
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



„Со новиот Закон за систем на плати во јавниот сектор се воспоставува систем за платите да не зависат од политичката волја на моменталната гарнитура на власт“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма. Таа додаде дека во моментов постои неунифициран систем на плати и огромни разлики во платите за исто работно место во различни сектори, а овој закон ќе воспостави ред. „Преку потсистемите за плати ...
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека основните прехранбени производи не поевтинуваат онака како што јавноста очекува затоа што, и покрај тоа што е средина на месец јануари, се уште кај маркетите има залихи на суровини по стара цена. Според Ковачевски, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, а има и намалување на цените на млекото кај одредени млекарници. Ова премиерот го посочи во своето обраќање на ...
Македонските работодавачи во најавената странска инвестиција во ТИР зоната Штип, гледаат нелојална конкуренција. Доколку странскиот инвеститор биде ослободен од плаќање данок и придонеси за вработените. Велат дека домашните фирми веќе работат со намален капацитет поради недостатокот од работна рака. -Кај нас под заводот нема невработени, а тоа значи дека за да се вработат нови 600 луѓе или ќе се префрлат работниците од постоечките капацитети во ...
Недостигот од кадар стана константа во Словенија, а проблемот се влошува. Домашните компании долго време се обложуваа на работниците од Балканот, но овој базен на кадри забрзано се празни. Земјите во нашето соседство ги наведуваат истите проблеми, така што европските работодавци гледаат кон подалечните земји – Турција, како и Индија и Непал. На тој начин, борбата за персонал се одвива низ целиот свет. Во изминатите шест месеци повеќе од половина ...
Мора да постои суштинско партнерство помеѓу деловната заедница и носителите на економските политики, порача денеска бизнисот на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, организирана од Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија. На конференцијата на која учествуваа официјални државни ...
Јавниот сектор останува еден од најпривлечните за работа на луѓето во Македонија. Порталот Работник спроведе една кратка анкета во која ги праша фејсбук следбениците за тоа дали би работеле во јавен или во приватен сектор. Опциите коишто им ги дадовме беа следните: Првата опција ја избрале најголемиот дел од 134 испитаници или 66 %, а втората опција 34 %. За волја на вистината, јавниот сектор е оној којшто предничи во сигурноста на работните ...
Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне ...
Лани биле реализирани речиси 90 проценти од предвидените капитални проекти, а вредноста на инвестициите на државата по тој основ во последните три години изнесува 1,1 милијарда евра. -Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше сомнеж дека нема да се успее, сепак имаме реализација на капитални проекти од речиси 90 проценти од проектираното, што е највисок процент во споредба со ...
Нашата законска регулатива овозможува меритократија и вработување на оние кои се најдобри. Сите треба да го спроведуваат законот и процедурите и тоа е единствен начин најдобрите да бидат ангажирани, а секаде каде има злоупотреби да бидат пријавени до надлежните органи, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање кога ќе престане принципот на партиски вработувања. Премиерот нагласи дека ...
Романците 2023 година ја дочекаа со голем број иновации, а една од нив беше воведувањето данок на бакшишот што клиентите го оставаат во рестораните. Ова, се разбира, најмногу се однесува на бакшишот платен со банкарска картичка, бидејќи парите дадени во готово најверојатно нема да бидат запишани на сметката, коментираат локалните медиуми. На 13 декември 2022 година, Домот на пратеници со 189 гласа „за“, 34 „против“ и 4 воздржани усвои предлог ...
Германското Министерство за труд пресмета дека повеќе од 2,7 милиони вредни жени се пензионираат со мизерни примања. Милиони жени во Германија кои работат со полно работно време и по 40 години стаж се пензионираат со пензија помала од илјада евра. Тие работат со полно работно време, плаќаат придонеси за пензија со децении и конечно добиваат мини пензија, велат левичарските политичари кои побараа одговор од Федералното министерство за примањата ...
Технолошката компанија „Мајкрософт“ на своите вработени им дава неограничен годишен одмор. Вработените биле известени за ова во електронска порака, а мерката ќе се применува за сите вработени во САД. Неограничениот годишен одмор е популарна алатка за привлекување и задржување таленти во повеќе сектори кои се соочуваат со недостиг на кадар. – Начинот како, кога и каде ја завршуваме својата работа драматично се промени. И додека се ...
Во 2022 годна, една од најкризните години во Европа, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции, а тоа е доказ цека економските политики на Владата на СДСМ даваат резултати, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Таа рече дека 2022 година е завршена со 43 милиони евра странски инвестиции во Технолошко индустриските развојни зони. За истиот период, додаде, во ТИР зоните се отворени 2.300 работни места, со плати кои се повисоки ...
Британската хуманитарна организација „Оксфам“ повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот. Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот економски форум во Давос кој почнува денеска, Оксфам ...
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...
Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија. „Ако треба да ги споредам 2022 и 2023 година би кажал дека 2022 беше веројатно најтешката во мојата 22 ...
Пелетите не се атрактивни за македонските граѓани откако нивната цена за вреќа од 15 килограми стигна и до речиси шестотини денари. Високите цени минатата година ги натераа граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат, па така најголем дел од нив се префрлиле на користење на инвертер клими и дрвја. Според моменталните цени тие се околу 360-380 денари за вреќа, но ретко кој купува, велат продавачите. – Оние што одлучија оваа година да се греат тоа ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 9.1.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,918%, кај дизелот за 3,712%, кај екстра лесното масло за 4,303% и кај мазутот за ...
