
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Прилепчанец на социјалните мрежи објави видео, на кое се гледа како непознато женско лице среде бел ден влегува во неговиот дом и зема машка торбичка, а кратко потоа излегува и се упатува во непознат правец. Тој вели дека во торбичката имало важни документи, кои се од големо значење за него. Кражбата се случила на улица “Ленин”, a oвој наш сограѓанин повикува секој кој ќе го препознае лицето да пријави во полиција или кај него. Видеото ...
Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од 28 август до 02 септември, во Прилеп ќе се одржи дванаесеттото издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“. Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика. Дел од изведувачите се веќе потврдени и нивните имиња можете да ги погледнете на ...
Вчера (20.07.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возачи. Од вкупно 81 возачи, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли ...
Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите, истакна вчера во интервју за дневникот на телевизија „Сител“, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените и влијанието врз оние кои треба да им служат на сите граѓани. ...
Во јужниот и југозападниот дел на Берлин денеска е во тек голема потрага по диво животно, најверојатно лавица, соопштија локалните власти, апелирајќи до жителите во областа да не ги напуштаат своите домови. – Дивото животно може да биде лавица – објави берлинската полиција на Твитер и додаде дека предупредувањето се однесува на јужниот и југозападниот дел на главниот град на Германија и неговата периферија. – Околу полноќ добивме порака од ...
При претрес на две фирми за легален канабис во Неготино, полицијата констатирала неколку неправилности од кои и недостаток на десетици килограми канабис. Според МВР, фирмите не работеле во согласност со Законот за контрола за опојни дроги и психотропни супстанци. Против фирмите и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР. На почетокот на овој месец, полицијата запленила 225 килограми сув цвет марихуана од фабрика во ...
Александра Илиевска е прогласена за најдобар студент на Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ) во Скопје за Генерација 2023. Личност која обожава да чита поезија, а студиите по политичките науки беа нејзин прв избор предизвикувајќи ја нејзината љубопитност и иницирајќи позитивни промени во општеството во кои и таа активно може да придонесе. „Ги завршив моите додипломски студии на Политички науки и ја одбрав токму таа насока бидејќи бев ...
23-годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Во својата досегашна кариера талентираниот прилепчанец има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров, забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. -Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар – напишаа од клубот на социјалните мрежи. ...
Oткако утрово ја најавивме нашата нова рубрика “Пријави комунален проблем, испрати фотографија и видео”, почнаа да пристигнуваат првите поплаки од граѓани упатени до Јавното комунално претпријатие “Комуналец”. Првите фотографии се од контејнерите на паркинг просторот кај Центарот за јавно здравје: Вторите фотографии се од ул. “Кеј 9-ти Септември” бр.21, каде граѓни информираат дека пет пат се јавувале на телефонскиот број 048/428-992, кој е ...
На 19.07.2023, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, во содејство со инспектори од Одделението за прекуграничен криминал и трудова инспекција извршиле контрола во рудник во прилепско, при што било констатирано дека Ц.Ц.(37) од Република Турција незаконски престојувал во државата. Тој бил приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок според Законот за ...
Со цел да се апелира до надлежните комунални служби побрзо да реагираат, а прилепчани да живеат во чист и среден град, од денеска на барање на граѓаните воведуваме нова рубрика: “Испрати слика или видео со комунален проблем”. Граѓаните ќе можат во порака на Фејсбук, или на е-маил адресата markukule@markukule.mk, да ни испратат фотографии или видео и да пријават отпад, неискосена зелена површина, полни контејнери со отпад, нечиста улица и ...
Џек Ма, кинескиот милијардер и основач на компанијата „Али Баба“ изминатиот викенд покрај посетата на Белград и Сараево го посетил и Скопје. Човекот кој од нула создаде бизнис-империја, а неколку пати бил одбиван да се запише на факултет викендот бил на Балканот а не го изминал и Скопје. Тој во придружба со повеќе луѓе бил на ручек во скопскиот ланч бар СОУЛ КИЧЕН, на Градскиот кеј. Видно расположен уживал во македонската храна и пијалок, ...
Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои што купија нови велосипеди, во рамките на мерката за подобрување на квалитетот на животната средина во Прилеп. Инаку, право на аплицирање, по јавниот повик, имаа сите граѓани на Општина Прилеп кои имаат купено нов велосипед од 12.06-12.07.2023 година и ги имаа поднесено соодветните потребни документи за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед. Средствата што Општина Прилеп ги ...
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10. Прогноза за 21.07.2023 Минимална температура: 15°C до 24°C Максимална температура: 34°C до 42°C Сончево и многу топло со слаб до ...
Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа ...
Во претставничкиот дом на САД се одржа сослушување за Косово на кое специјалниот пратеник за Балканот Габриел Ескобар беше испрашуван од републиканскиот конгресмен Бил Хуизенга. Во прашањето Хуизенга наместо за Србија зборуваше за Сибир, а наместо за Западен Балкан говореше за Западен Балтик. Ова е еден од најеклатантните примери за тоа колку американските политичари не знаат за што зборуваат кога говорат на теми надвор од САД. „Дали ...
