Германскиот гигант Volkswagen (VW) според судска пресуда мора да плати 180 милиони евра оштета поради кршење на договорот со партнерската компанија во Русија. Имено, VW исто како и други евроспки марки, го напушти рускиот пазар набрзо по почетокот на војната во Украина, оставајќи ги своите фабрики со целокупната опрема и технологија. Затоа, компанијата партнер на VW на руска територија го тужела германскиот гигант, барајќи значајна сума за ...

Трудот ја разгледува важноста на сликата на градот во историскиот развој на теоријата и праксата на урбанистичкото планирање. Тој дава концизен преглед на важни елементи и нивните односи, како и корелација со типичните парадигми за планирање и футуристички претстави на сликата на градовите. Клучни зборови: градска слика, елементи на урбана слика, одржливи заедници, идеални градови, нови градови. Во историските градови на Европа, многу јасно ...

Министерството за транспорт и туризам на Јапонија, развива амбициозен план за зголемување на ефикасноста на логистиката, намалување на сообраќајните гужви и решавање на сите сериозни кризи со недостаток на работна сила. Планот подразбира изградба на целосно автоматизиран подземен транспортен систем со должина од речиси 500km, кој ќе ги поврзува Токио и Осака. Проектот е осмислен со цел транспорт на стоки помеѓу овие два града. Министерството ...

Кружни дупки формираат светлосни отвори, дворови и простори за постојните дрвја во оваа куќа покрај езеро во државата Nayarit, во Мексико, проектирана од мексиканското биро MCxA Group. Casa Santa Maria del Oro е сместена на стрмна падина што се спушта до вода, делумно вградена во теренот и покриена со зелен кров. „Волуменот на куќата е целосно скриен, се губи во падот на теренот и остануваат видливи само терасите, кои коегзистираат со ...

Генералниот директор на „Росатом“ Алексеј Лихачов, зборувал на државната руска телевизија за руско – турскиот инвестициски проект, нуклеарната електрана во Мерсин, Турција, односно за предизвиците со кои се соочуваат во неговата реализација. Проектот е договорен помеѓу двете земји уште во 2010 година. Изградбата на првиот реактор започнала во 2018 година, а работите на втората единица започнуваат во 2020 година. Се очекувало првиот блок да стане ...

Вчера, 11 јули 2024 година со почеток во 18:00 часот се одржа доделувањето на високото признанието „Инженерски прстен“ за најдобрите дипломирани студенти во 2024 година од инженерските факултите во нашата држава. Манифестацијата оваа година се одбележува по 21 пат и традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата РСМ, а во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и на Инженерската институција ...

Цистерна Базилика (турски: Yerebatan Sarayı) наликува на филмски кулиси. Навистина се појавува во филмот „Од Русија со љубов“ во кој Џејмс Бонд го глуми Шон Конери. Најпознатиот Шкотланѓанец поминува со чамец меѓу столбовите на Потонатиот дворец, како што Турците го нарекуваат местото и е заслужен за првата глобална популарност на оваа подземна градба. По тој филм, туристи од целиот свет почнаа да доаѓаат во Истанбул и да се запознаваат со ...

Огромна суша ја погоди Сицилија, поради што пресушило природното езеро Пергуса, кое некогаш имало површина од 1,8 квадратни километри. Езерото е значајно за миграцискиот пат на голем број птици, а огромна штета трпи и земјоделството. Во последните 12 месеци на Сицилија паднале само 250mm дожд, па затоа владата прогласила вонредна состојба. Од италијанското зружение на еколози Lemgabiente, соопштуваат дека водената површина речиси целосно ...

Антиквитетите отсекогаш ги фасцинирале колекционерите и историчарите, честопати достигнувајќи астрономски цени на аукции. Овие предмети, од антички артефакти до извонредни парчиња мебел, имаат огромна историска и културна вредност. Привлечноста да се поседува парче историја ги тера колекционерите да трошат милиони. А оние кои го имаат често не штедат и не жалат. Ви претставуваме некои од најскапите антиквитети некогаш продадени, од кои секој има ...

Сардинија е едно од најубавите места во Европа за летен одмор. Има прекрасни плажи, стари градови, недопрена природа. Тој остров се наоѓа во таканаречената „сина зона“ каде луѓето достигнуваат длабока старост. Очекуваниот животен век таму е подолг поради стариот начин на живот каде што нема стрес и нема адитиви во храната. Сепак, има нешто што сè повеќе ги загрижува жителите на споменатиот рај на земјата. Станува збор за воениот полигон Салто ...

Резиденцијалниот парк Лозен е една од најамбициозните и најекспанзивните станбени иницијативи во Развиен од бугарската филијала на германската компанија Lindner Group во соработка со софиското студио IPA – Architecture and more, проектот станал една од најпосакуваните локации за живеење во земјата. Основната идеја околу која е развиен концептот е да се поддржи независноста на секоја станбена единица, а истовремено да се негува чувството на ...

Дознајте што се проектирале во одржливиот грчки град архитектонските бироа како Kengo Kuma and Associates, Foster + Partners, Bjarke Ingels Group, Aedas… Мастерпланот, кој своите корени ги поставил на принципите на „15-минутнен град“ е вреден осум милијарди евра, а целиот развој на локацијата кај Атина го води LAMDA Development, позната грчка компанија за развој на недвижнини. Во оваа прилика гледаме кои сегменти од овој проект се реализирани ...

Земјите од Западен Балкан се подложни на значителен притисок од различни засегнати страни, како што се меѓународните обврски (Договорот за енергетска заедница, Парискиот договор, декларацијата од Софија/Зелениот договор итн.), меѓународните финансиски институции, донаторите и инвеститорите да го декарбонизираат снабдување со енергија и да ја намалат потрошувачката на енергија. Како главни активности на овој процес се сметаат постепеното ...

Најновиот европски ракетен лансер Ariane 6 успешно полета од европската вселенска станица во Француска Гвајана, после повеќекратно одложување. Ракетата се очекува да биде поефтина од својата претходничка Ariane 5, и е целосно европска креација развиена од страна на 13 европски земји предводени од Франција. Ракетата е изработена од француската компанија ArianeGroup, a со неа управува подружницата Arianespace во име на Европската вселенска ...

Jean-Luc Cornec е француски уметник кој ја создаде инсталацијата TribeT, која се состои од стадо од 36 овци направени од рециклирани телефонски дискови и кабли, која покрај забава, сака да го поттикне гледачот на размислување за едноставноста на животот без прекумерна употреба на технологија. TribeT стана мотивационо писмо за уметникот. Делото на Jean-Luc се состои од разиграна комбинација на елементи, предмети, зборови и букви во игра на ...

Никола Тесла е брилијантен пронаоѓач, научник и инженер кој е заслужен за повеќе од 700 пронајдоци. Тој е најпознат по откривањето на наизменична струја, но неговата работа придонела и за напредок во безжичната комуникација, ласерите, рендгенските зраци, радарот, осветлувањето, роботиката и многу повеќе. Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смиљан, а починал на 7 јануари 1943 година во Њујорк. Во чест на 168 години од неговото раѓање да се ...

Турција го лансираше својот прв комуникациски сателит од домашно производство во орбтата, со што ќе се прошири сателитската покриеност на земјата. Сателитот е лансиран со помош на ракетата SpaceX Falcon 9, од лансирниот комплекс Кејп Канаверал на Флорида. Турскиот претседател Ердоган истакнал дека ова означува отворање на нова фаза за Турција во производството на сателити. Првиот сигнал од сателитот е примен 67 минути после лансирањето, точно ...

Како што е познато, од 2035 година сите автомобили кои се продаваат во Европската унија ќе мора да бидат на електричен погон или на водород, односно од таа година ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Барем ова беше првичниот план, но сега постојат индикации дека оваа одлука е можно да се ревидира со цел заштита на компаниите и домаќинствата во ЕУ. Имено, во Европа е присутна голема загриженост ...

Во периодот од 3 до 7 јуни 2024 година, во Нагоја, Јапонија се одржа 12th East Asian Area Dam Conference (ЕААDC), односно Конференција за брани на Источно-азиската област на ICOLD, која во моментот е најактивна, како во реалното Инженерство за брани, така и во научниот придонес во Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD). EAADC беше формирана во 2004 од три комитети за големи брани, Јапонскиот ЈCOLD, Кинескиот ChinCOLD и Koрејскиот KnCOLD. ...

Како една од водечките туристички дестинации во Европа, шпанската метропола Барселона објави план за забрана на издавање станови на туристи во градот до ноември 2028 година, се со цел да се олесни долгорочната криза во сферата на домувањето. Оваа мерка, која ја најави градоначалникот Haume Kolboni, се воведува со цел да се намалат трошоците за изнајмување за жителите на каталонската престолнина, да се подобри животниот стандард и да се зголеми ...

Во 1932 година, познатиот унгарски фотограф Брасаи, кого Хенри Милер го нарекувал „окото на Париз“, требал да ги фотографира скулптурите на Пикасо, кои во тоа време биле практично непознати, за првото издание на пионерската надреалистичка уметничка ревија Minotaure, уредена од Андре Бретон. Пикасо само што наполнил педесет години. Додека тој веќе бил етаблиран уметник, тој сè уште бил на работ да постигне светско признание. Но, кога Брасаи ...

