
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје, 32-годишниот Н.Н. од Скопје пријавил дека на 03.02.2024 околу 03.20 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, извести МВР. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со ...
Скопје 06.02.2024 Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека НЕ Е ИЗВРШЕНА УПЛАТА во износ од 12 МИЛИОНИ ЕВРА за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски. Државна Лотарија има РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ОВА НАМЕНА, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот. ...
На 8 февруари на програмата е НБА натпревар во кој Лос Анџелес Лејкерс го пречекуваат актуелниот шампион Денвер Нагетс. Тоа ќе биде можност за златно-виолетовите да му оддадат почит на починатиот Коби Брајант, една од најголемите легенди во богатата историја на франшизата. По тој повод Лејкерси ќе носат специјално дизајнирани дресови „Black Mamba“ во чие создавање учествувал и самиот Коби. Дресовите ќе бидат црни и ќе имитираат змиска кожа, за ...
Се пробудија од зимски некои после 7 години со промена на име, јазик, идентитет, историја, корупција, уништување на слободата на говор, економијата, здравството, тотален крах. Со благи критики, као не чини стварно, коментари на општествени феномени и друге почкематерине шо можат само тие да ги измислат ем да е некоја критика ем да звучи ко да им се извинуваат дека ги критикуваат. Молкот беше и уште е соучество на сите несреќи што се случија овие ...
Мораме во следната Влада да донесеме Закон за отповикливост на функционерите. Редовна евалуација на работата и ако не исполнува општи и посебни услови (за позицијата) да му се врачи оставка. До кога ќе чекаме дали некој од “морални” причини самиот ќе поднесе оставка?! Неморален човек не дава оставка од морални причини. Ваквиот закон ( кој патем постои и во Британија), многу ќе ги промени работите. Импичмент гледаме дека не работи. Само закон!!! ...
Соседите околу нас се потепаа да ги сочуваат нивните, а башка да ги земат и нашите народни херои. Се прашувате зошто? Оти преку приказните за нивното херојство, нивната жртва, нивниот непокор, ги учат своите деца од најмали нозе дека се храбар, херојски народ… дека не се од мо*ка правени! За кога ќе дојде некој колонизатор, да умеат да кажат НЕ! За да опстанат ко народ! Гоце е наш, македонски! Учител, кој во тоа време го согледал она што ...
Да беше жив Делчев ќе го убиеја во име на евроатланските интеграции и прогресот. Политичките елити, клерици на еврофундаментализмот, со тајни списоци и протоколи далеку од народот го одбележааа роденденот на Делчев. За народот кој чека на ред има куп полиција, полициски кордони, полициски обрач и детектори за метал. Небаре одиме во казино, не на поклонение кај Учителот. Еве до кај не доведоа политичките елити кои “Слобада или смрт” го заменија ...
Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000€ за реконструкција на 2 објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти. За да се означи почетокот на проектот денес во просторииите на Хабитат Македонија е потпишан и меморандум за ...
Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити на прес-конференција пред Владата кажаа дека ниту ќе поднесат оставка, ниту мислат дека партијата ќе бара нивно разрешување. Според министрите, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател, Арбен Таравари. „Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, не кажа дали е пристигнато барање за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација. „Владата не именува и разрешува, туку Собранието. Доколку има барање на кој било од коалициските партнери, тоа се адресира до премиерот и потоа премиерот носи одлука дали тоа ќе го пренесе до Собранието и ...
Под слоганот “Стартапи градат стартапи”, Стартап Клуб Скопје го лансираше првиот повик за Инкубаторската програма #ИмамИдеја. Од самото отварање на повикот 6 ноември до 15 јануари, пристинаа над 150 бизнис идеи од областа на образование, медицина, технологија, архитектура, e – commerce, угостителство итн. Интересот за овој повик на кој имаа можност да аплицираат поединци и тимови зборува за потенцијалот на претприемничка заедница и поттребата од ...
Лекувањето на Леонид Индов по Клиника Жан Митрев, продолжува во Австрија. Тој денеска со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат. Осумнаесет годишниот Леонид Индов летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4 месечниот третман има подобрување на дел од ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.Н.(48) од Прилеп, Б.Л.(37) од Скопје, А.А.(51) од Скопје, А.К.(59) од Скопје, М.И.С.(38) од Скопје, В.Е.(34) од Гостивар, А.Е.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“, „давање поткуп“ и „давање награда за ...
Собранието денеска го усвои Законот за Националната развојна стратегија со поддршка на пратениците од власта и опозицијата од речиси сите политички партии кои се застапени во законодавниот дом. Како што соопштуваат од прес-службата на Владата, ова го отвора патот за усвојување и на текстот на најсеопфатниот стратешки документ од осамостојувањето на државата, во кој се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија ...
Кралот Чарлс Трети е фотографиран за прв пат откако беше објавено дека боледува од рак. На фотографијата се гледаат кралот и неговата сопруга Камила во автомобил додека се возат кон Бакингемската палата. King Charles spotted for the first time since his cancer diagnosis and he has that cheeky smile on his face we love you KCIII get well soon God Save The King ❤️❤️❤️❤️ #KingCharles #KingCharlesIII pic.twitter.com/iaNddIrZfJ — Lee Hood ...
Премиерот на Грузија денеска ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната во неговата земја, откако властите запленија камион полн со експлозиви на пат кон Русија. Грузиската служба за безбедност вчера запленила илегална пратка со експлозив што требало да оди во рускиот град Воронеж, скриена во акумулатори на автомобили. Товарот пристигнал по копнен пат од Украина преку Романија, Бугарија и Турција. Инцидентот потсетува на ...
Украинскиот парламент денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба и мобилизацијата, кои беа воведени по руската инвазија, за дополнителни 90 дена или до средината на мај. Според неколку членови на парламентот, двотретинско мнозинство гласало за двата нацрт-закони претставени од претседателот Володимир Зеленски. Суспендирано е и одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори. Украина речиси две години се брани ...
Доналд Трамп нема претседателски имунитет и може да биде кривично гонет под обвинение за заговор за поништување на изборите во 2020 година, одлучи судот во Вашингтон. Трамп во историскиот правен случај тврдеше дека е имун од кривични пријави. Меѓутоа, пресудата го отфрли наведеното барање. Тоа е неуспех за Трамп, кој со години се повикува на претседателскиот имунитет додека се соочува со обвиненија во повеќе случаи. Се очекува поранешниот ...
Јирген Клоп, минатта недела објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Навивачите на „црвените“ се уште се во шок од објавата на менаџерот, а во вторникот ги дочека уште едем. Најдобриот играч и стрелец Мо Салах, веројатно ќе тргне по стапките на Клоп. Клубот од „Енфилд“ според информациите на „Атлетик“ добил уште една „непристојна“ понуда од Саудиска Арабија. Ал Итихад испратил понуда за египетскиот напаѓач од неверојатни ...
Англискиот великан Ливерпул, в сабота ќе постави клупски рекорд по број на гледачи на „Енфилд“ на првенствен натпревар. „Црвените“ во 24.коло ќе го пречекаат еден од најлошите тимови во лигата, Барнли. . Натпреварот ќе го следат 60.000 гледачи на реновираниот стадион. Актуелниот рекорд датира од далечната 1949 година. Во декември таа година дуелот Ливерпул-Челси (2:2), го следеле 58.757 гледачи. Работите на трибината на „Енфилд“ не се целосно ...
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска заедно со главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Маја Стевкова Штериева и директорот на Кластер Западен Балкан, Фармација при „Алкалоид“ АД Скопје Владимир Индов, потпишаа договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија. „Исполнуваме уште едно ветување! Денеска, со поддршка од општественo ...
Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составен од седум члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа, извести дека одлучиле да му предложат на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство. „Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во ...
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Димитар Кавраков и претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници. Како што известуваат од МВР, на средбата претставниците на асоцијацијата ги претставиле проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење. Туристичките водичи и ...
Товарен брод во Црвеното Море претрпел помала штета откако бил погоден од проектил додека пловел во близина на брегот на Јемен, соопштија денеска британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската поморска безбедносна компанија Амбри, а пренесе Ројтерс. Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добиле нешто по полноќ. Компанијата ...
Неизвесен е настапот на нигерискиот фудбалер Виктор Осимен во полуфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации (КАН), против Јужна Африка поради здравствени проблеми. Фудбалерот на Наполи почувствувал болки во стомакот, па бил задржан на лекарски прегледи и постои можност да го пропушти полуфиналниот натпревар против Јужна Африка, објави денеска „Атлетик“. Осимен во досегашниот тек на КАН постигна еден гол и забележа една асистенција на ...
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килијан Вал, на која се разговараше за досегашната соработка и за обврските на законодавната власт во периодот до одржување на годинешните избори. Митрески изрази задоволство поради долгорочната и продуктивна соработка на земјава со ОБСЕ во изминатите 32 години, која, како што рече, резултираше со одржување на Самитот на ...
Тото Волф, шефот на тимот на Мерцедес, изјави дека не се точни шпекулациите околу причините за заминувањето на Луис Хамилтон. Британскиот возач пред пет дена потпиша договор со Ферери, за италијанскиот тим ќе вози од 2025 година. Некои медиуми објавија дека решил да го напушти Мерцедес затоа што не му се допаѓал моделот на автомобилот за 2024 година. Волф, кој е свесен за важноста на промената, изјави дека Хамилтон одлучил да си замине уште ...
Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помладиот син на кралот Чарлс III, итно отпатувале од Америка во Велика Британија за да бидат со својот татко, кому му бил дијагностициран рак. Бакингемската палата вчера објави соопштение во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој рак боледува кралот. Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е ...
Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, би можел да остане без работа откако тимот покрена истрага, поради наводите дека се однесувал недолично кон колешка. Портпаролот на Формула 1 го потврди овој развој на настаните и го опиша проблематичното однесување како „несоодветно и контролирачко“. Според првите информации, Хорнер ги негира овие наводи. Хорнер е во брак со пејачката Гери Халивел, поранешена членка на поп групата „Spice Girls“. Во ...
Пред една година светот го запозна лицето на Месут Ханчер, татко од Турција. Тој ја држеше за рака својата мртва ќерка Ирмак, која беше затрупана во урнатините по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во 4:17 часот на 6 февруари. Тоа беше единственото нешто што можеше да го направи за неа, да ја држи за рака до самиот крај, па и понатаму. Тој не можеше да и го спаси животот. Една година подоцна, Месут со солзи во очите вели – ...