Многу е поважно децата да научат што е другарство, почит и љубезност отколку да знаат колку овци има во Австралија. Ова го порача универзитетската професорка и социолог Татјана Стојаноска Иванова во поткастот „Зошто“. Таа апелира дека е потребна стратегија на национално ниво и квалитетен разговор на родителите со децата дома. Многу е поважно децата да научат што е другарство, почит и љубезност отколку да знаат колку овци има во Австралија. Ова ...

Реплика на органот на пациентот испечатена во 3Д, наместо снимка од компјутерска томографија на хирурзите им дава многу подобар преглед, вели хирургот Стефан Арсенков. Тој вака се подготвува за комплексни операции, а развива и 3Д мобилизација за скршеница која би се користела наместо класичен гипс. Вака е попрактично, поудобно и помалку трауматично вели тој, порачувајќи дека новите технологии може да ги заменат старите пракси. Реплика на ...

За да слабее, на црниот пазар го купил лекот „Оземпик“, првично наменет да дијабетичари. Не знаел дека всушност купил инсулинско пенкало и завршил во болница. За вакво искуство со пациент во поткастот „Зошто“ ни раскажа ендокринологот доктор Хасан Танер. Со него зборувавме и за тоа какви последици може да има земањето на „Оземпик“ ако се користи без лекарски надзор. За да слабее, на црниот пазар го купил лекот „Оземпик“, првично наменет да ...

Речиси една третина од украинскиот главен град Киев остана без греење во време на ниски температури откако руски беспилотни летала уништија општински постројки за греење. Најмалку 11 лица се повредени во ноќниот напад. Украинските власти наредија итни прекини на електричната енергија за големи делови од Киев, како одговор на нападите од 27 декември. „Ова е прв пат толку многу дронови да го погодат центарот на градот“, изјави министерот за ...

Соединетите Американски Држави го забранија увозот на автомобилски гуми од кинеската фабрика Линглонг, која се наоѓа во северна Србија, откако со години имаше обвинувања дека работници биле подложени на принудна работа и злоупотреби. За Рафик Букс, индиски градежен работник кој помагал во изградбата на фабриката во Зрењанин во 2024 година, овој потег не е изненадување. „Она што го доживеавме во Србија беше принудна работа. Бевме контролирани, ...

Помеѓу последователните избори и институционалните блокади, косовската политика во 2025 година понуди повеќе драма отколку насока. Со завршувањето на оваа сезона, вниманието се префрла на приоритетот: кој треба да го напише следното поглавје? Ако требаше да ја сумирате политиката во Косово за 2025 година, би можеле да го направите тоа со неколку зборови: избори, конституирање, неуспех, повторни избори… Може да се додадат и некои други: ...

Резиме За прегледи кои им следуваат бесплатно, пациентки плаќале кај своите матични гинеколози. Иако ехо прегледот, колпоскопијата и земањето микробиолошки брис, согласно договорната обврска со Фондот за здравствено осигурување, следуваат бесплатно, пациентките за нив плаќале по 500 денари. Овие неправилности ги откри заедничката контрола на ФЗО и на Управата за јавни приходи (УЈП). Најмногу неправилности во Струмица Ова е прва ваква контрола од ...

Резиме Животот во Турција стана и политички претежок, но и прескап за едно семејство, полесно ми беше да се преселам тука и да побарам македонско државјанство, објаснува 28 годишниот Бенк Бинѓул, за радио Слободна Европа. Тој веќе неколку месеци работи како менаџер во скопско кафуле во сопственост на турски бизнисмени. Веќе две години изминале откако од Анталија се преселил со неговата сопруга Македонка во Скопје. За тоа добил дозвола за ...

Тие го поминале детството броејќи жртви, слушајќи детонации и воени хеликоптери, слушајќи приказни за ужаси и изговарајќи ги своите први зборови како бегалци. Оваа година се навршуваат 30 години од завршувањето на војната во Босна и Херцеговина. Во истиот период, Чеченија преживеа две разорни војни, додека Талибанците исчезнаа од власт во Авганистан само за да се вратат две децении подоцна. Генерации родени кога светот излезе од Студената војна ...

Министерите Панче Тошковски и Игор Филков и директорот на АНБ Бојан Христовски напредуваа(т) во академските звања на теми од ресори од функциите што ги вршат. И додека експертите го отвораат прашањето на етиката за академски напредок, функционерите не гледаат никаква правна, ниту етичка дилема. На 1 октомври 2025 година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на свечениот прв академски час на Факултетот за ...

