
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 03.8.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 2,452%, кај дизелот зголемување за 1,731%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за ...
Капач на грчкиот остров Лефкада денеска е спасен од морето на познатата плажа Порто Кацики, откако спасувачите слушнале дека туристот се дави! Како што пренесуваат тамошните медиуми, спасувачите Орест и Јоргос имале полни раце работа бидејќи големи бранови во текот на целиот ден ја зафатиле речиси целата плажа и биле на готовност во случај на инциденти. Храбрите спасувачи кон крајот на смената почнале да ги пакуваат своите работи, подготвени да ...
Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп во саботата се упатила кон манастирот Св. Преображение кај селото Зрзе, по повик да интервенираат на пожар во околината, кој му се заканувал на светилиштето. Според информациите кои ги добивме, додека пожарникарите се движеле кон местото на пожарот, голема топола паднала врз нивното возило, а гранките од дрвото низ шофершајбната навлегле внатре, па еден од пожарникарите се здобил со повреди, ...
Туристичка агенција од Нови Сад завчера ги известила своите клиенти дека е затворена поради финансиски проблеми, а сите аранжмани се откажани. На неколку адреси стигна веста дека нема да одат на патувањето кое го платиле со месеци однапред и дека е неизвесно дали ќе можат да си ги вратат парите. – Се уште не можеме да веруваме што се случи. Станува збор за агенцијата преку која неколку пати одевме на одмор, имавме фер соработка, иако имаше ...
На 06.08.2023 во 07.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.З.(61) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно “ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе ...
На 8 август 2023 г. /вторник/ од 20.00 ч. на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани. Концертот е во рамките на програмските активности на Центарот за 2023 година. Податоци за КУД „Дримкол“ Уметноста која ја создаваме не води кон иднината, со неа растеме, се оформуваме и учиме, а сето тоа го работиме со огромна љубов и посветеност. Генерациите поминати се само доказ за квалитетот и сериозниот ...
Покана од црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис Благочестиви христијани торжествено славејќи го споменот на застапникот на македонскиот род, но и постојанен молитвеник пред престолот Божји за нас, нашиот патрон св.Климент Охридски, сакаме да ве ПОКАНИМЕ и известиме дека во нашиот храм Св.Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), на ден 08.08.2023 година, вторник, со почеток од 17 часот, ќе се отслужи празнична вечерна богослужба , а на ден 09.08.2023 ...
Поради зголемување на обемот на работа компанијата Arini од Прилеп објави оглас за вработување на 30 лица, и тоа: 10 работни позиции за паковање, 10 работни позиции за оверлак и покривни машини и 10 работни позиции како оператор на машини за плетење. Компанијата обезбедува: оброк, превоз, редовни примања, осигурување на полно работно време, стабилна работа со можност за напредување, исплати на регрес за годишен одмор, исплати на минат труд. За ...
Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на ...
Соопштение од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп: Почитувани верници, браќа и сестри во Христа, и ова 2023-то лето Господово на ден 08.08 (вторник) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во ...
Прилеп од вчера ја доби најмодерната и најснабдената месарница. Сопственици се семејството Иваноски, мајстори на својот занает, кои на граѓаните сега им нудат буквално се’ oд месни производи во еден одлично уреден простор и по прифатливи цени. За месото не треба да се прави многу муабет. Тоа е секогаш квалитетно и како никаде на друго место свежо. Месарницата “ДРЦКО” се наоѓа на улицата “11-ти Октомври” отспротива на белите згради кај ...
Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд ја зафати Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот. Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период порасна околу 30 сантиметри. Reutlingen vor 3 Stunden. 20 Minuten von hier weg. Hoffe @Karl_Lauterbach ihr Hitzeplan wirkt 🤦🏻♀️ … Heißester Sommer seit 1000en Jahren, jaaa klar. ...
