
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



На денешната седница на Совет на која советниците одлучуваа по 20-тина точки, голема дискусија се одвиваше за тоа дали оваа година ќе се одржи фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”. Советниците од опозицијата бараа парите предвидени од буџетот на општината за фестивалот (1 милион денари), да се прераспределат за спорт и рекреација, но по пауза на говорницта се појави градоначалникот на општина Прилеп, кој информираше дека ...
Јаким Азопади кој има само 11 години сподели импресивен улов од водите кај Кејп Отвеј во Австралија. Риболовците ги ги фрлиле јадиците околу 8:30 часот и рибата веднаш почнала да гризе. По само пет минути Метју, таткото на Јаким, ја фатил туната со која неуспешно се борел околу 30 минути. – По 40 минути повторно ги фрливме мамците и рибата повторно почна да гризе. Овој пат јадицата ја држеше младиот Јаким и се што можам да кажам е „каква ...
За да не потсети дека постои, пратеникот Миле Талески од време на време се појавува во јавност со по некоја прес-конференција. И тоа е добро, овој пат ја најави изградбата на водоводот во манастирскиот комплекс Трескавец, но Талески повторно избегна да го сподели своето мислење за Дрин Ахмети. Граѓаните ќе почекаат наредна прилика да го слушнат мислењето на пратеникот од редовите на СДСМ. Со повеќе храброст и желба за борба против криминалот, ...
Германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ ќе отвори фабрика за оклопни возила во Украина во следните 12 недели. Најголемиот германски производител на оружје исто така ќе ги обучува Украинците за одржување тенкови и други оклопни возила произведени во фабриката. Фабриката наводно ќе се наоѓа на западот на Украина. Компанијата се надева дека фирмата во Украина ќе произведува околу 400 тенка годишно. Покрај тоа, таму се планира да се произведуваат ...
Во среда на 12 јули е Петровден, а во четврток на 13 јули е Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва. Според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел, а некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Именден ...
По обезбедениот опстанок во Супер лигата и идната сезона, РК Прилеп почна полека да го гради тимот. Клубот веќе ја продолжи соработката со искусниот дефанзивец Филип Велески, голманот Иван Ангелески, Христи Бикоски и Бурчески Антонио. Нови засилувања засега во клубот се пикерот кој пристигна од Радовиш, Томче Трајчески, левиот бек Никола Цветаноски кој пристигна од Струга, како и голманот Давит Ацевски, кој пристигна од екипата на Јуниор Кисела ...
Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори престојната недела. Имено, анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе ...
Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата. На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). – Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е ...
Во својата редовна колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски ја начна темата за советничките паушали на советниците од Советот на општина Прилеп. Во предизборната кампања за локалните избори повеќемина советници ветуваа дека ќе ги донираат цели или дел од паушалите за хуманитарни цели, но факт е дека на зборот си останале малкумина, или само двајца – Д-р Кире Јоноски, за кого Момироски пишуваше минатата недела, а сега ...
Благодарение на Општина Ресен и градоначалникот г-н Јован Тозиевски, како и на здружението “Преспа Бајк”, после пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото – „Ајде шана мана под Галичица“. Годинава забележително беше бројното учество на сите настани, а интерес имаше и за новите интересени содржини како: ▪️ноќната трка низа градот Ресен (Ресен трчаТ) во должина од 5км и ▪️летање со параглајдер, т.е ...
Во текот на мај и јуни 2023 година, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит ...
Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со ...
Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се бара по централна потерница од Казнено-поправната установа ...
Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за „Макфакс“. Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година. „Не еднострано, затоа што ние имавме право, требало да биде изградена во 2018 година болницата во Штип, не била изградена. Па требало до ...
Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации. Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на својот татко, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја. На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна. Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична ...
Долгогодишниот летонски министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, стана првиот отворено деклариран хомосексуалец на чело на земја-членка на Европската унија. Ринкевичс (49), кој ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2011 година, во Рига положи заклетва како претседател на државата. Иако генерално е церемонијална функција, летонскиот претседател може да стави вето на законите и да распишува референдуми. Во Европската ...
Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на свечена седница на Општинскиот совет. Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто. Мрежата на млади градоначалници соопшти дека не знае за друг бегалец, кој пристигнал ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 ...
Извадоци од дневниот билтен со настани на МВР -На 09.07.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Битола, В.Ј.(29) од Битола пријавил дека на 08.07.2023 во 23.15 часот во Битола бил физички нападнат од едно женско лице. -На 09.07.2023 во 11.21 часот во Полициска станица Битола, Ј.Ј.(45) од с.Грнчари, ресенско, пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола, поради недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. -На ...
Над 2.000 анти-ЛГБТ демонстранти упаднаа во саботата на Парадата на гордоста во главниот град на Грузија, Тбилиси, при што ги принудија да го прекинат настанот. Меѓу напаѓачите имало и православни свештеници. Тие се судриле со полицијата, а потоа ги палеле и знамињата со виножито. 😄 Opponents of LGBT broke through the police cordon of the festival dedicated to the closing of the "Pride Week" in Tbilisi The situation at the pervert festival ...
Александар Волкановски е веројатно најдобриот борец на сите времиња во оваа категорија. Австралијанецот со македонско потекло по петти пат го одбрани шампионскиот појас, а овој пат со технички нокаут во третата рунда над Јаир Родригез од Мексико. Волкановски многу често зборува за своето македонско потекло на социјалните мрежи. Неговиот татко е Македонец роден во битолското село Беранци, а мајка му е Гркиња. Малку чудна комбинација, но “Волк” ...
Изминатава ноќ (09.07.2023) во периодот од 00.00 часот до 01.30 часот на подрачјето на Демир Хисар, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица Демир Хисар спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, во рамки на „Безбедно лето 2023“, за присуство и точење на алкохол на малолетни лица. При контролата во еден угостителски објект во Демир Хисар се затекнати тројца малолетници под дејство на алкохол, кои ...
Александар Волканоски, Австралиецот со македонско потекло, по петти пат ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, совладувајќи го Мексиканецот Јаир Родригез. До победата Волканоски дојде преку нокаут во четвртата рунда и сега има скор од 26 победи и само 2 порази во кариерата. Со тоа тој само го потврди статусот легенда во УФЦ. #ufc290 is fck amazing One of the best cards in the last time. And yeah #Volkanovski is from another planet. ...
На просечно македонско семејство му биле потребни 48.543 денари, или 790 евра за „крпење“ на минималните животни потреби во јуни, покажуваат редовните месечни пресметки што ги прави Сојузот на синдикатите на Македонија. Притоа, забележано е мало намалување на вредноста на синдикалната кошничка во однос на мај, кога изнесуваше 49.025 денари. Сепак, нагласуваат од ССМ, во јуни има раст на трошоците за храна и пијалоци, за што биле потребни ...
Германија планира на претстојниот самит на НАТО во Вилнус на 11 и 12 јули да инсистира Украина да не добие членство во НАТО, пишува британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извор од Алијансата. Истиот извор наведува дека Берлин планира да побара од останатите членки на НАТО да се фокусираат на безбедносните гаранции за Киев, а не на членството, за да се избегне ризикот од влегување во конфликт со Русија. Според „Телеграф“, Америка, ...
Уставните измени наскоро во собраниска процедура, Референдум за Иловица, нов Организациски секретар на СДСМ. Денеска се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми и се донесоа повеќе одлуки и заклучоци. 1.Беше оценето дека скрининг процесот во рамки на преговорите со ЕУ се одвива добро и наскоро ќе финишира успешно. Владата предводена од СДСМ, ...
Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, им порача на институциите: „Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“. Пациентот побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“ кој исто така не го доби. „И покрај потешкотиите со ...
Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник. Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во сушинска ...
На 08.07.2023 во 01.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат А-3 Прилеп-Ресен, во близина на место викано „Петилеп“, патничко возило удрило во пешакот А.А.(43) од Прилеп и го напуштило местото. По несреќата пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола. ...
Денеска (07.07.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 109 возачи. Од вкупно 109 возачи, 43 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни ...