Насловна / Вести / За само 900 часа ќе се изгради бетонска кула од 30 метри (ВИДЕО)

За само 900 часа ќе се изгради бетонска кула од 30 метри (ВИДЕО)

Со примена на техника на 3Д бетонско печатење, на почетокот на април на Технолошкиот универзитет ETH во Цирих започна изградбата на кула висока 30 метри наречена Tor Alva, проектирана од архитектите Мајкл Хансмајер и Бенџамин Диленбургер.

6

Досега е завршена повеќе од една третина од 32. столба на објектот, чие име во превод значи Бела кула, , а кога ќе биде завршена во селото Mulegns во швајцарските Алпи нешто подоцна оваа година, структурата ќе стане „највисоката 3Д печатена структура во светот“.

3

32 столба во форма на Y

Проектот на швајцарските архитекти има за цел да го промовира потенцијалот на 3Д печатење на бетонски конструкции, како и да презентира како технологијата може да помогне да се минимизира количината на материјали што се користат во градежништвото, притоа нудејќи нова слобода на дизајнот, објасни Хансмајер за Dezeen.

1

Tor Alva ќе се наоѓа на постоечка зграда која некогаш се користела како ковачница, а целата повеќекатна структура ќе биде носена од 3Д печатени Y стобови. Столбовите се испечатени со помош на процес на екструзија на бетон, развиен од тимот на Digital Building Technologies (DBT) на ETH Цирих, а бетонот е зајакнат со челик.

Според авторите, ова е првпат методот на печатење да се користи за конструктивни компоненти.

Роботот ја поставува арматурата при печатење на бетонот

Како што објаснува архитектот, еден од предизвиците бил да се создадат столбови кои ќе бидат тенкоѕидни и шупливи со цел да се намали потрошувачката на материјалот, а истовремено да се одржува конструктивната цврстина.

4

„Досега ваквите тенкоѕидни бетонски елементи главно се користеа како труп или шуплива база која дополнително се полни со бетон и арматура. Нашиот робот ја поставува арматурата во тек на печатење на бетонот“, истакнува Хансмајер.

5

Тој додава дека интегрираната арматура, заедно со накнадно преднапрегање, на столбовите им ја дава потребната цврстина, што овозможува создавање на конструкции високи до 30 метри.

Архитектите исто така нагласија дека 3Д печатењето ја елиминира потребата од оплата и овозможува прецизна примена на материјалите токму онаму каде што е потребно, минимизирајќи го отпадот.

01

Овој систем овозможува и создавање сложени геометрии и персонализирани компоненти, како и геометриски површински шаблони кои и дадоа декоративност на структурата Tor Alva.

„Бетонот се користи само онаму каде што е конструктивно потребен, слично на оптимизираните структури што ги гледаме во природата. Ова заштедува маса и материјал“, вели архитектот.

7

Можност за расклопување и повторно монтирање

Дури 32 Y колони што ја сочинуваат кулата се испечатени со геометриски текстурирани површини.

Столбовите ќе бидат меѓусебно поврзани без лепила, користејќи завртки и кабли, за да се осигура дека структурата може да се расклопи и повторно да се монтира на друго место по потреба.

Спирални скали ќе ги поврзат сите катови и ќе водат до куполен простор на последниот кат, кој нуди панорамски поглед на околниот пејзаж.

2

Кога ќе биде изграден, Tor Alva ќе биде домаќин на музички и театарски претстави и ќе делува како светилник што ги привлекува посетителите во историското алпско село Mulegns.

Што се однесува до очекуваното време на печатење на Белата кула, тоа изнесува 900 часа, а се очекува објектот целосно да биде завршен во текот на летото.

Испрати коментар

Scroll To Top