
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Со над 80 членови на ЦК и нивните заменици, беше одржана XXIV-та редовна сесија на Централниот комитет на Левица, информираат од оваа партија. „Низ опсежна дискусија за конечните стратегии за следниот период, со висок степен на мотивација и спремност на структурата и политичката платформа, се завршија и подготовките за претседателските и парламентарни избори, во кои ќе продолжи тенденцијата на најбрз раст на Левица на македонската политичка ...
Властите во Шкотска ќе ја зголемат минималната цена на алкохолните пијалоци како дел од мерките кои треба да го намалат бројот на хоспитализации и смртни случаи поврзани со консумирање алкохол, пишува „The Guardian“. Владата во Единбург наскоро треба да даде зелено светло за зголемување на цената од 50 на 65 пени по единица, што треба да стапи на сила на почетокот на мај оваа година. Јавното здравство Шкотска минатата година соопшти дека ...
Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од oпштина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити. Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на ...
Рускиот претседателски кандидат Борис Надеждин денеска изјави дека работната група на руската Централна изборна комисија утврдила дека 15 отсто од потписите што ги поднел се неважечки. Оваа бројка, доколку се потврди, е три пати поголема од дозволената грешка и би и дала дозвола на комисијата да ја дисквалификува кандидатурата. Комисијата ќе донесе конечна одлука за ова прашање в среда, изјави портпаролот на Надеждин. Надеждин на Телеграм рече ...
Полицијата открила зарѓан дел од американска нуклеарна ракета од времето на Студената војна во гаража во Вашингтон. Имено, неименуван човек претходно се јавил во Музејот на воздухопловните сили за да донира воена ракета што му припаѓала на неговиот покоен сосед. Тој рекол дека неговиот сосед го купил необичниот предмет на продажба во двор. Техничарите на одредот за бомби рекоа дека станува збор за „Douglas AIR-2 Jini“, или ненаведувана ракета ...
Двајца француски хуманитарни доброволци беа убиени, а уште тројца ранети во регионот Херсон во Украина на 1 февруари. Ова пред три дена го потврди францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн. „Руски варвари напаѓаат цивили во Украина. Двајца француски хуманитарци платија со живот за помошта на Украина, а уште тројца се повредени“, напиша Сежурн на социјалните мрежи. Поради смртта на своите граѓани, Франција ќе го покани рускиот ...
Ако се прашувате зошто нема многу докази дека украинските тенкови „Челинџер 2“, од британско производство учествуваат во големи борби, неодамнешното интервју со еден екипаж на тенк може да даде одредени одговори. Тие велат дека од нивните тенкови, скриени под покривката на дрвјата на територијата под украинска контрола, отвораат оган на руска територија на оддалеченост од три километри, додека беспилотните летала ги насочуваат нападите. ...
Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), пијанистката Марија Вршкова (Македонија) и ...
Вчера вечер околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 39-годишнниот Д.А. од Скопје, извести МВР. „При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за ...
Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната ...
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава. Истражувањето покажа дека највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. „Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите ...
Ако се прашувате како да изгубите тежина најбрзо, отворете ја вашата натална карта и видете во кој знак е вашата Месечина. Тука е клучот… Нашиот хороскопски знак го одредува главната ѕвезда – Сонцето. Но, Месечината е одговорна за нашите навики во исхраната. Таа е онаа што нè тера да го празниме фрижидерот навечер. Положбата на Месечината во картата на раѓање му овозможува на професионалниот астролог да одреди и препорача оптимална исхрана. ...
„СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари“, соопшти СДСМ. „Од вкупната субвенција, ...
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 250 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „Во периодот од 29.01. до 04.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои ...
Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид оваа недела ќе го оперира коленото, соопштија од НБА клубот. Ембид го повреди менискусот на левото колено во вторникот при поразот на неговиот тим од Голден Стејт. Филаделфија не прецизираше колку време ќе отсуствува Ембиид, но новинарот Адријан Војнаровски истакна дека тоа ќе биде долг период. Не е исклучено и да ја заврши сезоната. . Актуелниот МВП, сезонава пропушти 13 натпревари, а по оваа повреда е ...
Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави нема да преживеат доколку Џозеф Бајден повторно стане претседател на таа земја, додавајќи дека до ноември Бајден „би можел да ја одведе земјата во трета светска војна“. „Нашата земја е во хаос. Нашите граници се отворени и несигурни. Девет месеци се долг период. Има големи шанси во тој период да се случи третата светска ...
Вработените во германскиот национален авиопревозник Луфтханза ќе штрајкуваат оваа среда, соопшти синдикатот Верди, во последниот од серијата штрајкови во германскиот транспортен сектор бидејќи работниците бараат повисоки плати. Штрајкот треба да започне во 4 часот наутро во среда и да трае до 7:10 часот во четврток, се вели во соопштението на синдикатот. Аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф ќе бидат погодени. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.780 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,30%, а 52,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,53%, кон Итната медицинска помош 38,52%, кон пожарникарите 4,95%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од ...
Аналитичарот за надворешна политика и поранешен хрватски амбасадор во Москва, Божо Ковачевиќ, за ХРТ ја коментира ситуацијата на Блискиот Исток, велејќи дека главниот проблем е војната во Газа. Проиранските групи кои дејствуваат на територијата на Ирак најавија дека ќе ги одложат своите акции против американски цели, но Хутите не беа погодени од американските напади врз Јемен. „Клучниот проблем е војната во Газа и додека не се прекинат воените ...
Одделот на шерифот на округот Марион во Флорида објави видео од Кендра Бун (33) како краде полициски автомобил. Подоцна, за време на потерата, Бун удрила во пикап, при што, покрај неа, загинале и двајца патници, а уште едно лице е тешко повредено, јавува Си-Ен-Ен. Според полицијата, полицаецот ја запрел Бун во четвртокот и ја замолил да дојде до задниот дел од полициското возило. Но, кога излегол и тргнал кон неа, таа преку прозорецот влегла ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан“, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за ...
Лионел Меси беше пречекан како божество во Хонг Конг, но неговото отсуство од пријателскиот натпревар против ол-стар тимот на градот предизвика големо незадоволство кај навивачите. Еден од најдобрите фудбалери во историјата не одигра ниту една минута на егзибицискиот натпревар кој Интер Мајами го одигра во Хонг Конг. Аргентинецот доби забрана од медицинскиот персонал поради повредата на тетивата. Покрај Меси, целиот натпревар од клупата го ...
На 66-тото доделување на Греми наградите, пејачката Тејлор Свифт влезе во историјата бидејќи стана првата изведувачка која четири пати ја освоила наградата Греми за албум на годината со „Midnights“. Мајли Сајрус ја освои наградата за плоча на годината за „Flowers“, Били Ајлиш ја освои наградата – песна на годината за „What Was I Made For?“, а R&B пејачката и текстописец Викторија Мона ја освои наградата за најдобар нов изведувач. SZA ...
„Народот вели немаме држава, Талат премиер заслуга на СДС. ДУИ со 15 пратеника не може да избере премиер. СДС се тие без чии гласови Талат Џафери не можеше да стане премиер. СДС за ден повеќе власт го ставија Талат на чело на владата. СДС се партијата без која криминалот на ДУИ немаше да биде можен“, вели ВМРО-ДПМНЕ. „За да останат ден повеќе на власт, СДС дозволија во изминатава година главниот донатор на ДУИ, Еуровиа, да добие тендери од ...
„Како ДПМНЕ влезе во Владата, така на видели излегоа сите нивни лаги. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во Влада, но без ДУИ. ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ – Мицкоски ги излажа граѓаните“, велат од СДСМ. „Пред да влезе во Влада, ДПМНЕ најавуваше дека со закон ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите. Ништо од закон, ништо од решение, ДПМНЕ наишло на ѕид од грчката амбасадорка. ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ...
Стадионот „Метлајф“, кој се наоѓа во Њу Џерси, ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Првиот натпревар на Мундијалот во 2026 година ќе се одигра на 11 јуни на стадионот на „Ацтека“ во Мексико Сити. Покрај домот на двата тима на Њу Јорк од НФЛ (Џајантс и Џетс) во конкуренција за домаќин на финалето беа уште два стадиони во САД. Стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес и стадионот „AT&T“ во Далас. Веднаш по ...
Хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации се урна во езеро во северна Карелија со тројца членови на екипажот, соопшти денеска Министерството, додавајќи дека во тек е подводна потрага. „Хеликоптерот беше на тренинг лет“, соопшти Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. „Хеликоптерот беше управуван од искусен екипаж со илјадници часови лет“, се додава. Во потрага се вклучени и нуркачи Министерството соопшти дека во ...
Познатиот рапер Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше одведен со лисици од арената Крипто.ком за време на доделувањето на Греми наградите. Ова се случи откако на синоќешната церемонија доби три награди. Како што пишува Њујорк Пост, Мајк бил уапсен поради наводна физичка пресметка со обезбедувањето на настанот. Breaking: Rapper Killer Mike has been taken away in handcuffs in https://t.co/aF2yiyTHol arena after winning 3 #Grammys ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. „Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои 58 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за управување под дејство на алкохол…“, велат од МВР. Од таму додаваат дека ...
Американската армија синоќа изврши нов напад врз Хутите во Јемен, ова го потврди Централната команда на Соединетите Американски Држави (Центком), пренесува Би-би-си. Центком објави дека американските сили целеле и погодиле противбродски балистички ракети, вклучително и четири противбродски ракети кои „биле спремни да гаѓаат бродови во Црвеното Море“. Последната акција доаѓа еден ден по заедничките американско-британски напади врз цели на ...