
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети ИТ компанијата „Дигикубе“, каде имаше средба со вработените. Премиерот, при посетата се запозна со начинот на работата на компанијата, која е специјализирана за софтверски решенија во ИТ секторот, каде остварува значителни успеси. Премиерот Ковачевски им се обрати на присутните, изразувајќи ја поддршката за иновативните продукти на компанијата која користи финансиска поддршка од Владата со цел ...
Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на одредени компании од прехранбената индустрија. Поради фактот што ова намалување од декември е од еднократна природа, односно поради ...
Автор: Бобан Илијевски Гледам дека на ЕНЕР веќе е објавен Законот за систем на плати во јавен сектор, кој наиде на многу критики, првобитно поради тоа што беше усвоен на Влада без консултација со синдикатите. Но, тука нема да пишувам за овој Закон, ќе чекам прво да се изјаснат сите синдикати и експерти. Тука ќе пишувам за приватниот сектор. Имено, неодамна анкетата којашто ја направи порталот Работник за тоа дали минималната плата од 19,600 ...
КIEL е еден од водечките производители на иновативни транзитни системи за седишта за комерцијални возила и возила за јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво. Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Македонија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите ...
Огласот е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација. Во огласот се вели дека ќе се примаат 10 државни службеници во Министерството за здравство. Ќе се примаат главно соработници, раководители на сектори, помлади референти. Платите се главно меѓу 18 и 35 илјади денари. За секој оглас е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по ...
„Светскиот извештај за среќа 2022“ на ОН покажа како е рангиран Балканот од 146 земји според индексот на среќа на нивните жители. Рангирањето на среќата се заснова на тригодишниот просек од 2019-2021 година. Петте најсреќни земји според овај извештај се Финска, Данска, Исланд, Швајцарија и Холандија. Последната земја со најнесреќна популација е Авганистан, каде Талибанците се вратија на власт по заминувањето на Америка. Што се однесува до ...
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) воведе минимални износи на исплатени штети за инвалидитет откако увиде дека осигурителните компании исплаќаат различни износи за слични или идентични повреди настанати од несреќен случај – незгода, соопштија денеска од АСО. – Од почетокот на годинава износите што ќе ги исплаќаат осигурителните компании за повреди кои причиниле инвладититет мора да бидат повисоки или еднакви на минимално утврдените. ...
Кога ќе дојде зима повторно се актуелизира прашањето за аерозагадување во Скопје, Тетово и другите градови низ земјава. Проблем посебно истакнат таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Едно од решенијата се кровните градини. Кои се бенефитите од кровните градини! Растенијата на зелените покриви го користат дождот веднаш. Во лето, градините на кровот можат да задржат ...
Приватизацијата на јавните капацитети и ресурси која, рака под рака, ги создаде капиталистичката и политичката елита во взаемност, продре во животите и до здравјето на луѓето, ги затру почвата, воздухот и водата. Во секое уништување и искористување на природните ресурси и животната средина, во континуитет имаат удел канџите и стомаците на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ – злосторници на олигархијата, слуги на профитот и против државата и народот! Нема ...
Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени. „Амазон“ со седиште во Сиетл минатата недела објави дека планира да укине повеќе од 18 илјади работни места, штр би било последно во серијата отпуштања што го зафатија секторот. Истовремено, вработените во магацините на „Амазон“ во Велика Британија бараат зголемување на платите, а околу ...
Работниците во Германија во новата година ги очекуваат бројни промени, пред сè во структурата на трошоците. Ќе се зголемат придонесите за социјално осигурување, како и придонесите за основното законско здравствено осигурување, пренесува магазинот Fenix. Со други зборови, секој што е осигурен во компанија за здравствено осигурување треба да дознае дали сопствениот осигурител им ги зголемува придонесите. Но, се чини дека зголемувањето не е толку ...
Главниот на компанијата Мекдоналдс го предупреди персоналот да очекува кратење на работните места во огромната реорганизација што исто така ќе ги забрза плановите за нови ресторани. Нејзиниот шеф Крис Кемпчински рече дека гигантот за брза храна страда од „застарена и самоограничувачка“ структура. „Ние се обидуваме да ги решиме истите проблеми повеќе пати, не секогаш споделуваме идеи“, рече тој. Во писмото испратено до вработените на глобално ...
Фондот за здравствено осигурување објави оглас за вработување на 13 службеници. Се бара соработник за следење на специјалистичко – консулативна и болничка здравствена заштита, Одделение за анализа и контрола и трезорско работење, Подрачна служба Битола, соработник за комплетирање на документација за надоместок на лекови, Подрачна служба Свети Николе, соработник за следење на основни здравствени услуги во примарна здравствена заштита, Одделение ...
