Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски од денес во редовна обиколка на центрите за социјална работа ширум државата. Тој ќе разговара со стручните работници во овие институции за да ги слушне проблемите со кои се соочуваат. ,,Сметам дека инвестирањето во овие хумани професии е клучот за да имате задоволни корисници во системот на социјална заштита. Луѓето биле заборавени со години, немало систем на вреднување на нивниот труд. ...

Полициски службеници упаднале во станот на Ава Приор, чие хоби е изработка на ултра реалистични кукли, во Малверн, Ворчестершир, пренесува Sky News. Ава, која што е мајка на три деца, рече: „Не беше смешно кога слушнав што се случило. Морав да ја закрпам задната врата, да го заменам стаклото и да ја поправам влезната врата“. Ава облече една од куклите во скафандер, ја стави во носач и се фотографираше за да ги објави фотографиите на интернет. ...

Лука Јовиќ со своите голови на неколку натпревари му донесе важни победи на Милан, со кои клубот остана во трката за шампионската титула во Серија А. Јовиќ постигна седум гола на 19 натпревари за Милан, што е негов најдобар учинок во изминатите четири години што ги мина во Реал и Фиорентина. Тој навести враќање во формата во која играше во Ајнтрахт, што го забележа и Милан и најави дека ја разгледува можноста да го задржи напаѓачот подолго од ...

Поранешниот ирски премиер Џон Брутон, кој помогна во поставувањето на темелите за мировниот договор со Северна Ирска од 1998 година, а подоцна беше амбасадор на Европа во Вашингтон, почина денеска по долго боледување, соопшти неговото семејство. 76-годишниот Брутон беше премиер од 1994 до 1997 година кога беше претседател на централно-десничарската партија Фајн Гаел и имаше важна улога во преговорите со Велика Британија и политичките групи во ...

Во предлог-резолуцијата на Европскиот парламент, која ексклузивно ја објави Нова.рс, експлицитно се бара да се покрене независна меѓународна истрага за изборите во Србија. Дополнително, се наведува дека е неопходно да се испрати независна експертска мисија. Членовите на Европскиот парламент ја подготвија Резолуцијата за Србија, која следеше по изборите за кои многу меѓународни набљудувачи оценија дека се нерегуларни. Во текстот на документот, ...

Британскиот принц Вилијам би можел да преземе одредени јавни должности на кралот Чарлс Трети, кому му е дијагностициран рак, објавија британските медиуми. Извештаите велат дека, сепак, се очекува кралот Чарлс да продолжи да се занимава со формални уставни прашања. Агенцијата „Скај њуз“ посочува дека кралот ќе продолжи да се среќава со премиерот на Велика Британија Риши Сунак, а неделните средби ќе се одржуваат од далечина. Не е познат датумот ...

Владата е свесна дека борбата со криминалот и корупцијата е веќе солидно уредена во домашното и меѓународното право, но наводно верува дека со законските измени ќе придонесе за поголема ефикасност во борбата со овие појави, а особено да се поттикне јавното обвинителство ревносно да постапува по сомневањата за висока корупција. Поконкретно, битна цел на Владата наводно е да се обиде да се провоцира брза и енергична реакција на јавното ...

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година. Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за ...

Во јуни оваа година, во Англија ќе се одржи првото Светско првенство за играчи постари од 35 години. На турнирот треба да настапат осум поранешни светски шампиони: Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија, Уругвај, Англија и Шпанија. Натпреварот е организиран од „Elite Players Group (EPG)“, група на врвни поранешни фудбалери и спортски бизнисмени кои ги здружија силите минатата година. Натпреварувањето ќе се игра под името „EPG Cup“. ...

Водачот на кенискиот култ Пол Мекензи и неговите 29 соработници се обвинети за убиства на 191 дете чии тела беа пронајдени меѓу повеќе од 400 тела закопани во шумата. Сите обвинети ги негираа обвиненијата изведени пред судот во крајбрежниот град Малинди. Утврдено е дека еден осомничен е ментално неспособен да му се суди. Обвинителите велат дека Мекензи им наредил на своите следбеници да се изгладнуваат себеси и нивните деца до смрт за да можат ...

Бизарен инцидент снимен во системот на јавен превоз во Богота, во близина на авенијата Каракас, на 1 февруари, вклучува очајни обиди на луѓето да спасат човек чија глава била заглавена меѓу воз и пристапна рампа. Според објавените видеа, жртвата е уличен продавач кој ја испуштил својата торба додека се качувал во возот, а потоа се обидел да ја извади, при што главата му се заглавила на незгодно место, пренесува „Телеграф“. Sieh dir diesen ...

„Тенкот е до мене… доаѓа кон мене… многу е блиску. Дојдете… те молам спаси ме! Сите се мртви“. Овие потресни зборови ги кажува шестгодишното девојче Хинд Раџаб, кое исчезна во Газа на 29 јануари по нападот на нејзиниот семеен автомобил во кој беа убиени нејзините роднини. Во застрашувачка аудио снимка, девојчето очајно повикува на помош откако останало заробено во автомобил со безживотните тела на шест членови на нејзиното семејство. Мајката ...

Поранешниот напаѓач на Барселона и бразилската репрезентација Ромарио во кратко интервју оцени дека само двајца фудбалери во историјата биле подобри од него. Ромарио, смета дека дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се на исто рамниште со него, а дека подобри од него се само Пеле и Диего Марадона. Ромарио го освои Светското првенство со Бразил во 1994 година. Едно време беше најдобар играч на светот, две сезони помина во Барселона, а играше и ...

Студентите се најпрогресивната сила како во секоја држава така и во нашата и токму оваа Влада предводена од СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително ги унапредивме правата на студентите а воведовме и некои нови, кажа пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ. Во изминативе години, според неа, за скоро дупло бил зголемен износот на стипендиите, биле ...

Мадрилењо дербито, во неделата, го одиграа Реал и Атлетико. Натпреварот заврши без победник 1:1. Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ играше за Реал од 76. минута, а камерите уловија интересен момент кога тој се подготвуваше да влезе на теренот. Познато е дека Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и дека нема да го продолжи. Прашање е дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замине во пензија. На 38-годишна возраст, Модриќ сè уште ја ...

Децата, тинејџерите и младите се’ почесто имаат проблеми со менталното здравје, според новата анализа објавена од Американското медицинско здружение (AMA). Цитирајќи податоци од студијата за глобално оптоварување на болеста од 2019 година, тим од бразилски и канадски универзитетски научници предупредија на период од детството до раната зрелост во кој има „зголемена подложност на појава на ментални нарушувања“. „Постои висока преваленца на ...

Во Турција денеска ќе се одржат комеморативни собири по повод одбележувањето на една година од разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 53.000 луѓе. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе престојува во Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот, за да изврши увид во работата за обнова на градот и изградба на станови за илјадниците луѓе кои живеат во шатори и монтажни контејнери откако ги загубија своите домови. Ердоган ќе им ги предаде ...

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим. Тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите, информира Марија ...

Државната комисија во управна постапка, во чија надлежност е решавање на жалби на граѓаните, е целосно узурпирана и девалвирана од страна на претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева. Чадиева целосно ја има партизирано оваа институција, па истата не чувствува никаква етичка одговорност што паралелно два мандати ја извршува функцијата Претседател на оваа второстепена Комисија, додека ја држи партиската функција во СДСМ – Велес, велат од ...

Авионот EasyJet при слетувањето се приближил до Женевското Езеро, поради што 157 патници доживеале голем стрес и страв пред леталото да слета во Женева, јавуваат медиумите. Компанијата EasyJet се уште не објавила објаснување за овој инцидент, пренесува Фигаро. Авионот на компанијата Ербас А320 Нео со 157 патници се најде опасно блиску до површината на Женевското Езеро при неговото приближување до аеродромот во Женева на 5 ноември од се уште ...

Објавени се првите фотографии од холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на снимањето на новиот филм на Пол Томас Андерсон, кој засега е познат само како „BC Project“. На фотографиите Лео е облечен како бездомник и е фотографиран како стои покрај телефонска говорница пред локалниот пазар. Папараците го виделе како виси низ пазарот, користи говорница и се однесува многу параноично. На полициските автомобили користени на снимањето пишува Полициска ...

Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Екс-шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 ...

Во изминативе години СДСМ стави силен фокус на подобрување на условите во градинките и изградба на нови, низ целата држава, изјави на прес-конференција, пратеничката Санела Шкријељ. Од 2017 година до денес, вели таа, изградени се или реконструирани вкупно 82 градинки, ширум државата, а опфатот е зголемен на над 8.000 деца. „Изградбата и обновата на градинките носат реални придобивки, вистинска поддршка за семејствата, за родителите и ...

Неверојатен детаљ го одбележа натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Севилја. Севилја победи со 2:1, со головите на Ен-Несир. За тимот од Андалузија ова беше четвртата победа во сезоната со која избега од опасната зона. Меѓутоа ден по натпреварот сите во Шпанија зборуваат за она што се случи во 33. минута (резултатот тогаш беше 1.1), кога Лукас Окампос се подготвуваше да изведе аут. Едно од неколкуте момчиња што седеа во првиот ред, веднаш до ...

Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил кренат на нозе. „Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩“, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“. Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист ...

Од утре, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година. Трансформацијата, како што ведлат од МВР, се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе ...

Терористот Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал-Албани, водачот на албанската терористичка група која се бори против сириската армија, е убиен во северна Сирија. Според сирискиот новинар Мохамед Даба, тој бил убиен од снајпер на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб. „Снајперистот на сириската арапска армија го фати терористот (Абдул Рахман Бела) со прекар Калед Ал-Албани, кој е воен командант во таканаречената терористичка ...

Жозе Мурињо е разочаран од начинот на кој мораше да ја напушти Рома. Клубот од „Олимпико“ го отпушти минатиот месец по серијата лоши резултати во првиот дел од сезоната, поради кои тимот падна на деветтото место во Серија А. Во меѓувреме по неговото заминување забележаа три победи во низа и скокнаа на петтата позиција. Од ден на ден се појавуваат нови детали во приказната за заминувањето на Мурињо, а најновите велат дека тој се чувствува ...

Вчера ширум светот се прошири веста за болеста на кралот Чарлс Трети (75) на кого му беше дијагностициран рак, но се уште не се знае за каков карцином се работи. Минатиот понеделник, кралот беше пуштен од болница по тридневна хоспитализација за време на која имаше рутинска операција за зголемена простата. Неговите предци се обидувале да ги сокријат своите здравствени картони, но на јавноста и е познато од што страдале другите членови на ...

Потпретседателот на италијанската влада побара хемиска кастрација за напаѓачите кои наводно групно силувале тинејџерка во јавниот тоалет на паркот Вила Белини во градот Катанија. Матео Салвини, лидерот на италијанската десница, рече дека 13-годишното девојче било „силувано од група од седум Египќани“ и дека може да има „само еден лек: хемиска кастрација“, што неговата партија наскоро ќе ја предложи. Членот на неговата партија, европратеничката ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.91
83%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
70%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
80%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
76%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52