Мостот Чонгарски, кој ги поврзува Крим и Херсонската област, е оштетен од ракетен напад на украинските сили, соопшти денеска кримскиот лидер Сергеј Аксјонов. Аксјонов на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот. – Непријателот изврши ракетен напад во областа на мостот Чонгар на северот на Крим. Некои од проектилите биле соборени од противвоздушни сили. Коловозот на мостот е оштетен, веќе се работи за ...
На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син. Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор ...
Ситуацијата во Словенија е драматична откако синоќа jа погоди силно невреме. Поплавени се голем број на места, а стотици пожарникари и членови на други служби за итни случаи се на терен. Во разорните поплави во четвртокот и петокот загинаа три лица, а уништени беа голем број на патишта, мостови и домови. Погодени беа речиси две третини од територијата на државата. Метеоролозите за попладнево најавуваат ново невреме во Словенија, додека во ...
Kaко и изминатите две години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево ќе одржи литија со моштите на Св. Климент Охридски и други светители низ улиците на градот. Во продолжение поканата од храмот до сите верници кои сакаат да земат учество на настанот: -Благочестиви христијани, на 06.08.2023 година, недела, во 17:30 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата ...
– За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младите. Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа, вели практикантот Дарко Филевски. Програмата за практиканти на СН Осигурителен Брокер АД Битола сега ја следат и студенти од ...
Во Прилеп летово е највесело во четврток, а за тоа се погрижија од локалната самоуправа преку поддршка на проектот “Од 0 до култура”. Повеќемина изведувачи и групи досега настапија на камената бина на плоштадот “Александрија” со свои настапи во чест на домашни и странски изведувачи. Но, најмногу народ да собере на едно место се чини му успеа на младиот вокал Алекса Петрески, кој во четвртокот настапи со свој “трибјут” за Тоше Проески. Стотици ...
На 4 август 2023/ петок/ од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија. На концертот ќе настапат Оркестарот Јухас и Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија) Податоци за изведувачите: Оркестар Јухас – Суботица (Војводина) Формиран е во 2000 година во Суботица. Членовите ...
Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(29) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Имено, на 04.08.2023 околу 03.00 часот, П.Т. со употрена на подесен алат влегол во стан во населба Точила во Прилеп и одзел пари, но бил затекнат од полициски службеници. Притоа, тој се обидел да избега и ги ...
На 04.08.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при ...
На 03.08.2023 во с.Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишиле од слобода Ј.А.(27) , А.С.(24), А.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана во помали пакувања подготвени за продажба, дигитална вага и други предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно ...
Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја. Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни. Воедно се ...
На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во ...
Aвто сервис и шлеп служба “Малибро” е компанија која успешно функционира во Прилеп, но за нивните услуги се јавуваат и од сите краишта на државата и странство. Компанијата врши шлеп услуги, влечење и транспорт за сите видови возила и обезбедуваат брзи, сигурни и евтини услуги. Од “Малибро” се подготвени да одговорат на сите ваши итни потреби за помош на пат, се со цел брзо, лесно и што побезболно да ги пребродите ваквите несакани последици. ...
Осквернавен е споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и светиот крст во скопско Инџиково. По овој немил настан итно се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СКВЕРНАВЕЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА БРАНИТЕЛОТ ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ И ИКОНИТЕ ОД СВЕТИОТ КРСТ ВО ИНЏИКОВО. Еве што порача тој: Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан ...
Фудбалерите на македонскиот шампион Струга Трим Љум вторпат го победија Будуќност, овојпат со 3-4 (2-2) и се пласираа во третото претколо во Конференциската лига на УЕФА, каде сега ги чека двомеч со екипа од Луксембург. Стрелец на три гола за македонскиот шампион беше прилепчанецот Марјан Радески, кој мрежата на Црногорците ја погоди во два пати во првото полувреме (во 11-та минута за израмнување 1:1 и за водство од 1:2 во судиското ...
Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие ...
Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски ...
Синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино бил приведен Л.В.(21) од Грција, кој се обидел да поткупи полицаец за време на контрола на документи. „Грчкиот државјанин управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. Имено, при вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп“, објави полицијата. Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица ...