
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Група на вработени во Мајкрософот (Microsoft) го формирала првиот синдикат во компанијата на територијата на Соединетите Американски Држави (САД), соопштиле нејзини претставници. Работниците на овој американски технолошки гигнат кои тестираат видео игри соопштиле дека се за придружување на синдикатот и мнозинството од нив од вкупно 300 вработени гласале во корист на приклучувањето кон динаикатот во студиото Зенимакс, подружница на Мајкрософт. ...
Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија, создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: Одржлив агробизнис, Активен туризам и Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). За идеите, моменталните активности и плановите за делување на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната ...
Отворени голем број на работни позиции во Фондот за здравствено осигурување, но и во Министерството за здравство, неколку клиники, во МОН и Фондот за пензинско и инвалидско осигурување. Во тек се огласи за контролори, соработници, референти, советници, сметководители архивари… Повеќето од огласите за вработување во овие институции се активни до средината на месецов. Отворени работни позиции има и за во Министерството за образование и наука и ...
Цените на гасот во Европа од денеска пониски за седум отсто односно цената за 1.000 метри кубни денеска се движи од 730 – 750 евра, објави лондонската берза. На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час или околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс, а оваа мерка ќе стапи на сила на 15 февруари, со цел да се заштити населението и стопанството од поскапување на ...
Претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север, изјави дека седиштето на синдикатот е преплавено со повици на граѓани кои се лути на поскапувањата поради преминувањето на еврото и дека не се работи за „заокружување“ на цените како што тврдат трговците, но за поскапувања од 20 и повеќе проценти. „Граѓаните се револтирани. Поскапувања навистина се случуваат насекаде. И кога ги слушам трговците кои велат дека ништо не поскапело, не ...
Во наредната година треба да се сконцентрираме на рационализација и реформи во јавниот сектор, енергетскиот сектор, економијата и окружувањето за водење на бизнис за да отвориме една подобра перспектива за идните генерации, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски во интервју за телевизија „Сител”. „Да направиме една квалитетна анализа, да видиме каде сме можеле подобро да реагираме, каде сме можеле да направиме ...
Вработените во Албанија, и мажи и жени, имаат најдолго работно време во Европа. Кај мажите достигнува и до 50 часа неделно, додека жените во таа земја работат околу 45 часа неделно, пренесува Клан Косова. Овие податоци беа објавени во неодамнешниот извештај на Европската комисија за работните услови и идните импликации, врз основа на истражувањето кое се спроведува еднаш на секои пет години со анкетирање на 70.000 работници во 36 европски земји. ...
Британските домаќинства потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти на намирници за Божиќ, што е највисока сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар“. Вкупната потрошена сума е поголема пред се поради повисоките цени на храната и пијалоците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар“. Така, обемот на продажба во декември всушност е намален за еден процент во однос на ...
Високи претставници на турската компанија АКСА денеска беа во посета на АД ЕСМ, при што изразија интерес за инвестирање во енергетскиот сектор во земјава, а воедно двете енергетски компании се запознаа со делокругот на работа и дејностите што се изведуваат во рамките на секоја фирма. -Од страна на раководството на АД ЕСМ, претставниците на АКСА беа запознати со тековните инвестиции, односно изградбата на електрани од обновливи извори, а пред сè ...
Министерството за труд и социјална политика, денеска преку соопштение ги информира граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година. “Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5-ти јануари 2023 година и тоа: На веб страната на Министерството за труд и социјална политика ...
Најчесто во приватниот сектор нема синдикати, па работодавачот наоѓа некои „подобни“ работници коишто ќе потпишат спогодба дека бил во финансиска загуба и тој ќе исплати помал износ на регрес за годишен одмор, вели Димитријевиќ во интервјуто и додава: „Меѓутоа, работниците гледаат дали навистина компанијата остварува финансиски приходи или не, а тоа го гледаат по купувањето на средствата за производство или личните средства кои ги купува ...
Автор/Монтажер: Бобан Илијевски Дали Предлог Законот за работни односи е во полза на работниците? Кои се забелеешките на Левица во однос на овој Предлог Закон? Кои работнички права биле најмалку почитувани во 2022 година? Ова се дел од прашањата на кои разговараме со адвокатот и Координатор на Трудовиот сектор на Левица, Александар Димитријевиќ. Post Views: 111 Бобан Илијевски Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот ...
Автор/Монтажер: Бобан Илијевски Дали Предлог Законот за работни односи е во полза на работниците? Кои се забелеешките на Левица во однос на овој Предлог Закон? Кои работнички права биле најмалку почитувани во 2022 година? Ова се дел од прашањата на кои разговараме со адвокатот и Координатор на Трудовиот сектор на Левица, Александар Димитријевиќ. Post Views: 3 Бобан Илијевски Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник ...
Пишува: Слободанка Здравева Деновиве сме сведоци на протести во Тетово во заштита на докторот во модуларната болница кој некако се најде меѓу обвинетите за целиот случај. Протестите се за поддршка на докторот кој најмалку е одговорен за тоа како се изградени болниците и кој треба да биде сместен во нив. Овој случај отвори многу дилеми во јавноста. Дали и зошто некогаш одиме во екстреми кога случајот е повеќе од јасен? Дали и зошто не знаеме да ...
Британските железници во вторникот ја започнаа новата година со еднонеделен штрајк, попречувајќи го враќањето на работа за милиони патници. Британија е во канџите на најлошата серија на работнички протести откако Маргарет Тачер беше на власт во 1980-тите, бидејќи зголемената инфлација дојде по повеќе од 10 години стагнација на растот на платите, оставајќи многу работници неспособни да врзат крај со крај. Повторените железнички штрајкови ја ...
Европската федерација на новинари предупреди на се почестите закани кон новинарите и медиумските работници кои известуваат за тензиите меѓу Србија и Косово, потсетувајќи дека во декември на северот на Косово се случија шест напади врз медиумите, пренесува РТК. Во објава на Твитер, ЕФЈ се приклучи на барањата на Здружението на новинари во Косово, надлежните органи, вклучително и Мисијата на ЕУЛЕКС, КФОР и полицијата, да преземат соодветни мерки ...
„ЕСМ Продажба“ од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, која почна да се спроведува во декември 2022 година. Како што велат од компанијата, за снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта, 57 фирми од прехранбената индустрија и шест водостопански претпријатија. Со тоа компанијата сега вкупно снабдува 374 ...
Регулаторната Комисија за Енергетика ја направи првата пресметка на максималните цени на горивата во 2023 – бензините и дизелот поскапуваат. Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.68%. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.00 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по 1.50 ...
Министерството за финансии денеска соопшти дека вкупните приходи во 2022 година се реализирани со 99 проценти од проектираното, а расходите се нешто пониски од очекуваното. Буџетскиот дефицит е понизок за 117,6 милиони евра во однос на проектираното или во споредба со 2021 година за 8,7 проценти. Реализацијата на капиталните расходи е 88 проценти или за над 85 милиони евра повисока во однос на 2021 година. Во текот на минатата година е остварен ...
Кина може да се обиде да добие контрола над локациите со најбогати ресурси на Месечината, доколку победи во трката со САД за единствениот Земјин природен сателит, изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон. Проблемот е што „нема многу места на јужниот пол на Месечината што се соодветни за она што ние го мислиме, во овој момент, за собирање вода и така натаму, додаде шефот на американската вселенска агенција. На прашањето дали американските ...
Против Твитер е поднесена тужба бидејќи компанијата не платила кирија од 136.250 долари за својот деловен простор во Сан Франциско. Сопственикот на просторот, „Columbia Reit – 650 California LLC“ информира дека го известил Твитер на 16 декември дека за пет дена ќе заостане со исплатата на заостанувањето за 30-тиот кат од зградата Хартфорд. Сопственикот во тужбата истакнува дека Твитер го игнорирал предупредувањето. Тужбата била поднесена пред ...
Овие шест совети можат да го однесат вашето CV на врвот „На регрутерите им требаат околу седум секунди за да го погледнат вашето CV“, вели Џејмс Рид, претседател за регрутирање во The Reed Group. Како да станете потенцијален кандидат во тие седум секунди и да ги избегнете честите грешки кои им привлекуваат внимание на експертите за човечки ресурси? Одговорите можете да ги најдете во интервју кое Блумберг го направи со еден од нив. Кој е ...
Често читаме за лоши шефови, лоши директори и претпоставени кои се однесуваат како слуги на Сатаната. Но, не секогаш вината смееме да ја бараме кај едната страна, бидејќи секоја приказна има најмалку две. Па така, работодавачите решија да проговорат и да кажат кои навики на вработените им пречат на нив. И списокот не е воопшто краток. Ова се 10 работи од кои на претпоставените им се крева косата: Лажни боледувања Истражувањата покажале дека ...
Веројатно не ве изненадува фактот што работниците во ИТ секторот ќе бидат многу барани и во 2023 година. Сепак, се проценува дека работодавачите ќе бараат и продавачи, инженери и занаетчии. Работа ќе има за граѓани од сите степени на образование, а платите ќе варираат – од минимални до неколку илјади евра. Според експертите од оваа бранша, причината лежи во тоа што, иако се чини дека секој друг човек се занимава со некоја работа во ИТ ...
Како да одговорите на прашањето „Колкава плата очекувате? Нова година, нови цели и планови, а можеби и нова работа? Доколку размислувате за промена на работното место или за преговори за повисока плата на сегашното, би требало да се подготвите и да знаете колку плата да побарате. Правило број 1: Информирајте се, за да не бидете премногу скромни во барањето, или пак премногу амбициозни. Како да преговарате за плата? Експертите генерално ...
Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата. Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација. Стимулациите чиј износ е многу поголем во споредба со минатогодишниот надоместок за „преселување”, ќе бидат дистрибуирани ...
Првиот работен ден по воведувањето на еврото во Хрватска, има низа поскапувања, јавуваат хрватските медиуми. Затоа премиерот Андреј Пленковиќ свика средба со надлежните министри и инспекциските органи. Тој во порака на Твитер наведува дека свикал состанок со надлежните министри и претставници на Даночната управа, Царинската управа и Државниот инспекторат во врска со понатамошните активности за заштита на потрошувачите од неоправдано поскапување. ...
За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време „пред екраните“. Тоа, сепак, не е најдобрата опција за малечките, велат стручњаците. Конзумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така тие го губат интересот за потребите на другите. Но, има ...
Дури 99,2 проценти од домаќинствата, според потрошувачката на електрична енергија влегуваат во првата и во втората тарифа, покажуваат податоците што ги презентираше Регулаторната комисија за енергетика. Како што знаеме, од 1 јануари во овие два блока има намалување на цената на струјата. Крајната цена за потрошен коловат-час (со вклучен пренос и дистрибуција) во првиот блок се намали за 4,11 проценти, а во вториот за 2,95 проценти. Но, ...
Богатството на најбогатите 500 луѓе во светот во 2022 година е намалено за вкупно 1,4 трилиони долари, објави Блумберг, повикувајќи се на својот Индекс на милијардери. Некои од најбогатите луѓе во светот изгубија пари поради војната во Украина, некои поради инвестициските одлуки како Илон Маск, чие богатство се намали за 138 милијарди долари откако го купи Твитер, а некои како Сем Бенкмен Фрид, сопственик на FTX, кој се уништи самиот себе. ...