Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Сообраќајна несреќа се случила вечерва на кружниот тек кон Дивци, во близина на Ваљево, Србија. Според фотографијата објавена од српските медиуми, автомобилот ја пробил заштитната ограда покрај патот, по што излетал од коловозот. Засега нема информации за причините што довеле до несреќата, ниту е познато дали има повредени лица. Околностите под кои дошло до излетувањето на возилото сè уште не се разјаснети. Повеќе детали за настанот се ...
Една жена на возраст од 75 години го загубила животот во голем пожар што зафатил станбена зграда на улицата „Кнез Милош“ во центарот на Белград. Во пожарот биле повредени и повеќе станари, меѓу кои и едно дете, кое било пренесено на лекарска помош. Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, дел од повредените жители се здобиле со симптоми на труење од чад и биле пренесени на лекување во Воено-медицинската академија ...
Фудбалерите на Борец остварија победа од 3:1 против екипата на Големо Коњари, но овојпат резултатот беше во втор план. Од ФК Борец 1919 по натпреварот упатија емотивна порака, посветувајќи им го триумфот на својот прерано починат брат и пријател Кире Бисинов. Преку објава на официјалната Фејсбук-страница на клубот, од Борец порачаа дека победата има посебно значење и дека е посветена во негова чест. „Овој натпревар и победата ги посветуваме ...
Возење со брзина поголема од 200 километри на час на стариот пат Кочани–Штип е прикажано на видео кое младо момче го објавило на социјалните мрежи. На снимката се гледа како возачот управува со автомобилот со исклучително висока брзина, додека воедно го снима своето возење. Според прикажаното на брзинометарот, возилото се движи со над 200 километри на час на делницата меѓу Кочани и Штип. Ваквото однесување на јавен пат претставува сериозен ...
Националниот џез оркестар на 9 ноември ќе настапи во Велес со посебен концерт посветен на одбележувањето на Денот на Општината. Музичкиот настан ќе се одржи во 20 часот, во салата на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а посетителите ќе можат да уживаат во програмата со бесплатен влез. Концертната вечер ќе биде поделена на два музички дела, со кои оркестарот ќе понуди спој на авторско творештво и познати македонски песни. Во првиот дел ...
Шест лица се уапсени, а по уште едно се трага во рамки на истрага за сомневања за злоупотреби при јавни набавки за сообраќајна сигнализација во општина Инѓија, Србија. Според сомневањата на истражните органи, со незаконско постапување било оштетено Јавното претпријатие „Инѓија Пут“ за 26.961.059,30 динари. Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба ...
Единаесет пријави за семејно насилство биле евидентирани на територијата на Македонија во периодот од 6 до 7 ноември. Случаите биле пријавени во повеќе градови и населени места, меѓу кои Прилеп, Струмица, Велес, Гостивар, Охрид и Скопје, а опфаќаат различни форми на насилно однесување – од следење и вознемирување до закани и физички напади. Зад овие полициски пријави стојат и загрижувачките деветмесечни податоци на Министерството за внатрешни ...
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Веста за неговата смрт ја објави Сашо Клековски, кој истакна дека Спировски со својата долгогодишна работа, професионалност и посветеност оставил значаен белег во македонското здравство. Во текот на својата богата кариера, тој им помогнал на голем број пациенти, а преку ...
Најмалку 21 лице го загубило животот откако чамец со мигранти потонал во близина на брегот на Сенегал, соопштило Министерството за внатрешни работи на оваа западноафриканска земја. Според официјалните информации, спасувачките екипи во саботата вечерта извлекле 21 безживотно тело, додека едно лице успеале да го спасат. Несреќата се случила во близина на градот Кебемер, кој се наоѓа на околу 180 километри северно од главниот град Дакар. ...
Најмалку четири лица загинале, а 88 биле повредени во тешка железничка несреќа што се случила во близина на селото Герза, во египетската покраина Гиза, недалеку од Каиро. Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините по судир со друг воз, соопштило египетското Министерство за здравство. Првичните извештаи на локалните медиуми наведувале различен број повредени. Се споменувале околу 120 лица, а некои медиуми ...
Два одделни случаи на физички напади биле пријавени во Скопје, по што полициски службеници од СВР Скопје привеле вкупно четири лица. На 7 ноември 2026 година, во 22:30 часот, на подрачјето на Карпош, биле лишени од слобода Д.М. (35), А.М. (29) и Е.М. (32), сите од Скопје. Приведувањето следувало по пријава дека во близина на казино физички го нападнале 66-годишниот Д.Г. од Скопје. Според пријавеното, еден од приведените, Д.М., замавнал кон ...
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и СВР Тетово на 7 и 8 ноември 2026 година спровеле низа превентивни активности насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на свеста кај возачите. Активностите на подрачјето на Охрид биле реализирани под мотото „Возиме безбедно“, во организација на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор – Ќафасан и ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 22-годишниот С.А. од гостиварското село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. Според пријавата, на 21 јули 2026 година, по претходна расправија со сопругата, осомничениот го земал нивното двегодишно дете и заминал во Швајцарија, без знаење и согласност на мајката. Случајот е квалификуван како ...
Полицијата привела 43-годишен жител на селото Извор, општина Чашка, откако го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 7 ноември 2026 година, околу 16 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Чашка го привеле А.С. (43). По преземените мерки и извршените проверки било ...
Новото свикување на Народното собрание на Србија ќе ја одржи својата прва седница на 17 ноември, со почеток во 10 часот. На конститутивната седница, до изборот на нов претседател на парламентот, повторно ќе претседава најстариот пратеник – математичарот Стојан Раденовиќ. Раденовиќ е роден на 9 март 1948 година, а истата улога ја имаше и при конституирањето на претходниот парламентарен состав во 2024 година. Тој е пратеник од изборната листа ...
Прeљина и Чачак сè уште се во жалост по трагичната смрт на 19-годишниот Јаков Вучетиќ, кој го загуби животот за време на планинарење на словенечкиот Триглав. Младиот човек утре, 9 ноември, ќе биде испратен на вечно почивалиште со верски обред. Како што потврдил неговиот татко, отец Никола Вучетиќ, за агенцијата РИНА, светата заупокоена литургија ќе се одржи утре, понеделник, во храмот „Свети Јоаким и Ана“ во Прељина, со почеток во 8 часот. ...
Руските напади врз електроенергетската мрежа на Украина во саботата оставија повеќе од 600.000 луѓе без електрична енергија во Дњепропетровската област, на југоистокот на земјата. Информацијата ја соопшти енергетската компанија ДТЕК преку социјалните мрежи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата наутро го осуди ноќниот напад врз регионот на Днепар, при што била предизвикана значителна штета на енергетската инфраструктура. Тој ...
Две лица го загубија животот, шест се здобиле со тешки телесни повреди, а уште 27 поминале со полесни повреди во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска, кога се преврте автобус на „Ниш експрес“ со српски регистарски таблички. Хрватското Министерство за здравство соопшти дека повредените патници биле распределени во пет здравствени установи во Загреб, каде што им била укажана медицинска помош. Несреќата се случила ...
Во Скопје денеска се одржува протест против фемицидите и институционалната неодговорност, по трагичното убиство на 17-годишната Биљана Киреќ од Богданци. Под мотото „Не бараме сочувство, бараме одговорност“, граѓаните бараат правда за девојката, но и конкретни системски мерки за заштита на жените и спречување на насилството. Собирот е закажан за 12 часот во паркот „Жена борец“. Оттаму, учесниците ќе се упатат на протестен марш покрај ...
Необична и непријатна ситуација се случила за време на протестите во Париз, кога осумгодишно момче, кое било на улица заедно со својот татко, во директно вклучување на францускиот јавен радио-сервис го навредило претседателот Емануел Макрон. По негативните реакции во јавноста, раководството на информативниот канал „Франс инфо“ денеска упатило извинување. Настанот се случил за време на вчерашното известување од протестите, кога новинарка на ...
Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот ја очекува гостински натпревар против Грција, на кој ќе се обиде да стигне до втората победа во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат пред исполнети трибини, против домаќин кој ќе има силна мотивација да се претстави во подобро светло. Грција во првото коло претрпе пораз од Шведска, додека Македонија ќе се обиде да го ...
Вознемирувачки сведоштва на патниците кои ја преживеале тешката автобуска несреќа на автопатот А3 во Хрватска откриваат драматични моменти од утринската трагедија кај Иваниќ-Град. Во несреќата загинаа две лица, шестмина се здобиле со тешки повреди, додека уште 27 патници првично биле евидентирани како полесно повредени. Еден од преживеаните, Никола Голубовиќ, тврди дека возачот заспал зад воланот само неколку минути откако го заменил ...
Полицијата во изминатото деноноќие регистрирала 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ на територијата на целата држава. Во рамки на преземените активности, 17 лица биле лишени од слобода, додека со едно лице бил извршен службен разговор. Според информациите од МВР, дел од прекршителите управувале возила без положен возачки испит или без да се стекнат со законско право за управување. Такви биле 11 случаи, во кои биле ...
Повеќе делови од Скопје утре, 9 ноември (понеделник), ќе бидат без електрична енергија поради најавени плански зафати и одржување на електродистрибутивната мрежа. Прекини се предвидени во четири општини: Чаир, Карпош, Гази Баба и Илинден. Во општина Илинден, од 8:30 до 11:15 часот, прекин ќе има за корисниците во дел од Белимбегово, во близина на мостот. Причината се планираните активности во трафостаницата „Белимбегово 6“, каде што ќе се ...
Жителите на населбата Драчево ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект на водоводната мрежа. Според известувањето, на 7 ноември 2026 година е пријавен дефект на водоводна цевка со профил Ф 150 милиметри, на улицата Драчевска, кај број 68. Поради изведување на работите за отстранување на дефектот, прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од населбата Драчево, почнувајќи од 10:30 часот. Водоснабдувањето ќе биде ...
Студентите имаат можност да аплицираат за државна студентска стипендија за академската 2026/2027 година најдоцна до 20 ноември. Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот, а пријавувањето се врши исклучиво електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Вкупниот број стипендии останува ист како и минатата година и изнесува 3.000, но за оваа академска година е воведен нов модел на стипендирање. Тој предвидува нови ...
Двајца велешани на возраст од 36 и 26 години биле лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла марихуана, таблети и дигитална вага. Како што информираат од МВР, на 6 ноември 2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле Д. Т. (36) и Ј. А. (26), двајцата од Велес. Споменатите предмети биле пронајдени и одземени во нивна близина, откако претходно еден од нив ги оставил на тоа место. Претрес во домот на ...
Седумдесет и осумгодишниот Исмаил Асаноски, македонски државјанин кој живеел во италијанскиот град Конељано, го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа по директен судир на автомобилот што го управувал со камион натоварен со чакал. Несреќата се случила на 29 октомври, околу 15:40 часот, на улицата Страдонели во Сусегана, во италијанската провинција Тревизо, во близина на центар за собирање отпад. Асаноски управувал со автомобил „Шкода ...
Поранешниот полицаец Сајед Мохасиб (27), обвинет за бруталното убиство на џогерката Кејти Суарез, имал ѕидови во станот испрскани со крвта на жртвата. Според обвинителството, по нападот тој очајнички се обидувал да ги отстрани трагите и да ги избрише доказите пред полицијата да го пронајде. Мохасиб се појавил пред кривичниот суд во Бруклин облечен во влечки и тренерка од брендот „Вон Дач“. За време на сослушувањето во саботата вечерта, ...
Околу 500.000 литри нафта истекле од нафтовод во Хрватска, на делницата меѓу Сисак и Славонски Брод, информира компанијата „Јадрански нафтовод“ (ЈАНАФ). Досега биле собрани приближно 200.000 литри, а од компанијата уверуваат дека нема опасност за локалното население ниту за снабдувањето со вода за пиење. Инцидентот се случил во близина на селото Првча, на 88. километар од нафтоводот. До оштетувањето дошло за време на работи за обновување, ...