Здравствените работници имаат највисоки плати во јавниот сектор во Словенија, за што говори податокот дека во последните неколку месеци меѓу 50-те рекордери по висина на платите, 48 од нив биле лекари, пренесува словенечкиот портал 24 ед. Платите на лекаритекои се најдоа на листата се 10.815 евра бруто, а највисоката плата што ја земал лекар во Клиничкиот центар во Љубљана изнесува 15.091 евро. На листата се најдоа 15 лекари од Клиничкиот центар ...
Компаниите кои сакаат да ја одржат бројката на таленти во своите тимови треба да го прочитаат ова. Наместо да ги објаснувате правилата на компанијата, време е да ги прашате вработените што сакаат да се случи и соодветно да создадете план кој ќе излезе во пресрет на нивните потреби и во исто време нема да го наруши текот на работата. Доколку не го направите ова, бидете подготвени најдобрите вработени да си заминат. Прашања кои треба да ги земете ...
Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка. Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 ...
На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, пресметале од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 % во однос на одлуката од 3.1.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,33%, кај дизелот за 2,171%, кај екстра лесното масло за 0,851% и кај ...
Во март месец оваа година минималната плата треба да порасне на 19,600 денари. Ова на крајот од изминатата година го кажа Вицеприемиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Порталот Работник направи една кратка анкета за тоа „Дали минималната плата од 19,600 денари ќе биде доволна за преживување?“ Од вкупно 2,399 испитаници, најголемиот дел или 58 % се определија за третата опција – Минималната плата треба да порасне над 20,000 денари за да се ...
Мафијашките градежни фирми кои постојано соработуваат со криминалните партии на сите нивоа на власт, се причинители за голем број трагедии на загубени животи на градежните работници на работното место. Таков е случајот и со два последователни случаи на фатална повреда на работното место кон крајот на минатата година поради нечовечките и опасни услови за работа во дејностите на градежните фирми блиски до власта. Зачестеноста на овие трагедии, ...
Пари анализа: Движење на пензии, придонеси и државни трансфери во последните 5 години За пензии годинава се планирани 1,2 милијарди евра. Тоа е дури 119,3 милиони евра, или 10,8 проценти повеќе отколку од ребалансираниот буџет за 2022 година, кога биле наменети 1,1 милијарди евра. Расте износот наменет за пензии, но расте и планираниот износ од пензиските придонеси. Така, од придонеси за пензиско осигурување во 2023 година се планира да се ...
Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја заживее неговата иницијатива за економски реформи и да постигне голема политичка победа оваа недела со почнување реформа на пензискиот систем наспроти жестокото противење на синдикатот. Француската премиерка Елизабет Борн утре ќе ги изнесе деталите за плановите за најверојатно зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција на 64 или 65 години од 62. Преминувањето ...
Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати. Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за ...
Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата. Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само ...
Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во ...
Четири од десет германски компании очекуваат нивниот бизнис да се намали во 2023 година, наведувајќи ги како причина за тоа високите трошоци за енергија, проблемите со синџирите на снабдување и тековната војна во Украина. „Ризикот од недостиг на гас во зимската сезона 2022/23 повеќе не е толку акутен како во летото 2022 година, а цените на енергијата се намалија. Сепак, тие остануваат високи и не може да се исклучат прекини во производството“, ...
Регулаторната комисија за енергетика енеска ќе донесе одлука за новите цени на горивата. Новата година почна со поскапување на горивата, а дали така ќе продолжи и денеска ќе биде познато околу пладне. Минатата недела РКЕ одлучи за 1,50 денари да се зголемат цените на на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,00 ден/лит. Ова се актуелните цени на ...
Трговија и продажба, администрација и средно раководни позиции се четирите најбарани позиции во огласите на „Инфостуд“ на српскиот пазар на труд. Во првите две области речиси секогаш броеле повеќе од 5.000 огласи годишно, но минатата година имало нагло зголемување на огласите за такви позиции, на дури 9.000. Покрај горенаведеното, популарни се и економијата и сметководството, а во последните години и угостителството, кое има повеќе од 3.000 ...
Просечната годишна приспособена плата за полно работно време за вработените во ЕУ во 2021 година изнесува 33.500 евра, објави Евростат. Меѓу членките на ЕУ, највисока просечна плата е забележана во Луксембург од 72.200 евра, потоа Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра. Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра). Меѓу земјите од регионот највисока просечна годишна плата има Словенија – ...
Декември беше последниот месец за исплаќање на регрес за годишен одмор попознат како К-15, но како што покажуваат податоците од мини анкетата којашто ја спроведе порталот Работник, повторно имало работодавачи кои воопшто не им исплатиле К-15 на своите вработени. Некои им исплатиле, но им ги побарале парите назад, а некои им исплатиле помала сума од предвидената која изнесуваше 12,740 денари. На нашите читатели им поставивме две прашања. Првото ...