брендот како „конструкција која се среќава со разиграност и променливост“, столицата е елегантна и со минималистички профил, има седиште од ткаенина со челична рамка што доаѓа во избор од лакиран или хромиран челик. Флексибилниот дизајн се одликува со низа ...
Ivorypress, добро познатата уметничка галерија во Мадрид, претстави интересна изложба за Њујорк, прва самостојна изложба на шпанскиот фотограф Давид Хименез. Изложбата, отворена од 1 март до 29 јуни, претставува серија црно-бели фотографии кои прикажуваат слики од Њујорк, комбинирајќи улични фотографии и архитектонски слики со секојдневни средини и сцени од градот. Едноставноста и поетичноста на фотографиите се спојуваат во едно волшебно ...
Малтер во боја на теракота направен од локален песок ја покрива заоблената, бетонска структура на Hampi Art Labs, уметнички центар во Карнатака, Индија, дело на архитектонското биро Sameep Padora & Associates. Hampi Art Labs е проектиран од Sameep Padora & Associates за да изгледа како да е „роден од својата околина“ во близина на селото Хампи, место на светско наследство на УНЕСКО во Индија, познато по своите историски хиндуистички ...
Бетонот во архитектурата е основен градежен материјал кој го обликувал пејзажот на урбаните простори ширум светот. Неговата разновидна примена им овозможи на архитектите да ги реализираат своите визии, било да станува збор монументални градби или суптилни детали. Отпорноста, издржливоста и флексибилноста на бетонот овозможуваат негова употреба во различни климатски услови и архитектонски контексти. Исто така, бетонот често се користи како ...
Економската неизвесност ги закочила инвестициите во 2023 година, известува Агенцијата за петенти при Обединетите Нации (ОН), предупредувајќи дека бројот на пријавени патенти паднал за прв пат во 14 години. Минатата година во светот биле пријавени 272.600 патенти, односно за 1,8% помалку отколку во 2022 година, според податоците на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO). Кина е на првото место со 69.610 пријави, за 0,6% ...
1. Вовед Морфологијата на урбаните простори се согледува низ изучување на формата и структурата на градот, положбата и функцијата на градот, особено на неговите изградени делови и отворените јавни простори како блокови, објекти, улици, плоштади, паркови и сл. Според тоа, урбаната морфологија овозможува согледување на многубројните аспекти и на суштината на изградените структури и јавните простори во градовите. 2. Морфолошки дискурс на ...
Францускиот занаетчија и дизајнер Paul de Livron ja претстави дрвената инвалидска количка Apollo, иновативен пристап за помагалата за движење што го спојува еколошкиот дизајн со естетската привлечност и високите перформанси. Изработена од дрво, оваа инвалидска количка е прва (и единствена) во светот од ваков вид, а нејзиниот прв корисник е – папата Франциск. Овој модел на папата амбициозно вклучува две парчиња целосно јагленисани дабови греди од ...
Mercedes-Benz, реномираниот производител на луксузни автомобили, неодамна го прошири својот интерес и во областа на архитектурата, претставувајќи го својот прв проект на тлото на САД. Откако пред неколку месеци е објавено дека ќе изгради исклучително висока зграда во Дубаи, објавени се новите планови на компанијата. Во прашање е луксузна станбена кула во познатиот кварт Brickell во Мајами, наречена Mercedes-Benz Places in Miami. Проектот го ...
Ориентацијата на ЕУ кон енергија од обновливи извори е разводнета во 2022 година со политички компромис. Германија била одлучна во намерата да ги затвори своите последни нуклеарни електрани и се потпре меѓу другото и на фосилни горива, а Франција и натаму цврсто стои во намерата да не се откаже од своите нуклеарни електрани. Во тој сектор, таа е прва во Европа и пошироко. Франција цврсто ја застапува тезата дека земјите од ЕУ со нуклеарки можат ...
Името терариум доаѓа од латинскиот збор terra, што значи земја. Велиме дека тоа се речиси самоодржливи затворени системи во проѕирен затворен стаклен сад во кој се засадени повеќе видови растенија и растителни видови. Акцентот е ставен на речиси самоодржлив систем бидејќи терариумите, со оглед на тоа што во системот има и живи растенија, сепак имаат потреба од нега од време на време, иако таа е сведена на минимум. Терариумите во стаклени садови ...
Мостот Хаџу се наоѓа во провинцијата Исфахан, Иран. Во времето кога е изграден служел како мост на реката Зајанде, но и како брана, зграда и место за јавни собири. Тој е претставник на врвот на персиската архитектура за време на династијата Сафавид. Освен што е своевиден споменик на еден историски период, тој претставува и совршен спој на градба која е величествена, но и многу корисна. Украсен е со уметнички плочки и фантастични слики. По ...