Девет месеци по пожарот во „Пулс“, Кочани уште живее со чувството на вознемиреност и колективна траума. Се прават обиди да се намалат последиците врз психолошката состојба на граѓаните, но и врз бизнисите. Опоравувањето ќе биде долго, а за да се случи, се очекуваат правда, поддршка и солидарност. Судењето за трагедијата почна на 19 ноември и е на самиот почеток. Не се чувствуваме добро, како да е мртов градот. Камо да живне еден ден како што ...

Пораката „Партнерство за иднина“ на билбордите со испреплетени српски и руски знамиња е потсетник за присуството на Русија во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Се чини дека Русите не се откажуваат од тоа партнерство, додека компанијата се најде под американски санкции токму поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека не им е грижа само за парите, туку и за својата позиција. ...

Љубезниот аплауз исчезна, а шефот на НАТО, Марк Руте, уредно ги среди своите документи на говорницата. Му требаа 62 секунди за да стигне до поентата. „Темните сили на угнетувањето повторно се на марш. Ние сме следната цел на Русија“, рече тој. Говорот на Руте во Берлин на 11 декември беше најновото во невидената серија предупредувања за директен конфликт со Русија, упатени во 2025 година од високи европски функционери и разузнавачки агенции. Во ...

Резиме Малолетниците во Северна Македонија дневно поминуваат и до пет часа на интернет. Загрижувачките резултати од истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) покажаа дека свесноста за безбедноста на децата не е високо ниво. Затоа, Агенцијата повика на конкретни политики, едукација и кампањи за дигитална одговорност. Сите овие заложби се дотолку повеќе потребни, што паметните телефони може да предизвикаат низа здравствени ...

Со прогласувањето кризна состојба за електрична енергија Владата ги активираше државните резерви за мазут за потребите на ЕСМ. Но со одлуката се отвора можноста за итни јавни набавки и договори во четири очи, а злоупотреби откри Антикорупциската комисија за време на енергетската криза во 2021 и 2022 Одлуката за прогласување кризна состојба за електрична енергија во Северна Македонија, образложено со блокадите на граничните премини од грчките ...

Две децении по успешната кариера во производство на ентериери за водечките светски автомобилски брендови, Томас, поранешен виш менаџер во италијанска мултинационална компанија, се повлече од автомобилската индустрија во есента 2025 година. „Мислам дека е осудена на пропаст. Индустријата е осудена на пропаст.“, изјави Чехот за Радио Слободна Европа, објаснувајќи ја главната причина зошто се откажал од бизнисот. Томас побара неговото презиме да не ...

Формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство, слобода, мир, безбедност и подобра перспектива за младите, се дел од очекувањата на членовите на српската заедница кои беа интервјуирани од екипата на Радио Слободна Европа пред вонредните парламентарни избори на 28 декември. Некои изразуваат скептицизам и недоверба кон политичарите кои, како што велат, секогаш ветуваат многу за време на изборната кампања. Изборите се одржуваат затоа што ...

Пожарот во Кочани, реформите во судството и евроинтеграциите на Северна Македонија, беа клучните теми во годишното обраќањето на претседателката во Собранието. Таа побара политичарите да ги остават надлежните да го водат судењето за кочанската трагедија. За евроинтеграциите кажа дека ако може да се најде решение за Украина и Молдавија, тогаш може и за Северна Македонија. Пожарот во Кочани не беше само трагедија. Тој настан не доведе до ѕидот на ...

Резиме По критиките од правни експерти и еко-активисти дека новиот Закон за контрола на индустриски емисии им дозволува на фабриките во одредени ситуации легално да загадуваат над дозволените граници, Министерството за животна средина и просторно планирање тврди дека законот воведува построги контроли и интегриран пристап за спречување на загадувањето. Според институцијата, одредбата од законот која предвидува можност постројките привремено да ...

Со објавата на компанијата на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп дека се откажува од изградбата на луксузен комплекс во центарот на Белград, случајот со Генералштабот во Србија не е завршен. Повлекувањето на компанијата на Кушнер „Афинити партнерс“ не ја исклучува можноста за нови планови за изградба на местото на Генералштабот. Со посебен закон (lex specialis), владата го одзеде статусот на културно добро за зградите ...

Резиме Со американскиот закон за одбрана, во кој Западен Балкан е наведен како еден од стратегиските приоритети, се нагласува посветеноста на Соединетите Американски Држави за подобрување на билатералните односи со државите од Западниот Балкан и за заокружување на европскиот проект, вели за РСЕ поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и поранешен амбасадор во Вашингтон Васко Наумовски. Во американскиот предлог закон за одбрана, кој минатата ...

