
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Двомесечно бебе е убиено, а три лица се повредени во руски напад врз областа Харков во североисточна Украина, соопштија официјални лица. „Околу 2:30 часот, хотелот на три ката е уништен по два ракети С-300“, изјави гувернерот на Харковската област Олег Синегубов, додавајќи дека меѓу повредените е и мајката на детето, која е хоспитализирана. Селото Золочив е на помалку од 20 километри од украинската граница со Русија. Во нападот беа оштетени ...
Шест лица, меѓу кои тројца полицајци, се ранети во престрелка пред зградата на судот во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени. Јерликаја рече дека е направен обид за напад на контролниот пункт пред капијата на “судот „Чаглајан во Истанбул и дека двајца напаѓачи, една жена и еден маж, се убиени, пренесува „Хабер турк“. Според него, било утврдено дека напаѓачите биле ...
Денеска во 10.15 часот на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од с.Арачиново, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде ...
Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е ангажиран за гаснење на пожарот кој од вчера е активен на планината Жеден. Од ЦУК информираат дела гори само трева на тешко пристапен терен. -Нема опасност по населени места или било какви други објекти, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Од ЦУК аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни ...
Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот. Пожарникарите и војската ги расчистуваат остатоците во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде огнот за неколку минути ги зафатил домовите, пренесува Ројтерс. Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле кон крајот ...
Британскиот премиер, Риши Сунак, рече дека е шокиран од веста дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и се надева дека монархот брзо ќе закрепне бидејќи болеста е рано откриена. Бакингемската палата во понеделникот објави дека 75-годишниот Чарлс, кој дојде на тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, ќе ги одложи јавните ангажмани откако му беше дијагностициран облик на рак. Неговиот помлад син, принцот Хари, кој е ...
Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка. Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија. Полицијата соопшти дека апсењето го извршила претпазливо и дека наставничката не била уапсена пред очите на учениците. Директорката на ...
Наредбите за евакуација на Израел во Појасот Газа опфаќаат две третини од територијата на палестинската енклава, или 246 квадратни километри, соопштија набљудувачите на Обединетите нации. Десетици илјади луѓе побегнаа и продолжуваат да ја напуштаат областа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) во најновиот дневен извештај за хуманитарната ситуација во Газа. Повеќе од половина од населението ...
Замрзнатиот дожд, снегот и мразот го попречуваат сообраќајот во централна и источна Кина, додека милиони луѓе патуваат дома пред празникот на пролетниот фестивал, во студеното време што зафати делови од земјата во изминатата недела и уби најмалку две лица. Едно лице во Хубеи и друго во јужната провинција Хунан загинаа кога натстрешници на пазарите на фармерите се урнаа под силниот снег, објавија државните медиуми. Heavy #snow disrupts travel ...
Крадец во САД при кражба на автомобил ја одвлекол и сопственичката, која се обидела да го спречи инцидентот. Кражбата се случила на бензинска пумпа во Бристол, Конектикат. A woman in Connecticut was dragged onto a roadway while trying to stop her car from being stolen. Police asked anyone with information to come forward. There was no information immediately available about the condition of the woman. 🔗 https://t.co/0gkABdRi7K ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден го помеша францускиот претседател Емануел Макрон на предизборен настан во Лас Вегас. Тој го помеша со поранешниот претседател на Франција, Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година. Бајден направи лапсус додека ги раскажуваше настаните од состанокот на Г7 одржан во 2020 година, веднаш откако победи на изборите. Наведувајќи дека една од првите работи што ги посочи на таа средба е „Америка се врати“, ...
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински цели беше транспортирано лице – пациент од Скопје до ...
Пробугарската влада во заминување, за собраниската седница која ќе се одржи утре (среда), предложила неколку скандалозни законни во скратена постапка, под превезот на “стратешки” инвестициии, информираат од Левицата. Ова, како што го нарекуваат, насилничко сценарио е веќе познато на народот, каде погубните закони за „стратешкиот инвеститор”, конзорциумот „Бехтел и Енка”, повторно беа донесени во скратена постапка, со шверц со европско знаме. ...
Еден од најдобрите играчи на Џирона кариерата ќе ја продолжи во најуспешниот тим чии сопственик е „Сити групата“, Манчестер сити. Џирона моментално е втора на табелата во Примера, со два бода помалку од Реал Мадрид и шест повеќе од Барселона, а еден од најдобрите и најопасните играчи на овој тим, 19-годишниот Савио Мореира, ќе се пресели во Манчестер сити. За среќа на Џирона, каде што игра како позајмен од француски Троа, не веднаш туку на ...
Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра. Со СДС и ДУИ, Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и “Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. Во обраќањето на сесијата “Заедничка работа за забрзување на евроинтегративниот процес на Западен Балкан”, Османи нагласи дека поставувањето на јасна визија за идното проширување на ЕУ со ...
Ники Хејли, кандидатката на републиканските избори за номинација на претседателските избори во САД, проговори за Доналд Трамп. Таа рече дека нејзиниот противник Доналд Трамп е „премногу стар, премногу збунет и премногу склон кон изливи на гнев“ за да биде претседател. Поранешната гувернерка на сојузната држава Јужна Каролина, единствениот противник на Трамп, ја интензивира кампањата, во пресрет на дуелот со него во родната Каролина, закажан за ...
Со власта на ДУИ и СДС здравството е во колапс. Никогаш не било полошо. Затоа е потребен целосен рестарт и подобрување во три клучни сегменти во здравствениот систем, ефикасност, ефективност и економичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од врвните приоритети, според нив, е инвестирањето во здравствената инфраструктура. „Завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница ќе биде столб на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на фракцијата Ликуд изјави дека за поразот на Хамас „ќе биде потребно време, месеци, а не години“, објавија израелските медиуми. „Нашата цел е целосна победа над Хамас. Ќе го убиеме раководството на Хамас“, вели тој. Сугерира дека мора да се продолжи со борбата во сите области на Газа. „Затоа мора да продолжиме да дејствуваме во сите области на Појасот Газа. Не смееме да ја завршиме војната ...
Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122 лица, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот. Пожарникарите и војската ги расчистуваат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде пожарот за неколку минути ги зафати домовите, пренесува Ројтерс. Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле на ...
Според СДСМ, Мицкоски ги излажа граѓаните. „Како што ДПМНЕ влезе во Владата така на виделина излегоа сите нивни лаги и целата нивна неспособност. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ. Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ. Мицкоски и ДПМНЕ говореа дека можат да ги убедат земјите членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија. Дека можат да издејствуваат промена на францускиот ...
Аргентинскиот фудбалер и дефанзивец на Манчестер jунајтед, Лисандро Мартинез ќе отсуствува од терените два месеци поради повреда, објавија аргентинските медиуми. Мартинез го повреди коленото на неделниот првенствен натпревар против Вест Хем, а според медиумите ги истегнал колатералните лигаменти на коленото. Натпреварот против Вест Хем беше четврти за него, откако се врати во тимот по долгата пауза исто така поради повреда. „Катастрофа за ...
Светскиот ден за ракот, 4ти февруари се одбележува како дел од глобалното движење кое го предводи Унијата за меѓународна контрола на рак. Целта на ова движење е да се трансформира справувањето со ракот и да се зачуваат животите на луѓето преку навремена детeкција на превентабилните канцери и обезбедување на соодветен третман достапен за сите пациенти без оглед на тоа каде живеат и што работат. Мотото на тригодишната кампања Close the care gap, ...
„СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари“, соопшти СДСМ. „Од вкупната субвенција, ...
Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување. Според МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во ...
Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од oпштина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити. Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски направија увид во градежните работи на градинката Пролет. Станува збор за градинка која општината ја гради со сопствени средства и по повеќе од 50 години. Градоначалникот Герасимовски пред медиумите истакна дека завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи поради што градежните работи се одвиваат во внатрешноста на објектот. ...
На местото нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација е назначен Виктор Панчевски, информираат од Град Скопје „Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со ...
Рајо Ваљекано забележа нов пораз во Примера. Во 23.коло на „Ваљекас“, Севилја победи со 2:1. Столе Димитиревски го одигра целиот натпревар, имаше неколку добри интервенции. Севилја против Рајо ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната, втора на гостински терен. Херој на екипата од Андалузија е Мароканецот, Ен-Несири кој ги постигна двата гола. Првиот во 19., а вториот во 45.минута. Со овие два гола Ен-Несиро дојде до бројката од 60 ...