
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



И покрај пеколните горештини кои изминатите две недели го зафатија и Прилеп, возачите во Јавниот градски превоз без прекин си ги обавуваат работните обврски и ги превезуваат граѓаните без застој. Нивната ангажираност е за секоја пофалба и секако треба да биде наградена и валоризирана од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е градскиот превоз. Во моментов автобусите сообраќаат по летен режим и ...
На 55-тата Интернационална Олимпијада по хемија, во Цирих, Швајцарија на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, ученикот од СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП, ПЕТАР МИРЧЕВСКИ, го освои бронзениот медал. Освен Петар, од натпреварувачкиот тим на Република Македонија, бронза освоија и Марио Ванчоски од СОУ Гимназија „Славчо Сојменски“, Штип и Филип Бојаџиевски од СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје. Марија Петрова од СУГС Гимназија ...
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата согласно методологијата на формирање на цените на енергенсите и новите пресметки покажуваат дека од ноќеска на полноќ граѓаните ќе плаќаат за еден денар поскап бензин. Еуросупер БС 95 кој до сега се продаваше по цена од 81,5 денари за литар ќе чини 82,5 денари. И цената на БС 98 се качува нагоре, односно новата цена е за еден денар повисока и ќе чини 84,5 денари за литар. ...
Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, првата и најмлада партизанка. На 25 јули 1925 година во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња (на спомен обележјето им друг датум на раѓање) , млада македонска партизанка во НОВ, која загинала на 6 декември 1942 година кај велешкото село Папрадиште, кога партизанскиот одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската полиција. Дуња е учесник во НОБ од почетокот, односно од 1941 година и на 16 години ...
Овој четврток на Камената бина во ценатарот на Прилеп, како дело од проектот “Од 0 до култура”, свој настап ќе имаат најпознатите прилепски рокери, групата “Тhe Hounds”. Изминатите недели на бината настапија Crossroad Blues Band, The Four, The Schmucks и Rock Blues Band. Сите тие го остсвирија својот репертоар во чест на некој познат светски или домашен музички изведувач, а The Hounds својот настап ќе го посветат на групата “Архангел”. Проектот ...
Државни службеници работат опколени со вистинска џунгла во старата општинска зграда во Прилеп, која се наоѓа на 20-тина метри од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”. Стравуваат дека наскоро по канцелариите ќе почнат да ги посетуваат влечуги, ако од јавното претпријатие не го решат овој проблем. Во оваа дотраена и речиси распадната зграда, се уште функционираат канцелариите на Управата за имотно-правни работи, подрачното одделение на ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините ...
Синоќа демолирано возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. -Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема ...
Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки. При несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено. Увид извршила екипа ...
На 23.07.2023 во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк Галичица. Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид ...
Пред 66 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. За претседател на Президиумот Методија Андонов – Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на ...
Известување до граѓаните на Општина Прилеп од ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. -Почитувани граѓани на Општина Прилеп во изминативе неколку денови потрошувачката на питка вода во градот е енормно зголемена, екипите на ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја следат состојбата на водоснабдувањето во градот и во овој момент имаме максимален доток на вода, но поради екстремната потрошувачка на вода ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп го зголеми ...
Србија повторно беше погодена од силно невреме пропратено со невреме и дожд. Во седум градови и општини е прогласена вонредна состојба. Силното невреме кое вчера ја зафати Србија предизвика големи штети. Пожарот што избувна во Зајечар е локализиран. Давор Видовиќ, помошник началникот на Управата за противпожарни и спасувачки единици, за РТС вели дека досега е прогласена вонредна состојба во седум градови и општини И две вонредни ситуации на ...
Ни претставува задоволство што во нашиот тим во иднина ќе настапува уште еден европски шамшион. Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедбан е нов голман на Еурофарм Пелистер – информираат од шампионот на Македонија. 26-годишниот голман на алжирската репрезентација доаѓа како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт. ...
Со головите на Иве Трифуновски и Јасин Казимоски, новајлијата во Втората лига, ФК Новаци, ја совлада Победа во пријателски натпревар кој се одигра на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Победа поведе со голот на младинецот Давид Дебрешлиоски, кој донесе рано водство за прилепчани, но тимот предводен од поранешниот тренер на победашите, Дарко Крстески, успеа да направи подвиг и да им одржи лекција на црвено-белите. Ова беше прв ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола, во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ. Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и ...
Вчера (22.07.2023) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 91 возачи . Од вкупно 91 возачи 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли ...
Синоќа после концертот на српската турбо фолк пејачка Теа Таировиќ, што се одржа на отвореното Ракометно игралиште во Битола се случил немил крвав настан. -На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка, која е пријавена околу 00.47 часот. Според ...
Не престануваат да пристигнуваат фотографии до нашата редакција, откако ја објавивме нашата нова рубрика: “Пријави комунален проблем, испрати фотографија или видео”. Најновите фотографии се од населбата “Рид”, поточно од скалите над скривниците, ако воопшто се гледа дека тука има скали. Граѓаните од овој дел на градот бараат комуналните служби најитно да интервенираат и да го исчистат просторот од тревата, која достигнува над 1 метар висина. ...
о викендот интервенциите и повиците се уште поголеми. Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања. -Имаме премногу работа и една екипа од тројца- четворица лекари, четири медицински сестри и тројца шофери се снаоѓа како што може. Доволно сме екипирани, но мора да се каже ...
Д.Н. го фатил В.Б.(78) кој во неколку наврати ја допирал неговата 13-годишна ќерка по интимните делови. По наредба на основното јавно обвинителство во Белград, во полиција му е одреден притвор до 48 часа за кривично дело недозволена полова активност. „Девојката пред неколку дена му се доверила на својот татко дека постар маж ја запрел на улица, дека ја допирал по интимните делови, дека ја прашувал каде живее и кој се грижи за неа. Ттаткото ...
Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. -Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во ...
На 21.07.2022 во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп. Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација. Дрвата и ...
На 24.07.2023,понеделник, од 20.00 ч.во ЦК”Марко Цепенков” во фоајето концерт ќе одржи Трио Долче. „TRIO DOLCE“ е музички состав кој активно и успешно концертира на домашната и меѓународната музичка сцена. Формиран е во 2016-та година од академски, професионални музичари. Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи. Овој музички состав, во 2021 год. освои неколку меѓународни награди и тоа: – Прва ...
Општина Битола, продолжува да работи на реализација на предвидените проекти за кои согласно буџетот, обезбедени се потребните средства. Во согласност со здравствените препораки, се работи во раните утрински и вечерните часови, вели секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, кој заедно со директорот на „Паркинзи“ присуствуваше на започувањето на обележувањето на хоризонталната сигнализација со новата машина и опрема набавена од страна на ...
Деветнаесет уметници од земјава и од странство се гости на Прилеп и веќе активно творат и ги креираат своите уметнички дела, на годинашната 15-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023“. Уметниците денеска ги посетија градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кои се запознаа и се интересираа за работењето на уметниците и начинот на креирање на нивните дела, ...
18-годишниот Давид Трајкоски кој потекнува од младинската школа на РК Прилеп, денеска потпиша професионален договор за првиот тим на клубот. Трајкоски кој игра на позиција лево крило важи за голем талент и му се предвидува светла иднина. -Уште едно засилување на нашата екипа пред самиот старт на новата сезона. Имено, 18 годишниот Давид Трајкоски е најновиот член кој ни доаѓа од редот на младинската школа на клубот и својот понатамошен ...
Општина Новаци и оваа година, втора по ред, организира „Фестивал на жетвата“. Истиот ќе се одржи на 21. и 22.07.2023 година. Од општината најавуват дека – Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, ќе содржи и едукативен и изложбен дел, односно ќе присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња. Општина во Пелагонискиот Регион во која се најголемите производители на храна во ...
На третата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023), која од 15 до 21 јули се одржува во Лунд, Шведска, македонски ученички освоија два бронзени медала. Бронзените медали за Македонија ги освоија Софија Велковска од Скопје и Јована Трифуноска од Тетово, а солиден резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Атина Рувинова од Охрид. Тимот е раководен од лидерите д-р Миле ...
На 20.07.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправнат установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при ...