Многу прецизни детали

Mazda Motor Corporation на Twitter го прослави Денот на вљубените со фотографии од минијатурен модел на MX-5 Miata направен од чоколадо.

Компанијата можела едноставно да направи калап и да ги додаде ознаките и да ја заврши работата, но ова „слатко задоволство“ е многу повеќе од тоа. Бил вложен огромен труд и посветено големо внимание на секој детал. Веќе на прв поглед е јасно дека се работи за актуелната генерација на Miata RF. Панелите, рачките на вратите и линиите на каросеријата одговараат на вистинскиот автомобил.

Внатрешноста е отворена за да се отвори пат за чоколадните седишта и контролната табла, компоненти направени одделно од каросеријата. Шасијата е исто така направена од чоколадо, како и менувачот, оската, системот за сопирање и компонентите на суспензијата. Издувниот систем содржи катализатор, резонатор и пригушувач. Двојните издувни цевки имаат „финиш“ на нешто што личи на шеќер.

Детални се изработени и бандажите и автомобилските гуми.

Оваа „слатка“ MX-5 Miata која може да се јаде е создадена од Кента Хасегава, талентиран готвач кој е прво име на Сукретиер, пекара со седиште во Токио, позната по различните слатки производи.

За жал, чоколадната Miata нема да биде достапна во продажба.