Новиот Mercedes E-Class се уште е покриен со камуфлажа, но производителот го претстави напредниот кокпит и услугите кои ќе бидат овозможени

Кога новиот седан ќе се појави во продажните салони подоцна оваа година, тоа ќе биде радикална промена бидејќи корисничкото искуство во новиот модел е дизајнирано да обезбеди „импресивно забавно искуство“ со музика, игри и „стриминг“ содржини. Иако има многу нешта да се опишат, E-Class ќе се нуди со опционален MBUX Superscreen кој црпи инспирација од огромниот MBUX Hyperscreen. Mercedes за сега не навлегува во детали, но има значителен инфозабавен систем, како и екран за патникот.

Ним им се придружува самостојна дигитална инструмент табла која нуди класични и спортски дисплеи. Класичниот дисплеј располага со брзиномер и тахометар како налик на бројчаник, додека спортскиот дисплеј има црвена тема, а исто така го поставува тахометарот напред и во средина.

Зборувајќи за екраните, апликациите од трети страни може да се инсталираат директно наместо да се „споделуваат на екранот“ преку Android Auto или Apple Car Play. За да ја искористи оваа можност, Mercedes лансира App Store кој ќе има „постепено проширување на портфолиото на апликации“.

При лансирањето, ќе има асортиман на апликации од типот на Angry Birds, TikTok, Zoom и Webex. Многу од нив може да се користат со новата селфи и видео камера во автомобилот, која е поставена на врвот на контролната табла и е вклучена во MBUX Superscreen. Сопствениците можат да ја користат камерата за да снимаат фотографии и видеа кога автомобилот е паркиран.

Покрај наведените апликации, сопствениците ќе го најдат и веб-прелистувачот Vivaldi, како и порталот за забава ZYNC. Mercedes вели дека вториот обезбедува „содржина на барање, интерактивни искуства, локални видео програми, спорт, вести и повеќе“. Не е јасно, но компанијата додава дека „повеќе од 30 услуги се веќе достапни, додека дополнителни партнери и канали континуирано се интегрираат“.

 

За да екранот на совозачот не му го одвлекува вниманието на возачот, E-Class има „визуелен штит“ кој користи камера и „напреден концепт за филтрирање за да се осигура дека содржината на екранот не е видлива за возачот“. Всушност, системот ги следи движењата на очите на возачот и одредува дали совозачот премногу долго гледа во екранот. Ако тоа се случи, „осветленоста на екранот на совозачот се намалува и патникот може да продолжи да ја гледа содржината, додека таа не е видлива за возачот“.

При лансирањето, автомобилот ќе има шаблони и рутини креирани самостојно кои ќе им дозволуваат на сопствениците да му кажат на возилото „да направи x ако се случи y“. На пример, поставката за ладни денови може да ги вклучи загреаните седишта ако надворешната температура достигне одредено ниво, а исто така да го промени системот за амбиентално осветлување во „топла“ портокалова боја.