Tретите места се простори кои не се наш дом или работно место, а во кои слободно се среќаваат жителите на една заедница. Тука спаѓаат: културните центри, библиотеките, кината, зелените јавни површини, спортско-рекреативните површини, кафулињата и местата за одмор и прошетки. Социолозите велат дека недостигот од трети места влијае на чувството за заедништво, ја смалува културната свест, ги отуѓува луѓето од реалноста и ги прави подложни на ...
Во Музејот на Град Скопје, во четврток на 14. март во 19:30 часот Ана Митевска ќе ја претстави својата најнова изложба „Приказни во тиркиз – Извор на животот”. Секое нејзино платно раскажува уникатна приказна и преку живописните тиркизни тонови ги поканува гледачите да се нурнат во безграничниот свет на уметничката креативност. Оваа уметничка авантура ќе биде отворен повик за интроспекција и слободно толкување, како и своевидна подигната завеса ...
Повеќе од 60 години од смртта на глумицата Мерилин Монро, нејзината дигитална верзија, создадена со помошна вештачка интелигенција, ќе биде претставена на технолошката конференција на фестивалот South by Southwest во Остин, Тексас, каде ќе може и да арзговара со посетителите. На неодамнешното тестирање, дигиталната Мерилин зборувала за својата најдрага улога, во комедијата „Некои тоа го сакаат жешко“ од 1959 година, застанувајќи и размислувајќи ...
Британското архитектонско студио Foster + Partners, задолжено е за проектирање на облакодер со височина од 2km во Ријад, Саудиска Арабија. Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде највисоката зграда на светот, односно двојно повисока од Бурџ Калифа во Дубаи. Планираната локација е во непосредна близина на меѓународниот аеродром. Проектот претставува втор значен обид на Саудиска Арабија да изгради највисока зграда во светот, откако е ...
На 14 март 2024 г. се отвораат Деновите на италијанскиот дизајн. Во рамките на оваа манифестација, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и во соработка со Факултетот за ликовни уметности, Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 14. март 2024. година, со почеток во 10 часот во ателјеата на факултетот, во историскиот објект Сули ан, ќе се одржи мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. ...
Минималистичката архитектура се потпира на чисти линии, отворени простори и обилни извори на светлина, што докажува дека соголувањето на зградата на нејзината гола суштина може да даде извонредни резултати. Иако минималистичките структури изгледаат едноставни, па дури и монотони, геометриските форми и изложените материјали создаваат неочекувано впечатливо искуство за гледачот. Како што вели пионерот на модерната Лудвиг Мис ван дер Рое, „Помалку ...
Архитектонското биро Ksa Studený ја проектирало оваа трапезоидна куќа од бетон и стакло за да го врами погледот на шумата во близина на селото Пернек во Словачка. Вкопана во кос терен, куќата од 200 квадратни метри има стаклена фасада со целосна висина и на врвот со кров кој постепено ќе биде прекриен со растенија за да се сокрие од погледите. „Инспирацијата беше да се изгради нешто слично на ловечка куќа“, изјави основачот на Ksa Studený, ...
Малите и средни претпријатија од земјите кои учествуваат во Програмата за единствен пазар на ЕУ, имаат можност да се пријават за добивање на советодавна и финансиска поддршка за подобрување на енергетската ефикасност. Меѓу тие земји се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Турција и Црна Гора. Проектот EENergy, кој подразбира и субвенции, се финансира од споменатата Програма (Single Market Program – SMP), а целта е да ги ...
„Шкода“ објави кратко teaser видео за новиот електричен SUV, кој ќе биде претставен во текот на годишната конференција за медиуми на чешкиот производител најавена за 15-ти март. Иако името на моделот допрва треба да биде откриено, се шпекулира дека новиот електричен компактен SUV ќе биде наречен Skoda Elroq. Врз основа на официјалните информации објавени минатата година во врска со новиот електричен асортиман, токму Elroq би требало да ...
Иднината на вештачката интелигенција и она што таа претставува за архитектонската професија и општеството генерално се повеќе се дискутира низ светот. Исто така, Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) го објави својот извештај пред една недела во кој детално се опишани резултатите од истражувањето на над 500 членови за вештачката интелигенција и нејзината важност за праксата и професијата, со стручни написи кои покриваат некои од ...
Станот е целосно трансформиран по напорно реновирање, во согласност со желбите на едно петчлено семејство. Резултатот комбинира историски елементи и модерен дизајн, со акцент на паметните технолошки решенија. Сопствениците на станот во срцето на Братислава, петчлено семејство, живеат со динамично темпо, поминувајќи поголем дел од годината на пат. Според тоа, тие сакале новиот дом да стане удобна основа за нивниот космополитски начин на живот, ...