
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Новинарот oд Прилеп, Сунаи Сабриоски, упати жестока критика кон министерот за здравство Меџити, кој деновиве го нарече шоумен младиот пациент Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза. – Министре Меџити па имате ли образ? Ако Пехчевски, пациент со цистична фиброза, е шоумен прашањето ми е кој тоа го доведе Пехчевски да се претвори според вас во шоумен? Министре Меџити, дали пациентите со ЦФ кои неколкупати протестираа се исто така според ...
Синоќа, 7.07.2023, во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” – беше отворена изложбата – инсталација “Метаморфози на просторноста” од уметникот Јован Наумоски, кој вели дека просторот е димензија во која што човекот се движи, работи. -Воведувањето на оптичка илузија на двојна перспектива е само еден дел од проблемот со кој се занимавам преку моите објекти низ кои ја претставувам повеќедимензионалноста, раслоеноста и преобразбата на ...
На 07.07.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023”. Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот ...
Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан на граничниот премин Ќафасан беше запрашан дали ќе се откаже од зголемената функционерска плата по судски пат за 78 отсто, на што тој одговори дека уште не знае колку изнесува неговиот месечен доход. – Плата не сум примил и две недели сум само директор, ниту сум прашал колкава ми е платата. Фокусиран сум на реорганизација, ефикасност на средствата, а кога сме кај плати, ...
На 06.07.2023 година во 18.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на локалниот пат од с.Дупјачани кон с.Небрегово, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од А.С.(25) од Прилеп, кое влечело патничко возило „голф“, управувано од Д.Д.(21) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки и мотоцикл „хамачи“, управуван од О.Ј.(40) од с.Дупјачани. Во несреќата О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, ...
Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Ивана, Иванка, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, ...
Ако барате совршен рецепт за вкусен локум, веднаш ќе ви кажеме дека нема да најдете. Мајсторите рецептот го чуваат во најсторга тајност и го пренесуваат од генерација на генерација. Затоа не мачете се залудно и за ова вкусно задоволство чија традиција е вековна, обратете се кај луѓето на кои правењето локум им е традиција и идентитет. Ќе погодите од прва, ве водиме во Крушево во можеби најстарата слаткарница “Тагас-Балкан”, која неодамна ...
Секоја година иста приказна. Несовесни граѓани во Прилеп и летово ги уништуваат липите низ градот. Не постои човек кој нема да ја разбере борбата со сиромаштијата и тешкиот живот, но едно е тоа, а друго е да се кршат гранки и да се уништуваат децениски дрвја. Само што процутеа и ги раширија своите големи зелени крошни, како по обичај овие дрва се уништуваат заради цветот кој го “берат”, ако ова може да се нарече берење, дел од нашите сограѓани. ...
ЕВН денеска информираше дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија. Претходно, како што ...
Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави листа на земји според годишната потрошувачка на чист алкохол по лице. Според анализираните податоци од 2019 година, Куковите Острови се на прво место со просечна потрошувачка на чист алкохол од 12,97 литри. На второ место е Летонија (12,90 литри), потоа Чешка (12,73), Литванија (11,93), Австрија (11,90), Антигва и Барбуда (11,88) и Естонија (11,65). Словенија е на 10 место (10,72 литри), ...
Бугарскиот претседател Румен Радев му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски кој е во посета на Софија дека во првите часови ја осудил руската агресија во Украина. „Сакам да ја изразам нашата солидарност со народот на Украина и со жртвите на оваа сурова војна, која сè уште беснее во моментот. Во првите месеци Бугарија им подаде рака на илјадници граѓани на Украина, а многу од нив продолжуваат да бидат под заштита на бугарската ...
Четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“, Даниел Станчев, среде судница ја побара својата девојка за жена, откако му пресудија 4-годишна затворска казна. Неговата девојка се согласи да му биде жена. Емотивна беше атмосферата во судница, имаше солзи и плачење, пишува Пресс24. За потсетување, денеска паднаа пресуди за случајот Софтвери. Првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица ...
Во текот на денешниот ден, членови на ПСД “МОМАТА” заедно однесоа вреќи со цименто до Планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка планина и ги санираа скалите пред Планинарскиот дом со нов слој цемент. Ова е уште една работна акција на планинарите од ова здружение, кои неодамна заедно со членови од здружението “Прилепски планинарски авантуристи”, успеаја да искачат два шпорети на дрва, поставија соларен рефлектор и ја бојадисаа дограмата на ...
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година. -Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на ...
Традиционално за празникот Иванден во Прилеп секогаш се прават кравајчиња, се даваат на децата кои најмногу им се радуваат, посебно заради шарените бонбони со кои се украсуваат кравајчињата. Бабите редовно ги прават за своите внучиња, а за помладите кои сакаат за прв пат да се пробаат и да ги приготват, еве еден убав рецепт: Состојки: 500 гр. брашно 5 лажици шеќер 1 лажица кафеав шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 20 гр. пресен квасец 75 мл. масло ...
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција пред СВР Куманово на која информираше дека по анонимна пријава бил повикан на разговор во СВР Куманово за наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината. „Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. СВР ...
Денеска завршија работите за рехабилитирање на улицата “Мукос” која е една од улиците кои ги поврзуваат населбите “Тризла” и “Под Кули” во Прилеп. -Рехабилитирана и асфалтирана беше улицата „Мукос“, а исто така континуирано се работи и на санирањето на ударните дупки и прокопи секаде каде што има потреба.Триесетина години на овие улици кои што ќе ги рехабилитираме со нов асфалт не биле воопшто извршени никакви реконструктивни зафати – стои во ...
Александар „Велики“ Волкановски, ултимејтфајтер од Австралија со македонско потекло по татко му, пред борбата со Мексиканецот Јаир Родригез за обединување на титулата во перолесна категорија в недела во раните утрински часови во Лас Вегас ги сподели своите видувања за серијалот „Роден храбар“ (Born brave) на Crypto.com. „Сакам да му покажам на светот дека сè е можно, независно од тоа колку си мал или голем“, вели популарниот Волк, чиј татко е ...
37-годишниот чувар на мрежата, кој изминатата сезона се врати во Прилеп и ја помина во дресот на Победа, од наесен ќе има нов клуб. Дарко Тофилоски е на прагот да стане нов голман на Беса, второлигашот кој не престанува да се засилува за новата сезона – пишува “ГОЛ.МК” Со оглед на неговото огромно искуство, прилепчанецот со сигурност ќе биде големо засилување за екипата од гостиварско Добри Дол. Тофиловски во својата кариера освен за Победа ...
Македонски Железници ја укина станицата кај Ореше која ја користеа планинари кои се упатуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Папрадиште и Ореше. Потврда за информацијата пристигна и од планинарскиот дом „Папрадиште“: „Ги информираме сите патници, планинари и жители на околните села Ореше и Папрадиште кои го користат возот Скопје- Битола- Скопје дека од 1- ви јули 2023 год. ЈП Македонски железници трајно ја ...
Денеска (05.07.2023) од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација со надлежен Јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство Скопје, беше спроведена координирана полициска акција насочена кон лица инволвирани во криумчарење на луксузни моторни возила на подрачјето на СВР Скопје, како и на подрачјата на Битола, Кочани и Ресен. ...
Јанаки Митровски – адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај. „Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел ...
Во Запрешиќ, Хрватска во организација на прилепската компанија се одржа 4тиот турнир во голф „Витаминка опен“. На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи, професионални и рекреативни голфери, од Хрватска кои се натпреваруваа за првото место и признание во официјалното голф рангирање. Ова е четврт пат да се организира „Витаминка опен“ и стана веќе традиција. Бројот на натпреварувачи и учесници секоја година се зголемува што зборува за ...
Како што информираат оттаму, при контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни ...
Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Загребската публика има можност вечерва од 21 оо.ч. во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец. Со фестивалот „Мирослав ...
Илја Пономаренко, воен известувач на украинскиот Киев Индипендент, на Твитер објави како линијата на фронтот во централниот дел на Донбас се променила од 4 јули 2022 година до денес. Тој изјави дека е вклучен периодот од крајот на битката за Северодонецк и Лисичанск до денес. The frontline of central Donbas now and a YEAR ago. From the ending of the Battle of Severodonetsk and Lysychansk and today. The result that required a massive ...
По снимката на ајкула на речиси три километри од брегот на Закинтос, на социјалните мрежи се појави уште едно видео снимено во близина на грчкиот остров, каде што се наоѓа една од најубавите плажи во Европа. „Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос, на 80 метри од брегот“, стои во описот на снимката на ајкулата на „Инстаграм“, објавен на профилот nikana.gr. „Можеби се плашиме и се тресеме кога знаеме дека постојат, но реално ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе ...
Со доаѓањето на летото и почетокот на туристичката сезона веќе зборуваме за напади на ајкули и опасностите кои одредени области ги кријат. Досега во јуни имаше неколку блиски средби меѓу ајкули и луѓе, од кои некои завршија трагично. Досега видени се ајкули во неколку региони. Египет Египет ги затворил плажите на неколку дена по бруталниот напад на ајкула на почетокот на јуни во кој загина 23-годишно момче од Русија. Властите забранија нуркање, ...
Медицинскиот јаглен апсорбира речиси сè што сте примиле во желудникот или цревата. Неселективно за себе врзува голем број органски и неоргански отрови, дури над 60% од присутните токсини, микроорганизми и лекови. Истовремено сам себе не се ресорбира и не оди во метаболизмот бидејќи заедно со врзаните отрови се исфрла од организмот. Овој јаглен е сосема безопасен и нема нус појави. Може да го користат и деца. Активниот јаглен може да се користи ...