
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Саудиска Арабија продолжува да вложува огромни суми пари во тенисот. Во октомври локалните власти организираат егзибиција на која ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне. Како што пренесува британски „Телеграф“, популарните играчи ќе добијат по милион и пол долари, само за учество, а победникот ќе добие дури шест милиони долари. Ова е двојно повеќе од сумата што Синер ја доби за ...
Свлечиште предизвикано од обилни врнежи на Филипините затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија официјални лица. Свлечиштето било предизвикано вчера вечерта пред рудникот за злато во градот Мако, во јужната провинција Давао де Оро, каде автобуси ги превезувале вработените во рударската компанија „Апекс мининг“, се наведува во соопштението. Официјалните лица веднаш немаа информации за бројот на патници во ...
Израел истрела проектили врз градот Хомс во Сирија, објавија сириските државни медиуми. Воен извор за агенцијата САНА изјавил дека нешто по полноќ, Израел извршил воздушен напад од правец северно од Триполи (Либан), чија цел била голем број точки во градот Хомс и неговата околина. Сириската воздушна одбрана собори неколку проектили, изјави овој извор за агенцијата. САНА наведува дека во овој ракетен напад има повеќе цивилни жртви. Израел со ...
Вчера во 05.00 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција. При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не ...
Државна лотарија водена од Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби, набавила апарати за коцкање во висина од 12 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Перпарим, поранешниот шеф на кабинет на Груби, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 2 милиони и 100 илјади евра, на 18 јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18 јануари. Додека народот ...
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа. „Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, ...
Од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија велат дека имаат повторно недостиг на инсулин. „Поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – еднокринолози/дијабетолози ...
На вчерашната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, ја донесе Програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година. Со измените, преку внатрешна прераспределба на буџетски средства наменети за образованието, зголемени се средствата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година: од 145.000.000,00 на 226.500.000,00 денари и од 250.000.000,00 на ...
Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои и Информацијата од Министерството за култура, за изработката на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и го усвои Извештајот, заедно со ревидиран Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион ...
Во делот за кадровки прашања, Владата на вчерашната седница одлучи да го разреши Бојан Лазаревски од должноста в.д. директор на Агенцијата за филм и за директор на Агенцијата за филм да го именува, Владимир Ангелов. Исто така, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот ...
Легендарниот Сер Алекс Фергусон (82) купи тркачки коњ за 740 илјади евра. Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед го купи коњот Колдвел Потер и постави рекорд. Имено, претходниот рекорд за продаден коњ на аукција во „Интерконектед“ го држеше Дарен Јејтс во Донкастер пред пет години за 620 илјади евра. Фергусон бил вклучен во купување коњи со партнерите Гед Мејсон, Џон Хејлс и Питер Доне. Фергусон е познат како љубител на трките со коњи, а ...
Саудиска Арабија ги информираше САД дека нема да има дипломатски односи меѓу Ријад и Тел Авив без признавање на независна палестинска држава според границите од 1967 година, кои го вклучуваат и источен Ерусалим, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Министерството додаде дека уште еден услов за воспоставување на израелско-саудиските односи е прекинот на израелската агресија врз Појасот Газа. Во вторникот, портпаролот на Белата ...
„Граѓаните, вработените и Европската Унија бараат од нас да имаме брзи, ефикасни и наврмени услуги. Владеење на право низ цела Македонија, подеднакво за секого да важат законите, мерит систем при вработување и унапредување, како и фер систем на плати. За жал никој од овие закони не го решаваат ниту едно од овие прашања. Доколку овие закони стапат на сила ние и понатаму ќе имаме ситуација каде што треба да се трча од шалтер на шалтер за да се ...
Наутро со услови за појава на мaгла по одделни котлини. Во текот на денот сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена ...
Од СДСМ велат дека се на страната на работниците и на Синдикатот. “Владата го разгледа барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓанија (УПОЗ) и донесена е нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година“, додаваат од СДСМ и посочуваат: „Ова значи обезбедување на висината на платите на вработените ...
ЈП Водовод и Канализација извести дека прекин на водоснабдувањето ќе има во делови од општините Сарај и Гази Баба. Поради отпочнување со реконструкција на ПС Сарај (прва фаза), ќе имаат прекин на водоснабдувањето во населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија во општина Сарај, во периодот од 9:30 до 18:00 часот. Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните ...
Златан Ибрахимовиќ и „Сан Ремо“ станаа совршена комбинација, а Швеѓанецот и годинава направи шоу. По песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќ, која стана голем хит во Италија, овој пат на сцената настапи со хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“. Потоа добро се забавуваше со водителот на програмата. „Што правам овде? Се прашувам што правиш ти? Кога заедно ја водевме емисијата, фестивалот помина многу добро, и покрај вашиот неред. Сега ќе седнам. Ако ...
По Селтик, Бојан Миовски ја погоди и мреата на Глазгов Ренџерс, но за разлика од натпреварот со Келтите, изминатиот викенд, вечерва Абердин не успеа да го избегне поразот. Абердин гостуваше на „Ајброкс“ кај Ренџерс, а Миовски во 45 минута го изедначи резултатот на 1:1. За македонскиот репрезентативец ова беше 13. гол во Премиер лигата на Шкотска. 🏴 Goal: Bojan Miovski | Rangers 1-1 Aberdeenpic.twitter.com/7jjCFfGz3n — FootColic ⚽️ ...
Скот Барнс и Тре Јанг добија повик од комесарот на НБА лигата, Дејвид Силвер да настапат на Ол стар натпреварот. Барнс и Јанг ќе настапата на местата на повредените Џоел Ембид и Џулиус Рендл. Ова ќе биде трет пат за Јанг да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, додека кошаркарот на Торонто, Скот Барнс, првпат ќе настапи на овој натпревар. Сезонава на Тре Јанг од Атланта во просек бележи 27,3 поени и 10,9 асистенции. Скот Барнс од Торонтоима ...
Русија го повика на разговор вршителот на должноста на амбасадите на трите балтички земји, за кои тврди дека ги „саботираат“ претстојните руски претседателски избори во март. Русија ги обвинува Естонија, Литванија и Латвија, три поранешни советски републики, дека ги „саботираат“ тие избори и одбиваат да ги обезбедат избирачките места во руските амбасади на нивна територија. Трите земји имаат значителни руски малцинства, но односите со Москва ...
Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера загина денеска во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот медиум Ла Терцера. Три извори потврдија за Ројтерс дека Пинера загинал во несреќата. Чилеанскиот милијардер беше претседател на земјата во два мандати, од 2010 до 2014 година и од 2018 до 2022 година. Владини извори, цитирани од Ла Терцера, изјавија дека четири лица патувале во хеликоптерот кога се урнал и дека ...
Почина младиот фудбалски судија и пливач, 20-годишниот Иван Бусато, објавија хрватските медиуми. Тој минатата година го освои првото место на хрватскиот шампионат за сениори во дисциплината 1.500 метри слободно. Бил член и на пливачкиот клуб „Јадран“. „Вчера, ненадејно, на 20-годишна возраст почина Иван Бусато, фудбалски судија на НСЖСД. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството“, пишува во соопштението на фудбалскиот сојуз на ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД го разгледуваат одговорот на Хамас на пробниот договор за ослободување на заложниците како дел од продолжената пауза во борбите во Газа. Блинкен на прес-конференција во Катар рече дека ќе разговара за одговорот на Хамас со израелските власти кога ќе ја посети земјата утре. Тој одби да открие детали за одговорот на Хамас. Државниот секретар нагласи дека Вашингтон ќе ги ...
Бројот на жртвите од шумскиот пожар во централниот дел на Чиле се зголеми на 131, соопштија денеска чилеанските власти. Државниот истражител на платформата „Икс“ соопшти дека се идентификувани само 35 тела. Малку порано АП објави дека повеќе од 300 луѓе и денеска се водат како исчезнати, по шумските пожари во кои животот го загубија најмалку 123 лица. Властите ја проценуваат штетата по пожарот во Валпараисо, за кој велат дека е најсмртоносната ...
Американскиот претседател Џо Бајден одговори на поканата на поранешниот претседател Доналд Трамп за дебата. Трамп го упати повикот за дебата за време на понеделничкото гостување на радио со конзервативниот коментатор Ден Бонгино, велејќи дека дебатата би била „добра“ за земјата. „Би сакал да расправаме сега затоа што треба да дебатираме. Треба да дебатираме за доброто на земјата“, рече Трамп. Бајден подоцна истиот ден беше прашан за ...
Поротата прогласи мајка од Мичиген за виновна за ненамерно убиство бидејќи не го спречила својот син да изврши смртоносно пукање во училиште. Џенифер Крамбли (45) е првиот родител во САД кој е осуден за убиство од небрежност за масовно пукање кое го извршило нејзиното дете. Обвинителите ја обвинија дека небрежно му дозволила на нејзиниот син да го има пиштолот и дека ги игнорирала знаците за предупредување. Нејзиниот сопруг Џејмс се соочува ...
Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата доминација, без разлика дали се работи за нивното присуство, лидерска способност или едноставно волја. Додека доминацијата може да биде моќна алатка во многу аспекти од животот, клучот е рамнотежата. Учењето кога да ја преземете контролата и кога да дозволите работите да тргнат по својот тек може да им помогне на овие знаци да ги максимизираат своите силни страни ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
Продуцентите на серијата „Белиот лотос“, во чија трета сезона требаше да игра Милош Биковиќ, ќе треба да му платат на српскиот актер дел од хонорарот. Биковиќ добива дел од хонорарот од неколку милиони динари, односно меѓу 30.000 и 50.000 евра. „Случајот на Биковиќ може да се спореди со ситуацијата кога Џони Деп ја загуби улогата во „Пиратите од Карибите“ бидејќи имаше негативен публицитет. Тој секако има право и може да бара отштета затоа што ...
Италијански сенатори ќе разговараат за предлогот на десничарската влада за декриминализирање на злоупотребата на власта. Најавата на потегот создаде тензии со ЕУ и предизвика стравувања дека мафијата ќе се инфилтрира во јавниот сектор, пишува Гардијан. Јавните функционери можат да бидат осудени за злоупотреба на службената должност, што вклучува градоначалници и локални администратори кои ја искористиле својата позиција за некој да има корист. ...