Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Европските банки ја завршија 2025 година со историски раст на берзите, по повеќе од една деценија послаби резултати, а аналитичарите очекуваат секторот да остане во добра позиција и во 2026 година. Индексот EURO STOXX Banks до 12 декември 2025 година пораснал за 76 проценти од почетокот на годината, со што бил на пат да го забележи најдобриот годишен резултат досега. Со тоа бил надминат и растот од 74 проценти регистриран во 1997 година. ...
НЛБ Групацијата бара ИТ професионалец кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239. Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата и директен увид во податочната архитектура, системите, протокот на податоци, контролите и процесите за известување во различни членки и функции на НЛБ ...
Платежната инфраструктура на Балканот влегува во една од најголемите трансформации во последните години. Ако досега дигитализацијата главно ја гледавме преку подобри мобилни апликации, електронско банкарство, картички и дигитални паричници, следниот чекор е многу подлабок бидејќи се менува начинот на кој парите се префрлаат од една банка во друга. Инстант плаќањата, кај кои парите стигнуваат на сметката на примачот во рок од неколку секунди, ...
Кредитната активност во Македонија продолжи да расте во јули 2026 година, при истовремено зголемување на депозитите на домаќинствата. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за 13,3%. Паричната маса во јули забележала минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишно ниво е зголемена за 8,3%. Депозитите на домаќинствата растат, корпоративните се намалуваат Вкупните ...
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции. Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, ...
Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци. Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки. Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во ...
Цената на златото бележи променливо движење во последното тргување, додека инвеститорите бараат нов позитивен импулс што би можел да го поддржи продолжувањето на растечкиот тренд. Според анализата на Economies.com, краткорочниот тренд и натаму останува нагорен, а цената се движи во рамки на линија на тренд која го поддржува ваквото движење. Дополнителен позитивен сигнал е тоа што златото продолжува да се тргува над 50-периодниот ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 94 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три недели. Растот е поттикнат од стравувањата дека застојот во преговорите за завршување на војната на Блискиот Исток може дополнително да го наруши снабдувањето од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар барел нафта се тргуваше по 94,42 долари, што е раст од 2,80 долари во однос на ...
Хеџ-фондовите во јули забележале најлошо месечно заостанување зад индексот S&P 500 во повеќе од две децении, покажуваат податоците на Goldman Sachs, во период кога ослабе силниот берзански моментум поврзан со компаниите од областа на вештачката интелигенција. Според стратезите на Goldman Sachs, листата „Hedge Fund VIP“, која ги опфаќа најпопуларните долги позиции на хеџ-фондовите, во јули го имала најлошиот едномесечен резултат во однос ...
Инфлацијата во Јапонија забрза во јули, поттикната од повисоките цени на нафтата и другите суровини, што дополнително го зголеми притисокот врз Банката на Јапонија да ги зголеми каматните стапки веќе во септември. Таканаречената базична инфлација, од која се исклучени нестабилните цени на свежата храна и енергијата, во јули пораснала за 1,9 проценти на годишно ниво. Тоа е нејзино прво забрзување во последните девет месеци. Инфлацијата без ...
ПроКредит Банка АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на својот Надзорен одбор, откако Народната банка дала претходна согласност за именување нов член. Според известувањето, со решение на Народната банка од 24 јули 2026 година е дадена претходна согласност Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек да биде именуван за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје со мандат од четири години. Истовремено, од тековниот состав ...
Кога Coca Cola се ширеше низ светот во текот на минатиот век, не продаваше само пијалак. Создаваше глобален бренд кој изгледа и се препознава речиси исто без разлика дали потрошувачот е во Лондон, Лисабон, Њујорк или Токио. Денес Revolut се обидува да направи нешто слично во финансискиот свет, односно да го претвори банкарството од локална услуга во глобален потрошувачки бренд. И бројките покажуваат дека ова повеќе не е само амбициозна ...
Американскиот државен долг надмина 40 трилиони долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, што претставува повеќе од двојно зголемување во изминатата деценија. Во 2016 година вкупниот долг изнесувал нешто помалку од 20 трилиони долари, а неговиот силен раст се поврзува со високата јавна потрошувачка за време на администрациите на Доналд Трамп и Џо Бајден, како и со зголемувањето на каматните стапки. На 18 август ...
Европскиот повоен економски модел, кој со децении се потпираше на отворена глобална трговија, евтина енергија и стабилен геополитички поредок, повеќе не функционира како порано, порача претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Во обраќањето пред Меѓународниот деловен совет во рамките на Светскиот економски форум во Женева, Лагард оцени дека Европа сега мора посилно да се потпре на сопствениот единствен пазар и на ...
АЛТА банка го забрзува регионалното ширење, откако во изминатиот период влезе на пазарот во Северна Македонија преку преземањето на Стопанска банка АД Битола и осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија. Следни потенцијални пазари за експанзија на групацијата се Босна и Херцеговина и Црна Гора. АЛТА го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка АД Битола, а на почетокот на 2026 година го зголеми сопственичкиот удел на повеќе од 95 отсто. ...
Еврото продолжи да бележи раст во однос на американскиот долар, откако валутниот пар EUR/USD го проби нивото на отпор од 1,1650, кое во претходната анализа беше посочено како ценовна цел. Според анализата на Economies.com, растот е поддржан и од тоа што EUR/USD продолжува да се тргува над 50-периодниот експоненцијален подвижен просек, EMA50. Ова ниво претставува динамична поддршка и го зајакнува главниот краткорочен нагорен тренд. Сепак, ...
Генералниот извршен директор на ТТК Банка АД Скопје, Драгољуб Арсовски, купил 1.009 акции на банката, се наведува во објавата за трансакцијата. Датумот на порамнување на трансакцијата е 19 август 2026 година. Со последното купување, Арсовски поседува 2,1 отсто од вкупниот број акции издадени од ТТК Банка. Информацијата е објавена во образецот за купување и продавање акции на друштвото од страна на членови на Управниот или Надзорниот одбор, ...
Халк Осигурување ја промовира својата понуда за патничко осигурување, нагласувајќи дека сигурноста за време на патувањето е важен дел од секоја авантура. „Вистинската слобода започнува кога знаете дека, ако патувањето не тргне според планот, имате сигурен партнер покрај себе“, порачуваат од компанијата. Од Халк Осигурување посочуваат дека со патничкото осигурување граѓаните можат да патуваат со поголема сигурност и мир, без разлика каде ги ...
Европската Унија во 2025 година произвела 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со 2024 година, кога производството изнесувало 3,38 милијарди литри, покажуваат податоците на Евростат. Германија останала најголем производител на сладолед во ЕУ со 608 милиони литри. Следуваат Италија со 549 милиони и Франција со 525 милиони литри. Меѓу водечките производители се и Шпанија со 457 милиони и Белгија со 274 ...
Биткоин, етер и другите криптовалути забележаа силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика Конгресот да го усвои законот „Clarity Act“, кој се очекува да создаде поповолна регулаторна рамка за криптоиндустријата. Позитивното расположение на пазарот дополнително беше поттикнато од изјавите на Трамп за поддршка на секторот, како и од неговите најави поврзани со купување значителни количини биткоин. Трамп се осврна и на ...
Цената на златото забележа благо намалување во последното тргување, откако претходно оствари серија силни добивки и успеа да го надмине клучното ниво на отпор од 4.500 долари. Според техничката анализа на Economies.com, сегашното повлекување се оценува како обид на пазарот да коригира дел од претходниот раст и да ја намали состојбата на прекумерна купеност, која е забележлива кај индексите на релативна сила. Истовремено, на индикаторите ...
Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во јули 2026 година се зголемила на 3 отсто, од 2,9 проценти во јуни, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во истиот месец минатата година инфлацијата во ЕУ изнесувала 2,4 отсто. Во еврозоната годишната инфлација во јули достигнала 2,9 отсто, по 2,8 проценти во јуни. Една година претходно стапката изнесувала 2 отсто. Најниска годишна инфлација меѓу земјите членки на ЕУ е регистрирана во ...
Глобалните цени на храната во 2026 година би можеле да се зголемат за 11,8 отсто, додека во 2027 година се очекува раст од 4,8 отсто, покажува анализата на „Оксфорд економикс“. Најмногу би можеле да поскапат житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи. Особено силен притисок се очекува врз цената на пченицата, што дополнително ќе ги зголеми цените на лебот и пекарските производи. Високите температури во Европа им нанесуваат штета на ...
Бројот на банкроти во Европската унија во вториот квартал од 2026 година се зголемил за 5,7 отсто во споредба со првите три месеци од годината, додека бројот на новорегистрирани компании се намалил за 0,5 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат. Пад на регистрациите на нови компании е забележан во пет од осумте анализирани сектори. Најголемо намалување има во индустријата, од 3,6 отсто, по што следуваат сместувањето и угостителските ...
Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис. Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење. Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис. Од ...
Пензиското штедење и неговото потенцијално влијание врз развојот на пазарот на капитал ќе бидат една од темите на 25. Годишна конференција на Македонска берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во „Metropol Lake Resort“. Во рамки на конференцијата, Марко Бомбач ќе одржи специјална презентација на тема „Посебните индивидуални инвестициски пензиски сметки и нивното влијание врз пазарот на капитал“. Бомбач е претседател на ...
Истражување на Goldman Sachs покажува дека вештачката интелигенција веќе почнува да остава видливи последици врз пазарот на труд во развиените економии, особено во индустриите каде што голем дел од работата може да се автоматизира. Според анализата, од втората половина на 2022 година во секторите со поголема изложеност на вештачка интелигенција е забележан побавен раст на бројот на слободни работни места. Трендот е особено изразен во ...
Берзанските индекси на Волстрит во вторникот паднаа втор ден по ред, под притисок на растот на цените на нафтата и слабеењето на акциите на производителите на чипови. Индексот Dow Jones се намали за 0,22 отсто, на 53.343 поени, S&P 500 падна за 0,69 отсто, на 7.691 поен, додека Nasdaq загуби 1,33 отсто и се спушти на 26.289 поени. Во фокусот на инвеститорите се цените на нафтата, кои продолжија да растат поради недостатокот на напредок во ...
Швајцарскиот франк почнува да слабее во однос на еврото, што би можело да биде неочекувана последица од неодамнешните напори на САД и Јапонија за поддршка и јакнење на јапонската валута – јенот. Трендот може да им донесе олеснување на швајцарските компании и извозници, кои со години се соочуваат со силна домашна валута. Франкот и натаму е околу 12% посилен во однос на еврото отколку пред пет години, поткрепен од стабилните јавни финансии, ...
Европските нискобуџетни авиокомпании сè почесто затвораат или преместуваат бази поради растечките трошоци, послабата побарувачка и ограничената достапност на нови авиони, пишува Блумберг. Во релативно краток период Wizz Air ја затвори базата во Виена и најави затворање на базата во Белград, додека Ryanair ја затвори базата во Берлин и најави повлекување од аеродромот во Ниш. Според Конор Гејнор, аналитичар во Bloomberg Intelligence, ...