
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Европјаните се загрижени поради поскапувањата. Според Евробарометар, 93 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот. Во секоја земја-членка на ЕУ, повеќе од седум од десет испитаници се загрижени за порастот на трошоците за живот. Најголема загриженост има во Грција (100 проценти), Кипар (99), Италија и Португалија (и двете по 98 отсто). 82 проценти од испитаниците се загрижени поради заканата од сиромаштија и ...
Во прилог погледнете кои се најбараните занимања каде што би можеле да најдете работа. Во дејноста Трговија на големо и Трговија на мало и во Преработувачката индустрија има најмногу слободни работни места, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Овие дејности нудат најмногу простор за вработување, за разлика од, на пример, дејностите од Јавна управа и одбрана (28) и дејностите во врска со недвижен имот (15), каде што има најмалку ...
„Имате една политичка опција која што постојано во медиумите зборува дека не треба да се враќаме назад, дека треба да гледаме во иднината и дека Европа е нашата тенденција. Се ова што се работи со новиот предлог закон е антиевропско. И тука е завршена приказната. Значи нема понатаму што да разговараме. Во 2017-та и 2018-та година донесоа еден предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата кој што во Собранието беше блокиран со над ...
Работењето од дома во Хрватска отсега ќе биде и законски регулирано. Работникот во Хрватска од почетокот на 2023 година може од работодавецот да бара измена на договорот поради работа на далечина, а и работењето во недела мора да се плати 50% повеќе. Заради усогласување на работните, семејните и личните потреби работниците во Хрватска од почетокот на оваа година ќе можат да бараат таква измена во договорот со цел заштита на здравјето, ...
Работниците во фабриката на Tesla во Гринхајде, во близина на Берлин, се жалат дека се преоптоварени, што го загрижува синдикатот ИГ Метал. Покрај тоа, вработените се загрижени и за еден оглас за работно место што го распишала компанијата. ИГ Метал е загрижен околу условите за работа во фабриката за електрични автомобили на Tesla во Гринхајде, на 40 километри оддалеченост од Берлин. Вработените се жалат до синдикатот дека им е мачно работењето ...
На градилиштата на фирмата „Стар лајн констракшн“, со седиште во белградска Звездара во последните три години, инспекцијата открила најмногу нелегални работници – дури 99 работници. На списокот на работодавачи кај кои биле затекнати „нелегални“ работници во периодот од јануари 2019 до јануари годинава, градилиштата на оваа компанија неколку пати биле под надзор на трудовата инспекција и во три наврати било констатирано – 17, потоа 26 и 37 диви ...
Компаниите на потенцијалните работници, денеск сѐ почќесто им нудат прилика за стекнување нови знаења, а не работа на подолг рок, ако се земат во обзир технолошките промени во поспандемискиот свет, вели директорот на американската фирма за вработување „ManpowerGroup“. „Работодавачите нема да ветуваат работа на рок од 15 години. Но, ќе ви ветат дека кога ќе се придружите на компанијата, ќе развиете вештини кои ќе ја зголемат вашата вредност и ...
Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека остатокот од персоналот и операциите на компанијата во Атланта ...
Повеќе од 70.000 вработени на 150 универзитети во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена во периодот од февруари до март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на работните услови, објави денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите (УСУ). Од Синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да се договори за покачување на платите, во спротивно ќе се организира штрајк. ...
На 11.01.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје приведени се М.К.(33), Ј.К.(19), А.К.(42) и А.Т.(36), сите од Р.Турција, по пријава од Ќ.Ј.(44) и Ј.Ј.(22), двајцата од с.Чифлик, скопско, според која околу 11.00 часот пред објект во градба на подрачјето на Центар, додека извршувале градежни работи, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати со тврди предмети од пријавените кои, исто така, ...
Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири. Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни. -Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56.886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи. Во ноември се евидентирани и 124.969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските. Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2023 за долгови доспеани до 30.09.2022 и неплатени до 31.12.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува ...
Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци. При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, ...
Цените на производите се намалени до 10% и тоа може да се види секаде. Исто така кај месните производи има намалување од 5 до 12% кај најголемите производители. Тоа значи дека мерките кои што ги презеде Владата вродија со плод, а исто така ако ги видите и месечните стапки на инфлација ќе видите дека два месеци по ред, се намалува стапката. Годишната инфлација е на ниво што го има и во другите европски држави, рече денеска премиерот Димитар ...
Седуммина македонски бизнисмени се дел од листата на 100 најбогати луѓе во регионот што ја објави српскиот магазин „Недељник“. Вкупно, богатството на овие седуммина Македонци, српскиот магазин го процени на 3,26 милијарди евра. Листата ги опфаќа Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија. На 18. место или највисоко позициониран богаташ во регионот е Илија Гечев од ИГМ Трејд, а богатството му е проценето на нешто повеќе од една ...
Во тек е втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати. Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари. Пари доаѓаат на сметките на социјално загрозените Од вчера почна исплатата на паричната помош ...
Fast Retailing, најголемиот азиски трговски гигант за облека и сопственик на бренот Uniqlo, ќе ги зголеми платите на вработените во Јапонија за дури 40 % поради растот на инфлацијата во земјата со најбрзо темпо во последните неколку децении. Остар скок на платите настанал по повикот од страна на премиерот Фуми Кишида упатен кон јапонските приватни компании да ги зголемат платите кои со децении стагнирале. Економистите очекуваат дека и другите ...
Американските власти настојуваат да ги стават вон законите спогодбите кои им овомзожуваат на компаниите да ја ограничат можноста на вработените за заминување на работа кај конкурентите, пренесува британскиот јавен сервис BBC. Федералната трговска комора (ФТЦ) соопштила дека клаузулата за забрана на конкуренција е „уценувачка“ и дека неоправдано ги ограничува можностите на околу 30 милиони Американци. Американската стопанска комора, еден од ...
Сојузот на стопански комори на Македонија додели благодарници за успешна соработка на Амбасадата на Јапонија, Амбасадата на Народна Република Кина и Амбасадата на Босна и Херцеговина со кои во изминатиот период успешно реализираше заеднички активности и проекти. Благодарниците ги примија амбасадорот на Јапонија во РСМ Казуја Отсука, амбасадорот на Босна и Херцеговина во РСМ, Драган Јаќимовиќ и Хе Бингхуа економски советник во Амбасада на Народна ...
Деновиве почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко, кои годинава стасаа порано за повеќе од еден месец во споредба со лани. Според производителите, раната берба на оваа пиперка се должи на комбинацијата на релативно топлото време за овој период од годината и топлата вода од термалните извори во близина на селото Банско, каде најмногу е засадена под пластеници и фолии во регионот. -Засега откупната цена е околу десет денари за парче, ...
Долга е листата на забелешки која професорот Лазар Јовевски ја упатува во насока на предлог Законот за систем на плати во јавниот сектор. Оценувајќи го како целосно неприфатливо ваквите предлози да се носат вон рамките на социјалниот дијалог, Јовевски како парадокс го посочува фактот дека од една страна се фалиме дека сме на европски пат, а од друга- ги намалуваме правата на работниците под европскиот минимум. „Целиот концепт на утврдување на ...
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во емисијата „24 отворено“ рече дека пресметките за минималната плата се прават врз основа на методологија која е донесена во март 2022 и оти тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение. Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на ...
Недостигот од работна сила се повеќе се чувствува во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението. „Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра“, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата. Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, ...
Скратувањето на работната недела од пет на четири дена, најмногу позитивно се одрази на продуктивноста на работниците и зголеменото производство. Сепак, да се очекува дека БиХ ќе го стори истото, барем засега, е малку веројатно, бидејќи не постојат единствени регулативи кои ја регулираат оваа област, анализира Н1. Финска беше првата што воведе четиридневна работна недела и се покажа како ефективна и за работодавците и за работниците. Меѓутоа, во ...
„Замислете ако го ограничиме капацитетот на 40 отсто од 2026 година“, праша таа. Од една страна обезбедуваат евтина струја за домаќинствата, од друга страна, дел од средствата за компензација на бизнисот, кој е на слободниот пазар, доаѓаат токму од погоните на јаглен, а исто така сè уште имаме извоз “, нагласи Михаилова. Затоа, „Вазраждане“ на почетокот на 48. Народно собрание поднесе предлог-одлука со која бара измени на Планот за закрепнување ...
Просечниот српски гастарбајтер во Германија заработува од 1.500 до 4.000 евра Најчесто изнајмува стан, донекаде знае германски, ги образува децата и кога ќе го прашате ќе ви каже дека нема намера да се врати во Србија. Според последните проценки на германската влада, најмалку 400.000 Срби моментално живеат и работат во најсилната економија во светот, а оваа бројка наскоро би можела да биде многу поголема бидејќи според некои анализи има недостиг ...
Стана многу полесно да се види колку заработуваат вработените во некои од најголемите технолошки компании во светот, благодарение на воведувањето на новите закони за транспарентност на платите низ САД. Од 1 јануари, Калифорнија и Вашингтон им се придружија на Њујорк и Колорадо во барањето на работодавците да објавуваат опсег на плати во нивните огласи за работа. Податоците се засноваат на огласи за работа од повеќе од 700 врвни технолошки ...
Не се секогаш лесно да се „детектира“ лош шеф, особено ако сте нови на работното место. Некогаш, тоа не е ниту до искуството, бидејќи како што вели старата поговорка – „сто луѓе, сто чуда“. Сепак, експертите се согласни дека постојат некои „црвени знаменца“ на кои можете да обрнете внимание за да го спречите влегувањето во маѓепсаниот круг на мобинг или деструктивна работна атмосфера. Имено, сите знаеме дека работата може да се „одбие“, но исто ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции. Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, а кај некои призводи има и намалување. -Уште еднаш да повторам, ние не сме кажале дека ќе се ...