
Скопје



Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите. Натпреварот е прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди ...
Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961 води со 13-10 на полувреме во големото дерби против Еурофарм Пелистер, кое попладнево беше во прекин половина час поради навивачки инциденти. Дерби натпреварот во „Јане Сандански“ во Скопје беше прекинат во 17-тата минута при резултат 6-6 кога во салата влегоа навивачите на битолскиот прволигаш и со пиротехнички средства почнаа да фрлаат кон домашната публика. Десетина навивачи на Вардар потоа ...
Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ...
Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино. Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. Појасни дека за непречено ...
Еден фудбалски судија во просек трча 10 километри на натпревар. Над дваесет проценти од нив се во високо интензивна зона во која е потешко да се донесе судиска одлука. За тоа каква физичка подготовка е потребна за еден натпревар да се отсуди без тешкотии, разговаравме со националниот фитнес тренер на фудбалски судии на Македонија, Сашо Даневски. Даневски вели дека не е важно дали си маж или жена, сѐ додека ги совладуваш предвидените норми за ...
Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Фарските Острови на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, своите очекувања попладнево на прес – конференција ги изнесоа селекторот Благоја Милевски и играчот од средниот ред Елиф Елмас. „Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од кој било друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за ...
Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1. Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута. Поразот ги продлабочи проблемите во бразилската репрезентација, која по елиминацијата во ...
Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што информираат од МНР, теми на разговор на средбата меѓу министрите Османи и Џачка се очекува да бидат посветеноста на двете земји за одржување на високото ниво на билатералната соработка, пристапниот процес за членство на ...
26 март 2023 Државниот Завод за Ревизија, како единствена стручна институција во Македонија, по извршената ревизија врз финансиските извештаи за локалните избори од 2021 година, не констатира ниту една неправилност во финансирањето на политичката партија Левица. Дополнително, годишната завршна сметка заедно со Извештајот за донации на политичките партии секоја година се поднесува до Државниот завод за ревизија, Централен Регистар и УЈП. Без ...
Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот. Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. -На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ на автобуска ...
Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија. Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во ...
Американскиот институт за проучување на војната ја оквалификува како неважна најавата на Кремљ за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во однос на ризикот од ескалација на конфликтот во нуклеарна војна. „(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, посочува Институтот. Путин претходно најави дека тактичкото ...
Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека има информации дека Иран испратил дополнително количество беспилотни летала во Русија, кои ги користи за напад на Украина. Британското министерство на својот Твитер профил објави наводи дека Иран испратил дронови-камикази Шахид во Москва. Во соопштението на министерството се вели дека од почетокот на овој месец Русија лансирала најмалку 71 ирански беспилотно летало врз цели во Украина. Во ...
Израелските власти денеска објавија дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) помилувале Израелка која првично беше осудена на смрт поради поседување дрога. Фида Кидван беше уапсена на почетокот на 2021 година со половина килограм кокаин, за кој тврдеше дека не и припаѓа, објавија израелските медиуми. ОАЕ, кои имаат строги закони за дрогата, подоцна смртната казна ја променија во доживотен затвор. Портпаролот на израелското Министерство за ...
Од Зимбабве, земја во која многумина мораат да работат ноќе бидејќи тоа е единственото време кога има струја, до Нигерија каде што често се случуваат дефекти на електричните мрежи, сигурното напојување со електрична енергија станува реткост на африканскиот континент. Недостигот на електрична енергија што погодува 54 африкански земји претставува сериозен хендикеп за економскиот раст на континентот, предупредуваат енергетските експерти, ...
Украина бара свикување на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради најавата на Русија дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. „Украина очекува ефективни акции против нуклеарната уцена на Кремљ од Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција… Бараме итно свикување на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за оваа цел“, се наведува во реакцијата на украинското Министерство за надворешни работи. ...
Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска Белата куќа. Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот. Спасувачката операција и потрагата по жртви во државите на американскиот југ продолжи денеска. Во Мисисипи, 25 ...
Украинските бегалци се повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, според истражувањето. Томсон Ројтерс спроведе истражување кое покажа дека украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на кибер-воајери. Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет пребарувачите, открија зголемен интерес за украинската ...
Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го придружува на неговото патување во Кина на почетокот на април. „Ја поканив претседателката Фон дер Лајен да ме придружува дел од патот“ за да претставува „унифицираната (европска) позиција“ кон Пекинг, рече тој на прес-конференција по европскиот самит во Брисел. Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во државна ...
Потпретседателката на САД Камала Харис ќе отпатува во својата прва посета на Африка, а предвидено е да ги посети Гана, Танзанија и Замбија. Потпретседателката Харис ќе се сретне со африкански лидери, деловни луѓе и претставници на граѓанското општество заради продлабочување на дипломатските односи и унапредување на економската соработка. Харис денеска треба да пристигне во Акра, главниот град на Гана, а потоа ќе ги посети Дар ес Салам и Лусака. ...
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова повика на преговори меѓу Русија и Украина откако Кремљ објави план за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија. Ситуацијата станува „се поопасна и пострашна“, рече Јотова и објасни дека поради тоа, заедно со бугарскиот претседател Румен Радев, постојано повикува на преговори. – Ова не се празни зборови, оцени таа. Според неа, Бугарија посакува преговори бидејќи повеќе оружје во сите земји ...
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија ја оставила отворена можноста да се смени одлуката за воведување санкции кон Русија поради нападот на Украина, доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправлива штета, јави дописникот на МИА од Белград. -Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност на Србија) се уште е во сила, тоа значи дека се уште го немаме тој случај, изјави Дачиќ за Курир и додаде дека ...
Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама. -Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и натамошниот напредок во процесот на неговата имплементација, напиша Рама на Фејсбук. На Албин му ги ...
На аеродромите во Хрватска од денеска се укинати граничните контроли за патници на летови во рамки на Шенген зоната. На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници. Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот распоред на летови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска девет меѓународни ...
Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 57,3 проценти од анкетираните кажале дека образованието не е квалитетно наспроти 35,6 отсто кои се убедени дека има квалитет. Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, покажува дека денеска ...
26 март 2023 Денес во Сараево, зелените партии од регионот на Западен Балкан, потпишавме Декларација за заедничка соработка. Оваа иницијатива започна пред една година во рамките на Зелената Балканска Мрежа и е многу автентична, потекнува од нас самите зелени партии од целиот регион и е многу поразлично од она што често го среќаваме во државите на Западен Балкан, а тоа е меѓународните претставници да доаѓаат и да ни укажуваат дека треба заедно да ...
26 март 2023 Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година имаат сработено повеќе од цела влада на СДС и ДУИ во општините со кои раководат. Нови булевари, улици, тротоари, канализациони системи, паркови и спортски терени се секојдневие за општините со кои раководат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Планот за капитални инвестиции продолжува и во 2023 година, со предвидени 70 милиони евра за 748 проекти. Во изминатиов период се отворија нови ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи во утринската програма на ТВ Пинк, зборуваше и за литиумот, при што рече дека се уште тврди дека е направена грешка што се прекинати сите активности со литиумот и за тоа ги обвини странските служби кои нашле луѓе да го запрат напредокот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Мислеа дека сум луд затоа што само јас зборував за литиумот. Сето тоа можевме да го направиме по највисоки ...
Горниот дел од новиот затворен Градски пазар во Велес направен е пред година и пол и во него се сместени околу 200 тезги. Покривната конструкција штити од дожд, снег и сонце, но не и од ветер и студ, посебно во зима. Отворен од сите страни, особено во зима со ниски температури и ветер, им создава проблеми на продавачите. Тие од јавното комунално претпријатие „Дервен“ кое стопанисува со пазарот, како и од Општина Велес, која го изгради Горниот и ...
Четириесет луѓе се приведени од сплитската полиција пред, за време и по саботниот дуел од квалификациите за ЕУРО2024 меѓу фудбалските репрезентации на Хрватска и Велс на стадионот „Пољуд“. Како што соопшти полицијата, лицата се приведени поради нарушување на законите за јавен ред и мир. Полицијата наведе дека не се регистрирани други инциденти. Натпреварот од трибините на стадионот „Пољуд“ во Сплит го следеле 32.000 гледачи, од кои 1.900 ...