Одгледувањето растенија во затворен простор може да биде голем предизвик, дури и ако сте многу талентирани за градинарство на отворено. Причината за тоа е главно нивното потекло, што во голема мера е спротивно на условите што ги имаме дома. Многу домашни растенија доаѓаат од тропски региони и џунгли каде што крошните на дрвјата постојано ја филтрираат сончевата светлина. Затоа, не е препорачливо таквите растенија да се чуваат директно изложени ...

Француското биро Moreau Kusunoki Architectes и мексиканското Frida Escobedo Studio го претставија победничкото решение на конкурсот за темелно реновирање на Центарот Жорж Помпиду, високотехнолошки комплекс во Париз. Според авторите на проектот, реновирањето има за цел да го подобри движењето и пристапноста внатре во објектот, проект на британскиот архитект Ричард Роџерс и италијанскиот архитект Ренцо Пиано, отворен во 1977 година. Реновирањето ...

Првата од неколкуте мисии на NASA чија цел е симулирање на престој на Марс, заврши во саботата во Хјустон, Тексас, откако четворицата волонтери го напуштија специјално креирањето „живеалиште“ после повеќе од една година. Две жени и двајца мажи минале 378 дена во Mars Dune Alpha, изолирана структура од 160 метри квадратни во вселенскиот центар Johnson во Хјустон која ги симулирала условите на Црвената планета. Оваа мисија била прва во серијата ...

Светски познатата уметница на перформанс во петокот одржа колективен седумминутен молк на најголемиот музички фестивал во Гластонбери, Велика Британија. За нејзината порака да биде сосема јасна, Марина Абрамовиќ носеше бел фустан кој кога ги раширила рацете се отвори во симбол на мирот. На главната бина во Гластонбери, Марина Абрамовиќ замоли 250.000 посетители на фестивалот да погледнат во себе. „Луѓето доаѓаат да се забавуваат. Пијат, користат ...

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ во Музејот на Град Скопје во среда, 10. јули во 20:30 часот ќе се отвори изложба насловена „Модерна традиција“ на Филип Фидановски. * * * * * Како и многу други уметници, а и обични луѓе, и јас сум допрен од генијот на Пикасо. Носен од делата на големиот мајстор изработив 13 скулптури, инспириран од сликите на колосот на уметноста на 20 век. Поточно славните портрети на ...

Во Охрид од 29. јуни до 5. јули се одржа 11. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска и Општина Охрид. Предизвикот на кој работеа учесниците на школата беше хотелот „Палас“, изграден во далечната 1958 година, дело на реномираниот словенечки архитект Едо Михевц. ...

Сместена во сараевската населба Грбавица, „Земја“ е еколошки и економски одржлив адаптиран стан – нов модел за одржлива реконструкција и урбано домување што доаѓа од Босна и Херцеговина. Во општество кое сè уште се опоравува од војната во 1990-тите, „Земја“ е проект кој се обидува да го врати чувството за место, дом и заеднички идентитет преку архитектонски иновации, благодарение на бирото „Проект V Aрхитектурa“ од Сараево. Сепак, се ...

Американската технолошка корпорација Meta претстави нова алатка на база на вештачка интелигенција (AI), која претвора текст во тродименизонални слики. Новиот систем 3D Gen може да генерира тродимензионални слики во висока резолуција и тоа три до десет пати побрзо отколку досегашните модели. Системот е базиран на јазичките модели AssetGen и TextureGen. На платформата Threads претставени се примери на работа на оваа алатка. Тродименизионалниот ...

ExxonMobil, Schlumberger и Occidental се во растечката група на нафтени гиганти кои главно го заобиколуваат секторот на обновливи извори, но ви инвестициите за декарбонизација се свртеа кон производство на литиум, имајќи предвид дека тој е многу значаен за енергетската транзиција. Но не преку рудници. Сметаат на предностите на своите технологии за екстрахирање на солените подземни води богати со овој метал. Британските компании Shell и BP ...

Скопје

8ᴼ/8ᴼ
2.06
81%
1030

Белград

13ᴼ/9ᴼ
2.06
76%
1029

Софија

12ᴼ/5ᴼ
0.0
65%
1031

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
0.71
37%
1031

Љубљана

13ᴼ/11ᴼ
0.0
94%
1030

Атина

17ᴼ/15ᴼ
6.17
51%
1028

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
1.54
100%
1028

Подгорица

13ᴼ/13ᴼ
1.54
82%
1029
Currency

61.525

Currency

56.9482

Currency

73.8662

Currency

38.0946

Currency

41.1987

Currency

65.7245

Currency

7.99075

Currency

0.58753

Currency

0.37719

Currency

0.52561

Currency

1.66339

Currency

0.67727

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

537411 $

Рутениум

15530 $

Калај

31 $

Сребро

1092 $

Злато

87947 $

Бакар

8 $

Паладиум

33890 $

Платина

32762 $

Родиум

153536 $

Цинк

100406 $