Jet Set е најавен како многу повеќе од само бар, овој амбициозен проект комбинира повеќе намени одеднаш. Станува збор за бар, коктел театар, џез и дискотиека. Локалот Jet Seta е отворен на местото на првата белградска дискотека „Кај Лазо“. Проектот за ентериерот е доверен на студиото Static Aesthetic. Уредувањето на просторот дало одговори на шарената содржина планирана за новото иконично место на ноќниот живот во Белград. Тематски простории ...

Архитектонскиот фотограф Мануел Алварез Диестро заедно со визуелниот уметник Карлос Гил го претставуваат проектот ‘Подземен Мадрид’, фотографска серија каде што ги овековечиле атмосферите на подземјето на Мадрид, прикажувајќи го небезбедниот аспект на градот, поблизок на научната фантастика одошто на реалноста. Овој проект е патување низ времето во подземјето, каде се спојуваат минатото и иднината. Алварез Диестро се фокусира на доловување на ...

Глобалното затоплување ги поттикнува истражувачите ширум светот да пронајдат иновативни решенија со цел ефикасно искористување на енергијата во објектите. Едно од решенијата е белата боја која ги рефлектира сончевите зраци. Но, од друга страна, во зима црната боја овозможува апсорбирање на енергијата и исто така заштеда на енергија. Научниците од Универзитетот во Чикаго, нашле инспирација за едно свое техничко решение во својствата на ...

Стратешки позициониран помеѓу прометен автопат и густата станбена населба, Biryanak Metro Plaza се појавува како урбана оаза над метро станицата Briyank во Техеран. Овој урбан простор е наменет да служи како живо средиште на заедницата кое опслужува разновидни жители од сите возрасни групи. Без оглед на тоа што, локацијата се наоѓа помеѓу прометен автопат и густа соседна населба, физичките услови на локацијата претставувале единствен предизвик ...

Германија и Алжир ќе формираат билатерална работна група за водород, во желба за соработка на полето на производство на зелен водород, што претставува дел од нивното енергетско партнерство. По тој повод, во Алжир е потпишана заедничка дeкларација за намери. Соработката предвидува и инсталирање на пилот постројка за производство на зелен водород во Алжир. Според зборовите на германскиот надлежен министер, двете земји одржуваат блиско енергетско ...

Светлечка кутија како фенер и обратен пирамидален кров, привлекуваат светлина внатре во куќата Kloof 119 A, драматично сместена со поглед на Table Mountain и Кејптаун. Вкопана во кос терен, куќата, проект на бирото SAOTA со седиште во Кејптаун за режисерот Greg Truen, претставува збир на простори распоредени да ја максимизираат визуелната врска со околината. „Архитектурата е обликувана да зафаќа што е можно повеќе околина“, велат од ...

Во светот на компјутерските тастатури, каде дизајнот и функционалноста обично се во преден план, серијата тастатури Mason60 Schizzato е вистинско уметничко ремек дело меѓу овие уреди. Овие елегантни тастатури, рачно изработени со помош на традиционалната италијанска техника „ѕchizzatо“, имаат различни бои на своите куќишта за да создадат не само визуелно привлечен дизајн, туку и вистинска уметничка изјава. Занаетчискиот пристап на изработка на ...

Студијата која неодамна ја спровеле Институтот за истражување на еколошката економија (IÖW) од Берлин и Институтот за истражување на енергијата на околината (IFEU) од Хајделберг, покажуваат дека на подрачјето на Берлин дури 10% од потребите за топлинска енергија би можеле да се покриваат од отпадна топлина. Споменатата студија спроведена е на барање на берлинската Сенатска управа за мобилност, сообраќај, заштита на климата и животната средина, ...

The Residence е станбен изложбен простор во населбата Линколн Парк во Чикаго и продолжување на тековната цел на Mission да ја промовира уметноста на Америка, со посебен интерес за современата уметност на Латинска Америка. Во Residence во тек е изложба Cutouts and Cut-offs на уметнкот Matt Magee. Matt Magee е американски современ уметник кој е најпознат по неговите минимални апстрактни геометриски слики, скулптури, принтови, склопови, мурали и ...

По завршувањето на изградбата на интерконекцијата со Бугарија на крајот на минатата година, Србија физички се поврза со изворите на природен гас од Каспискиот регион и со терминалот за течен природен гас (ТПГ) во Александрополис. Со тоа и Грција станува важен партнер на Србија во снабдувањето со гас. Србија веќе има резервирано 300 милиони кубни метри гас годишно од терминалот за ТПГ во Александрополис, од моментот кога тој ќе стане оперативен, ...

Стан во центарот на Софија, со површина од 80 квадратни метри, е трансформиран на начин што целосно ги следи уметничките афинитети на сопственикот, смело играјќи си со интензивнии бои, форми и нагласени контрасти. RE Design Studio и дизајнерот на ентериер Румен Евстатиев создале автентичен ентериер, во кој подеднакво е видлив нивниот авторски печат како и стилот на сопственикот. Трансформација во уметничко дело, со разиграни бои и форми, со ...

Нуклеарната енергија се враќа на голема врата ширум светот, изјавил челникот на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), Фатих Битол, издвојувајќи ги Франција, Азија, Северна Америка и Блискиот исток. „После руската инвазија на Украина, многу земји ја разбраа важноста на нуклеарната енергија во комбинација со обновливите извори на енергија, односно на домашното производство на електрична енергија“, рекол Бирол. Германија минатата година го ...

Информација и барање за изјаснување за интерес за стручна екскурзија со посета на брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти во Турција, планирана да се одржи во периодот 24 – 27.04.2024 година. Во организација на ЗМКГБ, во минатиот период, беа организирани пет стручни посети на брани, хидроцентрали и други хидротехнички објекти. Од учесниците, членови на ЗМКГБ, вработени во градежни компании, хидроенергетски претпријатија, инженеринг ...

Најголемиот саем за мебел на светот се подготвува за своето 62. издание, кое ќе се одржи од 16. до 21. април за време на Неделата на дизајн во Милано 2024 година. Како што најави Марија Поро, претседателка на Salone del Mobile, овогодинешниот саем во Милано се очекува да биде домаќин на околу 2.000 изложувачи и над 300.000 посетители од целиот свет. Фокус на дизајнери помлади од 35 години Посебен фокус на 62. издание на саемот ставен е на ...

Нашиот соработник, архитект Д-р Владимир Ладински, кој живее и работи во Англија (добитник на наградата Порта 3 за 2023 година) поднесе Предлог иницијатива за прогласување 24 февруари или 30 април ден на жените инженери и архитекти во Република Северна Македонија. Иницијативата е поднесена до Асоцијацијата на архитектите на Македонија – ААМ, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ. Во ...

Поминаа четири децении од XIV Зимски олимписки игри одржани од 8. до 19. февруари 1984. година во Сараево. По тој повод да се потсетиме на авторот на проектот за хотелот Холидеј Ин во Сараево, Иван Штраус. Иван Штраус е роден 1928. година во Кремна, блиску Ужице, населба во Златиборскиот округ, а почина 2018. година во Сараево. Овој архитект и академик добитник е на многу значајни награди и прознанија, меѓу кои и Шестоаприлската награда на ...

Истражувањето спроведено на Универзитетот Rice, носи револуционерно откритие во градежната индустрија, покажувајќи дека графенот, добиен од металуршки кокс, производ на база на јаглен, има потенцијал не само да го зајакне цементот, туку и во целост да го замени песокот во состав на бетонот. Оваа иновација доаѓа во клучен момент, со оглед на тоа дека прекумерното ископување на песок претставува се поголем проблем, имајќи предвид дека бетонот, ...

Одлуките и потезите на потрошувачите, ќе бидат клучен двигател за успехот на енергетската транзиција, велат во EY. Извештајот за ставовите на потрошувачите за енергетската транзиција (Energy transition consumer insights), покажува дека 65% од потрошувачите на енергија се заинтересирани за одржливоста и потенцијалот на чистата енергија. Од друга страна, иако заинтересираноста е голема, изостанува желбата за акција. Дури 70% од испитаниците велат ...

Zaha Hadid Architects го претставија проектот за 100 станици за полнење гориво за рекреативни чамци кои ќе бидат инсталирани во италијанските марини. Проектот вреден 100 милиони евра, развиен од NatPower H – дел од групата NatPower, ќе биде изграден како зелена водородна инфраструктура во 25 италијански марини и пристаништа. Зелената водородна инфраструктура, која би требало да се инсталира во летото 2024 година, цели на 100 станици за полнење ...

Со цел да ја зајакне сигурноста во снабдувањето со гас, попрецизно гасните врски со Унгарија и Словенија, Хрватска планира изградба на два нови гасоводи. Така ќе се зголеми можноста за транспорт на поголеми количини на природен гас од терминалот за ТПГ на Крк, чиј капацитет во 2025 година ќе биде зголемен од 2,9 милијарди m3 на 6,1 милијарди m3 гас. На седница, Владата на Хрватска донела Заклучок за изградба на гасоводот Босиљево – Сисак – ...

Изгледот и функциите на Google Maps главно се исти последните неколку години, но сега дојде до нови моменти. За почеток, горе лево се наоѓаат нови функции кои се однесуваат на временската прогноза на местото, како и подетален увид во временските услови. Исто така, кога ќе се кликне на одредена локација, се добива листа со нов дизајн со опции за затворање и делење во горниот десен агол. Има и промени со кои нa корисниците им се овозможува подобар ...

Јавниот оглас за избор на членови на Партиципативно тело за урбанизам на Град Скопје, којшто е отворен до 21. февруари 2024 година. Повеќе информации на следниот линк. Огласот го дефинира Партиципативното тело на следниот начин: „Партиципативното тело за урбанизам ги претставува сите различни интереси и интересни групи во градот Скопје и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во ...

„Да не се знае за тоа што се случило пред да се родиш значи за секогаш да останеш дете. Што вреди човечкиот живот, освен ако не е втакен во животот на нашите предци со записите од историјата?“ Маркус Тулиус Цицеро (106-43 п.н.е.), Оратор, 120 И покрај тоа што во 2020 година Инженерската институција на Македонија ја одбележа 100 годишницата од своето основање како Секција Скопје на Здружението на југословенските инженери и архитекти на 21. март ...

Владата ан Кантонот Сараево, подготвила стратегија за ограничување ан користењето на јаглен и други цврсти горива за периодот 2023 – 2033 година. Со оваа стретагија се планира намалување на емисиите од индивидуалните ложишта како еден од главните извори на загадување, за 90%. Подготовката ан ваквата стретегија за Сараево, кој е еден од најзагадените градови и во регионот и во светот, е најавена уште во 2020 година. Примената на мерките од ...

Prada, италијанскиот бренд синоним за мода, го надминува полето на конфекција со креирање модерна и софистицирана колекција на садови Checkerboard. Беспрекорното спојување на богатото наследство на брендот со модерен сензибилитет, геометриски шари и чудни мотиви на Prada додатоци за покуќнина создаваат смели и драматични визуелни ефекти за домот. Колекцијата Cheerboard зрачи со квалитетна изработка со промислени елементи на дизајнот. ...

Компанијата Renault, официјално го откри името на својот нов компактен семеен SUV, а тоа е Symbioz. Ова име е одраз на новиот дизајнерски правец на марката, додека самиот модел ги спојува напредната внатрешност и штедливиот мотор E-Tech full hybrid 145. Потврдено е дека Symbioz ќе биде претставен напролет. Symbioz (франсуски – symbiose, изведено од страрогрчкиот збор symbiosis) значи соживот, вредност која е длабоко вктаена во слоганот на ...

Глобалното архитектонско биро SOM и фирмата за пејзажна архитектура James Corner Field Operations во Њујорк проектирале дрвен решеткаст мост, кој ја поврзува познатата пешачка рута High Line на Менхетен со реновираната железничка Penn Station. Со должина од 92 метри и тежина од 128 тони, структурата едноставно наречена Timber Bridge е изградена од лепено ламинирано дрво, проектиран дрвен производ направен со комбинирање на повеќе помали ...

Карим Рашид е еден од најпознатите и најталентираните дизајнери во светот, а неговиот дизајн се протега на практично сите аспекти на современиот живот – од архитектура, преку уметност, до ентериери, амбалажа, мода… Неговата појава е многу интересна, но и сам по себе интересна личност – тој е директен, отворен, иновативен и исклучително талентиран. Освоил над 300 награди за дизајн, кој ги има над 3.000, а работел во повеќе од 40 земји и има ...

Риечката компанија Lürssen Design Center Kvarner, заедно со ште 14 партнери од Австрија, Грција, Хрватска, Норвешка, Германија, Словенија и Шпанија, во следните четири години ќе проектираат и изработат патнички брод на водород кој ќе плови по Јадранско море. Вкупната вредност на проектот е 18,9 милиони евра, од кои 13,5 милиони евра ќе бидат кофинансирани со средства од ЕУ. Главната цел на проектот ZEAS (Zero-Emission Adriatic Ship) е да се ...

Замислете дом во кој има се што ви е потребно на едно место, за да не морате да излегувате надвор, освен на малку свеж воздух. Вака живеат околу 20 илјади жители на необична зграда во Кина, во градот Хангџу. Станбениот комплекс „Regent International“ е култен детал од градскиот пејзаж, направен во форма на буквата Ѕ. Висок е 206 метри, има 39 ката и нуди повеќе од 260.000 квадратни метри простор, што ја прави една од најголемите згради во Кина. ...

Скопје

21ᴼ/21ᴼ
1.54
37%
1018

Белград

23ᴼ/21ᴼ
4.12
37%
1016

Софија

22ᴼ/20ᴼ
2.06
30%
1017

Сараево

23ᴼ/23ᴼ
4.79
34%
1016

Љубљана

16ᴼ/11ᴼ
3.09
76%
1003

Атина

26ᴼ/22ᴼ
2.68
36%
1017

Тирана

21ᴼ/21ᴼ
2.06
37%
1019

Подгорица

21ᴼ/18ᴼ
2.57
49%
1020
Currency

61.615

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.239

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

531398 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

802 $

Злато

71754 $

Бакар

8 $

Паладиум

32635 $

Платина

29215 $

Родиум

150321 $

Цинк

76881 $