По објавата на Маркукуле дека Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп, раководено од директорот Рубин Абрашоски, склучило договори со фирмата на советникот од СДСМ, Никола Мариноски, во вредност од речиси 2,5 милиони денари, со реакција се јавија од претпријатието, каде велат дека не исплатиле 2.5 милиони, туку на фирмата од Мариноски и’ исплатиле помалку и со тоа заштедиле во буџетот на претпијатието. Договорите за јавни набавки на ...
Вчеравечер на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ се одржа музичката вечер „Звуците на градот“, каде со свои изведби настапија КУД „Пензионер“, Женската пејачка група „Преродба“ , КУД „Пере Тошев“ и Октетот Прилеп. КУД „Пензионер“ работи под покровителство на Здружението на пензионери, пејачката група „Преродба“ со поддршка на Здружението, КУД „Пере Тошев“ е пејачки состав на пензионираните просветни работници, кое постои од 1987 година и во ...
На 18.07.2023 во 11.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека патот Градско-Прилеп кај влезот за с.Плетвар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од Битола и патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(75) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода“ Љ.Р.(70) од Прилеп, а со телесни повреди ...
Општина Гостивар и Јавното претпријатие „Комуналец” ги промовираа новите машини и опрема на претпријатието „Комуналец”. Овој проект опфаќа над 100.000 евра инвестиции во механизација и средства со цел подобрување на општинските услуги за граѓаните. 50-те контејнери кои ќе бидат распределени на различни локации, двата камиони за собирање смет, како и специјалните машини за чистење на улиците ќе ја олеснат работата на одржувањето на јавната ...
Други гости кои претходно доаѓале ни кажале дека силно лобираат и им се јавуваат кај нив премиерот и вицепремиерот со барање да дојдат тука и да ја убедуваат јавноста дека рајот е на следната врата и само треба овие лошите момци од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за да се отворат рајските врати. Дел од нив од одбиваат да дојдат, дел доаѓаат неволно, мислам дека убеден не е никој од тие што доаѓаат“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е под понатамошна истрага и дека планираат да го уапсат поради немирите на 6 јануари во Капитол и неговите обиди да ги оспори резултатите од изборите во 2020 година. Тој на социјалните мрежи објави дека во неделата вечерта, обвинителот Џек Смит го известил дека е дел од нивната истрага и дека треба да се пријави пред Големата порота, што речиси секогаш значи апсење и покренување ...
Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени. Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата. -Мала рецензија по три дена во Химара. Летнаа многу високо, ама ќе паднат уште побрзо. Ајде да одиме по ред. Градската плажа е неорганизирана, нема ...
Американското Министерство за трговија денеска ја стави македонската компанија Сајтрокс од Скопје, која е дел од мрежа компании, кои развија шпионски софтвер. Покрај скопската компанија на американската црна трговска листа се најдоа унгарска компанија за надзор Сајтрокс и грчка фирма Intellexa, која со свој огранок делува и во Ирска. Веста ја објави Балкан Инсајд. За шпионскиот софтвер во април годинава пишуваше ИРЛ, која објави дека софтверот ...
(Foto: E. M./Klix.ba) Шеснаесет полицајци на Полициската станица Какањ денеска се уапсени од припадници на полициската управа на МВР на Зеничко-добојскиот кантон во БиХ. Ова денеска во обраќање пред новинарите по акцијата го потврди портпаролот на МУП, ЗДК Елведин Фишек. „Во моментов се приведени 16 полицајци од Полициската станица Какањ и истите се спроведуваат во седиштето на ПС ЗДК МУП Зеница каде ќе им биде поднесена кривична постапка, а ...
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми смета дека одвојувањето на Изет Меџити од партијата и формирање свое политичко движење не е удар за владеачката партија. Жали што од медиумите се информирани дека двајца пратеници од ДУИ, како што вели, се определиле за друг пат. -Тие добро се третирани во ДУИ и носеле високи функции и институционална одговорност. За причините за нивното самоотстранување треба да ги прашаме нив. Во мнозинството не се менува ништо. ...
Наша иселеничка во Австралија се вратила во татковината за да го помине летниот одмор. Таа вели дека не може да разбере како народот наоѓа пари да се прехрани, затоа што платите се ниски. Жената за „ТВ21“ кажа дека доаѓа од земјата на кенгурите, каде што стандардот за живот бил повисок од другите земји. – Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот му го подари првиот турски електричен автомобил од домашно производство, Togg, на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман остварија средби „еден на еден“, како и со заеднички делегации. Erdogan gifts Turkey’s first domestically produced electric car 'Togg' to Saudi Arabian Crown Prince Mohammed bin ...
“Мој е летниковецот, го резервирав“. Жена брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет. Вистинска непријатност денеска доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет, објави Мастило. Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат. Со висок тон им дава на знаење дека ...
За 1,5 денари поскапуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) цената останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 0,6 денари и ќе чини 42,4, а зголемување од 1,5 денари има и кај Екстра лесното масло1 (ЕЛ-1) кое ќе чини 71,5 денари. Според одлуката, од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...