Уште еден дел од автомобилот заминува во историјата

Од Opel информираа дека купувачите на нови автомобили повеќе нема да добиваат дебел прирачник како стандардна опрема. Наместо тоа, во патничкиот простор ќе ги чека мала концизна скоцкана книшка. Таканаречениот Брз водич содржи QR код со кој корисниците можат брзо и лесно да пристапат до детален дигитален кориснички прирачник за нивниот автомобил. Истото ќе се нуди и во рамките на апликацијата myOpel.

„Одговорноста на Opel не е само да стане целосно електричен бренд до 2028 година. Одговорноста значи и заштеда на сите ресурси поврзани со автомобилот, вклучувајќи го и упатството за сопственикот што се наоѓа во секој автомобил. Новиот дигитален формат и печатениот Брз водич заштедуваат хартија и суровини и се прифатливи за корисниците во најдобра смисла“, велат од Opel.

Претходно, прирачниците беа долги околу 500 страници, додека сега Брзиот водич и сервисната книшка ќе се простираат на околу 100 страници. Ова ја намалува потребата за печатење во Opel за стотици милиони страници, што ќе доведе до намалување на влијанието врз животната средина, како и значителни заштеди. Секако, тоа не значи дека заштедите ќе се одразат, макар и симболично, на цената на автомобилот.