Причината за големиот број пациенти со стомачен вирус е тоа што лесно се пренесува, а маските во овој случај и не се толку ефикасни. Најчесто се внесува во организмот преку валканите раце. Во услови на пандемија со ковид-19 имунитетот на сите е генерално послаб што дополнително го олеснува преносот на вирусот. Симптоми Симптомите на стомачниот вирус вклучуваат чувство на гадење и омалаксаност, повраќање и дијареа, а се резултат на губење на ...

Инстаграм, Твитер и ТикТок ви нудат различни совети за убавина и ве учат на трикови за шминкање кои, морате да признаете, доста ви го олеснија животот. Покрај тоа, социјалните мрежи се оние кои најчесто ги дефинираат модните трендови. Најновиот тренд е гласањето за најдобри парфеми на пазарот. Во продолжение ви ги претставуваме најактуелните парфеми кои ги освоија за миг жените ширум светот. 1. Love, Don’t be shy од Kilian Парфемот ...

Храната богата со витамин Д го зајакнува имунитетот, го подобрува расположението и е неопходна во секое време, особено во есен и зима. Како што на сите ни е добро познато, главниот извор на витамин Д е сончевата светлина, а токму тоа ни недостасува во есенските и зимски денови. Оттука се јавува потребата од намирници во секојдневната исхрана што го содржат овој витамин. Освен што го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението, витаминот ...

Проблемот со испукани усни се јавува кога усните се суви подолго време како резултат на временските околности (кога надвор е студено и суво) или кога сте дехидрирани. За разлика од останатиот дел од кожата, усните немаат лојни жлезди и не можат да произведат никакви природни масла што би го спречиле нивното сушење. Тоа значи дека усните брзо ќе се исушат доколку не им пружите соодветна нега. Доколку вашиот омилен балсам за усни не може да го ...

Изберете една од овие три слики и откријте информации за вашата потсвест. Карактерот на секој од нас се состои од повеќе аспекти кои можеби не ни се видливи секогаш. Токму овој тест ќе ви помогне да откриете дел од скриените страни на вашиот карактер. Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете што ве очекува во 2022 година. Извор: namastest.net Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ...

Фотографот Тамас Домбора Тот ги посетил Плитвичките Езера пред четири години и ја фотографирал прекрасната зимска идила со бели, снежни пејзажи. Неодамна повторно се вратил за да го овековечи паркот со боите на есента. „Ова е место што вреди да го посетите во кое било време од годината затоа што убавината на овој парк е секогаш празник за очи“, вели фотографот. Во продолжение погледнете ги неговите фотографии. Откако ги ...

Оваа недела започнува со влегувањето на Месечината во знакот на Бик и ни носи нови ситуации на кои ќе треба да се прилагодиме. Ова е истовремено период на промена на годишните времиња и момент кога учиме да ја насочиме нашата енергија кон нештата што ги сакаме. Време е да му дозволите на инстинктот да ве води. Во продолжение прочитајте како промените ќе се рефлектираат врз секој хороскопски знак. Овен Во последно време размислувате за многу ...

Кај секој човек во помала или поголема мера владеат четирите главни елементи: вода, воздух, земја и оган. Нивната пропорција во голема мера ги одредува индивидуалните карактеристики на личноста како што се темпераментот или карактерот. Овој тест ќе ви помогне да откриете кој од овие елементи преовладува кај вас. Погледнете ја сликата и брзо одлучете се за еден елемент, но не ги игнорирајте ги резултатите затоа што тие ќе ви откријат нешто повеќе ...

Покрај откривањето нови места и култури, еден од најинтересните аспекти на патувањето е и храната. Без разлика дали јадете риба покрај плажа, во луксузен ресторан со автентична национална кујна, или пак сте налетале на улична храна во доцните ноќни часови, факт е дека храната што ја јадете има влијание врз вашиот стомак, искуство и живот. Потребата за храна е една од најосновните човекови потреби и е тоа што нè поврзува сите. Во доба на ...

Светот во кој живееме се менува со невидена брзина. Пред само 50 години мобилните телефони се сметаа за научна фантастика, но денес дури и децата ги поседуваат. Очигледно, таквите драстични промени во голема мера влијаат врз нашиот начин на живот и нашите навики. Во продолжение погледнете илустрации кои ќе ви го докажат токму тоа. 1. 2. 3. 4. 5. Продолжува на следната страница… Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ ...