Резиме Уапсени се бизнисмените Асмир Јахоски и Ратко Капушевски, претрес кај поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата Пеце Мирчевски, има индиции каде е Артан Груби… Ова се дел од вестите што пристигаа до македонските граѓаните во текот на 2025 за сомнителните корупциски афери од висок профил , а за кои сè уште нема епилог или обвиненија или одлуки за запирање на истрагите во обвинителствата. До каде се ...

Резиме Оваа година, изборите во Косово се одржуваат на 28 декември. Поради недостиг на политички консензус за формирање на институциите по парламентарните избори на 9 февруари, Косово организира предвремени избори на крајот од оваа година, кои според буџетските планови на Централната изборна комисија (ЦИК) изнесуваат околу 11,5 милиони евра. ЦИК ќе мора да покаже ефикасност како никогаш досега за да ги исполни потребните рокови за формирање нова ...

Кирил Дмитриев, виш преговарач на Кремљ, изјави дека Русија и САД разговараат „конструктивно“ во Флорида и рече дека мировните преговори ќе продолжат на 21 декември, иако не беа дадени детали. „Разговорите продолжуваат конструктивно. Тие започнаа порано и ќе продолжат денес, а ќе продолжат и утре“, рече Дмитриев пред новинарите на 20 декември на маргините на разговорите во близина на Мајами. Сите страни вклучени во мировниот процес посредуван од ...

Една жена од Санкт Петербург даде отказ од работа во општинска агенција за да избегне инсталирање на апликацијата. На студентите од сибирскиот универзитет им било кажано дека не можат да полагаат завршни испити, па дури и им се заканувале со исклучување, ако не почнат да ја користат. Еден човек ги излажал своите шефови за тоа и рекол дека можеби ќе мора да купи втор телефон. Пред шест месеци, со голема помпа, руските власти почнаа да воведуваат ...

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека работни места остануваат празни, вели во интервју за РСЕ Ѓоко Велсковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Тој зборува и доцнењето на социјалните исплати, дефицитот во ПИОМ и мерките за младите. Г-не Велковски, минатиот месец доцнеше исплатата на додатоците за социјално загрозените граѓани. Дали и следниот месец може да се очекува доцнење? Да, гледам дека ...

Во агресивна изјава за време на состанокот со високи функционери на 17 декември, рускиот претседател Владимир Путин некои неодредени европски лидери ги нарече „млади свињи“. Еве зошто го кажа тоа. Уште од 1999 година, кога ги нарече чеченските сепаратисти терористи и се заколна дека ќе ги „фрли во тоалет“, Путин користеше уличен сленг и суров, навредлив јазик за да пренесе пораки до Западот, светот и рускиот народ. Во случајот со неговата ...

Парите од ИПАРД се уште се стопирани поради истрагата за поткуп. Роковите за исплата на компаниите се ближат, а институциите не прецизираат кога ќе се одблокираат парите. Истрагата во ОЈО е во тек, а проверките на апликациите се уште се спроведуваат заедно со Европската комисија. Винарии од здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, се наоѓаат во лимбо ситуација за добивање пари ...

Рускиот претседател Владимир Путин го започна маратонскиот годишен настап зборувајќи со самодоверба за позицијата на Русија на бојното поле во нејзината војна против Украина и не даде никаков сигнал дека Москва е подготвена да направи значителни отстапки во име на мирот. Настанот „Резултати од годината 2025“ на 19 декември, кој комбинираше прес-конференција со темелно проверени прашања од руски граѓани, се одржа во услови на дипломатски притисок ...

Резиме Американскиот Конгрес во предлогот за обемниот Закон за одбрана оцени дека зависноста на земјите од Западен Балкан од руските фосилни горива ги врзува нивните економии и политика за Москва и ги попречува нивните аспирации кон европска интеграција, додека корупцијата, вклучително и меѓу клучните политички лидери, продолжува да претставува една од најголемите пречки за понатамошен економски и политички развој на регионот. Во предлогот на ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
2.06
93%
1016
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
7.72
76%
1020
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
94%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
5.66
71%
1014
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
12.29
77%
1012
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
98%
1024
weather icon

Атина

9ᴼ / 5ᴼ
3.13
83%
1014
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
3.09
90%
1007
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
6.71
80%
1021
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
9.26
70%
1009
Currency

61.555

Currency

52.2803

Currency

70.5092

Currency

35.1186

Currency

38.2117

Currency

66.2534

Currency

7.43873

Currency

0.66175

Currency

0.33548

Currency

0.52447

Currency

1.22091

Currency

0.58212

Паладиум

61793.73

Иридиум

145787.60

Родиум

266047.43

Цинк

3.06

Злато

145757.48

Калај

43.36

Алуминиум

2.96

Платина

79963.65

Кобалт

58.42

Рутениум

29514.39

Бакар

11.76

Сребро

2549.75