Канадскиот суд и наредил на Карли Без да му исплати оштета од 2,459 долари (околу 2,300 евра) на работодавачот, откако било утврдено дека не работела во текот на работното време. Имено, Карли била вработена како сметководител во компанијата „Reach CPA“ во Британска Колумбија, а бидејќи работела од дома, со помош на софтверот на нејзиниот лаптоп било утврдено дека го „мамела“ работодавачот. Поранешната вработена првобитно ја тужела компанијата ...
Автор: Бобан Илијевски Не знам веќе што да кажам. Не знам веќе дали воопшто властодршците размислуваат за своите постапки. Предлог Законот за систем на плати во јавниот сектор покажува дека очигледно не размислуваат. Според она што го велат експертите, овој Закон ќе значи намалување на работничките права и исклучување на синдикатите од социјалниот дијалог. Пред некој ден, во интервју за порталот „Локално“, универзитетскиот професор по трудово ...
Владата планира да го укине породилното отсуство и да го замени со мајчинско и родителско отсуство. Со новиот закон за работни односи се предлага мајката да има право на 5 месеци мајчинско отсуство и дополнителни 4 месеци родителско отсуство. Новина е што право на 4 месеци отсуство ќе има и таткото кое ќе може да го користи заедно со мајката по истекот на првите 5 месеци или пак во било кој период додека детето не наполни 2 години. Покрај ова, ...
Судот на грчкиот остров Лезбос денеска ја прекина постапката против 24 хуманитарни работници на островот, обвинети за шпионажа, со што заврши спорниот судски процес што беше критикуван од ОН и невладините организации кои го осудија обвинувањето волонтери кои им помагаат на имигрантите. Судот во Митилини, најголемиот град на островот во Егејското Море, соопшти дека ја донел одлуката поради процедурални пропусти. Но, во Грција се уште е во тек ...
Амазон и Сејлсфорс се меѓу најновите технолошки компании кои најавиле отпушања по големите вработувања во последните неколку години. Лидерите и менаџерите мораат да ја одржат мотивацијата и продуктивноста кај вработените кои го „преживеале“ тој бран, пишува BIZLife.rs Најновиот извештај покажува дека најавените отпуштања од работа меѓу американските компании пораснале за 172 % во четвртото тримесечје од 2022 година, што се повеќе од 154,000 ...
Голем број на кандидати за вработување барем еднаш во, ако може така да се нарече, процесот на барање на работа, ќе се соочат со прашањето „каде се гледате себеси за пет години?“. Веб страната за оценување на работодавачи „Glassdoor“ објаснува зошто работодавачите го поставуваат ова прашање и како можете да одговорите на истото. Според платформата, работодавачите често го поставуваат ова прашање со цел подобро да ги разберат вашите идни цели и ...
Засега нови мерки за намалување на инфлацијата Владата нема да објавува, а за понатаму, ќе се прави проценка. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со субвенционираната струја која Владата, ја понуди на прехранбениот сектор цените на храната се намалиле од 5 до 12%. „Мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и своја расходна страна и ако постојано ја зголемуваме расходната страна, а ја намалуваме приходната страна, тогаш тоа ...
Јазот помеѓу побарувачката и понудата на работна сила е директна последица на образовниот систем кој само парцијално ги подготвува луѓето за работните места од иднината. Вештачката интелигенција ни покажа дека треба да бидеме флексибилни и со отворен ум да ги имплементираме сите новини. Но, како да се направи тоа? Порано, кога индустриите беа релативно стабилни и предвидливи, градењето на идната работна сила беше едноставно прашање на обука и ...
Во прилог погледнете кои се најбараните занимања каде што би можеле да најдете работа. Во дејноста Трговија на големо и Трговија на мало и во Преработувачката индустрија има најмногу слободни работни места, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Овие дејности нудат најмногу простор за вработување, за разлика од, на пример, дејностите од Јавна управа и одбрана (28) и дејностите во врска со недвижен имот (15), каде што има најмалку ...
Продавниците на бензиски станици и продавниците, киосците и штандови во трговски центри (молови) откако ќе го пријават работното време за работа во ден недела и на празници треба до 15 јануари во тековната година, да уплатат надоместок во висина од 2 проценти од вкупниот приход остварен во претходната година, потсети Министерството за економија. Одредбата за надоместок во висина од 2 отсто ќе важи од 1 јануари 2023 година, а ќе се пресметува на ...
Канадската компанија Магна Интернешнл Инк. која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот, ќе отвори нова фабрика во ТИРЗ Штип, најави премиерот Димитар Ковачевски. Ова е првата голема странска инвестиција во оваа зона, но компанијата веќе има една инвестиција во ТИРЗ Струга, за производство и склопување на ретровизори и други ...
Експлозијата се случила во објект во сопственост на Propane Lafortune, по што фабриката се запалила. Неколку работници се исчезнати по силната експлозија што се случи во четвртокот во фабрика за полнење пропан во Монтреал, Канада. Градските власти соопштија дека тројца или четворица работници се водат за исчезнати по експлозија во фабрика за пропан во областа Сент Рох-де-л’Ачиган, северно од Монтреал. Стефани Териен, помошник генерален директор ...