
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Член на 79-та бригада, со кодно име Гагауз, е дел од двочлениот тим кој има задача – истрелување противтенковски ракети Џавелин од американско производство и тврди дека уништил над 40 руски тенкови, оклопни транспортери и инженерски возила. Оштетил уште 20, пишува Форбс. Сето тоа, како што тврди, го постигнал само во еден сектор од фронтот – околу Вухледар на истокот на Украина. „Јас ја работам мојата работа ефикасно“, рече тој во официјалното ...
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев изјавите на западните политичари за наводниот можен конфликт на Русија со НАТО и Европската унија ги нарече „исклучително опасни муабети“. „Сунак, Шолц, Макрон, норвешки, фински, полски и други лидери од земјите на НАТО велат дека мора да бидат подготвени за војна со Русија“, напиша тој на својот канал на Телеграм. Медведев истакна дека, иако ...
Шведски истражители објавија дека ја затвораат истрагата за експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2, со што ги потврдија претходните извештаи на медиумите. „Заклучокот од истрагата е дека овде не важи шведската јурисдикција и затоа таа треба да биде затворена“, соопшти шведското државно обвинителство. Цевководите вредни повеќе милијарди долари што пренесуваа гас од Русија до Германија преку Балтичкото Море беа погодени од серија експлозии ...
Пожарникарите се упатиле кон областа на судот Олд Бејли во Лондон по извештаите за „серија експлозии“ и „црн остар чад“. Портпаролот на лондонската противпожарна бригада потврди за Дејли Мејл дека пожарникарите биле повикани во Централниот кривичен суд нешто пред 11 часот, откако добиле пријави за чад. Explosion and smoke in building next to Old Bailey. Court evacuated as power went off in courts. Five fire engines. pic.twitter.com/VfvLR306mP ...
Поранешниот шпански репрезентативец Гути изјави дека Барселона е преголем залак за Чави Ернандез, пренесуваат шпанските медиуми. Во ноември 2021 година, Чави беше назначен за тренер на Барселона наместо Роналд Куман. Чави неодамна објави дека на крајот од сезоната ќе се повлече од тренерската функција во каталонскиот клуб. „Чави во моментов едноставно не е подготвен да биде тренер на Барселона. Тој е добар стручњак, мислам дека би имал подобри ...
Во фабриката „Милан Благојевиќ“ во Лучани, Србија, утрово дошло до пожар и експлозија во фабрика. Има повредени. Како што јави Телеграф.рс, шест лица се повредени, имаат изгореници, но никој не е во животна опасност. Тие се сместени во болницата во Чачак. Пожарот избувнал околу 9 часот и 20 минути во фабриката за производство на еднобазен барут. Од правец на фабриката продолжува да се шири густ црн чад, а од фабриката излегоа пет возила на ...
Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста „Реката“. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста „Реката“. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК. ...
Горан Стоименов од АПИС твдри дека одредбата за дистанцирање од 500 метри за нивните објекти не е за заштита на младите и посочи дека доколку се случи тоа ќе има приредување игри на среќа на црно. „Срамно е да велат дека се залагаат за ЕУ кога со европско знаменце се затвара најголемиот работодавец во приватниот сектор. Нема да молчиме, ќе има протести, ќе имаме тужба пред Уставниот суд”, рече Стоименов. Тој апелираше до претседателот Стево ...
Мојата прва благодарност оди кон партијата Левица која ми ја даде довербата, и одговорноста ја споделуваме за своевиден заеднички настап на овие избори. Јас се чувствувам како дел од тимот иако не сум член на партијата, кажа денеска на прес-конференција, професорката Билјана Ванковска. Таа истакна дека пред десет години се обидела како независен кандидат да влезе во оваа постапка, собирање 10 илјади потписи, без никаква поддршка, со волонтери. ...
Познати се имињата на учесниците, во натпреварот во забивање на Ол-стар викендот кој од 18 до 20 февруари ќе се одржи во Индијанаполис. На списокот со четири имиња се најде и минатогодишниот победник Мек Мекланг, играч на Орландо Меџик. Тука е и Џејкоб Топин, кошаркар на Њујорк Никс, чиј брат Оби победи во 2022 година. Меѓу учесниците е и Хамес Хакез од Мајами Хит, а најголемо име меѓу нив секако е Џејлен Браун, кошаркарот на Бостон Селтикс. ...
Уште од моето стапнување на функцијата директор на Царинска управа ветив реузлтати , а тоа се подобрување на условите за водење на бизнис партнерства со бизнис заедниците и нула толеранција за корупција, организиран криминал и шверц, рече на прес-конференција Стеван Богоев, директорот на Царинската управа. „Денешниот настан и резултатите од презементите активности говорат дека ефектите се видливи во последната анкета на советот на странски ...
Денеска е голем ден за нас, како Левица за прв пат обзнануваме претседателски кандидат и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат, професорката Билјана Ванковска, кажа денеска претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев. „Сметаме дека партијата стигна до ниво, го полага матурскиот испит, тоа е наредното собирање на десет илјади потписи кое планираме да го финишираме успешно и да го имаме според нас, најдобриот кандидат. Дојдено е ...
Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки, посочуваат од министерството. „Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во ...
Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување на нов велосипед. За јавниот повик со објава на својата официјална страна на фејсбук, информираше и градоначалникот Бобан Стефковски. „Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на нов велосипед! Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед од ...
Фото/ mztskopjeaerodrom.mk Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот информира дека спогодбено се разделил со Американецот. Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната. Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби во просек постигнуваше по 10 поени, додека во АБА 2 лигата на осум натпревари ...
Припадници на озлогласената група „Ндрангета“, зад која стои моќното и бескрупулозно семејство Монталбано, со месеци го малтретираат семејството Гатузо, додека калабриската полиција и генерално италијанските власти немо го следат сето тоа. Римскиот „Ил Месаџеро“ е единствениот досега кој го крена гласот против мафијашката организација, која глобално не е позната како сицилијанската „Коза ностра“ или неаполската „Камора“, но чија моќ не ослабна ...
Според новиот нацрт-закон, Казахстан би можел хируршки да ги кастрира најлошите сексуални престапници и педофили, пишува „Дејли Мејл“. Ова се случува по жалбите на пратениците дека системот за хемиска кастрација, еден од најстрогите во светот, не ги одвраќа сексуалните престапници над деца. Елнур Бејсенбаев, пратеник и генерален секретар на владејачката партија Аманат, рече дека владата досега им угодувала на педофилите затоа што не ...
Во претходните 24 часа силен циклон од Северното Море помина над југот на Скандинавија и Данска. Донесе бурни ветрови и обилни дождови во Централна Европа и Данска, а обилен снег падна на југот на Норвешка. Циклонот сега се движи кон истокот на Европа и ќе ја зафати Русија. Во овој момент над Белорусија се движи силен циклон од северот на Европа и на пат кон Русија уште повеќе се зајакнува. Воздушниот притисок во центарот на циклонот се ...
Вчера во 15.10 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес. При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија извести дека повторно има недостиг на инсулин. Од СЗДМ велат дека за овој проблем се обратиле до Министерството за здравство од каде им било одговорено дека заради ревидирање на количините на „ризодег“ согласно количните предивдени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка. „За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до ...
На крајот на декември при безбедносна проверка на аеродромот во Минхен, цариниците во куфер пронајдоа вкупно 1,4 милиони евра. Како што пренесува Феникс-магазин, вработени во безбедносната компанија го прегледале куферот, што е рутинска мерка, и ги забележале банкнотите. Компанијата за обезбедување веднаш ја известила аеродромската царина, која ги преброила парите и дошла до „неверојатно висока сума“ од 1,4 милиони евра. „При заминување од ...
Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, прогласи тридневна жалост во јужноамериканската земја, откако 74-годишниот поранешен претседател Себастијан Пињера загина вчера во хеликоптерска несреќа. „Наредив да биде испратен со сите државни почести на погребот и прогласив тридневна жалост во спомен на претседателот кој служеше два мандати“, рече Бориќ во јавното обраќање. Економистот Пињера беше богат бизнисмен и конзервативен претседател на Чиле од ...
Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека не е извршена уплата во износ од 12 милиони евра за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски. „Државна Лотарија има рамковен договор за оваа намена, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот.Оваа манипулација ...
Тренерот на Челси, Маурисио Покетино, изјави дека добил пораки за поддршка од клупските челници по незадоволството на навивачите од нивната игра, објави денеска Би-би-си. Челзи во претходните две кола беше убедливо поразен од Ливерпул и Вулверхемптон и моментално е 11. на табелата, што предизвика големо незадоволство кај навивачите. „Добив пораки за поддршка од сопствениците, секојдневно сум во контакт со нив и со спортскиот директор“, изјави ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште поради сирените за воздушни напади што се огласија низ целиот Киев, проследено со серија експлозии во Киев и многу украински градови. „Го започнувам утрото во засолништето додека се слушаат сирени низ целиот Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја ...
„За денешната собраниска седница, поднесени се четири предлог-закони во скратена постапка, кои се подеднакво погубни за енергетската независност на Македонија како владиниот проект за Чебрен. Подносител на овие закони е министерот од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, додека потписник е вицепремиерот Артан Груби“, велат од партијата Левица. „Еден од предлог-законите се однесува на грчки „Митилинеос“, кој треба да гради когенеративна електрана ...
В.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Асаф Абдурамани преку социјалните мрежи извести дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. „Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му ...
Општина Центар во второто полугодие ангажира 25 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во училиштата на своја територија. На последниот јавен повик бројката беше надополнета со квалитетни и посветени кадри. Дополнителна мотивација за пријавување на јавниот повик за овие позициии беше и зголемувањето на месечниот надомест од 12.000 денари на 15.000 денари, за работен ангажман со скратено време од 20 работни часа неделно. ...
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени. На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И.. Двајцата биле приведени во полициска ...
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг блескаа во победата на Далас во Бруклин 119:107. Импресивната партија на Дончиќ, ја натера домашната публика во финишот да му скандира: „МВП, МВП, МВП“. Кајри Ирвинг против својот поранешен клуб постигна 36 поени. Дончиќ постигна поен помалку со 18 скока и девет асистенции. Словенецот на теренот мина 43 минути и са тоа време имаше само една загубена топка. Педантните статистичари посочија дека Дончиќ е првиот во ...