За многумина од нас празниците се период кога можеме да ја почувствуваме магијата и радоста на животот. Сепак, планирањето и подготовките можат да нè исцрпат. Во продолжение ви споделуваме совети како за време на празниците да се грижите повеќе за себеси и да си го пронајдете внатрешниот мир. Создадете рутина на самоиспитување Оваа празнична сезона обидете се да си посветите повеќе време. Тоа можете да го сторите така што ќе издвоите ...

Годишниот хороскоп за 2022 година предвидува каква судбина нè очекува во секој месец од годината – од јануари до декември. Посебната енергија во секој месец различно влијае на нашата судбина, а еве кој месец ќе биде најповолен. Јануари Јануари се смета за тежок период, но доколку навреме испланирате и ги поставите вашите приоритети, ќе можете да ги надминете тешкотиите што ќе ги донесе првиот месец од 2022 година. Во овој период за ...

Од неодамна малиот град во Јордан, Ас-Салт, стана дел од листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Овој град каде минарињата и црковните куполи го делат хоризонтот, го доби епитетот на „место на толеранција и урбано гостопримство“. Сместен на раскрсницата на главните трговски патишта меѓу Средоземното Море и Арапскиот Полуостров, Ас-Салт прераснал во важен економски центар кон крајот на 19 век за време на реформите ...

Новата година е идеално време за нов почеток и нови можности. Проверете во продолжение како универзумот ќе им биде наклонет на хороскопските знаци во јануари. Овен На љубовен план, месецот ќе ви биде прилично исполнет. Благодарение на влијанието на Марс, ќе добиете енергија што ќе ви овозможи полесно да ги донесете новогодишните одлуки. Ќе добиете онолку љубов колку што ќе им подарите на другите. Огромните познавања од областа на технологијата ...

Менталното здравје го заслужува истото внимание како и физичкото. Вашиот ум ќе ви биде благодарен доколку го храните со убави, позитивни мисли. Само на тој начин ќе постигнете благосостојба на телото и умот. Во продолжение прочитајте кои 5 наслови можат да ви помогнат да го подобрите менталното здравје. 1. „Книга за утеха“ од Мет Хејг Ако ви треба утеха дека бурата ќе помине, тогаш оваа книга која е збирка со раскази, белешки и ...

Преку сликањето на отворено, уметницата Ангела Мекеј, попозната како Студио Охки, ја доловува убавината на моментот. Нејзиниот бележник е преполн со скици од живописните места што ги посетува – од сончеви морски брегови па сè до бескрајни цветни полиња. По потекло од Австралија и Тајланд, уметницата е посебно наклонета кон топли дестинации, богати со растителен свет што честопати доаѓаат до израз во нејзините илустрации. ...

Досега сигурно веќе сте запознаени со концептот на здрави и нездрави масла, како и со нивната улога врз нашето здравје. Двете најздрави масла се маслиновото и авокадовото, но која е разликата меѓу нив и како тие влијаат врз организмот? Консумирањето квалитетни масла може да го стабилизира метаболизмот и да го одржи нивото на хормоните. Тие, исто така, ја негуваат нашата кожа и коса и го подобруваат функционирањето на нашето тело. Масло од ...

Истражувањата откриле дека колку помудра е личноста, толку помалку се чувствува осамено. Мудроста не ја поседуваат само постарите луѓе и воопшто не зависи од возраста на поединецот. Дури и пред пандемијата, осаменоста беше една од најзагрижувачките состојби кога станува збор за менталното здравје. Таа може да доведе до влошување на општото здравје и да придонесе за лош квалитет на сонот. Осаменоста или чувството на тага поради тоа што сте ...

Нутритивниот квасец го добил името по бројните витамини, протеини, минерали и антиоксиданти што ги содржи. Истражувањата покажале дека содржи многубројни здравствени придобивки, а во продолжение ви откриваме дел од нив. Што е нутритивен квасец? Нутритивниот квасец е неактивен вид квасец што се произведува од шеќерна трска или шеќерна репка и меласа. Додека обичниот квасец е „жив“ или активен, нутритивниот вид се деактивира кога се ...

Можеби веќе ви е познато дека за кожата нормално да функционира ѝ се потребни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Тие се и моќно средство особено при намалување на појавата на знаците на стареење како тенки линии и брчки. Во продолжение прочитајте за благотворното дејство на антиоксидансите врз секаков тип на кожа. За отстранување на темните дамки и производство на колаген: Витамин Ц Ц витаминот е еден од најпопуларните ...

Иако во моментов температурите се прилично ниски, сепак европското сонце е доволно за да нè стопли во некои од европските градови. Проверете во продолжение кои европски градови се најтопли во зима. Тирана, Албанија Главниот град на Албанија некогаш бил познат по многубројните бункери. Денес освен со бункери, градот изобилува и со градби во разни бои (под силно влијание на отоманската и советската ера). Овде температурите во зима се ...

Во недела на 19 декември Венера ќе почне да се движи ретроградно. Тоа ќе влијае врз сите нас да ги отвориме нашите срца, да ја дочекаме љубовта со ширум отворени раце и да ги продлабочиме нашите врски не само со другите околу нас туку и со работите кои ги цениме. Сите слаби точки во нашиот однос со другите исто така ќе излезат на површина, а тоа ќе нè натера да направиме самоанализа. Пред да почне да се движи ретроградно, Венера ќе се ...

Секој човек сјае со својата светлина меѓу другите. Секој од нас грее со посебно пламенче и не е возможно да најдете две исти пламенчиња. Погледнете ја внимателно сликата и одберете едно пламенче за да откриете во што се состои вашата вистинска светлина. Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе ве интересира да направите и друг тест каде е доволно да изберете мандала и да откриете изненадувачки детаљ за вашата личност. Извор: ...

Претпоставуваме дека сте љубопитни што ќе ни донесе универзумот оваа недела и како ќе ни бидат наклонети ѕвездите. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп за сите хороскопски знаци. Овен Оваа недела очекувате да се реализираат некои планови. Но, треба да запомнете дека ништо не би било возможно доколку вие самите не преземете иницијатива. Бик Во следните денови ќе ви биде понудена можноста да започнете со нова работа. Не размислувајте ...

Париз е еден од омилените градови на многу туристи. Благодарение на прекрасните улици, неверојатната архитектура, музиката, вкусната храна и модата, сигурни сме дека за секого Париз е една од најпосакуваните дестинации кога станува збор за патување. Но, Париз е и град кој за кратко време може да го испразни вашиот џеб. Сепак, постојат начини како да уживате во градот на светлината, а тоа да не се одрази премногу врз вашите финансии. Во ...

Секој од нас има своја темна страна која иако се обидуваме да ја скриеме, сепак одвреме-навреме излегува на површина. Тоа може лошо да се одрази врз нас самите како и врз луѓето во нашето непосредно опкружување. Во продолжение прочитајте ја темната страна за секој од хороскопските знаци и како во 2022 година може да ги потиснете импулсите и да бидете подобри кон себе и кон другите. Овен Со вас управува силен, натпреварувачки дух. Сакате секогаш ...

На сите нам ни е добро познато дека ѓумбирот содржи моќни лековити својства. Досега биле направени многу истражувања за да се открие дали и како ѓумбирот влијае врз здравјето на луѓето. Сепак, тоа не значи дека неговата репутација како „лек за сè“ е сто проценти точна. Во продолжение прочитајте за ефектите на ова растение врз организмот. Зошто ѓумбирот е одлична состојка? Без разлика дали ѓумбирот го консумирате свеж или како ...

Кога станува збор за луѓе со кои имаме блиски односи, понекогаш се случува да кажеме нешто без да размислиме за последиците. Важно е да се има на ум дека без разлика на фактот колку сме блиски со партнерот, нашите зборови можат да бидат погрешно протолкувани. Во продолжение прочитајте кои се најчестите случаи на токсични фрази што партнерите си ги кажуваат еден на друг без да го сфатат нивниот ефект. 1. „Не е голема работа.“ или ...

Црниот дроб е еден од највиталните органи во целото тело, па затоа важно е да јадете храна која е добра за вашиот црн дроб. Во продолжение прочитајте која храна е најдобрата, а која најлошата кога станува збор за правилното функционирање на црниот дроб. Добра храна за црниот дроб 1. Боровинки Боровинките се одличен избор кога станува збор за црниот дроб затоа што изобилуваат со антиоксиданси. Истражувањата покажале дека го намалуваат развојот ...

Сите сме свесни за фактот дека луѓето имаат потреба да се споредуваат со другите. Уште од мали нозе слушаме како родителите и наставниците нè споредуваат со другите деца, а како што растеме и ние почнуваме сами да се споредуваме со другите луѓе. Од една страна, тоа може да нè мотивира да почнеме да работиме на себе и да направиме позитивна промена во животот. Од друга страна, споредувањето со другите може да предизвика да ...

Без сомнение еден од најпознатите и најценетите чаеви во светот е Ерл Греј. Чајот се одликува со карактеристичен мирис и арома благодарение на маслото од кората на бергамот. Според многумина, ваквата мешавина на црн чај со масло од бергамот може да влијае поволно врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, па дури и да ја спречи појавата на рак. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј. 1. Делува поволно ...

Не секаде во светот депресијата е признаена како ментална болест. Напротив, голем процент од луѓето ја сметаат депресијата за нешто што е минливо и што може лесно да се реши. Честопати, кога некој од нашите најблиски ќе ни открие дека се бори со депресија, ние сме навикнати да носиме погрешни заклучоци и да ги советуваме што да прават. Во продолжение прочитајте што не треба никогаш да им кажете на вашите пријатели кои минуваат низ депресија. 1. ...

Магичната поларна светлина или аурора бореалис е вистинско чудо на природата! Се создава во атмосферата на Земјата на надморска височина од 100 до 400 километри кога наелектризираните соларни честички се заробени во магнетното поле на Земјата. Резултатот е магично и шарено небо. Во продолжение прочитајте на кои места може најубаво да ја доживеете магијата на аурора бореалис. 1. Исланд Дури и без поларната светлина, Исланд со своите глечери, ...

Месечината преку нејзината моќна и мистериозна сила влијае врз нашите животи на некаков необјаснив начин. Изберете една од овие слики и откријте дали таа може да ви открие нешто повеќе за вашата потсвест, а со тоа да ви помогне да се спознаете себеси. Доколку се забавувавте со овој тест, ви предлагаме да направите и тест со мандала кој ќе ви открие изненадувачки детаљ за вашата личност. Извор: apost.com Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ...

Сите го сакаат пионерот на цртаниот филм, Волт Дизни. Неговото наследство денес живее не само преку неговите филмови и ликови, туку и неговите цитати кои сме сигурни дека ќе ви ја разгорат имагинацијата и ќе ве охрабрат да ги остварите своите соништа. Прочитајте ги неговите најубави цитати во продолжение. „Дизниленд е резултат на љубовта. Не го отворивме само за да заработиме пари.“ „Блиските човечки односи можат да ни ...

Според познатиот руски астролог Павел Глоба, три хороскопски знаци ќе се соочат со големи предизвици во 2022 година. Тоа, од друга страна, може да значи дека припадниците на овие знаци ќе научат важни животни лекции кои ќе им помогнат да ги надминат сите понатамошни пречки во животот. Рак Во 2022 година ќе има моменти кога ќе посакате да „излезете“ од сопствената кожа. Ќе наидете на многу напнати и стресни ситуации, но обидете се да ...

Јапонското архитектонско студио Laboratory for Exploratory Architecture & Design (LEAD) осмислило концептуален дизајн за релаксирачка оаза која совршено одговара на северната планинска област на Хокаидо. Архитектите земајќи ги предвид животната средина и еколошките принципи, дизајнирале експериментален објект наречен YEZO. Дизајнот е резултат од спојот на естетика и алгоритам што студиото го подобрил со цел да се намалат трошоците за ...

Астролозите предвидуваат дека 2022 година ќе биде време на промена во поглед на финансиите. Многумина ќе имаат можност да напредуваат во кариерата и да напреднат на професионален план, а со тоа и да ја подобрат својата финансиска состојба. Дознајте што ве очекува на финансиски план во следната година според вашиот хороскопски знак. Овен Во првата половина на 2022 година најверојатно ќе се соочите со големи финансиски тешкотии поради фактот што ...

На сите нам ни е добро познат фактот дека Марија Кири (1867-1934) живеела во период кога повеќето жени немале пристап до науката и образованието. Сепак, тоа не ја спречило да биде првата жена која ќе ја добие Нобеловата награда и првата и единствена личност што ќе ја добие наградата за две науки. Француска физичарка со полско потекло, се стекнала со светска слава благодарение на нејзините истражувања во областа на радиоактивноста. Таа била чудо ...

Денес Кинезите стојат рамо до рамо со светските сили и секојдневно покажуваат извонредни технолошки достигнувања. Еден таков потфат и тоа во областа на туризмот е изградбата на хотелот The intercontinental Shanghai Wonderland, пуштен во употреба во ноември 2018, во Шангај. Она што го привлече вниманието на цел свет во врска со хотелот е неговата локација. Имено, хотелот е изграден во напуштен каменолом. Од 18 ката, дури 16 се наоѓаат во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1038
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
2.57
86%
1039
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1039
weather icon

Софија

-3ᴼ / -4ᴼ
3.09
92%
1037
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
69%
1034
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.89
86%
1039
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
71%
1031
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
80%
1028
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
3.6
78%
1033
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1039
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1033
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5876

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $