Продолжуваме со серијалот на Фејсбук анкети на прашања поврзани со работните односи. Така, пред неколку дена, на нашите следбеници на оваа социјална мрежа им го поставивме следното прашање: „ Дали очекувате во текот на годината да добиете зголемување на платата во фирмата каде што работите?“ Како опции им ги поставивме следните три: Нашите очекувања беа дека најголемиот дел од луѓето ќе ја одберат последната опција, согледувајќи ја ситуацијата ...

Тема: Породилно наспроти родителско отсуство Во секојдневната употреба на овие термини често доаѓа до забуна и поистоветување, но постои суштинска разлика помеѓу истите. Породилното отсуство е платено отсуство од работа поради бременост и раѓање кое го користи мајката. Согласно нашиот ЗРО тоа изнесува 9 месеци непрекинато и може да започне 45 дена пред раѓањето на детето, а задолжително 28 дена пред раѓање. По завршување на отсуството од работа ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со ...

Дали некогаш себеси сте се фатиле како ја разубавувате вистината, да не речеме „лажете“ при пишувањето на вашето CV? Не сте сами. Веб страната ResumeBuilder спровела анкета меѓу 1,250 Американци со прашањето „за што излажале додека барале нова работа?“. 27 % од нив одговориле дека лажеле во своето CV. Сепак, најголемата лага се однесува на образованието, каде 44 % од луѓето рекле дека не ја навеле вистината. Годините на искуство го заземаат ...

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе донесе одлука за новите цени на горивата. Минатата недела, РКЕ одлучи цените на бензините да се зголемат за 2,5 денари. За два денари се зголемија цените на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 ...

Американскиот пазар на труд се чини дека влегува во едно големо торнадо како последица на бурата која трае подолго време поради војната во Украина, инфлацијата и пред се, пандемијата. Веќе подолг период американските медиуми пишуваат за тоа дека најголемите технолошки гиганти, но и компании од други сектори, ги менуваат своите политики на работење на штета на работниците. Поинаку кажано, „вриштат“ откази. Мајкрософт веќе најави дека се ...

Кристијано Роналдо не успева да најде готвач да работи во неговата вила во Португалија, иако нуди плата поголема од пет 5 илјади долари, пишува Дејли Меил. Изградбата на вилата треба да заврши во јуни, а фудбалерот планира да се всели во неа со семејството по истекот на договорот што го потпиша со Ал Наср. Португалскиот магазин „Кориеро да Манха“ наведува дека проблемот е во барањата кои ги имаат Кристијано и неговата партнерка Георгина. Тие ...

Повеќе од 25 години, Mercedes-Benz дели дел од профитот со вработените во Германија и оваа година околу 93.000 вработени во Германија ќе добијат бонус од 7.300 Евра! Минатата година околу 100.000 вработени на Mercedes-Benz во Германија добија по дополнителни 6.000 Евра како „знак на почит“ по профитабилната 2021 година. По одличните перформанси во 2022 (Криза? Каква криза?) Mercedes-Benz гордо објави дека оваа година ќе им подели бонус на ...

Една од најголемите технолошки компании во светот Мајкрософт неодамна се најде на удар на јавноста по веста дека го ангажирала Стинг за приватен концерт за педесетина луѓе на Светскиот економски форум во Давос. Како што пишуваат американските медиуми, на овој настап на познат музичар присуствувале највисоките функционери на Мајкрософт, а атмосферата била „интимна“. Не беше објавено колку чинеше хонорарот на пејачот, но според американските ...

Германија, како и сите други земји, на различни начини е погодена од актуелната криза. Пазарот на недвижности станува се понестабилен, додека познатите светски брендови ги затвораат своите капацитети, а во исто време, оваа земја има потреба од се повеќе работници – од ден на ден. Како што неодамна беше објавено, дури 50.000 луѓе од регионот ќе можат да најдат работа во Германија, поточно во една гранка. Имено, тамошните ресторани долго време ...

Германија нема доволно млад кадар. Германската федерална влада очекува недостиг од околу 240.000 квалификувани работници до 2026 година. Според пресметките на Институтот за истражување на пазарот на трудот и професионалните истражувања (ИАБ), до 2035 година ќе има уште повеќе од седум милиони работници помалку, пишува Дојче веле. Во моментов има околу два милиони непополнети работни места. Како резултат на тоа се губаат речиси 100 милијарди евра ...

Ситуацијата се стабилизира, цените на енергенсите се намалуваат и тоа треба да доведе и до намалување на цените на прехранбените производи, вели за Детектор Министерот за економија Крешник Бектеши. „Ситуацијата веќе е стабилизирана. Веќе е намалена цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. За среќа цената се намалува и на берзите. Се надевам дека дополнително намалување на цената на струјата РКЕ ќе донесе и во јуни ...

Владата со розови наочари, цело време кажуваат дека се е во ред, дека сите блокови се на мрежа и не поминува цела недела да не испадне блок во РЕК Битола, РЕК Осломеј кога работи, кога не работи, дали 50 дена годишно работи. Сега се фалат за три дена. Три блока во РЕК Битола до 2017 година беше нормално да работат во грејна сезона, изјави за Детектор на Сител, Владо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Владата ...

Поплаките од страна на работодавачите во текстилната индустрија за тоа дека има многу нарачки, но нема работници изнудија многу реакции кај граѓаните. Најголемиот дел од нив, благо кажано, се исполенти со лутина. Велат и дека текстилната индустрија не е единствената каде што недостига работна сила, така е речиси во сите сектори. Преку социјалните мрежи, граѓаните им порачаа на работодавачите да ги зголемат платите и да им ги исплаќаат сите права ...

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овојпат во режија на министерот за здравство Беким Сали. Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките нелегитимни и тие мора да бидат поништени! Министерството за финансии мора да обезбеди согласности за одлуки имаат буџетски импликации за ...

Ќе остане ли земјава без работници? Германија и Англија бараат над 50 илјади, Хрватска над 10 илјади лица, а предност имаат граѓаните од Западен Балкан. Поради недостиг на кадар, Германија ги олеснува условите и процедурите за добивање државјанство и работни визи. Странците веќе нема да мора да се откажат од матичниот пасош, а за државјанство ќе можат да аплицираат и по 5 години престој, наместо сегашните 8. Хрватска пак уште сега бара сезонски ...

Паричните побарувања на работниците да немаат рок на застареност, односно работниците да можат да си ги побараат неисплатените плати и по истекот на рокот од три години по кој застаруваат платите, бараат од политичката партија „Левица“. Координаторот на Трудовиот сектор на Левица Александар Димитријевиќ во изјава за порталот Работник ексклузивно открива едно од барањата на партијата, кое како што вели ќе помогне да се унапредат работничките ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 7,084%, кај дизелот за 4,546%, кај екстра лесното масло за 4,351% и кај ...

На објавениот апел од страна на Левица за пријавување на повреда на работнички права секојдневно пристигнуваат поплаки од работници, на кои работодавачите не им ги почитуваат нивните работнички права. Такви пријави пристигнаа и за ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, каде што правата на вработените биле грубо прекршувани со тоа што на медицинскиот персонал не им се исплатувале дежурства, работни часови за прекувремена, ноќна и работа во празник, ...

Советот на СОНК по опсежни анализи го анализираше Предлог Законот за плати во јавниот сектор и заклучокот е дека истиот има повеќе негативни од позитивни страни, рече Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес – конференција. Неделков посочи дека Советот на СОНК заклучил дека овој Предлог Закон е противуставен и дискриминирачки, како и е спротивен на интересите на работниците во јавниот сектор и не му дава можност на колективното ...

Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период. На овој начин, се загрозува правната сигурност на вработените на јавните универзитети и се прекршуваат одредбите од чл.109 од Законот за работни односи (ЗРО) и чл. 66 од Колективниот договор за високото образование и наука, а работниците, ...

Германските здруженија на угостители вчера го вклучија алармот поради големиот недостиг на работници во оваа индустрија. „Во моментов ни недостигаат повеќе од 50.000 работници во рестораните, кафулињата и хотелите, а со доаѓањето на пролетта очекуваме дополнително зголемување на оваа бројка“, соопшти стручното здружение на угостители и хотелиери во Германија, Dehoga. Иако голем број работници кои бараа работа во друг сектор за време на ...

Натписите „Затвораме“ можат да се видат на вратите на сè поголем број продавници во Германија, вклучувајќи ги C&A, Galeria Karstadt Kaufhof, Primark, Görtz, Conrad, H&M, Orsay, Conrad и Media Markt. Малопродажбата, всушност, со години се бори со намалената побарувачка во многу сектори. Но, во изминатите неколку години, сериозен удар им беше зададен на голем број „јаки“ брендови. Покрај трендот на онлајн купување, последиците од ...

Автор: Бобан Илијевски Гледам дека штипските работодавачи во голема мера се возбудија од најавата за новата странска инвестиција од Канада која треба да отвори 600 работни места во тамошната индустриска зона. Целата таа сцена ме потсеќа на времето, пред повеќе од шест години, кога Леар корпорација отвори фабрика за шиење навлаки за автомобили, првобитно во Гостивар, па ја премести во Тетово, каде што и се прошири. Тогаш локалните газди дигнаа ...

Најавите кои пристигнаа од Германија дека годинава ќе увезе работна сила од Балканот треба да го запали црвеното светло во економиите во регионот. Експерти и бизнисмени за Алсат коментираат дека доколку се оствари планот на најмоќната европска економија и од земјите од опкружувањето земе 50 илјади неквалификувани работници за германските фабрики, во тој случај повеќе нема да има економија на Балканот. Стопанственикот Горан Рафајловски е убеден ...

Дали ви е познат терминот „договорна забрана на конкурентско дејствување?“ Претпоставката е дека не. Овој механизам којшто се предвидува во Законот за работните односи, но и Договорот за вработување е од суштинска важност во одредени професии за работодавачите и работниците. Денска со Универзитетскиот професор по трудово право Лазар Јовевски разговараме токму за договорната забрана за конкурентско дејствување или попозната како конкурентска ...

Подготвил: Бобан Илијевски И покрај сите наслови за отпуштањата кои ги погодуваат Силиконската долина и Волстрит, многу работодавачите во новата година ќе обезбедат бенефити за своите вработени. Пазарот на труд останал тврдоглаво силен, соочен со прогнози за рецесија и кампања од страна на Федералните резерви за подигнување на каматните стапки. Голема е конкуренцијата помеѓу малите компании во вработувањето. Повеќе од половина сопственици на ...

Не е само да се добие работа, некој треба и да ја сработи. Но ние немаме ни квалификуван и обучен кадар, ни работници со желба да учат, се жали Маријана Перковска од Текстилниот кластер. Текстилните компании што опстанаа и покрај короната и ценовниот шок на струјата имаат многу нарачки и работат со полн капацитет. Ова е добра вест за индустријата што учествува со 12,45 отсто во вкупното индустриско производство на земјата. Но, лошата е што тешко ...

По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите за 5 отсто над инфлацијата, која достигна 10,5 отсто во декември. ...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, зборуваше за растот на минималната плата, програмите и мерките насочени за спречување на одливот на работници во странство, капиталните инвестиции и вработувањата во детските градинки. „Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.57
71%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
66%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.45
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
62%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52