Марс, Сатурн и Уран во наредните денови ќе создадат напнато астролошко сценарио кое ќе се одрази врз вашиот секојдневен живот. Сè започна на 9 ноември кога се „судрија“ Марс во Скорпија и Сатурн во Водолија, а оваа небесна војна ќе заврши на 18 ноември. Марс е активен по природа, сака да се движи и дејствува, но овие денови Сатурн му порачува да застане и да размисли убаво, бидејќи сè уште не е време за дејствување. ...

Тоа што секоја земја има свои сликари кои се познати ширум светот не е ништо ново, но не секоја станала светски позната благодарение на стриповите. Дали некогаш сте летале во авион насликан со стрипови или уметнички дела од познати сликари? Ако одговорот е „да“, голема е веројатноста дека сте патувале со Brussel Airlines. Секоја година дел од нивните авиони добива посебно „руво“. Досега патниците имаа можност да патуваат ...

На сите нам ни е добро познато дека кога сме физички активни во текот на денот, можеме полесно да заспиеме навечер. Едно ново истражување се фокусирало токму на оваа врска помеѓу квалитетот на сонот и физичкиот напор. Авторите на студијата сакале да откријат кое е најидеалното време за вежбање во вечерните часови. Истражувањето било спроведено од страна на научници на канадскиот универзитет Конкордија. Учесниците кои биле дел од експериментите, ...

Прекрасниот камен со боја на ултрамарин е симбол на мудроста од античките времиња, онаа мудрост која нè потсетува дека материјалните нешта во животот се минливи и ни помага да го сфатиме подобро човековото постоење. Бојата на каменот го претставува почетокот на животот и будењето на емоциите. Во современите духовни толкувања, лапис лазули поради својата сина боја е камен на вербата. Најефективно дејствува кога сончевата енергија е ...

Сигурно повеќето од вас ќе си речат дека и оваа недела е една од оние типични, есенски недели, исполнета со облачни и тмурни денови. Но, за некои од вас, работите почнуваат да се интензивираат и тоа токму овие денови! Сè ќе започне со конјукцијата помеѓу Меркур (планетата на комуникацијата) и Марс (планетата на инстинктот) што ќе придонесе за желбата да го кажете она што го мислите. Сепак, ова може лесно да доведе и до импулсивно ...

Денес е еден од најповолните датуми во календарот оваа година. Според нумерологијата, бројот 11 е моќен број – означува интуиција, емпатија, чувствителност и усогласување со универзумот. Две единаесетки по ред претставуваат уште посилна врска, единствен миг кога универзумот сигурно ќе ги слушне вашите желби. Покрај тоа, следната недела младата Месечина ќе влезе во знакот на Скорпија и ќе ви донесе нови можности, искуства и патеки. Младата ...

Одново и одново уметниците ја користат својата креативност за да ја покренат свеста за важни општествени прашања. Овој пат темата е тековната светска криза претставена преку имагинацијата на шпанскиот уметник Пејас. Тој дошол до идеја да изработи скулптура на мало дете во елек за спасување. Скулптурата е поставена високо на црквата на Светиот Крст во берлинската населба Кројцберг. Детето на скулптурата е претставено како со едната рака се држи ...

Претпоставуваме дека ви е добро познато чувството на стрес. Нема човек кој не бил под стрес макар и еднаш во животот. Кај многумина стресот може да предизвика паника и збунетост. Затоа се одлучивме за овој тест кој ќе ја открие причината за вашиот стрес и ќе ви даде насоки како да се справите со него. Погледнете ја сликата и изберете кое животно би сакале да го вдомите. Доколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг ...

Позната по својата екстравагантност, византиската архитектура се одликува со високи уметнички достигнувања како и повеќекратни религиозни влијанија. Како и византиската уметност, така и византиската архитектура била под големо влијание на православното христијанство со цел да му се оддаде чест на Господ преку неверојатните архитектонски дела. Голем дел од византиските објекти биле нарачани од римскиот император Јустинијан. За време на неговото ...

Знаеме дека многумина од вас ги сакаат психолошките текстови, било поради тоа што можат да ви помогнат да се спознаете подобро, било поради забава, или поради инспирација. Одберете една од ѕвездите на сликата и дознајте што ќе ви донесе наредната година. Доколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг тест и да дознаете што ве очекува во ноември 2021. Извор: namastest.net Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ...

Мостот Ватерло во Лондон кој можеби и не е толку атрактивен за туристите, овековечен на филмското платно благодарение на филмот Трејнспотинг (Trainspotting), крие интересна приказна. До ден денес кружи легенда дека околу 65% проценти од градежните работници кои работеле на изградбата на мостот за време на Втората светска војна биле всушност жени. „Ќе се бориме на море, ќе се бориме на копно, ќе се бориме во воздух – со сета сила што ...

Филофобија е термин што означува страв од вљубување. Не е лесно да ја најдете вистинската љубов, но уште потрагично би било да не си дадете можност да се вљубите. Нормално е да се повлечете пред љубовта доколку чувствувате страв дека некој ќе ви го скрши срцето. Ова е една од најчестите причини зошто луѓето бегаат од љубовта. Штом почнете да размислувате за своите стравови можеби ќе соберете сила да поработите на нив како и храброст за еден ден ...

Иако квалитетот на нашиот живот е значително подобар од оној на нашите предци, сепак ние сме понесреќни од нив. Овој феномен се нарекува хедонистичка адаптација – се навикнуваме на нови задоволства и нови извори на среќа, а притоа ги зголемуваме критериумите за она што може „вистински“ да нè усреќи. Парадоксот на современоста е тоа што дури и кога нашите животи стануваат подобри, ние сме сè понезадоволни. Во ...

Нашиот свет не е совршен и треба да се променат многу работи. Промената на светот значи и промена на самите себе, преку согледувањето на нашите проблеми и недостатоци. Овие илустрации имаат за цел да ја откријат суровата вистина за современиот свет. Ние сепак, веруваме дека со заеднички сили можеме да го промениме светот на подобро. © Pierre Brignaud Погледнете ги во продолжение. *Илустрациите се на Алена Софронова. Доколку ви ...

Следниот период за многумина од вас ќе биде исполнет со придобивки и успеси, особено на финансиски план. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп од 8 до 14 ноември. Овен Оваа недела ќе се чувствувате среќно и самоуверено. Ќе ја одржувате хармонијата со вашиот животен партнер. Некаде околу средината на работната недела ќе се соочите со премногу обврски, но обидете се да останете смирени за да ги извршите работните задачи навреме. Крајот ...

Многумина од нас имаат неточни верувања за среќата, а тие верувања можат да нè спречат да уживаме во животот. Еве некои од работите во кои веруваме и си ги кажуваме, а кои можат да нè оддалечат од среќата. 1. „Нешто не е во ред со мене ако не сум среќен/а цело време“ Не, нема ништо лошо во тоа да не сте среќни цело време, впрочем никој не може да биде среќен постојано. Понекогаш, погрешно го сметаме чувството на ...

Се чини дека еден од најголемите стравови на родителите во денешно време е нивното дете да биде „контролирано“ од страна на неговите токсични пријатели. Ако постои таков случај, нема да биде чудно тоа што детето честопати хистерично плаче во својата соба, се повлекува од своите најблиски и одбива да им каже на родителите за што се работи, од страв дека нема да го разберат. Сепак, кога „токсичниот“ пријател ќе му возврати ...

Домашните миленичиња секога го исполнуваат домот со радосна атмосфера, а не очекуваат ништо за возврат. Тие ни се посветени секој ден, по цел ден. Ако некогаш сте имале среќа да чувате домашно милениче тогаш знаете што значи безусловна љубов. Во продолжение, погледнете ја нашата колекција од најслатките 15 илустрации кои совршено ја покажуваат љубовта што ја чувствуваме кон нашите мачки и кучиња и колку сме поврзани со нив. Постојано ...

Омилените цртани филмови прават да се чувствувате добро, особено бидејќи ја имаат моќта за миг да ве пренесат во среќното, безгрижно детство. Сега може да ви биде дури и позабавно доколку ги гледате заедно со вашите деца: заеднички ги дискутирате и откривате мали тајни. Но, се обложуваме дека сигурно не сте можеле да ги забележите деталите што ќе ви ги посочиме во продолжение. 1. „Воли“ (WALL-E) Колкумина од вас забележавте дека ...

Изборите што ги правиме во животот се тие што нè дефинираат иако се работи за навидум сосема обична ситуација. Изненадувачки е фактот дека потсвеста во огромна мера може да ни влијае во секојдневниот живот. Фрлете брз поглед врз сликата и изберете ја „најбудалестата“ личност без да ја анализирате и откријте нешто повеќе за вашиот карактер. Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и јапонски тест на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1036
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
86%
1038
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1038
weather icon

Софија

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
92%
1036
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.29
67%
1034
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.89
85%
1038
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
69%
1029
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
3.6
80%
1033
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1037
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1032
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5399

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $