Сакаат безусловно и би направиле се за своите сестри. Овие хороскопски знаци се најдобрите браќа на светот! Врската помеѓу браќата и сестрите е посебна и единствена врска изградена на љубов, поддршка и споделени искуства. Некои хороскопски знаци имаат особини кои ги прават исклучителни браќа. Овие хороскопски знаци се секогаш тука за нивните браќа и сестри, во секое време. Затоа астролозите со право велат дека ова се најдобрите браќа на ...

Сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период ...

Турскиот претседател Таип Ердоган ќе разговара за новиот механизам за извоз на украинско жито преку Црното Море со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата претстојна посета на Турција, откри министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Средбата се очекува на 12 февруари, изјави претходно турски претставник. Тоа е прво патување на рускиот лидер во земја членка на НАТО по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. ...

Во шумските пожари во централниот дел на Чиле загинаа најмалку 99 луѓе, а стотици се исчезнати, соопштија властите вчера, додека претседателот Габриел Бориќ предупреди дека земјата се соочува со „трагедија од многу големи размери“. Шумските пожари што избувнаа пред неколку дена ги загрозуваат надворешните рабови на Вина дел Мар и Валпараисо, два крајбрежни туристички града западно од главниот град Сантијаго, дом на повеќе од милион жители. ...

Реал и Атлетико одиграа без победник 1:1 во дербито во 23.коло во Примера. Атлетико го шокираше градскиот ривал со гол во 93.минута. „Мадрилењо“ ги оправда очекувањата, а сигурно е дека ќе има многу рекации од двете страни на судењето. ВАР на Атлетико му поништи гол во 48.минута. Спорна е позицијата на Саул во моментот кога Савиќ го матираше Лунин. Од друга страна Реал бараше најстрога казна во две ситуации. По дуелот на Саул и Лукас Васкез и ...

После првиот шок со најавата за гасна централа на грчката компанија Митилинеос, читајќи го Договорот за стратешки инвестиционен проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“, можеме да ги направиме првичните пресметки за профитот на грчката компанија, односно загубите што Македонија ќе ги претрпи како резултат на штетниот договор што забрзано се форсира. Да ги видиме основните параметри на комбинираната гасна електрана, што ќе работи во ...

Реал Мадрид не планира да го откупи договорот на шпанскиот голман Кепа Аризабалага од Челзи на крајот од сезоната. Аризабалага пристигна во Реал во август 2023 година на позајмица до јуни 2024 година со опција да го откупи договорот на крајот од сезоната. Шпанскиот голман е член на Челзи од 2018 година, а во Реал пристигна како засилување, откако се повреди првиот голман Тибо Куртоа. Кепа на последните неколку натпревари е резерва кај Карло ...

Лајпциг го победи Унион Берлин со 2:0, во последниот натпревар од 20.коло во Бундес лигата. Ова беше рутински триумф за Лајпциг, против најголемото изненадување на минатогодишното првенство. Домашните поведоа во 11. минута кога Опенда одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите од Берлин. До крајот на полувремето Шволов ја имаше најдобрата шанса да го удвои водството. Се беше решено во 52. минута, кога по центаршутот на Раум, прецизен беше ...

Фармацевтската компанија Moдерна создаде експериментална вакцина која би можела да помогне во борбата против ракот, пишува The Sun. 81-годишен старец со неизлечив карцином на кожа е првиот човек кој прими експериментална вакцина уште во октомври лани. Неговиот идентитет не е објавен, но тој рече дека „се чувствува како да придонесува за нешто што може да им помогне на многу луѓе“. Вметнатиот генетски материјал (РНК) ги имитира маркерите ...

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на вонредна прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари. Села рече дека ставот за самостоен настап на изборите е поддржан од 99 отсто од членовите на Централното собрание на партијата. „Контрабанда на ставот на Алијанса ...

Предлогот на Арбен Таравари партијата Алијанса за Албанците да настапи со албанскиот опозициски блок на следните избори, доби поддршка од членството на партијата. Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата. „Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали. И Зеленски преку социјалните мрежи информира дека ги посетил војниците во селото Роботина, на јужната линија на фронтот „Запорожје. „Разговарав со бранителите, им се заблагодарив и им врачив државно одликување. Чест е да се биде овде денеска“, објави Зеленски. Селото Роботина беше ослободено од украинските сили во текот ...

Српскиот народ во Косово е во „многу тешка ситуација“ поради одлуката на Приштина за преодниот рок за укинување на динарот, рече Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. Најави дека Србија утре ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради постоечките тензии. Петковиќ за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти започна криза што води до „спирала на насилство“ и оцени дека „Србите ...

Повреден планинар денеска бил спасен од падините на Шар Планина. Спасувачки тим со специјално возило за длабок снег „ратрак“ го презел од местото каде што се наоѓал и го спуштил до скијачкиот центар каде што му е укажана медицинска помош, соопшти Центарот за управување со кризи. Околу 14:00 на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и ...

Заеднички ќе успееме да ја симнеме оваа ненародна власт која што ја заробила Македонија, рече пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбите со македонците во Швајцарија. „Тие имаат еден заеднички интерес, а тоа е интересот кој повеќе ќе украде, кој повеќе ќе ја разграба Македонија. И двете структури се базираат на антимакедонштина и во основа немаат грижа за македонските национални интереси. Нив не ги ...

Од ова место можеме сите ние заедно да си признаеме дека за жал генерациите кои го наследија македонскиот великан Гоце Делчев можеби не успеаја во тоа што тој го остави како свој аманет. За жал многумина во минатото неговите зборови поинаку ги протолкуваа, или не ги разбраа доволно и затоа денеска Македонија и македонскиот народ како еден од најмалкубројните народи во Европа, се наоѓаат под предизвикот на опстојување, изјави претседателот на ...

Не му го ставајте името на Гоце во уста. Тоа се вонземски ликови со големина која ние тешко можеме да ја разбереме. Биле спремни главата во торба да си ја стават (или поточно на кол) иако можеле да уживаат во целата комоција што и била на располагање. Тие против себе имале силна империја ама не ги исплашило. Дејствувале, се организирале и се бореле. Ние сите сме мравки за нивната големина. Срамно е да филозофираме освен да замолчиме, да се ...

Фудбалерите на Наполи славеа против Верона со 2:1 во натпреварот од 23. коло на Серија А. Наполи на тој начин ја забележа 10-та сезонска победа и моментално се наоѓа на седмото место на табелата со 35 бодови. Во првото полувреме немаше голови, а Верона поведе со голот на Копола во 72. минута. Нгонг седум минути подоцна израмни, а Наполи на крајот стигна до трите бода. Голот во 87. минута го постигна Кварацкелија. Во следната рунда Наполи ќе ...

Челси во 23.коло, во Премиер лигата, доживеа нов дебакл на „Стенфорд Бриџ“. Вулверхемптон победи со 4:2, благодарение на Матеус Куња. На „Олд Трафорд“, во Манчестер, Јунајтед лесно го победи Вест Хем со 3:0. Без победник 1:1, заврши натпреварот Борнмут-Нотингем Форест. Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ започна идеално за Челси. Брилијантната асистенција на Каиседо во 19.минута во гол ја претвори Кол Палмер. Кошмарот на Челси започна три минути ...

„Многу работи се случуваат, знам дека вие пратите одите во своите родни места се среќавате со пријателите ние се среќаваме со вас и кога ќе дојдете во Македонија она што практично е ваша грижа овде е грижа и наша во Македонија. Ако треба во една реченица да се опише што се случува во Македонија, тоа е дека Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета, тоа е наједноставната дефиниција што во моментов и се случува на ...

Во експлозија на гас во нелиценциран погон за полнење гас во главниот град на Кенија загинаа најмалку три лица, а други 280 беа повредени. Пожарот избувнал кога камион кој превезувал гас експлодирал во областа Ембакаси во Најроби околу 23:30 часот по локално времe. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како експлозијата резултирала со огромна огнена топка. News: Gas explosion caused a fire that killed 2 people in Kenya 🇰🇪 & ...

Германскиот амбасадор на Косово Јерн Роде ја поддржа изјавата на ЕУ во врска со операцијата на специјалните единици на косовската полиција кон институциите во српските општини. Истакна дека еднострани мерки не може да допринесат за намалување на тензиите, туку напротив. „Повторно, во потполност ја поддржувам оваа изјава! Едностраните мерки само долеваат масло на огнот и се спротивни на намалувањето на тензиите. Дијалогот што го води ЕУ меѓу ...

Вработените во Фондот за здравствено осигурување, утре стапуваат во штрајк, поради најавеното намалување на нивните плати за 21%. Ќе се работат само итните случаи за малолетните осигуреници, лекувањето во странство или за хоспитализиран пациент. На шалтер нема да може да поднесат документи за исплати на боледувањата и на породилните отсуства, за разни медицински помагала, за платите на сите вработени во јавниот сектор, како и капитацијата на ...

Израел ги уништи повеќето баталјони на Хамас – но некои останаа во градот Рафах во јужниот дел на Газа, изјави Бенјамин Нетанјаху. Говорејќи на состанокот на владата, израелскиот премиер рече дека неговите сили ќе мора да се „справат“ со онаа што сè уште оперира на југот на енклавата. Тој рече дека војската извадила 17 од 24 баталјони. Стотици илјади луѓе побегнаа во јужниот дел на Газа откако Израел ја започна својата копнена операција по ...

Македонците во дијаспората ги мачи криминалот, корупцијата и лошите услови во Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој е во дводневна посета на Швајцарија заедно со лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. „Имавме средби со претставниците на задграничните комитети од повеќе држави на кои што поразговаравме организациски во пресрет на претстојните претседателски и ...

Мајкл Џордан не се занимава активно со кошарка повеќе од 20 години, но сепак е еден од најпопуларните, ако не и најпопуларниот спортист на планетата. Тоа го покажува и податокот дека на аукција во Њујорк се продадени шест пара од неговите патики, кои ги носел на патот до освојувањето на шест шампионски прстени, за осум милиони долари. „Рекордните цени платени за некои патики се само уште една почит на најдобриот на сите времиња. Ова е ...

„Секоја политичка партија, но и секој поединец може слободно да ги носи своите одлуки. Сметам дека местото на политичките партии прво е во коалиции кои делат исти вредности“, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прашањето што би се случило доколку Алијанса за Албанците замине во опозиција. Тој не сакаше да ја коментира поделеноста во АА, бидејќи, како што кажа станува збор за друг политички субјект и нивните партиските ...

Студентите утре на масовни протести пред Министерството за образование и наука. Студентски отпор најави дека ќе им се приклучи на Универзитетското собрание (УСС) УКИМ во 14 часот пред МОН. „Само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права. Колеги, се гледаме во понеделник од 14:00 пред МОН. Понесете со вас пароли, свирчиња и многу енергија. Време е да го слушнат студентскиот крик!“, велат од Студентски отпор. ...

Делегација СДСМ, предводена од претседателот Димитар Ковачевски, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска и организациониот секретар Митко Трајчулевски, денеска во црквата Свети Спас, положија цвеќе и оддадоа почит на македонскиот национален херој и револуционер, Гоце Делчев. Неговите пораки за единство и сплотеност, за слободна и просперитетна држава се патоказ и света обврска во градењето на нашата држава. Делото на великанот ...

Дали ќе ја има Македонија не зависи од тоа дали Бугарите ќе влезат во Устав или дали почнеме преговори…. Туку дали македонците ќе одлучат Македонија да ја има и на сите можни начини ќе прават да е подобра. Во семејството, во влезот, околу зградата, на работа, насекаде околу себе со конкретни дела…. и поддршка кон тие кои покренале иницијативи. Проблемот е што партиските полтрони се послушни глувци, независните се пасивни демотивирани мрзливи ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52